Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, беше презадоволен од изданието на „спартанците“ и изрази голема благодарност до публиката во салата „Борис Трајковски“. Нашите одбојкари славеа многу важен триумф над Данска и широко си ги отворија вратите кон осминафиналната фаза, но за тоа ќе мора да оствариме барем уште една победа. Ѓоргиев упати голема благодарност до сите присутни и ги пофали своите соиграчи. „Овие ...

Македонската одбојкарска репрезентација со победа од 3-1 над Данска го почна настапот на Европското првенство на кое е домаќин и Македонија. Тргнавме со голем резултат на историскиот настан за нашата земја. Македонските одбојкари имаа перфектен влез на Европското првенство на кое и ние сме домаќини. Македонија стартуваше со победа над Данска од 3-1 во сетови. Данците беа еден од противниците кои моравме да ги добиеме за да ја одржиме надежта ...

Српскиот ракометен репрезентативец и поранешен европски првак, Богдан Радивојевиќ, е нов член на Еурофарм Пелистер. Од РК Еурофарм Пелистер информираат дека десното крило Радивојевиќ потпиша едногодишен договор со македонскиот ракометен шампион, а во Битола доаѓа како етаблиран ракометар кој 13 години по ред игра во Лигата на шампионите. Радивојевиќ во својата ракометна кариера настапувал за ПИК Сегед, Партизан, Флензбург и Рајн Некар Левен. ...

Еден од најдобрите фудбалери во историјата си има свои маки во Саудиска Арабија каде ја продолжи кариерата. Кристијано Роналдо е познат по своите испади на теренот, а на последниот натпревар иако со Ал Наср го победи Ал Шабаб со 4:0 имаше расправија со судијата кога резултатот беше 1:0 а тој го постигна вториот гол. Судијата го поништи голот прегледувајќи ја снимката. Роналдо на шпански извика: – Кучкин синe! А потоа продолжи на англиски: – ...

Челниците на саудискиот фудбалски клуб Ал Итихад се подготвени да му платат на премиерлигашот Ливерпул 150 милиони евра за услугите на египетскиот репрезентативец Мохамед Салах, јавија денеска британските медиуми. Салах сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, но раководството на Ливерпул повеќе пати демантираше дека планира да го продаде египетскиот фудбалер. Извори блиски до преговорите тврдат дека Ал Итихад е подготвен да му ...

УХМР соопшти дека од утре следува период на претежно сончево време со умерена облачност и со пониски утрински температури. Само локално ќе има услови за краткотраен слаб дожд. Минималната температура утре ќе биде девет, а максималната 33 степени. Во четврток кон крајот на денот ќе биде значително облачно со слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе изнесува 11, а ...

Калчолигашот Рома се договори со премиерлигашот Челзи да го донесе напаѓачот Ромелу Лукаку во своите редови како позајмен фудбалер до крајот на оваа сезона, јавија денеска британските медиуми. Според телевизијата Скај, челниците на Рома, Рајан Фридкин и Тијаго Пинто, изминатиот викенд биле во Лондон за лично да преговараат со претставници на Челзи околу ангажман на белгискиот репрезентативен напаѓач. Договорот е постигнат, а Рома за услугите ...

Македонскиот одбојкар, Александар Љафтов, на престојното Европско првенство кое ќе се одржи во Скопје, ќе настапи со специјално дизајнирана опрема. Ќе игра со патики на кои се напишани делови од македонската химна и на кои е нацртано македонското знаме. Љафтов, кој ќе биде еден од главните адути на македонската репрезентација, објави фотографии со новите патики. Македонија во среда го почнува настапот на Европското првенство во салата „Борис ...

Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер, триумфално се врати на УС Опен по пауза од една година поради забраната за влез во САД. Ноле во својот прв меч во Њујорк го совлада Французинот Александар Милер за само 96 минути со резултат 6:0, 6:2, 6:3 и се пласираше во второто коло на последниот Грен слем сезонава, обезбедувајќи го својот се врати на тронот на АТП листата. Следен ривал на најдобриот тенисер на сите времиња ќе биде Шпанецот Запата, ...

Утрово е најсвежо на Попова Шапка и во Лазарополе, 13 степени, а изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Маврови Анови и Крушево, информира УХМР. Минималните температури до 08:30 часот биле: 14 степени Маврови Анови, 15 во Берово, 17 во Охрид и Претор, 18 во Крива Паланка, Струмица и Тетово, 19 во Битола и Прилеп, 20 во Гевгелија, Кавадарци и Дојран, 21 во Скопје – Зајчев Рид, 22 во Скопје – Петровец, Куманово, Велес и Виница, 23 во Демир ...

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Дневната температура ќе се намали за пет до осум степени. UV=6 Во Скопје променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и ...

Под влијание на атмосферски фронт утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, известува УХМР. Локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Дневната температура ќе се намали за пет до осум степени, додаваат од УХМР. Оттаму препорачуваат поголема ...

Новата АТП листа поради денешниот старт на УС Опен беше објавена ден порано, а на неа најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски има пад од 23 позиции и сега се наоѓа на 330. место со 162 поени. Падот се должи на тоа што оваа недела Ивановски не играше, а во истиот период лани победи на турнирот во Монастир што беше негова прва турнирска победа. Сега има 14 помалку од претходната недела. Со ист број поени другите македонски тенисери имаа ...

