
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во текот на оваа недела е домаќин на две значајни уметнички случувања кои го истакнуваат неговиот континуиран ангажман во поттикнување на меѓународната размена и современото уметничко образование. Во соработка со Австриската амбасада во Скопје, вчера (9 октомври), започна четиридневната работилница „Lines Released“, посветена на уметничкиот израз „уметничка книга“. ...
„Вклучи одржливи навики“ и приклучи се на најголемиот регионален собир од областа на енергетиката и технологијата – „Енерго-Технома 2025“. Со учество на повеќе од 40 реномирани изложувачи од земјата и регионот и повеќе од 20 стручни промоции и презентации, иновации и деловни можности, годинава саемот гарантира динамичен настан за сите што се интересираат за енергија, напредна технологија и одржливост. Меѓународниот саем ќе се одржи од 27 до 30 ...
Новата генерација на преклопниот телефон на Samsung донесува поголем надворешен екран, подобра батерија и AI-персонализација, со што Galaxy Z Flip Flip 7 станува најзрелиот и најбалансиран модел досега, иако сè уште со одредени компромиси. Текст и фото: НИКОЛА БУРАГЕВ Samsung со години му пристапуваше на пазарот на преклопни смартфони со извесна доза опуштеност, опиен од недостигот на вистинска конкуренција. Еволуцијата на Galaxy Z Flip серијата ...
Новата опција во iOS 26 прикажува целосна историја на повици со кој било контакт, вклучувајќи ги датумите, времето и траењето на разговорите. Со iOS 26, корисниците на iPhone добиваат нова функција што овозможува детален увид во сите повици направени со одреден контакт — вклучувајќи дојдовни, појдовни и пропуштени повици. Оваа опција може да прикаже записи што датираат месеци, па дури и години наназад, во зависност од зачуваната историја на ...
LG го претстави првиот монитор во светот со 6K резолуција и Thunderbolt 5 поврзување. Како што истакнува компанијата, UltraFine evo 6K (модел 32U990A) е специјално развиен за професионални видео-монтажери, графички дизајнери и други креатори кои работат со барачки, податочно интензивни процеси. Комбинирајќи извонредно остра 6K резолуција (6.144 x 3.456) со врвна прецизност на боите и голема брзина на поврзување благодарение на поддршката за ...
Земјата се врти со брзина од 1.670 km/h и патува низ вселената со 107.000 km/h, а сепак не го чувствуваме нејзиното движење. Еве зошто. Иако Земјата постојано се движи со неверојатни брзини, вртејќи се околу својата оска и кружeјќи околу Сонцето, ние, луѓето, тоа не го чувствуваме. Причината лежи во начинот на кој нашето тело се прилагодува на рамномерното, постојано движење. Земјата еднаш се врти околу својата оска секои 24 часа, достигнувајќи ...
Samsung го подготвува својот прв тројно преклопен паметен телефон, но официјалниот датум на лансирање сè уште не е објавен. Новиот уред, за кој се шпекулира дека ќе го носи името Galaxy Z TriFold, според патентните скици ќе има три одделни батерии. Според патентната документација објавена на KIPRIS, батериите ќе бидат поставени во трифолд моделот на Samsung, кој се очекува да биде претставен до крајот на годината. Бидејќи станува збор за тројно ...
Samsung се инспирира од Apple: Можно е Galaxy S26 Ultra да добие нијанса позајмена од iPhone 17 Pro Се очекува Samsung Galaxy S26 Ultra официјално да биде претставен во јануари следната година, но благодарение на повеќе протечени рендери, веќе имаме прилично јасна претстава за тоа како ќе изгледа смартфонот. Денеска имаме уште еден „leak“ за S26 Ultra, а овојпат го прикажува уредот во три различни бои — при што една од нив, очигледно, е ...
По повод октомври, месецот на штедењето, Халкбанк АД Скопје ја започна својата традиционална кампања посветена на промовирање на финансиската писменост и одговорно управување со личните финансии, преку воведување на нов Промо депозит создаден за да им овозможи на граѓаните поповолни услови за заштеда и дополнителна сигурност во време на економски предизвици. Депозитот може да се отвори во сите филијали и експозитури на Халкбанк низ земјата. ...
Европската комисија денеска претстави две нови стратегии наречени „Apply AI“ и „AI in Science“, со цел да го забрза усвојувањето на вештачката интелигенција (AI) во европската индустрија, јавниот сектор и научните истражувања. Со овие стратегии, Комисијата сака да ја позиционира Европа на врвот на глобалната трка за развој и примена на AI, со акцент на безбедност, одговорна употреба и иновации. „Сакам иднината на вештачката интелигенција да биде ...
