Моќна и визуелно впечатлива сценска адаптација на едно од најголемите дела на светската литература од Густаф Флобер, поставува Дејан Пројковски во Народен театар – Битола. Една жена. Еден живот исполнет со соништа. И една опасна желба за нешто повеќе. Во светот на илузиите, страста и разочарувањето, Ема Бовари очајно се обидува да избега од здодевното секојдневие и од животот кој никогаш не бил доволен за нејзините соништа. Но секој обид за ...

Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола годинава ќе биде заокружен со изведбата на претставата „Гидионовиот јазол“, која ќе се одигра на 29 април во 20:00ч. на сцената на НУ Народен театар Битола. Оваа современа драмска приказна носи интензивна сценска атмосфера и се занимава со теми што длабоко ја допираат современата реалност -одговорноста, вината и сложените односи меѓу луѓето. Во центарот на дејството се наоѓа средба меѓу мајка ...

Во време кога темите за менталното здравје сè погласно го заземаат своето место во јавниот дискурс, на македонската театарска сцена пристигнува автентично и храбро уметничко дело кое ги отвора овие прашања преку силен сценски израз. На 28 април, со почеток во 20:06 часот, во Public Room – Скопје ќе се одигра монодрамата „Арто/Ван Гог“, во режија и изведба на младиот актер Бранко Михајлоски. Концептот е дополнет со консултант по режија Тамара ...

Пред својот прв настап во Македонија, на 24 април во Битола – Ади Шоше го даде и своето прво интервју на македонски јазик, отворајќи едно искрено и емотивно поглавје со домашната публика. Во разговорот допревме повеќе теми. За првиот настап кај нас и најавениот концерт во Скопје на 18 октомври, до спомените и влијанието на Тоше, како и неговите размислувања за Евровизија. Ади отворено зборуваше и за личните предизвици, споделувајќи искрен ...

Денеска во Македонскиот народен театар започнаа пробите на претставата „Три сестри“ (според истоимената драма на А.П.Чехов), во режија на Нела Витошевиќ а по текст на Витошевиќ и Васил Христов. Играат: Ирина – Дарја Ризова; Маша – Наталија Теодосиева; Олга – Верица Недевска; Андреј – Дамјан Цветановски; Александар – Благој Веселинов; Иван – Емил Рубен; Игор – Ивица Димитријевиќ; Наташа – Нина Деан и Никола – Антонио Ташковски. Новата ...

Еден од најценетите и најдоследни вокали на регионалната музичка сцена, Никола Роквиќ, ова лето доаѓа во Охрид каде на 15 август ќе одржи концерт на сцената на Античкиот театар, простор кој со децении претставува симбол на културната и музичката ексклузивност во регионот. Со кариера изградена на континуитет, уметничка зрелост и јасна естетика, Роквиќ со години се издвојува како автор и интерпретатор кој не брка моментални трендови, туку ...

„Бижутерија“ на Јелена Розга, еден од најважните и најомилените хитови во нејзината соло кариера, доби свој музички спот. Во годината кога слави 30 години од својата кариера, Јелена Розга ѝ носи на публиката посебно изненадување – песната што одбележа една ера и стана пресвртница во нејзиниот музички пат доби свое ново визуелно издание. И по 16 години, „Бижутерија“ не ја губи својата моќ. Таа останува песна што публиката сè уште ја пее, ...

По повод 50-годишниот јубилеј од професионалната музичка кариера на еден од најзначајните и највлијателни македонски автори, композитори, аранжери и мултиинструменталисти – Никола (Кокан) Димушевски, на 27-ми април (понеделник), со почеток во 18:30 часот, во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи свечен и исклучително значаен концертен настан. Овој концерт, кој го носи името на неговото најново авторско издание „The ...

Со свечена и несекојдневна атмосфера, вчера во Битола започна 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама. Отворањето беше организирано во два дела , прво на отворено, пред НУ Центар за култура , а потоа и со официјална програма на Големата сцена. Во воведниот дел пред Центарот за култура, за значењето и традицијата на фестивалот се обрати долгогодишната соработничка и поддржувач на фестивалот, Љупка Коларова Пајевиќ, која веќе 26 ...

По повод 50-годишниот јубилеј од професионалната музичка кариера на еден од најзначајните и највлијателни македонски автори, композитори, аранжери и мултиинструменталисти – Никола (Кокан) Димушевски, на 27-ми април (понеделник), со почеток во 18:30 часот, во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи свечен и исклучително значаен концертен настан. Овој концерт, кој го носи името на неговото најново авторско издание „The ...

Амбасадата на Грција со задоволство најавува два претстојни настапи во живо на грчкиот пејач Јоанис Лакис, кои ќе се одржат во Струмица во петок, 24 април 2026 година во 20:00 часот, во Градската галерија и во сабота, 25 април 2026 година, во 20:00 часот, во поткровјето на Public Room во Скопје. Познат по својот експресивен глас и препознатлив уметнички стил, Јоанис Лакис ќе настапи во придружба на Манолис Басис (бузуки) и Панос Космидис ...

