Англија ја победи Норвешка во третиот натпревар од четвртфиналето на Светското првенство. Андреас Шјелдеруп ги доведе Норвежаните во водство, а потоа Џуд Белингам постигна два гола за пресврт и пласман во Топ 4. Еве како англиските медиуми го видоа натпреварот. Гардијан: Англија се протна, но покажа ширина и карактер „Англија мораше да се бори, понекогаш имаше среќа, но едноставно не се откажаа и се извлекоа“, пишува Гардијан. Се истакнува ...

Норвешката бајка на Светското првенство заврши на суров начин во четвртфиналето со пораз од Англија по продолженијата (1:2). Пласманот на Англија во полуфиналето ќе остане во сенка на сериозна судиска грешка. Голот за 1:1 мораше да биде поништен бидејќи топката го погоди кабелот што ја држи камерата, падна одеднаш и се отвори контра на Англија. Норвежаните протестираа, но залудно. Сè беше решено кога голманот на Норвешка, Ниланд, имаше ...

Во тек се работи за унапредување и надградба на безбедносните системи на северниот влез на Белата куќа, а проектот се очекува да биде завршен до средината на септември, соопшти претставник на американската администрација. Работите се изведуваат на главниот влез на претседателската резиденција, но засега не се објавени детали за конкретните безбедносни подобрувања. Просторот е покриен со големи церади со отпечатени мотиви од столбови и ...

Шест лица учествувале во физичка пресметка на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно случена сообраќајна незгода. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 10 јули во 18:00 часот во СВР Скопје. Според пријавата, во пресметката учествувале Г.Б. (60), Н.Б. (31) и С.Б. (36), сите од Скопје, од една страна, и О.А. (35), П.А. (23) и Ш.А. (63) од село Буковиќ, скопско, од друга страна. Полицијата презема мерки за целосно документирање на ...

Иран нема намера да започне преговори со Соединетите Американски Држави сè додека Вашингтон не го промени својот пристап, објави иранската агенција „Фарс“, повикувајќи се на неименувани извори блиски до преговарачкиот тим. Според изворот, Техеран не побарал разговори со САД, а тврдењата во дел од медиумите дека Иран иницирал преговори се оценети како неточни. „Иран не побара преговори со Соединетите Американски Држави и нема да има ...

Околу 20.000 домаќинства во југозападниот дел на Франција останаа без електрична енергија по силните грмежливи бури и илјадниците удари од гром, соопштија француските власти. Засега нема информации за повредени лица. Според националниот оператор на електроенергетската мрежа „Енедис“, без струја останале околу 12.000 домаќинства во департманот Дордоња, 7.000 во Жиронда и 1.000 во Ло-е-Гарон. Најголем дел од прекините биле предизвикани од ...

Линда Носкова, попладнево го забележа најголемиот успех во кариерата. Носкова го освои најпрестижниот турнир во светот на тенисот. Во чешкото финале таа ја победи Каролина Мухова со 2:1 (6:2, 5:7, 6:3). 21-годишната Носкова во своето прво Гренд слем финале ја освои титулата, додека Мухова и во вториот обид не успеа да освои Гренд слем трофеј. Носкова го заврши најдобриот турнир во својата кариера на фантастичен начин и ја освои третата ВТА ...

Јужноафриканскиот фудбал е обвиен во црно по веста дека Џејден Адамс, играчот од средниот ред на Мамелоди Сандаунс и јужноафриканската репрезентација, починал на 25-годишна возраст. Причината за смртта сè уште не е објавена. Тажната вест ја потврди Брендин Џонсон, еден од тренерите на Адамс, кој се обрати до јавноста во име на семејството и побара приватност во овие тешки моменти. „Сè е сè уште премногу свежо. Раната е сè уште отворена. ...

43-годишен државјанин на Словенија е приведен во Прилеп откако, според полицијата, го симнал знамето на Општина Прилеп и го запалил. Од МВР информираат дека на 11 јуни во 01:05 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода П.Ј. (43) пред општинската зграда во Прилеп. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок. 43-годишен државјанин на Словенија е приведен во Прилеп откако, според ...

