Владите се фокусираат на климатските промени кога имаат помали грижи околу економијата. Не бива повеќе така, вели Лери Елиот, уредник во лондонски Гардијан. Прво беше пандемијата. Потоа дојде војната во Украина. Следно може да биде климатската криза. Во понеделникот на 3 јули светот го забележа својот најтопол ден досега, но рекордот траеше само 24 часа пред да биде победен од уште пожежок вторник. И додека планетата продолжува да се загрева, ...

Повеќе од 1.500 летови во Обединетото кралство беа откажани во понеделникот бидејќи контролорите на летање мораа да се префрлат на рачна контрола поради технички проблем. Тоа беше државен празник во делови од Британија и еден од најпрометните денови во годината затоа што завршуваат училишните празници. Британската Влада соработуваше со авиокомпаниите за да им помогне на патниците заглавени на аеродромите ширум Европа да се вратат дома, откако ...

Релациите помеѓу Евгениј Пригожин и Владимир Путин изникнаа од мрачниот свет на постсоветска Русија кога државните безбедносни служби се испреплетоа со криминалното подземје. Прво „омилениот готвач на Путин“, потоа шеф на воени платеници врз коишто Кремљ баеги се потпираше, Пригожин заврши на шокантен и неславен начин, откако повеќе пати ја оспори способноста на руското раководство да ја води војната во Украина. Од моментот кога пропадна бунтот ...

Откако пожарите опустошија дел од хавајскиот остров Мауи на почетокот од август годинава, американските милијардери од коишто добар дел веќе имаат огромни имоти на архипелагот, намирисаа евтино изгорено земјиште и ги пуштија своите агенти за недвижности да преговараат за продажба со очајните жители коишто загубија сè. Сопственици на технолошки компании и најбогатите луѓе во светот окупираа добар дел од Хаваите со своите големи имоти, додека во ...

Двата најсилни производители на кафе во Хрватска и во регионот, Франк група и Атлантик група, во последно време развиваат сосема нови продажни канали, всушност сопствена малопродажба. Проектите во суштина се разликуваат, но ги следат најновите трендови во угостителството и каналот HoReCa (хотели-ресторани-кафулиња). Двата најсилни производители на кафе во Хрватска и во регионот, Франк група и Атлантик група, во последно време развиваат сосема ...

Поранешната империја на некогаш најмоќното семејство во Хрватска, Тодориќ, сега е во рацете на кредиторите, со владин повереник на чело на компанијата. Менаџментот на Фортенова бара модел како да ги исплати руските банки коишто поседуваат половина од капиталот, а се под санкции. Следно е излегување на компанијата на берза. Откако во јануари 2017 година стана јасно дека презадолжениот хрватски гигант Агрокор повеќе не може да опстои без голема ...

Младиот риечанец Лука Буразер не се ни потрудил да направи платформа за тргување со криптовалути. Преку својата „крипто“ компанија земал готовина од наивни луѓе со ветување дека паметните инвестиции и „тргувањето“ ќе им овозможат да заработат месечен профит од 5 до 25%. Крипто-измамата што се случи минатата недела во Хрватска беше означена како најголема од ваков вид во Хрватска и беше само прашање на време кога алчните наивни луѓе ќе налетаат ...

На вчерашното 48-мо Генерално собрание на акционери на Заваровалница Триглав, акционерите го усвоија предлогот на Управниот одбор и на Надзорниот одбор, за исплата на дивиденди да одвојат 56,8 милиони евра или 2,50 евра бруто по акција, што изнесува нешто повеќе од 50% од нето добивката на Групацијата Триглав за 2022-ра година и претставува дивиденден принос од 7%. На 48-то Генерално собрание на акционери на Заваровалница Триглав акционерите го ...

Нашиот народ вели: три пати мери, еднаш сечи. Од кај и да фатиме да мериме и сечеме во тенисот, исходот е тој – српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња (The Greatest of All Time). Наметната приказна дека само освоените гренд слемови се битни, која досега одеше во прилог на неговите хејтери и нивните пулени Федерер и Надал, сега им се удри од глава на истите. Новак долго време имаше најмалку вакви титули од „големата тројка“, но ...

На западните, развиени пазари во ЕУ, корекцијата на цените на станбените и деловните недвижности веќе доби на интензитет. Поскапите кредити ги прават недвижностите непривлечни за граѓаните и инвеститорите. Хрватска, како и целиот Балкан си има свои специфики. Таму има многу помала градежна активност одошто пред кризата во 2009/2009 година, а поскапувањето на недвижнините на приморјето поради зголемениот број ноќевања, влијае и врз цените во цела ...

