Apple го забрзува развојот на првиот преклoпен iPhone, со најавено лансирање заедно со iPhone 18 Pro моделите и покрај претходните шпекулации за одложување Развојот на iPhone Fold на Apple напредува непречено и уредот е планирано да биде лансиран во стандардниот септемвриски период за iPhone, пренесува Марк Гурман од Bloomberg. Преклопниот iPhine, кој може да биде наречен и iPhone Ultra ќе биде достапен за продажба во приближно исто време или ...

Проширените сертификации дополнително ја зајакнуваат еколошката вредност на премиум понудата на Samsung, истовремено унапредувајќи ја посветеноста на одржливоста низ различни категории производи Компанијата Samsung денес објави дека 34 модели од нивната понуда на телевизори и саундбар звучници за 2026 година добиле сертификати за намалување на јаглеродот на производи (Product Carbon Reduction) и јаглероден отпечаток од производот (Product ...

Google го унапредува дизајнот на Android верзијата на Gemini, со покомпактен интерфејс, обединети алатки и „лебдечки“ приказ на Gemini Live. Верзијата на Gemini за Android добива значително унапредување на корисничкиот интерфејс, бидејќи Google воведува редизајн преку најновата бета верзија на Google апликацијата. Промените носат покомпактен приказ, обединети функции и помодерен начин на интеракција со AI асистентот. Според новите информации, ...

Google започна со воведување на мало, но значајно ажурирање за Chrome на десктоп компјутери. Корисниците ќе забележат опција за вертикално организирање на табовите, а за да ја користат новата функција, треба да кликнат со десното копче на глувчето на било кој Chrome прозорец и да ја изберат опцијата „Show Tabs Vertically“. Сепак, Google доцни со оваа функција. Претходно, речиси секој друг поголем прелистувач, освен Chrome, нудеше поддршка за ...

Apple се соочува со поголеми инженерски предизвици од очекуваното во развојот на својот прв foldable уред, што може значително да го пролонгира неговото лансирање. Првиот преклопен iPhone на Apple би можел да пристигне подоцна од очекуваното, откако компанијата наишла на серија технички предизвици во раната фаза на тестирање. Според извештај на Nikkei Asia, уредот моментално се наоѓа во фазата на Engineering Verification Testing (EVT) – ...

Доколку ја користите Android бета верзијата на апликацијата, можеби веќе можете да го испробате поништувањето на бучава на WhatsApp и на вашиот телефон. Не сите корисници имаат моќно поништување на бучава, но сите сакаме соговорниците да ги слушаме јасно и разбирливо, нели?! Токму затоа WhatsApp моментално работи на воведување сопствена функција за поништување на бучава за време на гласовни и видео повици. Оваа опција е забележана во ...

Екипажот на мисијата Artemis II забележа историски момент за време на обиколката околу Месечината, снимајќи спектакуларна фотографија од „Earthrise“ – изгрејсонцето на Земјата над хоризонтот на Месечината, додека се наоѓаа на нејзината далечна страна, дел кој никогаш не е видлив од нашата планета. Првата ваква фотографија е направена во 1968 година. Оваа фотографија има посебно симболично значење, бидејќи потсетува на познатата слика ...

Дојавувачот Сони Диксон денес сподели фотографии од првите „dummy“ модели на iPhone 18 Pro, iPhone 18 Pro Max и преклопниот iPhone. Фотографиите се во согласност со гласините за дизајнот на трите уреди. „Dummy“ примероците на iPhone се наменети да ги заменат вистинските уреди за тестирање, особено кај производителите на аксесоари, кои сакаат масовно да произведуваат производи како футроли уште пред официјалното претставување на новите уреди, ...

Со огромен интерес и рекордна посетеност од над 700 граѓани, денеска во Гевгелија се одржа првиот голем Саем за вработување на „МЕГА шопинг парк“. Настанот го означи почетокот на формирањето на тимот за најголемиот шопинг-парк на целиот потег од Србија до Солун, инвестиција која се простира на површина од над 20.000 m². Станува збор за дестинација изградена според највисоки европски стандарди, која се очекува целосно да го мапира регионот ...

Компанијата Samsung најави дека нејзината апликација за размена на пораки, наречена Samsung Messages, која се наоѓа на паметните телефони на оваа јужнокорејска компанија, наскоро ќе биде укината. Овој потег не е изненадувачки, бидејќи повеќето понови Samsung уреди веќе доаѓаат со претходно инсталираната апликација Google Messages. Во известување објавено на својата веб-страница, Samsung потврди дека апликацијата Messages ќе биде укината во ...

Пеликаните се едни од најрепрезентативните птици на нашите езера и симболи на нашето природно наследство – особено во регонот на Преспанското Езеро. Меѓутоа, колку навистина знаеме за нивните навики и успешност во исхраната? Пеликаните се соочуваат со бројни предизвици додека ја бараат својата храна – од промени во живеалиштата до притисок од човечки активности. Разбирањето на нивните навики на исхрана е од суштинско значење не само за ...