Најмалку 12 лица загинаа во разорниот шумски пожар што продолжува да се шири во јужна Шпанија, уништувајќи околу 6.600 хектари шума и ниска вегетација во покраината Алмерија. Според шпанските власти, пожарот избувнал во четврток, а првичните сомнежи се дека бил предизвикан од дефект на далновод. Огнената стихија е најинтензивна во близина на општините Лос Гаљардос и Бедар, на околу 70 километри североисточно од градот Алмерија. Иако ...

Најмалку 15 лица загинаа, а 21 е спасено откако туристички брод со индиски државјани се превртел во близина на остров во јужниот дел на Виетнам, јавува Би-Би-Си. Според локалните власти, на бродот се наоѓале 32 индиски туристи и четворица членови на екипажот. Несреќата се случила на околу 400 метри од островот Хон Мај Рут Нгоаи, во Тајландскиот Залив, каде пловилото се превртело поради разбранувано море. Неколку туристички бродови што се ...

62-годишен охриѓанец е тешко повреден откако изгубил контрола и паднал со мопед во Охрид. Несреќата се случила на 10 јули околу 09:20 часот на кружната крстосница меѓу булевар „Туристичка“ и улицата „Абас Емин“. Од МВР информираат дека Г.К. (62) од Охрид управувал мопед „хуатијан“ кога изгубил контрола и паднал на коловозот. Тој бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. При проверка ...

Педесет и двегодишен работник од Куманово загина при изведување градежни работи на објект во изградба во скопската населба Гази Баба. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена вчера околу 14:05 часот во СВР Скопје. „На подрачјето на Гази Баба, при изведување на градежни работи на објект во изградба, од висина паднал И.И. (52) од Куманово. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана ...

Нов топлотен бран ја зафати Западна Европа, а Франција и Холандија воведоа посебни мерки поради екстремно високите температури кои во делови од регионот во текот на викендот ќе достигнат и до 40 степени Целзиусови. Француската метеоролошка служба прогласи црвено ниво на предупредување поради топлотниот бран во 24 департмани, меѓу кои е и целиот регион Ил-де-Франс, каде се наоѓа главниот град Париз. Франција со највисок степен на тревога Ова ...

Новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, порача дека одмаздата за убиството на неговиот татко и претходник, ајатолахот Али Хамнеи, е „барање на нацијата“ и дека „мора да се случи“. Во писмена порака објавена на неговиот канал на „Телеграм“, Хамнеи наведе дека Иран ќе ја одмазди смртта на својот претходен лидер и на сите други жртви во конфликтите со, како што ги нарече, „злосторничките и посрамени убијци“. „Ветуваме дека ќе ...

Државниот секретар и предлог кандидат за министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари работна средба со сточарите од Пијанечко-Малешевскиот регион, при што беше потврдена најважната вест за сточарите од овој крај. Надминат е проблемот со откупот на млекото и неговиот откуп продолжува, со што завршува периодот на неизвесност за голем број семејни земјоделски стопанства. На средбата, на ...

(Видео) Филипче: Оризот скапува по амбарите, Владата ги уништи оризопроизводителите Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оствари средба со оризопроизводители од регионот на Општина Чешиново-Облешево, на која се разговараше за состојбата во производството на ориз и проблемите со кои се соочуваат земјоделците. Филипче оцени дека состојбата на терен е тешка и дека оризопроизводителите се оставени без соодветна поддршка, додека големи ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека се направени финалните координации со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за продолжување на реализацијата и оптимизацијата на проектот за Брз автобуски превоз (БРТ). Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека одржал работна средба со тимот на ЕБОР во Македонија, предводен од директорот Фатих Туркменоглу, на која биле разгледани следните чекори ...

По 13 години преговори, Европската унија постигна договор за промена на правилата со кои се регулираат правата на патниците во воздушниот сообраќај. Новите правила имаат цел да донесат поголема заштита за патниците, поголема транспарентност на цените и појасни услови за багажот. Европскиот парламент ги усвои ревидираните правила, со кои се задржуваат постојните права на патниците за надомест при големи доцнења и откажани летови. Остануваат ...

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои и понатаму се на терен во обид целосно да го локализираат пожарот. Според информациите од Општина Валандово, пожарот во моментов се држи под контрола, но неговото гаснење е отежнато поради непристапниот терен, каде што ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи поради „безобѕирно управување возило“, информира Министерството за внатрешни работи. „Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит од кои по две во Скопје, Тетово и Куманово и по едно во Прилеп, Свети Николе, Велес и Кавадарци. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Скопје, Битола, Македонска Каменица и ...

