Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Англискиот репрезентативец, Оли Воткинс кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, во Ал Хилал. Астон Вила ја прифати понудата на Ал Хилал од 58.000.000 евра со 2.000.000 бонуси. Оли Воткинс даде зелено светло за овој трансфер минатата недела, бидејќи доби астрономска плата, поради што го пропушти првото коло од Премиер лигата против Брајтон. Ал Хилал со тоа заврши уште еден голем договор, откако претходно ги договори сите услови со ...
Атлетикоo Мадрид конечно се согласи да го продаде Хулијан Алварез и постигна договор, но не со Барселона, туку – Арсенал. По денешните информации и соопштение на Атлетико Мадрид и конечното „Не“ до Барселона, од Мадрид испратиле потврден одговор во Лондон. На „Метрополитано“ се свесни дека е најдобро Алварез да си замине, бидејќи ќе заработи огромни пари, се шпекулира дека Арсенал е подготвен да плати дури 150.000.000 евра. Но, што е ...
Залихите на природен гас во подземните складишта во Европа моментално се на најниско ниво за овој период од годината од 2013 година, објави денес агенцијата ТАСС, според пресметките засновани на податоци од организацијата Гасна инфраструктура Европа (GIE). Европските складишта на гас моментално се исполнети со 63,28 проценти, што е за 17,24 проценти помалку од петгодишниот просек за овој датум и во споредба со 76 проценти исполнетост една ...
Високите цени на гасот, заканата од губење на работни места и растечкиот криминал кај мигрантите можат да бидат причина за очај и фрустрација кај Германците, изјави Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји. „И можеби Германците се очајни и разочарани затоа што плаќаат девет пати повеќе за гас од Американците, нивните работни места се загрозени од колапсот на ...
На панаѓур во Хамбург, 23 лица седнале на столчињата на вртелешката и започнале возење кое обично трае неколку минути. Од столчињата обесени на синџири, гостите се симнале три часа подоцна, со помош на пожарникари. Вртелешката се заглавила и луѓето останале да висат триесет метри над земјата, соопшти полицијата. Неколку единици на полицијата и противпожарната служба излегле на терен, а гостите успеале да излезат од седиштата без повреди и ...
На 26 август 1910 година, во Скопје е родена Гонџе Бојаџиу, личност чиј животен пат остави белег далеку надвор од нејзиниот роден град. На 116-годишнината од нејзиното раѓање, ја паметиме пред сè преку вредностите што имаат универзално значење: хуманизмот, солидарноста, достоинството и почитта кон секој човек, вели министерот за правда Јетон Шасивари. Нејзината животна приказна, како што додава, е дел и од историјата на Скопје. „Од овој ...
Првиот случај на западнонилска треска оваа година е регистриран денес во Бугарија, објави Националниот центар за заразни и паразитски болести. Според податоците, претходниот случај на западнонилска треска во Бугарија е регистриран во периодот од јануари 2025 година до 23 август 2025 година. Инфекцијата е заразна болест која се шири со каснување од заразени комарци, наведува Центарот на својата веб-страница, пренесува БТА. Повеќето случаи се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи е жив, но дека левата страна од неговото тело е сериозно повредена, пренесуваат светските агенции. „Тој беше многу тешко ранет. Левата страна од неговото тело, раката, ногата, сè“, му рече Трамп на политичкиот коментатор Глен Бек. Тој додаде дека ако Хамнеи е мртов, иранската влада „тогаш дејствува доста добро“, тврдејќи дека редовно ...
Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) денес прогласи примарна епидемија на антракс во селото Стефаново во близина на градот Ловец во централниот дел на земјата, а три лица кои јаделе контаминирано месо биле заразени. Антракс е откриен на фарма за добиток со 205 говеда, објави бугарскиот портал 24 Часа. Регионалниот гувернер на Ловеч, Пламен Христов, изјави за БТА дека ја свикал регионалната епизоотиска комисија на вонреден ...
Ветувањата на францускиот претседател Емануел Макрон да му помогне на Киев достигнаа монструозни размери, изјави лидерот на десничарската партија „Исправи се, Франција“, Никола Дипон-Енжан. „Каква лудост! Издвојуваме милијарди евра за Украина, задоволувајќи го секој каприц на Владимир Зеленски, а сега им ги предаваме тајните за производство на ракети MBDA. Макрон го загрозува нашиот воен суверенитет и нашата одбранбена индустрија за да ги ...
