Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Томас Штокер, потпретседател и генерален менаџер за Европа, Африка и средна Азија на Гентерм, денеска, најавувајќи ја инвестицијата од над 30 милиони евра на оваа компанија, истакна дека за нив ова е значајна инвестиција и оти тоа го прават затоа што веруваат во луѓето и во поддршката на Владата. Се работи за значајна одлука за нас како компанија, но, исто така верувам дека е значајна и за земјата. Имаме погон во Прилеп, меѓутоа како компанија ...
Сопругата на Диого Жота, Руте Кардозо и неговите родители вчера попладне беа во Шпанија да ги подигнат телата на фудбалерот на Ливерпул и неговиот брат Андре Силва кои загинаа во тешка сообраќајна несреќа. Во мртовечницата, тие беа придружувани од членови на семејството и нивни блиски. Новинарските екипи ги снимија Руте и мајката на двајцата браќа како скршени од болка влегуваат во автомобилите во кои се телата на Диого и Андре и заминуваат. ...
По седум години целосно запоставен, спортот се враќа во приоритетите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Не беше лесно да се санира целата штета и пустош кој СДС го оставија во македонскиот спорт, но со многу труд и посветена работа, за една година се поставија и почнаа да се градат темелите и во спортот. За подобрување на условите за развој на спортот, Министерството за спорт отпочна и реализираше ...
Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија повторно застанува силно и безрезервно на страната на спортот – овојпат како поддржувач на македонската кошаркарска репрезентација Во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија денес беше потпишан нов спонзорски договор со Кошаркарската федерација. Соработката со КФСМ е континуитет на нашата заложба за унапредување на спортот во Македонија. Веруваме дека со здружени сили – ...
Напаѓачот на Ливерпул и португалски репрезентативец Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа додека беше на одмор во Шпанија рано наутро во четвртокот Заедно со Диого, загина и неговиот брат Андре, фудбалер од Пењафиел. Трагичната несреќа се случи во покраината Замора, во раните утрински часови. Возилото во кое се наоѓале Диого и Андре излетало од патот, по што автомобилот се запалил. „Првичните податоци покажуваат дека 28-годишниот Диего ...
По судењето кое траеше седум недели, Шон Комбс, попознат како Пи Диди, беше ослободен од најсериозните обвиненија – сексуална трговија со луѓе и рекетирање. Доколку беше прогласен за виновен, продуцентот можеше да го помине целиот живот зад решети. Сепак, поротата заклучила дека Диди е виновен за две точки од обвинението за транспорт со цел проституција. Поради ова, може да добие до 20 години зад решетки, иако некои експерти сметаат дека ќе му ...
Не е исклучена можноста Костадинов на следните локални избори да се кандидира како независен во Струмица. Откако се дозна дека нема да оди по нов мандат со неговата партија, се реши да го замрзне членството во СДСМ. Костадинов на полноќ повторно се огласи, и рече дека партијата е во тешка состојба, и посака да победи барем во една општина. „Свесен за тешката состојба во која се наоѓа мојата партија, од безидејноста, сакам да помогнам за жал нема ...
На новинарско прашање премиерот Христијан Мицкоски истакна дека ова година сме повеќе подготвени за справување со пожарите во однос на минатата година и најави показна вежба од модернизираната опрема. -Секаде на Балканов на лето се случува сезона на пожари, но за разлика од претходните години, оваа година сме многу по подготвени. Пред се мислам на армиските и полициските хелихоптери. Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, два се тука го ...
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, однсно од Африка, која е поврзана со поле на висок воздушен притисок, следува долг период на стабилно, суво, сончево и многу топло време и носи опасност од појава на шумски пожари. Што се донесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени, додека од викендот, како и во наредната седмица во Повардарието температурата ќе се искачи до околу 42 степени. Слични ...
Tри автобуси и едно комбе на приватна фирма утрово изгореа во кочанската населба Оризари. Пожарот на плацот, каде што биле паркирани, е пријавен рано утринава во 2:30 часот, информираат од Секторот за внатрешни работи-Штип. – Денеска во 02:30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во населбата Оризари, кочанско, се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната ...
Во Скопје денеска ќе се одржи лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст кој ќе биде можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот. На самитот чиј домаќин е премиерот Христијан Мицкоски, учествуваат еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос и лидерите од Западен Балкан, како и министри, високи ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски вели дека се реазгледува идеја за создавање државна програма што ќе ги поддржува македонските млади инженери кои развиваат наменски технологии, дронови, со директна финансиска и логистичка помош од Министерството или други институции. Македонија, кажа Мисајловски вечерва во интервју за „360 степени“ на јавниот сервис, има реална шанса да влезе на мапата на земји што развиваат наменска индустрија, но за тоа ...
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по повикот за убиство на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов кон новинарот Драган Павловиќ-Латас: „ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува овој говор на омраза од страна на Костадин Костадинов врз новинарот Драган Павловиќ-Латас и бараме итна разрешница. Ова е доказ за тоталната безидејност на СДС. Кога немаат идеи – имаат омраза, кога немаат програма – имаат насилство, кога немаат политика и предлози – имаат ...
Градоначалникот на Струмица од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов преку социјалната мрежа на Фејсбук испрати јавна закана по животот на новинарот и уредник на порталот Вечер.мк, а од опозициската СДСМ молк и наикаква реакција. На ваквите натписи на КОстадинов остро реагираа од Македонската асоцијација на новинари (МАН), од каде велат дека режимот на СДСМ се уште повикува на линч и убиства на новинари како во времето на Заев. -Проглас и аманет ...