Хрватската енергетска регулаторна агенција (ХЕРА) и Државното јавно обвинителство (ДОРХ) почнаа да ја истражуваат аферата откако пратеникот на МОСТ, Звонимир Троскот, откри во парламентот дека ХЕП купувала гас од ИНА за 47 евра по мегават час, а потоа, поради настанатите вишоци тој гас во еден ден во месец јуни е продаван по цена и од еден цент. Хрватска ја тресе голема афера во која е вмешана државната енергетска компанија Хрватска ...

Пред десет години, на 1 јули 2013, Хрватска стана 28-ма членка на Европската унија. Време да се подвлече линија, да се води колку и што е сторено, дали можело подобро и повеќе, односно дали влезот во ЕУ бил вистинска одлука. Она што е јасно е дека се реализирани стратешки проекти за земјата, постигнат е економски напредок, но отворените европски врати си го зедоа и својот данок: Хрватска загуби 10% од своето население, коешто се исели во ...

Во јавноста во Србија на големо се зборува за отворањето на хотелот на Адора на Златибор, кој е во фокусот на најпознатите „фаци“ од српската медиумска и естрадна сцена. Познатиот водител Огнен Амиџиќ комплексот го опиша како „Лудило“, најавувајќи дека најпопуларната емисија во Србија AmiG Show во август ќе се снима во 21st Century Zlatibor. Завршена е изградбата на 21st Century Zlatibor Spa & Wellness by Adora, новиот ултра луксузен ...

Продавач на телеком инфраструктурата е United Group, компанија во сопственост на Драган Шолак, еден од најбогатите Срби денес, која ги поседува и брендовите SBB, Telemach, United Media, како и ТВ каналите SportKlub, Nova TV и N1. Саудиската групација stc group, моторот на дигиталната трансформација во регионот MENA – Middle East, North Africa (Блискиот исток, Северна Африка), објави дека нејзината подружница ТAWAL официјално започна со работа во ...

Конференцијата годинава ќе се одржи во своето најголемо регионално издание, со целосно нов концепт и нова локација, насочувајќи го фокусот кон новата ера во човековото живеење – искористувањето на потенцијалот на вештачката интелигенција, која во последно време го доживува својот подем, ги менува правилата на играта во е-трговијата и ја редефинира и трансформира целата индустрија. Под мотото „Redefining E-commerce: A(I) New Era!” на 14 ноември ...

Извозот достигнал над 97 милиони евра, инвестициите 15,2 милиони евра и компанијата има 106 нови вработувања во земјава во периодот јануари – јуни 2023 г. Според единечниот биланс на успех, скопската фармацевтска компанија Алкалоид во периодот јануари – јуни 2023 година постигнала продажба на производи и услуги од 6.293.741.761 денари, што е за 19% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, ...

Теми за дискусија ќе бидат досегашните движења на финансиските пазари во земјава и светот во 2023 година и перспективите за понатаму, како и поврзаноста на дигитализацијата, вештачката интелигенција и финансиските услуги. На 26 и 27 септември во Охрид, ќе се одржи 22-та Годишна конференција на Македонската берза – традиционален настан на којшто се собираат професионалци од сферата на пазарите на капитал, како и претставници на надлежните ...

На 18.09.2023 година во Скопје ќе се одржи првата регионална Конференција за техничка анализа на финансиските пазари, организирана од Здружението на пазарни техничари од Јужна и Источна Европа – СЕЕМТ. На 18.09.2023 година во Скопје ќе се одржи првата регионална Конференција за техничка анализа на финансиските пазари, организирана од Здружението на пазарни техничари од Јужна и Источна Европа – СЕЕМТ. Настанот ќе се одржи во М6 едукативниот ...

Советот на округот Хоршам има поставени високи цели за јаглеродна неутралност до 2030 година, пришто сметаат дека електричните возила од овој тип може многу да придонесат за тоа. Рачно управуван електричен модел на Грин Машинс на БРАКО наменет за одржување хигиена во урбани средини е испорачан во округот Хоршам во областа Западен Сасекс во Обединетото Кралство. „Не само што ќе се подобри квалитетот на воздухот при одржувањето на хигиената, туку ...

Јунајтед Ренталс е најголемата компанија во САД за изнајмување на машини и опрема, рангирана е на листите Fortune 500 и Forbes2000, котира на берзата во Њуjрк и е една од компаниите со најголем раст во последните 25 години. Компанијата ќерка на БРАКО, Грин Машинс и американскиот гигант Јунајтед Ренталс (United Rentals) потпишаа договор за соработка со кој американскиот партнер ќе купува возила од Македонија за потребите на своите клиенти во САД ...