Утре 27.08.2026 година ( Четврток ) поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија ќе останат: – Во период од 05,00ч до 07,00ч ул Беаз Куле, ул Гостиварска и околината (о Ѓ. Петров) и – Во период од 09,00ч до 12,00ч ТС Подстаница с Драчево ул Сердарот (о Аеродром). Утре 27.08.2026 година ( Четврток ) поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија ќе ...
Oд ЈП Водовод и канализација известуваат дека утре, на ден 27.08.2026 година без водоснабдување ќе бидат корисниците: – Поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм на ул.Воин Драшкоци бб (за ООУ “Димитар Поп Георгиев Беровски„), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Воин Драшкоци и Исаија Мажовски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. Oд ЈП Водовод и канализација ...
Бруклин Бекам луто ја бранеше својата сопруга Никола Пелц на социјалните мрежи откако таа се соочи со грди коментари за нејзиниот изглед. Бруклин Бекам повеќе не сакаше да молчи, откако неговата сопруга Никола Пелц Бекам се соочи со бројни грди коментари за нејзиниот физички изглед. Иако е забележливо дека Никола драстично ослабе за потребите на една улога, коментаторите на мрежите станаа немилосрдни. Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram ...
Англискиот актер и пејач Тим Кари, харизматичната ѕвезда на „The Rocky Horror Picture Show“ и „Home Alone“, почина на 80-годишна возраст. Кари беше почитуван театарски, телевизиски и филмски актер, познат по своите улоги во филмови како што се „Clue“ (1985) и „Muppet Treasure Island“ (Muppet Treasure Island, 1996), објавува „Independent“. Роден е во Англија во 1946 година. Бил помладо дете на училишен секретар и методистички капелан во ...
Управата за јавни приходи денес во Дојран одржа информативно-работна средба со локалните туристички работници и претставници на дејности поврзани со туристичката дејност. На средбата, организирана во соработка со Општина Дојран, претставници на Управата за јавни приходи разговараа со издавачи на сместувачки капацитети, угостители, хотелиери и други даночни обврзници за најчестите прашања и предизвици со кои се соочуваат во текот на ...
Денеска на Попова Шапка се измерени максимални 23 степени, на 29 Маврови Анови, 30 во Крушево, 31 во Претор, 32 во Берово, 33 Охрид, 34 Крива Паланка, Прилеп, 36 Тетово, Битола, Виница, Штип, 38 Струмица, Скопје Петровец, Велес, Скопје Зајчев Рид, Кавадарци, 39 Демир Капија, до максимални 40 сгтепени во Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕС И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните ...
Во текот на денешниот ден регистрирани се 20 пожари на отворен простор, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Ер тракторите, како што појасни, дејствуваат врз пожарот на Китка, каде активни се неколку краци. „Даваме се од себе за да го совладаме овој огромен пожар кој е проширен на голема територија и сум оптимист дека во текот на денешниот или утрешниот ден ќе биде ставен под делумна контрола. Во текот на денешниот ден досега има ...
Унгарија ја опиша Русија како закана за Европа и светскиот поредок во новите насоки за надворешна политика за својата делегација во Обединетите нации. Документот беше подготвен за Генералното собрание на ОН следниот месец, а неговата содржина беше објавена од „The Kiev Independent“ на 26 август. Целосна промена на ставот кон Русија Документот означува остра промена во ставот на Унгарија откако премиерот Петер Маѓар го победи Виктор Орбан на ...
Основачот на „Мајкрософт“ и милијардер Бил Гејтс предупреди за ризиците од забрзаниот развој на вештачката интелигенција, наведувајќи дека технологијата може да донесе повеќе штета отколку корист во одредени области. Гејтс конкретно ја издвои положбата на младите луѓе кои штотуку влегуваат на пазарот на трудот, сајбер-безбедноста и безбедноста на децата, но и можноста за злоупотреба на ВИ во здравството и развојот на опасни биолошки закани. ...