Во Скопје денеска и утре ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан. -СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник) поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, ...
Трагедија се случила вчера во Италија, откако некаде околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба во близината на Тревизо, се удавило 9-годишно девојче по потекло од Македонија, пренесува „Ла Трибуна ди Тревизо”. – Девојчето, Адна Ислам, со македонско потекло и жителка на Кавасо дел Томба, било со своето семејство, родителите Ихмет и Наила и помалите брат и сестра, на попладневен одмор покрај брегот на реката Пјаве. Малата Адна си играла на камењата ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои се обвинети Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски. Во обвинението стои дека обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, ...
Истражувачите од компанијата за сајбер безбедност „Сајберњуз“ тврдат дека милијарди податоци за најавување за платформи како што се Google и Facebook се протечени и составени во онлајн збирки на податоци, давајќи им на криминалците невиден пристап до профилите што потрошувачите ги користат секој ден. Според извештајот објавен оваа недела, истражувачите на „Сајберњуз“ неодамна откриле 30 изложени сетови на податоци, од кои секој содржи огромна ...
Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од нашата земја – станува збор за три големи и една средна банка – во регистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА. Овој важен чекор е резултат на успешно поднесени барања од страна на овие банки, а со тоа официјално започнува и членувањето на нашата земја во СЕПА. Овие банки ќе започнат со вршење на кредитните трансфери во СЕПА од 6 октомври 2025 година. Се очекува ...
Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, отчет за една година успешна работа на владата. „Една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, една година работа во интерес на државата и граѓаните. Една година фокус и работа во интерес на граѓаните после 7 години СДС и ДУИ кои го осиромашија народот и ја испразнија буџетската каса и го урнисаа стандардот на граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите граѓани. Продолжува трендот на ...
Во засебна објава на својата социјална мрежа, американскиот претседател се осврна и на политичката состојба во Иран, велејќи дека ако сегашниот режим не е во можност „да го направи Иран повторно голем“, тогаш неговата промена е неопходна Еден ден по нападот на САД врз три нуклеарни посторојки во Иран, американскиот претседател Доналд Трамп во објава на својата социјална мрежа Трут соушл рече дека нанесената штета е монументална. „Како што ...
Ова е една од трите одлуки донесени на седница на Централниот одбор на Демократската обнова на Македонија (ДОМ) одржана пред два дена, на која, како што велат од партијата, се донесени три важни одлуки кои ќе ја постават идната политичка насока на ДОМ, која води кон вредносна доследност, отвореност и одговорност Политичката партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја напушта коалицијата со СДСМ. Ова е една од трите одлуки донесени на ...
На 50 училишта на територија на Македонија во текот на летниот период ќе се постават фотоволтаични панели, соопшти Владата. Во соопштението се наведува дека неповратен грант од 1.1 милион евра за инвестирање во обновливи извори за енергија, склучи Министерството за образование и наука со Банка за развој при Совет на Европа. „Со ова не само што заштедуваме финансиски трошоци, туку и добиваме можност средствата да ги реинвестираме во други ...
Објавен е јавниот повик за набавка на 120-те еколошки автобуси од кои 80 ќе бидат наменети за Град Скопје, соопшти вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Останатите 40 автобуси ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа. Во интервју за Канал 5 телевизија, Николоски рече дека огласот е објавен пред два дена и дека еколошките автобуси се една ...
Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени се во странство, а петмина се во Скопје. Една пациентка е сè уште во тешка состојба, информираше попладнево на прес – конференцијата во Владата, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. – Мислам дека деновиве се направи проценка за позначително пресадување на кожа кај таа пациентка. Инаку, таму проблемот е инфективен и се третира на ...
На 18.06.2025 во 10.00 часот на патот Прилеп-Крушево, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода С.А.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола и преземени мерки, полициските службеници констатирале дека С.А. управувал товарно возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки со брзина од 121 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час. Лицето било приведено во ...
По седум години денеска повторно ќе биде отворен комплексот „Македонско село“ кој се наоѓа на Водно во близина на Нерези. Нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“ чија понуда беше избрана на најповолна на јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи. Оттаму информираа дека концесионерот е избран на законски и транспарентен начин, по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува Министерството за финансии. ...
Владата на Република Македонија во денешното соопштение најави нов капитален проект со кои ќе бидат поставени фотоволтаични системи на околу педесетина училишта. „Владата континуирано работи на зголемување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливи извори на енергија. За таа цел на 50тина училишта ширум Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период. Министерството за образование и наука склучи договор ...
Европската комисија ја казни Грција со 392 милиони евра поради неправилно управување со европските земјоделски субвенции во периодот од 2016 до 2023 година, јавува весникот „Катимерини“. Најголем дел од казната се должи на недоволниот надзор на грчката Организација за исплата и контрола на европските субвенции (ОПЕКЕПЕ), која беше укината на крајот на мај по голем корупциски скандал. ЕК во образложението наведува дека Грција го прекршила ...
Царински службеници во Царинската испостава Струмица запленија моторцикл Априлиа откако по поднесената увозна декларација со сите пропратни документи било увидено дека се работи за друг моторцикл за кој увозникот не поседувал никаков документ. Против сторителот е покрената прекршочна постапка, се наведува во соопштението. •Службата за мобилни скенери при контрола на товарно моторно возило управувано од македонски државјанин заплени 5.476 парчиња ...