Samsung би можел да го претстави Galaxy S27 Pro како нов премиум модел помеѓу Plus и Ultra варијантите. Еве што откриваат првите информации и што тоа значи за пазарот. Компанијата Samsung би можела следната година значително да ја промени структурата на својата флегшип понуда со воведување на целосно нов модел – Samsung Galaxy S27 Pro. Според најновите информации од индустриски извори, овој уред би бил претставен на почетокот на 2027 година ...

Здравата исхрана и добрите животни навики претставуваат основа за подобрување на квалитетот на животот. Токму тоа е водилка на Виталиа, компанија која повеќе од 30 години ги промовира здравите вредности и со своите производи им овозможува на потрошувачите секогаш да имаат вкусна и балансирана опција што го поддржува нивниот здрав животен стил. По повод 7 април – Светскиот ден на здравјето, се потсетуваме на важноста од грижата за внатрешното ...

Додека iOS веќе нуди напредно филтрирање на известувања преку Focus режимите и резимеа, Android со новите Notification Rules би можел да оди чекор понатаму. Во бета верзијата на Android 17 е забележана функција наречена Notification Rules, која, според сè, би можела дополнително да го унапреди начинот на управување со известувањата. Според информациите откриени од Android Authority, новата функција ќе им овозможи на корисниците да поставуваат ...

По успешното прво издание и големата поддршка од публиката, Lazarov Awards оваа година прави чекор повеќе и добива јасна општествено одговорна димензија. Инспирирани од публиката и нивните сугестии, организаторите ја претворија желбата да се помогне на оние на кои им е најпотребно во конкретен, значаен чин. Така се роди „Нешто добро од срце“, искрена и хумана иницијатива што ја носи топлината и вистинската вредност на ова издание. Првата ...

Во организација на Алијансата за родова еднаквост на работното место (GEA), на 19 мај во хотелот DoubleTree by Hilton, конференцијата ќе ги обедини лидерите од бизнис заедницата околу темата „Money. Mind. Influence.“ и клучните предизвици поврзани со финансиското одлучување, менталната издржливост и влијанието во современото работење. Алијансата за родова еднаквост на работното место (GEA) ја најавува петтата, јубилејна конференција ...

Во своите услови за користење, Microsoft предупредува дека Copilot е наменет само за забава и дека не треба да се потпирате на неговите совети Скептиците кон вештачката интелигенција не се единствените кои ги предупредуваат корисниците да не им веруваат слепо на резултатите што ги генерираат AI моделите – тоа го прават и самите технолошки компании во своите услови за користење. Најнов пример е Microsoft, кој се најде под критики на ...

Првиот преклопен модел на Apple, iPhone Fold доаѓа во септември со 2 nm процесор, тенок дизајн и без Face ID Apple, според информации од синџирот на снабдување, започнал пробно производство на својот прв преклоплив телефон – iPhone Fold, кој официјално се очекува да биде претставен во септември, со почеток на продажбата во декември. Овој модел го означува влезот на Apple во сегментот на телефони со преклоплив екран, со позиционирање во самиот ...

Снимајќи нови агли како никогаш досега, професионалното снимање на Galaxy S26 Ultra го трансформира начинот на кој скејтбордингот се снима, доживува и пренесува во реално време Компанијата Samsung, глобален партнер на Лигата за Уличен Скејтбординг (Street League Skateboarding – SLS), објави дека Galaxy S26 Ultra за првпат беше искористен за снимање во живо на натпреварот на лигата, кога го сними настанот „SLS DTLA Takeover“ на 4 април. ...

Речиси една третина од сите луѓе страдаат од мачнина при патување. Тие доживуваат вртоглавица, мачнина и потење додека патуваат. Samsung претстави решение за проблемот: бесплатната апликација Hearapy, кога се користи во комбинација со Galaxy Buds4 Pro, користи прецизна синусоидна бранова должина од 100 херци. Благодарение на широкиот фреквенциски опсег и интелигентното поништување на бучавата, слушалките од најновата генерација го ...

Експлозијата на цените на меморијата ги погодува сите производители на мобилни телефони, а Xiaomi сега откри и колку точно им се зголемиле трошоците. Глобалниот раст на цените на RAM и внатрешната меморија веќе се прелева врз производителите на мобилни телефони, а Xiaomi сега за првпат откри конкретни бројки кои покажуваат колку ситуацијата всушност ескалирала. Според зборовите на претседателот на Xiaomi, Лу Веибинг, компанијата денес за ...