Министерот за правда Јетон Шасивари присуствуваше на настанот по повод почетокот на градежните работи за изградба на автопатот Скопје–Блаце. „Овој автопат значи многу повеќе од нова патна инфраструктура. Подобра поврзаност, побрзо движење на луѓето и стоките, поголема безбедност и нови можности за економски развој. Автопатот Скопје–Блаце ќе ја подобри поврзаноста на Скопје и Македонија со Косово и ќе придонесе за посилни економски и ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека САД нема да постигнат ништо со нова рунда економски санкции. Неговата изјава е одговор на Техеран на најавите на Вашингтон за економско задушување на Иран, пренесува „Еуроњуз“. „Благодарение на мерките подготвени од економските сектори на владата, Америка нема да постигне ништо со економски притисок во оваа фаза, исто како што не успеа во војната“, рече Пезешкијан, како што објави ...
„Македонија не смее да ја пропушти новата индустриска револуција! Како инженер по информатика, а денес и како пратеник, на дата центрите гледам како на критична инфраструктура за иднината на Македонија. Прашањето не е дали светот ќе користи дата центри. Ќе користи! Прашањето е: дали Македонија ќе биде дел од таа инфраструктура или ќе плаќа на други држави за нивните услуги?“, пишува Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи. ...
Барселона не се откажува од Хулијан Алварез, но Атлетико Мадрид нема намера да се откаже. Сагата околу аргентинскиот напаѓач доби нова димензија по јавниот настап на Џоан Лапорта, на што пристигна жесток одговор од Мадрид. Претседателот на Барселона во средата, потврди дека каталонскиот клуб е сè уште многу заинтересиран за Алварез и дека понуда од 100 милиони евра останува на маса. „Доколку се подготвени да го продадат играчот во текот на ...
Во финишот на преодниот рок, се очекуваат неколку супер интересни трансфери во Премиер лигата. Еден таков најави, новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн. Орнштајн, наведува дека менаџерите на Емилијано Мартинез (34), легенда на Аргентина и Астон Вила, го понудиле популарниот Дибу на Челзи. Тие се одлучиле за таков потег откако Мартинез бил информиран дека Зајон Сузуки, десет години помлад од него, кој минатата недела дојде од Парма за 30 ...
Најмалку 384 лица, вклучувајќи 291 странци, се водат како исчезнати по ненадејните поплави на границата Непал и Тибет, соопшти туристичкиот одбор на земјата. Floods in Nepal wreak havoc, sweeping away several villages and leaving over 1,000 people missing. Bridges and power plants destroyed. Army deployed. horrific helicopter view of the Trishuli River corridor after the flood.#NepalFloods #Nepal #Rasuwa #FlashFlood #Floods ...
На веб-страницата http://www.healthalert.mk/ од денес граѓаните можат во секое време да видат колкав е бројот на заразени со западнонилска треска, од која општина се, колкумина се хоспитализирани, колкумина се оздравени, а колку лица починале, означени се ризичните подрачја за комарци и сите досега преземени мерки за заштита. Министерот за здравство, Сашо Клековски, вели дека страницата постојано ќе се надополнува. „Во однос на ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити денеска присуствуваа на отворањето на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во оваа општина. Центарот е воспоставен во Општина Гевгелија преку Проектот за подобрување на социјалните услуги на ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека постои договор меѓу ВМРО и ДУИ за блокирање на работата на Собранието, со цел создавање алиби за распишување предвремени парламентарни избори. „Како алиби за распишување на избори, постои договор помеѓу Oрганизираната криминална група ВМРО и ДУИ, а тоа е да со процедурални интервенции од страна на пратеничката група на ДУИ се блокира работата на Собранието и тоа води кон предвремени ...
Со централна манифестација во Музејот на современата уметност во Скопје беше одбележана 116-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза – Гонџе Бојаџиу, една од најпознатите и најпочитуваните личности на светскиот хуманизам. На манифестацијата присуствуваа највисоки државни претставници, претседателот на Собранието, Африм Гаши, премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, премиерот на Република Косово, Албин Курти, како и Изет ...
Вчера во 19:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода 61-годишниот М.Б. од село во општина Маврово и Ростуше, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа ја затворил неговата 49-годишна сопруга, физички ја нападнал и ѝ се заканувал. Околу 19:30 часот полициски службенции ја ослободиле жената, а тој бил приведен и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против ...