Доктор Андон Чибишев секогаш со добронамерни и потребни совети до македонските граѓани. Сега апелира на особена внимателност при собирањето и консумацијата на диви печурки. Докторот оценува дека една несакана грешка може да доведе до страшна трагедија. -Социјалните мрежи повторно се преплавени со слики од наши сограѓани кои постираат кошници полни со диви печурки кои се веројатно собрани во природа. Апелирам и замолувам за крајна внимателност ...

ОВЕН Денот ве насочува кон домот, семејството и личниот мир. По напорен период, конечно чувствувате потреба малку да забавите и да ги средите работите што долго ги оттурнувавте. На работа ќе бидете повнимателни и попрактични, а во љубовта ќе барате искреност и сигурност. Не мора секоја битка да ја добиете веднаш – понекогаш мирот е најголемата победа. БИК Комуникацијата денес ви оди одлично. Луѓето ве слушаат и ви веруваат, а токму тоа може ...

ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа Извршен комитет на кој беа донесени повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата. За нов портпарол на партијата избран е Валентин Манасиевски. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека дел од претседателите на општинските комитети се нови лица кои ќе внесат свежина во местата од каде доаѓаат, а останатиот дел се актуелни и докажани претседатели кои донеле големи победи на изминатите изборни циклуси, но ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словенија, денеска во Љубљана беше пречекана со највисоки државни и воени почести од словенешката претседателка, Наташа Пирц Мусар. Предвидено е претседателките да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација. Во рамки на посетата Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со претседателот на ...

Објавена е снимка од инцидентот со авионот на Кроација ерлајнс кој излета од пистата при полетувањето од Сплит кон Франкфурт. Во инцидентот нема повредени, а истрагата е во тек. Се вршат технички анализи за утврдување на причините за инцидентот, додека податоците од црните кутии се анализираат. На социјалните мрежи се појави нова снимка од авионот на „Кроација ерлајнс“ што скршна од пистата и заврши на тревна површина при полетувањето од ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 20 до 26 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. ...

Пилотот Иан Никсон изврши итно слетување во Атлантикот поради серија технички дефекти на авионот, при што сите 11 лица беа спасени по часови поминати во океанот. Овој инцидент се случи близу брегот на Флорида, а спасувањето беше оценето како вистинско чудо. Пилотот Иан Никсон никогаш не доживеал нешто слично на драмата што го остави него и десет патници да пловат во Атлантскиот Океан со часови чекајќи спасувачи покрај источниот брег на ...

Летонската премиерка Евика Силина денеска соопшти дека поднесува оставка откако инцидентот со украинскиот дрон ја потресе нејзината влада. „Поднесувам оставка, но не се откажувам“, рече Силина во телевизиско обраќање до јавноста. Британските медиуми пренесуваат дека оваа политичарка од десниот центар се повлекува од функцијата само неколку месеци пред редовните парламентарни избори закажани за октомври. Летонскиот претседател Едгарс Ринкевич, ...

Утрово во Битола, во семејна расправија и семејно насилство, убиена е жена на возраст од 31 година. Полициски службеници на СВР Битола се на терен, а случајот се истражува. Според првичните информации, осомничениот 33-годишен сопруг е лишен од слобода и против него ќе бидат преземени понатамошни мерки. Полициски службеници на СВР Битола се на терен, а случајот се истражува. „Денеска полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода ...

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија го реконструираше мултифункционалното игралиште во состав на ООУ „Маршал Тито“. За реконструкцијата на игралиштето, Видеолотарија донираше 4.350.000 денари. Како општествено одговорна компанија, Видеолотарија Касинос Австрија континуирано инвестира во проекти што создаваат подобри услови за младите и локалната заедница. Спортот е двигател на позитивни промени, тој учи на ...

Владата на денешната седница го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри кој ќе биде испратен до Собрание. Од Владата истакнуваат дека со ова започнуваат нова, посериозна и поодлучна фаза во борбата против нелегалното приредување игри на среќа, агресивното рекламирање и злоупотребите кои со години нанесуваат штета врз граѓаните, особено врз младите, децата и семејствата. -Фокусот на овој закон е ...

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вечерва информираше дека во една скопска населба бил заловен волк, кој, како што посочи, незаконски бил чуван како домашно милениче. Според неговата објава на социјалните мрежи, животното било пронајдено со ремче и ланец, по што веднаш биле известени надлежните институции. „Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја зголемува својата разочараност од преговорите со Иран, размислувајќи за враќање во воен конфликт како опција. Во администрацијата постојат спротивставени ставови меѓу заговорниците на дипломатскиот пристап и оние кои предлагаат воени активности за принудување на Иран да направи отстапки. Со оглед на внатрешните поделби и економските притисоци врз Техеран, светот внимателно ги следи следните одлуки на ...

Српскиот државјанин С. М. (42) е лишен од слобода во Скопје во заедничка координирана акција на македонската и српската полиција. Тој се сомничи за подготовка на платено убиство, а неговото лоцирање е резултат на долготрајна оперативна размена на информации помеѓу Службата за сузбивање на криминалот (УКП) на Србија и македонското МВР. Осомничениот бил пронајден во „засолниште“ во главниот град, каде полицијата при рација открила арсенал ...

Македонската градежна компанија PMG CONSTRUCTION постигна голем европски успех, освојувајќи ја наградата на јавното гласање на престижниот натпревар Baumit Life Challenge 2026, кој се одржа во Будимпешта, Унгарија. Со овој успех, PMG CONSTRUCTION уште еднаш ја потврди својата позиција меѓу најдобрите компании во Европа во областа на фасадната архитектура и современото градежништво. Ова беше четврто учество на македонската компанија на овој ...

Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза, напиша на својот Фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и објави видео од автопатот. -Погледнете го текот на работата на преостанатиот дел од делницата Охрид – Кичево, кадешто последниве две години изградивме многу и наскоро македонските граѓани ќе возат по овој автопат. Ја градиме Македонија, напиша вицепремиерот ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,78% во однос на одлуката од 4.5.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 0,444%, кај дизелот за ...

Општина Аеродром покажа дека нема толеранција, казна од 20.000 евра за незаконско фрлање на отпад. При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче, на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад. Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно со член 130 од Законот. За сторениот прекршок е изречена ...

По увидот на автопатот Гостивар-Букојчани заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски одговараше на новинарски прашања за динамиката на изведба на градежните активности. -Генерално би ги поделил во три дела. Првин тоа се бројните водови на кој што треба да се направи дислокација, по овој автопат поминува една од главните оптички врски за цела држава и тоа не само за интерна туку и за мегународна поврзаност на ...

Случај на наводно физичко малтретирање на малолетници се истражува во Охрид, по пријава поднесена до СВР. Според полициските информации, во саботата вечерта во СВР Охрид, три лица на возраст од 45, 45 и 35 години, сите од Охрид, пријавиле дека околу 17:00 часот истиот ден нивните малолетни деца биле физички малтретирани, откако наводно биле фатени во обид да украдат чоколадно млеко од маркет во градот. Во пријавата се наведува дека по ...

Времето денес сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од -5 до 5 степени, а дневните од 14 до 25 степени. Во Скопје сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максимална температура до 24 степени. Од среда попладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во петок. Од четврток локално ќе има и услови за ...

Денеска се навршуваат 11 години од вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ на 9 и 10 мај 2015 во која загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28 часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили, Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Други ...

Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа порача дека Европа е нашиот единствен пат и оти нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија. Мицкоски истакна дека во Европа не гледа само како на географија и оти Европа треба да биде вредност, како и дека мора да се разговара за трајни решенија по кои ќе можеме да одиме напред, а не за ...

Институтот за јавно здравје ја следи состојбата поврзана со пријавениот мултинационален кластер на случаи на инфекција со хантавирус поврзан со патување на крузерот MV Hondius во регионот на јужниот Атлантски Океан. Според информациите објавени од Светската здравствена организација (WHO), Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) и националните здравствени власти на засегнатите земји, досега се регистрирани 8 потврдени како ...

Ѓ.С. од Тетово освои СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТОТ вреден фантастични 7.693.307 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник Моцарт на 28.04.2026 година во Тетово. Среќната игра е Фламинг хот. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија искрено му честита на добитникот. Во периодот од 27.04.2026 до 03.05.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 14.012.512 денари кон играчите на ...

Бугарија доби нова редовна влада, а кабинетот на Радев ќе треба да се справи со буџетот, судските реформи и европските фондови. Бугарија доби нова редовна влада, откако парламентот го избра Румен Радев, лидерот на „Прогресивна Бугарија“, за нов премиер. За неговата кандидатура и структурата на Министерскиот совет гласаа 124 пратеници, сите од неговата партија, 70 беа против, а 36 пратеници од ГЕРБ-СДС се воздржаа. Составот на кабинетот беше ...

Колумбиската ѕвезда Шакира на социјалните мрежи објави дел од официјалната химна „Дај, дај“ (Puntería), наменета за претстојното Светско фудбалско првенство што ќе се одржи во Мексико, САД и Канада. Таа најави дека целата песна ќе биде промовирана на 14 мај, со пораката „Подготвени сме“, а во проектот е вклучен и нигерискиот пејач, текстописец и продуцент Бурна Бој. Пејачката претходно го привлече вниманието на обожавателите објавувајќи ...

Новинарката Ирена Радовановиќ почина денеска, по долго боледување, на 53-годишна возраст. -Пријатели, познаници, колеги, роднини! На 8 мај 2026 од овој земен свет замина нашата светлина, Ирена Радовановиќ! Погребот ќе биде на гробиштата во Радишани на ден 9 мај 2026 г. (сабота) во 11 часот. Ве замолуваме, ако некогаш ве носи патот до некој храм, запалете по една свеќа и помолете се за нејзината душа. Го сакаше Господ, ги сакаше луѓето, го ...

Македонскиот ракометен гигант РК Вардар 1961 вечерва е пред нов историски момент – освојување на шампионската титула и враќање на тронот во домашниот шампионат. Во СЦ Јане Сандански следува натпревар со огромен влог, дуел против вечниот ривал Пелистер, во најголемото македонско ракометно дерби. Како партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија верува во победничкиот дух на тимот и типува на нов триумф и ...

Кривичниот суд го осуди Стојанче Јовановски на 12 години казна затвор. Тој беше обвинет за три кривични дела меѓу кои и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана која скокна од зграда заедно со шестгодишната ќерка Катја. Јовановски е обвинет за три кривични дела – телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, поврзани со трагедијата ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
7.2
32%
1019
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
6.7
37%
1022
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
38%
1023
weather icon

Софија

26ᴼ / 24ᴼ
1.03
38%
1020
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
6.3
37%
1018
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
0.5
64%
1024
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
5.66
35%
1014
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
1.03
21%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
5.26
32%
1018
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
5.14
44%
1022
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
1.34
35%
1024
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.69
93%
1017
Currency

61.5217

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.36

Паладиум

43596.41

Платина

56263.81

Калај

55.56

Родиум

278907.73

Рутениум

53852.50

Сребро

2099.49

Злато

141562.95

Бакар

13.39