Веб-порталот за технологија, иновации и бизнис – Конект.мк е единствениот медиум во Македонија, но и во регионот, кој екскузивно подготви ексклузивна и детлна видео рецензија од целата Galaxy S26 серија на Samsung, која ја сочинуваат флегшип смартфоните Galaxy S26, Galaxy S26 Plus и Galaxy S26 Ultra. Новата Galaxy S26 серија на Samsung носи комбинација од еволутивни подобрувања, порафиниран дизајн и силен фокус на вештачката интелигенција. ...

HERE Technologies, како дел од напорите да се создадат најнапредни и ажурирани дигитални карти во светот опфаќа чувствителни податоци за патишта и во многу земји во светот собира панорамски снимки на улично ниво HERE, при користење на напредна технологија за снимање и обработка на овие информации е посветена на почитување и заштита на личната приватност HERE Technologies, како глобален лидер во дигиталното мапирање и услугите за локација, ...

Потегот што до неодамна изгледаше незамислив може да ја редефинира глобалната x86 индустрија и да отвори нова ера на (не)конкуренција во полупроводниците Во потег што веќе се оценува како еден од најголемите пресврти во технолошката индустрија, AMD објави дека постигнал договор за преземање на својот долгогодишен ривал Intel. Трансакцијата, која ќе се реализира преку размена на акции, претставува потенцијално обединување на двете најголеми ...

По успешно вклучување на моторот на летелото Orion, четиричлената екипа на мисијата Artemis II официјално ја напушти орбитата на Земјата, означувајќи го првото враќање на луѓето кон Месечината, по историските мисии Apollo Во рамки на актуелната мисија на NASA – Artemis II, четворица астронаути успешно изведоа клучно палење на главниот мотор на летелицата Orion, со што официјално ја напуштија орбитата на Земјата и се упатија кон Месечината. ...

HP започна со продажба на новиот OmniBook Ultra 14 лаптоп компјутер кој носи сериозен напредок во перформансите благодарение на новиот Snapdragon X2 Elite чип, со пониска цена во однос на слични Intel модели. Дизајнот е унапреден, бидејќи новиот модел е потенок, полесен и поиздржлив во споредба со претходната генерација. Лаптопот тежи само 1,28 кг и е дебел само 1,06 см, со алуминиумско куќиште и сертификати за издржливост. Snapdragon X2 ...

Apple наводно тестира нови бои за следната Pro генерација, при што длабока црвена може да ја замени традиционалната црна опција. Apple ги нуди iPhone 17 Pro и iPhone 17 Pro Max само во три бои – Silver, Cosmic Orange и Deep Blue, но значајно е што нема црна опција. Минатата година беше првпат високата класа iPhone телефони на Apple да не бидат достапни со црна или темно сива боја на никаков начин, а оние што се надеваат на враќање на црната ...

Во рамките на јубилејното, петто издание на CIM Форумот, што ќе се одржи од 28 до 31 мај 2026 година во Котор, претставено е меѓународното жири на CIM AWARDS 2026, составено од 20 реномирани експерти од областите на креативните индустрии, медиумите, комуникациите и дизајнот. Ова внимателно избрано жири ги обединува водечките креативни директори, стратези, дизајнери и експерти за комуникации од регионот и пошироко, дополнително потврдувајќи ги ...

МЕГА Шопинг Парк нуди повеќе од 500 работни позиции за професионалци и таленти од регионот Во пресрет на официјалното отворање на еден од најголемите проекти во регионот, МЕГА Шопинг Парк Гевгелија ги отвора вратите за сите кои се во потрага по нова кариера и професионален развој. Големиот Саем за вработување ќе се одржи во вторник, на 7 април, во спортската сала ДТВ „Партизан“, каде од 09:00 до 17:00 часот, заинтересираните кандидати ќе ...

Вакуумски ковано алуминиумско unibody куќиште, сертифицирана отпорност на падови и притисок, заедно со долготрајна батерија, ја редефинираат доверливоста во средната класа Со моделот HONOR 600 Lite, металната конструкција конечно влегува во средната класа. Уредот е изработен врз основа на првиот во индустријата вакуумски кован алуминиумски unibody дизајн во својата класа, со сертифицирана отпорност на падови и притисок, како и батерија со ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
50%
1020
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
51%
1020
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
40%
1021
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
4.12
70%
1022
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.83
86%
1022
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.51
60%
1021
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
46%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.63
58%
1019
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
55%
1020
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
74%
1022
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 15ᴼ
5.14
48%
1020
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
9.77
65%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.514

Currency

71.4322

Currency

37.831

Currency

38.6395

Currency

67.1558

Currency

7.6911

Currency

0.70048

Currency

0.33434

Currency

0.52509

Currency

1.16272

Currency

0.55344

Цинк

0.00

Злато

148242.19

Родиум

323115.00

Калај

49.43

Иридиум

253540.09

Платина

63819.23

Рутениум

51376.89

Паладиум

48547.63

Алуминиум

3.51

Сребро

2422.91

Бакар

11.99

Кобалт

45.39