По повод најновата премиера, трета по ред дел од годишната програма за 2026 година, со наслов „Секстет“ од Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски, се одржа прес-конференција во Битолскиот театар. Премиерата ќе се изведе на 25.04.2026 и е потполно распродадена, а првата изведба веднаш после тоа е на 27.04.2026 со почеток од 20 часот. Присутните ги поздрави директорот на НТБ Битола Васко Мавровски. -„По пауза од 25 години, задоволство е ...

Во пресрет на нивниот голем славенички солистички концерт во арената „Јане Сандански“ на 9-ти мај годинава, македонската група „Нокаут“ има нова песна. Во неа како специјален гостин се појавува нивниот стар пријател Дарко Гелев – Брејк, со кого Пере одамна соработува. Овој пат вокалната дружба на двајцата музички пријатели се огледа во една полнокрвна фанки тема и интересна приказна која во себе је крие кризата на средните години и вечната ...

Македонскиот долгометражен филм „СКЕЈТБОРДИНГОТ НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА“ во режија на Дина Дума, поддржан од Агенцијата за филм, ќе ја има својата светска премиера на престижниот Tribeca Festival во New York City, како дел од International Narrative Competition, една од главните и најреномирани натпреварувачки селекции на фестивалот. Влезот во оваа селекција значи дека филмот е меѓу внимателно одбраните авторски остварувања од целиот свет, кои се ...

„Vode nas svjetla“ е најновиот видео запис соработка помеѓу „КОД 369“ и „Паркети“. Песната е наменета за целиот регион и објавена со пооддршка на Кроација Рекордс и емитувана на нивните медиуми со премиера на ЦМЦ телевизија. Се работи за песна во инди-поп стил и раскажува приказна за претстојниот летен период во кој ќе се случуваат многу авантури, симпатии и случајни средби кои имаат потенцијал да се претворат во долготрајни другарства и ...

Струмичкиот театар ќе има инамичната и богата пролетна и летна агенда исполнета со значајни фестивалски учества и гостувања. Тие на 23 април со монодрамата „Кротка“ од Ф. М. Достоевски, во режија на Дејан Ангелов, а во изведба на Стојан Велков-Трн ќе учествуваат на МТФ „Solo Act“ во Габрово, Република Бугарија. На 11 мај, претставата „Деца на светот“ од Стефан Цанев, во режија на Васил Михаил, ќе биде дел од програмата на фестивалот „Друмеви ...

Нова песна е објавена од легендарниот трезор на Принс преку неговата издавачка куќа, NPG Records, во соработка со Legacy Recordings. Се работи за „With This Tear“, снимена во ноември 1991 година на неговиот познат имот во Пејсли Парк. Новиот микс и мастеринг ги направи Крис Џејмс, неговиот поранешен инженер на звук кој работеше на албумите „HITnRUN Phase Two“, „Art Official Age“ и „Plectrumelectrum“. Покрај продуцирањето, аранжирањето и ...

Центарот за култура – Битола денеска на прес-конференција го најави 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама кое ќе се одржи од 23 до 29 април на три сцени во оваа национална установа. Фестивалот се отвора со стенд-ап на Тијана Дапчевиќ под насловот „Менопауза“ а на затворањето ќе се одигра претставата „Гидионовиот јазол“ во продукција на Драмски театар – Скопје. Од 60 пријавени монодрами селектирани се 13 монодрами од 10 земји. ...

Бордот на интернационалниот фестивал ТАНЦ ФЕСТ 2026, за 22-то издание, донесе одлука Наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност да ја додели постхумно на балетскиот уметник и доајен на македонскиот балет Антон (Тони) Баталаков. Воедно, со оглед на развојот на фестивалот и официјално во други градови освен Скопје, и одличната соработка која ја остваруваме годинава со Општина Битола, Бордот на фестивалот доделува ...

На 22-ри април во Офицерскиот дом, Битола ќе биде домаќин на дел од програмата на Танц Фест со почеток во 17:00 часот. „Денстех“ е програмска линија која го истражува пресекот помеѓу танцот, технологијата и дигиталните медиуми, нудејќи и на публиката уникатно искуство на современи танцови продукции во виртуелна реалност. Овие проекти ја отвораат сцената за нови форми на перформативна уметност, а настанот е за публика над шеснаесет годишна ...

Јован Јованов и Елвир Мекиќ на 6 јуни ќе одржат голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Но, двајцата музичари им даваат шанса на нивните фанови да бидат директни учесници на концертот и да настапат со нив на сцената во Скопје. На 25 април (сабота) од 11 часот ќе се одржи аудиција за сите кои имаат талент за играње, а имаат над 17 години. Станува збор за перформанс на две песни, а танчарите избрани преку аудицијата ќе бидат дел ...