Советничката од редовите на СДСМ во Советот на Град Скопје, Кети Штерјова, денеска ја обвини владејачката коалиција дека во Општина Чаир била донесена одлука за промена на имиња на улици без примена на Бадентеровото мнозинство. Штерјова оцени дека со одлуката, како што рече, се прекршуваат законските процедури и механизмите предвидени со Охридскиот рамковен договор. „Важат ли законите во општина Чаир? Очигледно не! Се уште не се решени ...

Кина евакуираше повеќе од 600.000 луѓе пред налетот на тајфунот Бави, кој во саботата се приближи кон источниот дел на земјата и кон градот Венџоу, јавија кинеските државни медиуми. Тајфунот претходно донесе обилни врнежи и силни ветрови во јужниот јапонски островски синџир Сакишима, а помина и покрај северниот дел на Тајван. Над половина милион евакуирани во провинцијата Џеџијанг Иако Бави постепено забавува и слабее додека се движи кон ...

Многу капитални проекти во Охрид – објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков извршија увид во инфраструктурни проекти во Охрид. Во својата објава Николоски напиша: „Денес заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков направивме увид на неколку големи ...

Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и денеска излегоа со спротивставени ставови околу измените на Изборниот законик, особено околу предложениот модел за гласање на дијаспората. Мицкоски ја повика опозицијата на, како што рече, одговорност и зрелост, оценувајќи дека владината коалиција е усогласена за Изборниот законик, додека Филипче тврди дека проблем е можноста за, како што рече, изборни манипулации. ...

Палеонтолози од Тајланд тврдат дека откриле нов вид диносаурус по анализата на фосили пронајдени во провинцијата Каласин, во североисточниот дел на земјата. Новиот вид е наречен Uragasaurus kalasinensis, а научниците претпоставуваат дека овој тревојаден диносаурус живеел пред околу 150 милиони години. Неговата највпечатлива карактеристика бил исклучително долгиот врат, кој достигнувал до 20 метри – должина споредлива со терен за крикет. ...

Украинските одбранбени сили соопштија дека во ноќта меѓу 10 и 11 јули извршиле напад врз руски пловила во Азовското Море, при што бил погоден 21 руски танкер што, според Киев, се користел за транспорт на нафта и нафтени деривати. Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, танкерите биле дел од логистичката мрежа преку која Русија ги заобиколува меѓународните санкции и обезбедува приходи за финансирање на воените операции во ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека во Министерството за економија и труд наскоро ќе се одржи состанок со трговците, откако Државниот пазарен инспекторат направи анализа на цените и трговските маржи на околу 700 производи. Според премиерот, анализата покажала дека кај дел од производите е забележано зголемување на трговските маржи во споредба со истиот период лани. „Очекуваме во најкраток период оние кои што ги имаат малку ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата ќе продолжи со спроведување на реформите и дека останува посветена на европската интеграција, но без, како што рече, деструктивни и безусловни отстапки на штета на националните интереси. Одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Охрид, во контекст на евроинтегративниот напредок на Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина, Мицкоски рече дека Владата има принципиелен став ...

Македонија повеќе не е на европската агенда и останува на страна од европските процеси поради неспособноста и погрешните политики на Христијан Мицкоски, кажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека државата е доведена во состојба на политичка изолација и неизвесност во момент кога Европската Унија јасно покажува дека проширувањето е високо на нејзината агенда. „Во текот на вчерашниот ден и од ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.79
57%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
3.13
67%
1016
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
0.92
78%
1017
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.56
58%
1017
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.17
63%
1015
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.89
97%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
0.89
51%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.17
41%
1016
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.11
48%
1017
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
4.47
65%
1015
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.34
52%
1016
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 23ᴼ
3.19
60%
1016
Currency

61.645

Currency

53.9983

Currency

72.4174

Currency

37.5504

Currency

38.1008

Currency

66.7433

Currency

7.96794

Currency

0.70105

Currency

0.33399

Currency

0.52508

Currency

1.14928

Currency

0.56524

Бакар

12.63

Паладиум

40509.94

Кобалт

56.29

Платина

52244.96

Алуминиум

3.15

Иридиум

245953.21

Цинк

0.00

Калај

52.82

Сребро

1924.70

Рутениум

49029.89

Злато

132441.79

Родиум

262028.58