Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Американските и азиските технолошки компании изгубија стотици милијарди долари пазарна вредност по остриот пад на светските берзи, предизвикан од загриженоста дека изборната победа на демократите во САД може да го забави развојот на вештачката интелигенција. Само седумте најголеми американски технолошки компании, познати како „Величествената седумка“, за еден ден изгубија вкупно еден билион долари пазарна вредност. Акциите на „Нвидиа“ паднаа ...
Македонската банкарска асоцијација информира дека во текот на претстојниот викенд сите банки ќе спроведуваат планирани технички прилагодувања на своите системи, во рамки на подготовките за примена на новите стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да се применуваат од 09.11.2026 година (понеделник). Активностите се надоврзуваат на претходно најавените регулаторни промени што се однесуваат на новите платни налози, шифрите за целта ...
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2026 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-26/1 усвоена на ден 05.11.2026 ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на министерскиот состанок на Иницијативата за енергетско поврзување на Централна и Југоисточна Европа (CESEC), во Загреб. На состанокот, на кој што учествуваа министрите од регионот и претставниците на европските институции се разговараше за енергетската безбедност, регионалното поврзување и иднината на европскиот енергетски пазар. „Енергетската ...
Да купам сега или да почекам уште малку? Веројатно секој што купувал лаптоп, монитор или друга технологија барем еднаш си го поставил ова прашање. Цените се менуваат, понудите се менуваат, а со нив доаѓа и она добро познато чувство дека можеби требало да се почека уште некој ден. Но, вистината е дека најдобриот момент за купување не е секогаш кога цената е „на попуст“, туку тогаш кога производот навистина ти треба. Водечкиот ланец за ...
Третата фаза на системот за наводнување „Страиште“, вредна 25 милиони евра, ќе опфати 1.500 хектари земјоделско земјиште и ќе ги задоволи потребите на околу 6.000 земјоделци, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешниот настан со кој се означи почеток на реализација на инвестицијата во населеното место Пирава, општина Валандово. „Оваа инфраструктура ќе овозможува примена на наводнување капка ...
Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со цел да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и непречено користење на банкарските услуги. Денеска гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и соопшти на јавноста три нови олеснувања, кои се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за користење ...
Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз од овие градови до филијалата на Банката во Битола и назад. На овој начин ќе им се овозможи полесно да пристапат до средствата на своите сметки и да подигнат готовина. Враќањето до местото на живеење ќе биде откако сите клиенти на ...
Демократскиот сојуз го поздравува Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2026 година, особено, како што истакнуваат од оваа партрија, позитивните оценки и констатираниот напредок во спроведувањето на реформската агенда и усогласувањето со европското законодавство. Оценуваат дека извештајот претставува важна основа и дополнителен поттик за продолжување и продлабочување на европскиот реформски ...
ВМРО-ДПМНЕ повторно ја манипулира јавноста, овој пат користејќи го јубилејот на Општина Центар за политички пресметки. Градоначалникот Горан Герасимовски додели јубилејни награди по повод 50 години Општина Центар на личности кои, секоја во својата област, дале значаен придонес за развојот и афирмацијата на општината. Со нив им оддадовме признание за нивната работа и за сè што оставиле зад себе, реагираат од општината на забелешките од страна ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на напредокот на државата што Брисел го нотираше во нивниот извештај и потврдата од страна на амбасадорот Рокас, како и за уставните измени, изјави: „Па да самиот амбасадор вчера на прес-конференцијата кажа дека во суштина споредено со минатогодишниот извештај имаме значителен напредок оваа година. Но, исто е поважно да се каже дека извештајниот период не ги ...
„Граѓаните не ги оценуваат институциите според нашите планови и ветувања. Ги оценуваат според услугата што ја добиваат, одговорот што го чекаат и довербата што ја имаат во системот. Нашата цел е знаењето да стане сила на администрацијата, професионалноста нејзин стандард, а довербата на граѓаните нејзин најголем резултат“, порача министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во своето обраќање на третиот циклус генерички обуки за ...
Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ составена од група активистки и активисти, организира протест против фемицидите, институционалното насилство и неказнивоста во недела (08.11), со почеток во 12:00 часот, во паркот „Жена Борец“ во Скопје. Според активистите на оваа иницијатива, последниот случај на фемицид во Богданци каде беше убиена седумнаесетгодишната Билјана Кириќ од нејзиниот партнер повторно покажа институционално ...
„Бетон Герасимовски и Општина Центар, фатени сте живи како лажете, повлечете се од темава и извинете се. Наместо да ја манипулирате јавноста, одговорете на едно едноставно прашање: Зошто ги едитирате објавите и лажете дека сте доделиле некаква “Јубилејна награда”, а не Феникс. Дали поради тоа што знаете дека за доделување на “Феникс” потребно е прво изјаснување на комисија, а потоа и на советот. Во овој случај поминат е само филтерот на ...
Министерството за образование и наука објавува нов Конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година, со кој се воведува значајно унапредување на досегашниот модел на студентско стипендирање. Новиот модел носи поинаков пристап во распределбата на државната поддршка – пристап кој истовремено ја препознава социјалната ранливост, го вреднува академскиот успех и го поттикнува образованието на кадри во области од ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската комисија за напредокот за 2026 година. Соговорниците се согласија дека се постигнати очигледни конкретни резултати. Обајцата го поздравија препознавањето на државата како една од најуспешните во исполнувањето на Реформската агенда и Планот за раст на Западен Балкан, се вели во ...