Новата функција Shifting Clock во One UI 8.0 го прилагодува положбата и изгледот на часовникот според вашата позадина, овозможувајќи поестетско и пријатно визуелно искуство. Со One UI 8.0, Samsung ја претстави иновативната функција Shifting Clock за подобар изглед на заклучениот екран. Оваа напредна опција автоматски ја прилагодува позицијата, големината и дизајнот на часовникот така што бројките се вклопуваат со избраната позадина и контурите ...
Tessa Group е новиот бренд кој ги обединува силите на Инфософт Системс Скопје и ЦПП Услуги, чекор кој не е само промена на име, туку симбол на обединетост, визија и континуиран напредок. Сопственикот Ајри Шеј, за ова ребрендирање истакна дека е повеќе од визуелна промена: „Денес започнува ново возбудливо поглавје за сите нас – исполнето со свежи можности и обновена цел. Со ова ребрендирање, лично сакам да ја споделам нашата силна посветеност кон ...
Ај, на кафе! Без тоа во Македонија не се може. Не сме Англичани, но и чајот, особено во зима, се троши. Зачините, пак, стануваат сè поприсутни на нашите трпези. Ова се одлични адути за успех во секторот трговија со кафе, какао, чај и зачини, кој лани заеднички завртил 41,3 милиони евра приход, создал 2,1 милиони евра добивка и бил дом на 153 вработени, покажува анализата на Пари во соработка со Бизнис мрежа. Податоците покажуваат дека ...
Европската фудбалска организација, УЕФА подготвува тендер за нов, шестгодишен циклус за продажба на правата за пренос на клупските натпревари, со цел да оствари приход од најмалку 5 милијарди евра по сезона. Европските фудбалски клубови би можеле наскоро да почнат да остваруваат значително поголеми приходи од продажбата на телевизиски права, бидејќи УЕФА на овој начин планира да обезбеди повеќе од пет милијарди евра годишно. Претставниците на ...
Се шпекулира дека идниот преклопенiPhone на Apple ќе има рамка направена од комбинација на титаниум и алуминиум, изјави аналитичарот Џеф Пу во белешка споделена со инвеститорите. Пу сугерира дека Apple ќе ја прошири употребата на титаниум, при што материјалот ќе се користи и во моделите iPhone Fold и iPhone Air моделите за 2026 година. Ова не е првпат да се шпекулира за шасија од мешан метал за флексибилниот iPhone, бидејќи аналитичарот на ...
Новата функција им овозможува на корисниците на Firefox полесно да ги разделат приватното, деловното и проектното работење во истиот прелистувач. Од 14 октомври, корисниците на Firefox ќе можат во рамки на прелистувачот да создаваат профили. Секој профил ќе има своја ознака, најавување, историја, додатоци и теми, што треба да им ја олесни организацијата за различни видови онлајн активности. Имено, Firefox и досега имаше додаток наречен ...
Qualcomm објави дека ќе ја преземе италијанската компанија Arduino – проект и заедница со отворен код за хардвер и софтвер, која дизајнира и произведува едноплатни микроконтролери и сетови микроконтролери за развој на дигитални уреди. Според Qualcomm, аквизицијата е спроведена со цел да се комбинираат производите и технологиите на Qualcomm со огромниот екосистем и заедницата на Arduino, за да се овозможи на компаниите, студентите, ...
Новата опција на iPhone во iOS 26, Visited Places, ги бележи сите места што ги посетувате преку апликацијата Apple Maps. Еве како целосно да ја исклучите оваа опција. Со iOS 26, iPhone во апликацијата Maps додаде нова функција наречена Visited Places, која автоматски ги снима локациите што ги посетувате. На прв поглед, звучи практично – овозможува брзо да ги пронајдете и повторно да ги посетите претходните места. Сепак, секоја функција што го ...
NTT разви дронови со ласери кои ги растеруваат дивите птици од фармите за да се спречи ширењето на птичјиот грип Јапонската компанија NTT разви напреден систем на дронови со ласери наменет за заштита на живинарските фарми од ширење на птичјиот грип. Проектот е реализиран во соработка со NTT e-Drone Technology Co., Ltd, NTT East Japan Co., Ltd и локалната влада на префектурата Чиба. Целта на технологијата е со помош на ласерски зраци да се ...
Два огромни, вкрстени прстени на радио-емисија се откриени во далечна галаксија, а овој мистериозен феномен е наречен „чуден радио-круг“. Астрономите открија фасцинантна галаксија опкружена со два огромни, вкрстени прстени на радио-емисија, од кои секој има пречник од околу 300.000 светлосни години. Оваа ретка и необична појава, која научниците ја нарекоа Odd Radio Circle (ORC), беше откриена благодарение на волонтерите од програмата RAD@home ...
