Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Данскиот производител на играчки „ЛЕГО“ во првите шест месеци од 2026 година остварил рекордни приходи од 41,9 милијарди дански круни (5,6 милијарди евра), што претставува раст од 21 отсто во однос на минатата година. Со тоа, добивката на компанијата пораснала за 22 отсто на годишно ниво, достигнувајќи 10,9 милијарди дански круни, т.е приближно 1,46 милијарди евра, информираше „Си-ен-би-си (CNBC). – Многу сме задоволни од силниот почеток на ...
Новиот јавен портал е‑наука е единствена национална електронска база на податоци за сите истражувачи кои вршат научно‑истражувачка работа. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на денешната промоција рече дека порталот e-nauka.mon.gov.mk ги покажува истражувачите, научно-истражувачките организации, како и статистиките и индикаторите за истражувачите. Тој е поврзан и со глобалните бази на истражувачки резултати Web of Science, ...
Кога зборуваме за јавното здравство, мора да зборуваме и за луѓето кои се неговиот најважен столб – лекарите, медицинските сестри, специјалистите и сите здравствени работници, изјави Александра Николовска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ. Николовска истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори за решавање на недостигот на медицински кадар и најави вработување на преостанатите 300 приватни специјализанти до крајот на 2026 ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека денеска избил пожар во Општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите. -Пред околу 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево. Пожарот најверојатно е започнат од стрниште, но поради високата и сува трева и ветерот којшто овде дува, се раширил со голема брзина ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), каде што беа претставени новите просторни, технички и лабораториски капацитети на институцијата. Како што информираше директорот на УХМР, Игор Лазаровски, во изминатите две години се реализирани бројни инвестиции насочени кон модернизација на лабораториските, метеоролошките и хидролошките системи, како ...
Венко Филипче како прв човек на СДС, а поставен на тоа место од неговиот другар Зоран Заев, кога станува збор посебно за здравството треба да молчи. Неговите кажувања дека обвинителството не покренало обвинение против него, покажуваат само дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите, изјави Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Непокренувањето на обвинение е се, само не е доказ дека Филипче е невин. Зошто? Бидејќи од ...
За првпат во земјава, преку Министерството за финансии, ќе се спроведе национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор. Ова претставува значаен исчекор во унапредувањето на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор и е дел од континуираните активности на Министерството за финансии насочени кон поодговорно, потранспарентно и законско работење на институциите. Со организирањето на ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија попладнево од Автомото сојузот на Македонија. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има ...
Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска го претстави предлогот на Европската комисија за реформа на проширувањето на ЕУ и изнесе планирани чекори за постепена интеграција, построга проверка на кандидатите и нова методологија, нагласувајќи дека светот се променил, а со тоа мора да се промени и самиот процес на проширување. Таа на Конференцијата на хрватските амбасадори во Загреб рече дека проширувањето не значи поголема ЕУ, туку ...
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот. – Да, тоа ќе биде редовно усогласување, нивелирање во согласност со законот. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци, во заднина охрабрени од политички партии, пред Уставниот суд ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеоргиевски, преку објава на „Фејсбук“ информираше за новите спортски терени наменети за средношколците, истакнувајќи дека создавањето современи и безбедни услови за спорт е важна инвестиција во младите. „Посебна гордост е кога визијата што ја имаме за младите добива вистинска форма и станува реалност“, напиша Ѓеоргиевски. Тој посочи дека новите терени се изведени со висококвалитетни и издржливи полипропиленски ...
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера во 17:25 часот, во скопското село Морани, го привеле Б.А. (20) од село Студеничани, врз основа на судска наредба. Како што соопшти денеска МВР, претходно лицето управувало автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки и не застанало на даден знак за запирање од страна на полициски службеници. Набргу потоа, со возилото удрило во бетонски ѕид, а при ...
Центарот за управување со кризи информира дека продолжуваат интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак. Оттаму информираат дека директорот на ЦУК, Мухамед Али е на терен, заедно со надлежните служби и екипи, каде што ја следи и координира состојбата. -Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места. На терен се ангажирани сите расположливи ...
Официјалните музички топ-листи во Австралија веќе нема да можат да вклучуваат песни коишто се претежно или целосно создадени со вештачка интелигенција (ВИ), според новите правила и прописи објавени денеска, а што треба да стапат во сила в петок. Австралиската асоцијација на музичката индустрија (АРИА), којашто ги води музичките листи во земјата, побара снимките да бидат „во суштина направени од човечка рака“, па го измени својот Кодекс. ...
Новата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење. Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава. Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска беше во посета на училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците на 1 септември – со современа технологија, подобри услови и ...
Македонија се наоѓа на стратешка позиција и на невидливо бојно поле, на кое се пресекуваат геостратешките интереси – оценува премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за „Брајтбарт њуз“. Според него, особено значење имаат транспортните коридори 8 и 10, кои ја поврзуваат Југоисточна Европа со поширокиот европски пазар. Посочи дека Коридорот 8, кој ги поврзува Јадранското и Јонското Море со Црното Море, би можел да добие дополнително значење ...