Утре со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар насловена како „Centar Night Run“, со траса на движење од ул.„Орце Николов“ (кај општина Центар), десно по ул. „Франклин Рузвелт“, десно по бул. „Илинден“ до крстосница со ул. „Наум Наумовски Борче“, назад по бул.„Илинден“, лево по ул. „Франклин Рузвелт“ се до крстосница со бул. „Партизански Одреди“, назад по ул. „Франклин Рузвелт“, ...
„ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски продолжуваат да се однесуваат ненаситно и Градот да го третираат како партиски плен! По скандалозните избори на членови во одборите, до Левица пристигнуваат информации дека поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димче Арсовски, е новопоставен директор на Младинскиот културен центар“, велат од партијата Левица. „МКЦ, кој важи за симбол на независната културна сцена, младинскиот бунт и слободното творештво, сега се соочува со ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во телевизиско гостување порача дека ЗНАМ нема да отстапи од ставот дека правосудниот испит се полага само на македонски јазик, ниту ќе прифати Македонија повторно да прави отстапки во однос на уставните измени. „За овие прашања нема политички пазарења, нема импровизации и нема отстапување од државните интереси“. Во однос на правосудниот испит, Димитриевски беше ...
Градоначалникот на Град Скопје, вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, Мехмет Тевфик Гоксу, го пуштија во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, во присуство на амбасадорот на Турција, Н.Е. Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка, Фатих Шахбаз и почесниот конзул, Ајдован Адемоски. „Постојат места на кои секогаш им се враќаме, затоа што во нив препознаваме дел од себе. За ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 7 степени, а дневната од 8 до 18 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ...
ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да отвори предмет по допрен глас и да ги испита јавните настапи на СДСМ и претседателот на партијата, Венко Филипче, поврзани со случајот со Алта банка. Од партијата тврдат дека преку непроверени обвинувања се создава вознемиреност кај граѓаните и се нарушува довербата во банкарскиот систем. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ намерно шири паника и предизвикува недоверба во институциите заради собирање ...
СДСМ реагира на обвинувањата од премиерот Христијан Мицкоски дека опозицијата шири паника по случајот со „Алта банка“, прашувајќи дали ширење паника претставуваат и предупредувањата за работењето на финансиската групација во Европа, Црна Гора и Србија. Од партијата велат дека уште пред една година алармирале за опасностите поврзани со влезот на банката на македонскиот пазар. Во соопштението СДСМ објавува хронологија на настаните, почнувајќи ...
Граѓаните и компаниите треба навреме да ги планираат своите плаќања, бидејќи денеска и утре, 7 и 8 ноември, се можни привремени прекини и ограничувања на дел од банкарските услуги. Причината се техничките прилагодувања што банките ги спроведуваат поради воведувањето нови стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да се применуваат од понеделник, 9 ноември, информира Македонската банкарска асоцијација. Ограничувањата главно се ...
Додека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува да го претстави Скопје како Европска престолнина на културата, Европската комисија веќе укажува на сериозни недостатоци во транспарентноста на управувањето, стабилноста на финансирањето, навремената реализација и соработката со културните чинители, реагираат од Левица. Од партијата оценуваат дека наместо историската можност да се искористи за суштинска преобразба на културниот живот, постои опасност проектот ...
Алијансата за Албанците оценува дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, би можел да ја напушти Владата поради очекувањата за одржување предвремени парламентарни избори. Според партијата, прашањето за правосудниот испит му е потребно за да го искористи во предизборната кампања и да се претстави како „голем патриот“. Од Алијансата за Албанците упатија и иронични критики, нарекувајќи го Димитриевски „патриот на батерии од Кина“. ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против раководителка на филијала на штедилница во градот, осомничена дека подолг период ги злоупотребувала паричните средства на граѓаните кои имале депозити во установата. Според Обвинителството, постои основано сомнение дека осомничената реализирала фиктивни кредити на име на оштетени граѓани и неправилно ги евидентирала нивните депозити, со што прибавувала противправна имотна корист. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој биле разгледани тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи. „Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој во фокусот беа тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи“, напиша Мицкоски на Фејсбук. Тој посочи дека посветеноста на реформскиот ...
Шестата и последна сезона од серијата „Емили во Париз“ пристигнува на Нетфликс на 24 декември. Заедно со датумот на премиерата, беа објавени и првите фотографии од новите епизоди, во кои Лили Колинс се враќа во улогата на Емили Купер за последен пат. Последната сезона ја носи Емили надвор од Франција. Снимањето започна во мај во Грција, додека некои од новите епизоди се снимаат и во Франција. View this post on Instagram A post shared by ...
Каролина Мухова и Јакуб Меншик ја освоија титулата во мешани двојки на Отвореното првенство на САД и поделија награда од еден милион долари. Во финалето, чешкиот тандем ги победи Белинда Бенчиќ и Флавијо Коболи со 6:3, 1:6, 10:6, а Меншик стави крај на мечот со ас со брзина од 211 километри на час на третата шампионска топка. Патот до трофејот беше уште подраматичен во полуфиналето. Мухова и Меншик спасија две меч топки против Мира Андреева ...