Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Живеењето со некого значи споделување многу повеќе од четири ѕида. Делите обврски, пари, планови, секојдневни навики, но и расположенија. И тука се појавуваат проблемите за три хороскопски знаци. Не е секогаш лесно да се најде мирна средина со нив бидејќи имаат силен карактер, тешко попуштаат и често очекуваат работите да одат според нивните правила. Ова не значи дека се лоши партнери или цимери. Напротив, кога сакаат, можат да бидат ...
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, објави денес дека цела демократска Европа постојано стои зад независна Украина. Сикорски, кој го претставува премиерот Доналд Туск, изјави дека досега на состанокот во Киев на земјите сојузници на Украина, зборувале и францускиот претседател Емануел Макрон, украинскиот претседател Володимир Зеленски и италијанската премика Џорџа Мелони. Меѓународната група држави што ја поддржуваат ...
Соединетите Американски Држави ќе ги удвојат царините за канадските возила од 2027 година, објави денес американскиот претседател Доналд Трамп. Во исто време, тој ја обвини Отава дека „ги краде Соединетите Американски Држави со години“. Соопштението дојде откако преговорите за трговски договор не успеаја, пишува „Euronews“. „На 1 јануари 2027 година, царините за сите автомобили, камиони (големи и мали), автоделови и челик ќе бидат зголемени ...
Забраната за употреба на мобилни телефони во средните училишта во Франција ќе стапи на сила на почетокот на учебната 2026 година, објави денес претседателот на земјата, Емануел Макрон. „Заштитата на децата од опасностите што ги претставуваат екраните не може повеќе да чека. Училиште без телефони значи враќање на мирот неопходен за учење“, додаде францускиот претседател на платформата Икс. Оваа мерка, која ја иницираше претседателот на ...
Вчера (23.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на целата држава, насочена кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При контролата, според полицијата биле констатирани 140 прекршоци, од кои 102 се однесувале на управување без задолжително носење заштитен шлем – ...
Осумгодишно девојче од американската држава Луизијана починало откако се заразило со ретката амеба Naegleria fowleri, позната како „амеба што го јаде мозокот“. Се верува дека ја добила инфекцијата додека пливала во езеро недалеку од нејзиниот дом, објавува CNN. Лилијан Смарт, од Растон, северна Луизијана, починала за време на викендот во болница, кратко по прославата на својот осми роденден. Нејзините родители претходно рекле дека ...
Утре претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ...
Премиерот на Велика Британија, Енди Барнам, вети континуирана поддршка за Украина и покрај „скандалозните закани“ со кои се соочува неговата земја од Русија, пред состанокот на европските сојузници на Киев за да се разговара за нивната воена поддршка. Со состанокот на земјите-членки на „Коалицијата на подготвените“, кој се одржува по повод 35-годишнината од независноста на Украина, копретседателуваат Велика Британија, Франција и Германија. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека „Иран доживува целосен колапс“, само неколку часа пред да ги објави деталите за новите американски економски санкции против Техеран. Тој ја даде оваа изјава на социјалната мрежа откако американскиот министер за финансии Скот Бесант претходно најави „економски ден Д“ против Иран за денес, осврнувајќи се на сојузничкото истоварување во Франција во 1944 година. Трамп претходно најави ...
Утре Советот на Општина Пехчево ќе гласа за иницијатива за изградба на дата-центар на пет парцели во Панчарево. За ваков објект, кој потенцијално може да биде огромен потрошувач на електрична енергија и вода, јавноста не знае речиси ништо: нема објавен инвеститор, нема податок за потрошувачката на струја, нема податок за потрошувачката на вода, нема информација за потребната инфраструктура, нема анализа за економската корист, нема јавна ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар. Кејот, како што вели, е едно од најпосетените и најомилените места на скопјани. „Тука се спортува, се рекреира, се создаваат пријателства и се минуваат драгоцени семејни моменти. Затоа, неговото уредување не е само обврска, туку наша одговорност кон секој граѓанин. Започнавме голема акција за целосно уредување на пешачката зона, на ...
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека утре без водоснабдување ќе останат · Поради изведување на водоводен приклучок на улицата 2 бр.2 Козле, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица 2 и дел од улицата Козле-висока зона, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите; · поради дефект на приклучна цевка ф-2“ на улицата Мирче Ацев бб, прекинато водоснабдување ќе имаат ...
Техеран денес повторно ја предупреди членката на НАТО, Бугарија, да не дозволува нејзината територија да се користи за израелски или американски воени операции против Иран, велејќи дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад. „Немаме проблем со бугарскиот народ. Сепак, јасно ставивме до знаење дека секоја акција што според меѓународното право претставува поддршка за американско-израелската воена агресија против Иран, ...
Режимот на Киев ја отвори Пандорината кутија со напади врз руската цивилна инфраструктура и сега се соочува со одмазда секој ден, а тоа ќе продолжи и во иднина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите. Одговарајќи на прашање за нападите со беспилотни летала врз магацините на Озон, тој рече: „Ве упатувам повторно на интервјуто на претседателот Путин од саботата. Тој јасно рече дека Украина се обидува да ја нападне ...
Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Мариуш М. Бримора, на која беа разменети мислења за актуелните состојби и приоритетите во областа на правосудството, како и за можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји. Во фокусот на средбата беа законите од Реформската агенда, со посебен акцент на унапредувањето на владеењето на правото, ...
Во Собранието денеска се одржа Сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. На сесијата се обратија потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, амбасадорката на Украина, Лариса Дир, пратеникот Оливер Спасовски, како претставник на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, амбасадорот на ...
„Секоја најавена „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените завршува со ново поскапување. Дизелот надмина 100 денари за литар. Ова е четврто поскапување за еден месец што ќе повлече и нови поскапувања на храната, транспорто, услугите. Четири пати поскапување, четири нови удари по џебот на граѓаните, додека Мицкоски си беше на екскурзија“, велат од СДСМ. „Со дизел над 100 денари ударот нема да остане само по џебот на граѓаните на бензинските ...
Град Скопје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува редовна акција за дезинсекција. Како што извести градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, третманот ќе ги опфати критичните подрачја, со цел навремена заштита на граѓаните и спречување на масовното размножување на комарците. „Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 часот, па сè до целосното опфаќање на критичните места на општината, при што со ...
Летото влегува во својата завршница исто како и битолското културно лето „Бит Фест“, но и реализацијата на големите спортски училишни инфраструктурни проекти кои изминативе месеци со голема динамика се градеа. За „Бит Фест“ на утрешната прес конференција ќе се направи рекапитулација на содржините за сечиј вкус кои културно го раздвижија градот, а фестивалот ќе биде заокружен со јубилејниот концерт на битолската група „Фолтин“, известува ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески кој ја информираше за основните макроекономски показатели и за мерките преземени во делот на макроекономската политика. Разговараа за влијанието на глобалните геостратешки, финансиски и енергетски трендови врз македонската економија, како и за последиците во индустријата, трговијата и градежништвото. Гувернерот оцени дека ...
Мирисот на чад којшто се чувствува во некои делови во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден, некаде во атарот на село Бојане, пожар којшто од тетовска страна, сега полека се префрла кон скопската страна, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Пожарот е на тешко пристапен терен, а на негово гаснење работат пожарникарите од Тетово, како поддршка на скопските пожарникари, кажа Ангелов и додаде дека очекува во попладневните часови ...
Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, ќе добие сосема нов погонски агрегат на Големата награда на Италија, што значи дека ќе стартува последен, без оглед на резултатот што ќе го постигне во квалификациите. Лидерот во генералниот пласман веќе го искористи дозволениот број мотори за оваа сезона, па Мерцедес одлучи да ја отслужи казната во Монца. Возачите имаат на располагање четири погонски агрегати во текот на сезоната, но поради проблеми со ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини бележи стабилна реализација на наплатата на концесиските надоместоци за експлоатација на минерални суровини, што е резултат на унапредувањето на системот на наплата и засилениот институционален надзор врз исполнувањето на обврските од концесиските договори. Во вториот квартал од 2026 година по основ на концесиски надоместоци се наплатени 299.461.897 денари, што претставува ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против А.Ј. од Куманово, вработен во Министерството за внатрешни работи, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобзирно управување со моторно возило“. На 22.04.2026, пријавениот управувал со возило без положен возачки испит и со брзина поголема од дозволената. Одделот за внатрешна контрола поднесе предлог за ...
На 23.08.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, В.С.(47) од село Неготино, гостиварско, пријави дека во 10:30 часот во с.Долна Матка, по претходна расправија со вработен во комплексот околу прошетка со чамец, таа, нејзиниот сопруг и нивната ќерка биле физички нападнати од три лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 23.08.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, В.С.(47) од село Неготино, гостиварско, пријави дека во 10:30 ...
Делегација на Собранието во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во состав: Моника Зајкова, шеф на Делегацијата и потпретседател на ПС на ОБСЕ, како и Бобан Карапејовски, заменик-член на Делегацијата, учествуваа во Мисијата на ПС на ОБСЕ за набљудување на предвремените парламенарни избори во Казахстан, што се одржаа на 23 август 2026 година. Овие избори следат по уставниот референдум во Казахстан со кој се воведе единствена изборна ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа координативна средба со директорите на сите општински основни училишта, на која беа разгледани последните подготовки пред почетокот на новата учебна година. На средбата беше потврдено дека училиштата се подготвени за стартот на учебната година и за пречекот на учениците на 1 септември, а особено на првачињата кои за првпат ќе седнат во училишните клупи. „Подготвени сме за ...
Бразилскиот репрезентативец, поранешен играч на Монако и Ливерпул, Фабињо, сезонава ќе го носи дресот на Трабзон. Фабињо во Трабзон дојде како слободен играч, откако му истече договорот со Ал Итихад. Бразилецот ќе ја обнови соработката со Мохамед Салах, кој две недели претходно потпиша две годишен договор со Трабзон. Фабињо и Салах беа дел од тимот што ја освои Лигата на шампионите во 2019 година и Премиер лигата една година подоцна. Foto/ ...
На 23.08.2026 во 10:40 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на крстосница од ул.„Индустриска“ со крак од истата улица, 45-годишниот Р.Т. од Неготино управувајќи мопед со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола над мопедот и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино. На 23.08.2026 во 10:40 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска. – Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на овие установи направив увид во ...