На 7 мај, во Центарот за култура, ќе се одржи свечен концерт по повод 30-годишниот јубилеј на СИДО. Овој концерт ќе донесе на едно место музика, спомени и емоции, и ќе ѝ овозможи на публиката повторно да ги доживее песните со кои израснаа многу генерации. Јубилејното издание носи особена вредност, бидејќи на сцената повторно ќе настапат оригиналните изведувачи на најпознатите песни од СИДО, кои по многу години повторно ќе ги изведат хитовите ...

Битола се сеќава на Тихомир Јанчовски. А UTOPIA, местото каде што тој минатата година настапи, пред прерано да не напушти, ја носи таа меморија понатаму. Некои автори заминуваат. Но некои текстови одбиваат да завршат. Затоа на 22 април, во 20.00ч во простор каде што минатата година Тихо стоеше, зборуваше и беше дел од нашата сцена, ќе се одигра „Лидија или сè што знам за жените“ експериментална документарна монодрама родена од неговиот текст. ...

Долгометражниот документарен филм „Biti u rodu s Johnom Malkovichem“ од режисерот Лука Мавретиќ ќе ја има својата хрватска премиера на овогодинешниот ЗагребДокс, најважниот регионален фестивал за документарен филм. Филмот го следи режисерот кој, откако самиот ќе стане татко, одлучува да го реши својот однос со својот татко. Водени од семеен мит за можно сродство со холивудската легенда, тие заедно се впуштаат во потрага по долго закопани ...

Во организација на Конзулатот на Јамајка во Белград, а во присуство на бројни музичари, медиуми и пријатели на бендот, се одржа промоцијата на новиот албум на легендарната југословенска рок група, YU Grupa. Албумот „Bus to Zion“ носи осум култни песни на YU Grupa, снимени во нови реге аранжмани, кои на оригинален начин поврзуваат две далечни, но многу блиски по дух земји – Србија и Јамајка. Снимањето на песните е извршено во легендарното ...

Долгометражниот документарен филм „Biti u rodu s Johnom Malkovichem“ од режисерот Лука Мавретиќ ќе ја има својата хрватска премиера на овогодинешниот ЗагребДокс, најважниот регионален фестивал за документарен филм. Филмот го следи режисерот кој, откако самиот ќе стане татко, одлучува да го реши својот однос со својот татко. Водени од семеен мит за можно сродство со холивудската легенда, тие заедно се впуштаат во потрага по долго закопани ...

Амиро Ј., пејач, гитарист, автор и продуцент со седиште во Сараево и Хамбург, го претставува својот нов сингл „Свануо дан“, кој е создаден во соработка со Халид Бешлиќ. Песната е вклучена во неговиот нов албум „Да ми је“. Амиро ја започна својата музичка кариера како автор, пејач и гитарист на сараевското рок трио „Ира“, а низ годините соработуваше со бројни истакнати имиња на регионалната музичка сцена, вклучувајќи ги Халид Бешлиќ, Младен ...

Изминатиот викенд во ООУ „Петар Поп-Арсов“ во Скопје, се одржа настанот „Уметноста на инклузијата“ – креативна работилница во организација на Специјална Олимпијада Северна Македонија (СОМ) во соработка со нивните партнери од НЛБ Банка. Настанот понуди јасен пример за инклузија во пракса, каде атлетите од СОМ, под менторство на уметницата-педагог Мирослава Микица Трујкановиќ, преку боите и уметничкото изразување покажаа како се надминуваат ...

На 22 април, на големата сцена во МНТ премиерно ќе биде изведена претставата „Страв и надеж“ од Франц Ксавер Крец, најпознатиот и најизведуваниот жив германски драмски автор, чија комплексност се мери со делата на Бертолт Брехт. Претставата ја потпишува наградуваната белградска режисерка Татјана Мандиќ Ригонат, препознатлива по бескомпромисен и форензички точен театарски јазик. Во претставата играат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Тони ...

Музичката сцена во регионот повторно е воодушевена од големиот успех на младиот изведувач Јаков Јозиновиќ, кој го продолжи својот импресивен настап во белградски Сава центар. Откако распродаде девет последователни концерти, Јозиновиќ закажа десетти настап – кој се распродаде во рекордно време, за помалку од 10 минути. Според достапните информации, интересот на публиката бил огромен, а неговата низа распродадени концерти веќе се споредува со ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
58%
1006
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
5.14
85%
1011
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
2.57
90%
1013
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
93%
1006
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
12.05
87%
1006
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
98%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
3.13
58%
1006
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
59%
1007
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
88%
1007
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
4.63
85%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
6.17
63%
1008
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
92%
1004
Currency

61.645

Currency

52.3385

Currency

71.202

Currency

37.8865

Currency

38.2623

Currency

67.1996

Currency

7.71061

Currency

0.71184

Currency

0.33255

Currency

0.52519

Currency

1.15428

Currency

0.54881

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Паладиум

46843.64

Платина

65233.86

Сребро

2585.69

Алуминиум

3.50

Злато

150267.72

Калај

54.16

Кобалт

45.39

Родиум

320703.70

Бакар

12.70

Цинк

0.00