Новите прелиминарни детали откриваат моќен Snapdragon 8 Elite Gen 5 процесор, 165 Hz OLED екран и 7300 mAh батерија кај моделот OnePlus 15. Како што се приближува официјалното претставување на OnePlus 15, кое би можело да се одржи веќе овој месец, се појавуваат нови информации и фотографии што откриваат речиси сè за претстојниот флегшип телефон. Најновите податоци потекнуваат од кинеската мрежа Weibo. Иако не е можно со целосна сигурност да се ...
Новиот Samsung ISOCELL HP5 носи резолуција од 200 MP, напредни HDR технологии и до 6x зум без загуба на квалитет на сликата. Samsung официјално го претстави својот најнов 200 MP сензор за камери на паметни телефони, под името ISOCELL HP5. Иако е помал од претходните модели, компанијата тврди дека нуди значително подобар квалитет на фотографиите и видеата, благодарение на новите технологии за обработка на светлина и намалување на шумот. ISOCELL ...
Ви треба нова клима, лаптоп, правосмукалка или телевизор? Старите слушалки веќе не функционираат, а машината за перење едвај издржува? Не се грижете, токму сега е моментот да го направите најпаметниот избор! Од 08.10.2025 започнуваат Lucky Days во НЕПТУН денови исполнети со огромни попусти, неверојатни заштеди и најиновативни решенија за вашиот дом! Ова е времето кога купувањето станува вистинско искуство – со врвен тим подготвен да ви помогне ...
На најголемиот саем за храна и пијалаци Anuga 2025, кој се одржува во Келн од 4 до 8 октомври, Виталиа го претстави најновиот бран на иновации во областа на здравата и функционалната исхрана. Со впечатливите нови производи и современиот изложбен концепт, тимот на Виталиа ја однесе македонската експертиза во срцето на европската прехранбена индустрија. Оваа година темата на саемот е „Sustainable Growth“ (Одржлив развој), тема под која Anuga ги ...
Играта се одвива во македонското село Беловодица и овозможува релаксирачко искуство фокусирано на истражување и приказна Македонското „гејминг“ студио Workbench Entertainment, ја претстави својата најнова игра, Olga – Episode 1. Демо верзија од играта е достапна преку Steam, а официјално пуштање се очекува до крајот на годината. Се работи за игра која овозможува доста уникатна приказна преку која играчите ќе можат да се запознаат со животот во ...
Индустријата за производство на фармацевтски производи е една од најинтегрираните и технолошки најразвиените гранки во земјава. Таа комбинира висока стручност, научно-истражувачка активност и извозна ориентација. Со години наназад овој сектор бележи континуиран раст на приходите и добивките, а како што се шири деловниот обем, се зголемува и бројот на вработените. Сето тоа е своевидна потврда дека домашните фармацевтски компании успешно ...
Млечната индустрија е една од најстабилните и најприсутните во македонското производство. Од чаша јогурт до парче кашкавал или сирење ‒ млечните производи се дел од секојдневието, но зад тие производи стојат компании што управуваат со милионски обеми, големи производствени капацитети и сериозни пазари. Секторот е концентриран околу неколку клучни компании, но тие го движат пазарот. Според анализата што ја подготви порталот Пари врз база на ...
Од 24 до 26 септември 2025 година, македонската агенција за маркетинг и односи со јавност, ИДЕА ЛАБ учествуваше во PROI EMEA Регионалниот самит во 2025 година во Кембриџ, насловен како „Следното поглавје“. ИДЕА ЛАБ речиси 5 години е дел од PROI, глобална мрежа на агенции за комуникации, а досега има учествувано на бројни самити во Дубровник, Братислава, па сѐ до Каиро и Кембриџ. Агенцијата постои од 2013 година и е избрана како официјален ...
Gboard Dial Version претставува уште еден интересен концепт на Google Japan, кој го спојува ретро дизајнот на старите телефони со ротирачки бројчаници и модерните функции. Google Japan повторно ја покажа својата склоност кон необични технолошки експерименти. По низа креативни концепти за тастатури во изминатите години, сега ја претставија Gboard Dial Version — тастатура која, наместо класични копчиња, користи ротирачки бројчаници, по примерот на ...
100 дена за 100% сигурна одлука Samsung Electronics претставува ексклузивна промоција што ви овозможува без компромиси да ги испробате исклучителните перформанси и напредната технологија на правосмукалките. Во рамките на акцијата „100 дена за да се уверите 100 %“, можете да ги тестирате одбраните безжични правосмукалки дури 100 дена. Доколку не бидете целосно задоволни, можете едноставно да ја вратите правосмукалката – без никакви трошоци. Оваа ...