Општина Бутел и оваа година продолжува со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства. На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа., Целта на оваа мерка е на сите првачина да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток на учебната година, а истовремено да им се овозможи значително финансиско олеснување на ...
Мандатот на оваа Влада е 4 години. Од она кое што можам да го видам од опозицијата, е бледо тактизирање кога станува збор за предвремени избори и срамежливи изјави, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. -Нашиот мандат како Влада е 4 години, наш приоритет се граѓаните, интересот на граѓаните, проектите и реформите кои треба да ги испорачаме кои граѓаните ги очекуваат од Владата и она што го испорачуваме во ...
Нема да навлегувам во било каква дневна дискусија со луѓе кои што се заглавени во минатиот век, со своите политики кои што ги водат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на бугарската претседателка Јулијана Јотова. -Јас замолувам за вниателно следење за тоа што го прави македонската Влада, оваа Влада ги штити интересите на државата и граѓаните. Нема да навлегувам во било каква ...
Протеините често се поврзуваат со теретана, мускулна маса и протеински шејкови, но нивната улога во организмот е многу поширока. Тие се едни од основните „градежни материјали“ на телото и учествуваат во изградбата и обновувањето на мускулите, кожата, коските и другите ткива. По внесувањето преку храната, протеините се разложуваат на аминокиселини, кои организмот ги користи за создавање сопствени протеини и за бројни други процеси неопходни за ...
Македонија сака да биде дел од Европската унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои според бирократи од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто што го направивме, но, за жал, тие нè предадоа и нè излажаа, истакнува премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News). Мицкоски членството во ЕУ го опиша како втора клучна цел, по стратешкото партнерство со САД. – Да се биде дел од ЕУ е добро од ...
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината. Со овој Меморандум се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во Музејот, со цел наставните содржини да им бидат поблиски, поинтересни и попрактични на ...
Популарната филмска франшиза „Национално богатство“ („National Treasure“), со Николас Кејџ во главната улога би можела да добие трето продолжение, изјави режисерот Џон Туртлтауб за „Холивуд репортер“. Според него, по филмовите „Национално богатство“ од 2004 година и „Национално богатство: Книга на тајните“ од 2007 година, третиот дел е навистина возможен. „Во првите два дела Кејџ го толкува историчарот и трагач по богатства Бен Гејтс кој се ...
На кумановскиот градски плоштад, се одржа 14 издание на фестивалот на народна хумористична песна, „Тумба фест 2026 Куманово“, во организација на Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство – „Етно ризница“ Куманово, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општината. Љубителите на музичката уметност имаа можност да проследат 16 фестивалски рефрени, напишани на повеќе дијалекти од македонско и српско ...
Пожарникарите кои се борат со шумскиот пожар во американската сојузна држава Невада кој брзо се шири, соопштија дека пожарот е локализиран 27 проценти. Таканаречениот пожар „Хок“ (Hawk Fire) на ридестиот терен на периферијата на Рино уништи 32 дома и оштети уште шест, според првичните проценки. Началникот на противпожарната служба Ричард Едвардс предупреди дека бројките најверојатно ќе растат. Пожарот брзо се прошири од саботата, а според ...
Македонија силно ги поддржува американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација и сака стратешкиот дијалог со Вашингтон да се претвори во конкретни резултати во безбедноста, енергетиката, инфраструктурата, трговијата и инвестициите – изјави премиерот Христијан Мицкоски во ексклузивно интервју за „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News). Мицкоски нагласува дека поддршката за Трамп од страна на македонската Влада почнала уште пред тој ...
Германски свештеник објави дека, по 37 години, се повлекува од службата во својата парохија, притоа откривајќи претходно тајна романтична врска со жена. -Причината е што ќе се женам“, изјави Андреас Унфрид на интернет-страницата на парохијата Света Урсула што се наоѓа во областа Таунус, близу Франкфурт, западна Германија. Тој го информирал бискупот Георг Бацинг од Лимбург за својата одлука – да се ожени со својата „голема љубов“ и да се ...
По вчерашното одржување на првото судско рочиште против Артан Груби, сè повеќе се отвораат сериозни прашања за тоа што се случувало зад сцената и за обидите овој процес да се затвори преку спогодба со Обвинителството. Наводно, Артан Груби бил убедуван да склучи спогодба со Обвинителството. Да прифати вина, да добие далеку полесна санкција, но и со тоа да стави крај на сите амбиции да го предводи ДУИ, велат од ВРЕДИ. -Според нашите извори, Али ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски денеска оствари средба со Кристофер Левик, Регионален директор на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) за Европа и Централна Азија, на која биле разгледани досегашната соработка и можностите за нејзино дополнително продлабочување. Во фокусот на разговорот биле циркуларната миграција, дијаспората и повратниците, како и начините економскиот, човечкиот и знаенскиот ...
Британската влада побара и наложи „Тик-ток“ и другите социјални платформи да ги отстрануваат видеата што поттикнуваат опасно возење, откако во тешка сообраќајка во североисточна Англија загинаа седум лица. Министерот за одбрана Лук Полард порача дека платформите мора самите да реагираат, а владата е подготвена да ги принуди да го отстранат ваквиот материјал преку Законот за безбедност на интернет. Во несреќата загинаа полицајците Метју Блејдс ...