Електричните автомобили се причината поради која побарувачката за литиум расте во светот, бидејќи за една батерија што ги напојува, тешка триста килограми, потребни се околу осум килограми од металот. Цената на литиумот постојано расте и на почетокот на 2023 година беше шест пати повисока во однос на периодот од 2015 до 2020 година. Литиум: овој сребрено-бел метал, кој уште се нарекува и „бело злато“, е многу лесен и цврст – складира голема ...

Карактеристично е што во тек на сезоната на летни одмори речиси 80.000 граѓани само во текот на јули купиле патничко осигурување. Во овој производ со кој се осигуруваат ризици при патување во странство граѓаните вложиле над 42 милиони денари (685.000 евра), според АСО. Продолжува трендот на раст на осигурителниот пазар во Македонија, покажуваат податоците што сите 11 осигурителни компании ги доставиле до Агенцијата за супервизија на ...

Низ целиот свет, жените се сметаат за чувари на културата. Тие се готвачките, ткајачките, лозарките и домаќинките; портата кон традициите и приказните. Со вклучување на овие жени како туристички водичи, како дизајнери на маршрути, како раскажувачи – посетителите ја гледаат дестинацијата од нова перспектива. Здружението “Хероини на туризмот” ги охрабрува жените да споделуваат, да се поврзат за да ги подобрат своите вештини. Се поттикнува ...

Енергетската криза предизвикана од војната во Украина влијаеше врз компаниите преку порастот на трошоците за работа, и тоа, освен цената на енергијата, и трошоците за суровини и вработените забележаа пораст, покажува анализата на Finance Think. Finance Think ја публикуваше студијата „Влијанието на кризата предизвикана од конфликтот во Украина врз фирмите во Северна Македонија: докази од микроанкета“. Целта на оваа студија беше да се процени ...

Фактот што професионалните новинарски организации се борат против цензура и сметаат дека забраната за руските канали нема да придонесе многу во борбата со пропагандата, не значи дека се игнорира опасноста врз општествата и институциите, туку напротив, дека мора да се најдат ефикасни методи за борба со лагите во медиумските простори, користејќи ги демократските алатки. „Гледам вести на Русија 24. Првиот дел од вестите е лоша монтажа на Зеленски ...

Димовски е магистер по географски науки, од 2017 година член на Инспекцискиот совет, надлежен за животна средина и заштита на здравјето. Членот на Инспекцискиот совет надлежен за ресорот животна средина, Методија Димовски, е назначен за нов генерален секретар на Владата, пренесуваат повеќе домашни портали. Димовски е назначен на денешната седница на Владата, по оставката на досегашниот Мухамед Зеќири минатата недела, откако Јавното Обвинителство ...

Со забелешка дека не треба да се заборави дека борбата против корупцијата е човеково право амбасадорката на САД Кејт Брнз го „зачини“ својот говор кога го презентираше Извештајот на Стејт Дипартментот за состојбите со човековите права во Северна Македонија во 2021 година. И не случајно – самиот Извештај нотира забелешки за сериозна владина корупција и за проблеми со владеењето на правото. Покрај неколкуте проблематични области, она што останува ...

Никола Кишин бугарски интелектуалец Во бугарско-македонските односи минатата година имаше добри, но и многу лоши постапки, кои уште многу години ќе ги враќаат односите меѓу двете соседни земји во раните 90-ти, кога Софија и Скопје излегоа од прегратките на Москва и Белград, односно поранешните СССР и СФРЈ. Токму овие историски и политички врски, акумулации и инструменти ги одредуваат бугарско-македонските односи денес. „Длабоката држава“ многу ...

И покрај тоа што одлуката на македонската влада да го затвори небото за прелет на руски авиони не е од вчера, забраната што ја доби авионот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров да прелета над нас за да слета во Србија, каде планирана беше посета на официјален Белград и средба со српскиот претседател Александар Вуќиќ, ја разбранува јавноста. Северна Македонија застана заедно со Бугарија и Црна Гора – други две НАТО членки, комшии на ...

„Најочигледно, стандардите во британскиот јавен живот зависат од личноста на врвот. Министерскиот кодекс вели дека премиерот е крајниот судија за тоа што претставува прифатливо однесување. Кога престапникот е премиер, тој самиот си пресудува. Недоличното однесување на Џонсон и неговата толеранција кон тоа кај другите, влегоа директно во политичкото тело. Г-дин Џонсон не е причината за сето она што ја мачи Британија. Има енергија и шарм. Но, ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
51%
1017
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1015
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
62%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
50%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.85
76%
1015
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
3.6
71%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
66%
1017
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
59%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
63%
1019
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
93%
1014
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
72%
1017
Currency

61.52

Currency

52.9172

Currency

69.5755

Currency

34.5843

Currency

37.7509

Currency

66.6288

Currency

7.43977

Currency

0.65459

Currency

0.34237

Currency

0.52489

Currency

1.25027

Currency

0.59667