Директорот на Формула 1 тимот Ред Бул, Кристијан Хорнер, рече дека нивниот возач Макс Верстапен е „недопирлив‘, ден откако Холанѓанецот ја забележа деветтата последователна победа оваа сезона. Верстапен победи во неделата на домашната патека во трката за Големата награда на Холандија и со деветтиот триумф во низа го израмни рекордот од 2013 година кој тогаш, исто така, во болидот на Ред Бул го постави Германецот Себастијан Фетел. Хорнер го ...

Екипата на Брегалница во Штип и го нанесе првиот пораз на АП Брера Струмица во рамките на 5. коло од Првата македонска фудбалска лига. Со максимален ефект продолжува Шкендија која во Маџари го совлада Работнички со голови постигнати во судиското надополнување. Резултати: Брегалница – АП Брера Струмица 1:0 Работнички – Шкендија 1:2 Шкупи – Гостивар 3:1 Силекс – Македонија ЃП 2:2 Тиквеш – Воска 1:1 Натпреварот Струга ТЛ – Вардар е одложен ...

Србија и Словенија немаа проблеми да ги запишат и вторите победи на светското првенство во кошарка и тоа со убедливи, двоцифрени разлики. Србите Триумфираа над Порторико со 94-77, откако уште во првото полувреме ја демонстрираа разликата во квалитет, добивајќи го со 57-27. Богдан Богдановиќ со 17 поени предводеше група од четири српски кошаркари со двоцифрени кошеви, меѓу нив Никола Јовиќ со 16, Алекса Аврамовиќ со 15 и Никола Милутинов со 12 ...

Дарко Чурлинов, македонскиот репрезентативец кој имаше животна драма во јуни и се најде во животно загрозувачка состојба поради сепсата на терените според најавите би требало да се врати во октомври, а неговиот тренер во Барнли, Венсан Компани го опиша закрепнувањето како – чудесно. Чурлинов не играше многу во минатата сезона во која Барнли обезбеди пласман во Премиерлигата, а потоа поради труење се најде во ептен тешка состојба на клиника во ...

Под влијание на атмосферски фронт утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Дневната температура ќе се намали за пет до осум степени. УХМР во случај на ...

Под влијание на атмосферски фронт утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, известува УХМР. Локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Дневната температура ќе се намали за пет до осум степени, додаваат од УХМР. Оттаму препорачуваат поголема ...

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра одлично во дресот на Абердин, а тоа повторно привлече интерес од поранешниот премиерлигаш Саутемптон, кој и претходно сакаше да го купи 24-годишниот напаѓач. Шкотските медиуми пишуваат дека Саутемптон планира да испрати понуда до крајот на летниот преоден рок, а Абердин за трансферот бара четири милиони фунти. Саутемптон ќе го нападне Абердин во следните денови, а причина за тоа е тренерот Расел ...

Канадската влада денеска ја повика компанијата „Мета“, која е сопственик на Фејсбук и Инстаграм, да ја откаже одлуката со која на канадските медиуми им беше забрането да споделуваат содржина на нивните платформи. Министерот за транспорт Пабло Родригез рече дека забраната треба да се укине за да им се овозможи на Канаѓаните да споделуваат информации за шумските пожари што ја зафатија земјата. Тој на прес-конференција рече дека забраната е ...

На Балканот му престои силно невреме кое може да биде опасно за луѓето и да направи многу штети, а температурите драстично ќе се намалат, вели метеорологот Славчо Попоски. Вели дека почна снежната бајка на европските Алпи, а температурата во рок од 48 часа се намали дури за цели 20 степени. Според Попоски, ова е само почеток, а во следните три до пет денови во Алпскиот регион некаде се очекува формирање на снежна покривка од над 50 сантиметри ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, попладне во југоисточните делови со услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната од 32 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и слаб југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до ...

Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. До понеделник, како што соопштуваат, ќе се задржи многу топло и насекаде ќе биде активно жолтото ниво за опасност од висока температура. Во понеделник кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а преку ноќта и во вторник ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Од ...

Француската легенда Никола Карабатиќ, еден од најдобрите ракометари на сите времиња и повеќекратен освојувач на европски, светски и олимписки злата, објави крај на својата пребогата кариера за една година, на лето 2024 година. Карабатиќ кој наскоро ќе наполни 40 години, најави дека оваа сезона која ќе почне идниот месец ќе биде последна во неговата кариера, а вкупно 22-ра. Последен негов турнир ќе бидат Летните Олимписки игри во Париз идната ...

Форбс го објави годишното рангирање на најплатените тенисери/ки земајќи ја предвид заработката од септември 2022 до август 2023 година. Новак Ѓоковиќ за прв пат се најде на врвот на оваа листа со 38,4 милиони долари. Топ 10 најплатени тенисери и тенисерки според Форбс: 1. Ѓоковиќ – 38,4 милиони (13,4 милиони на теренот + 25 милиони надвор од теренот); 2. Карлос Алкараз – 31,4 милиони (11,4 + 20); 3. Ига Швјонтек – 22,4 милиони (8,4 + 14); 4. ...

Италијанскиот првак Наполи нема намера да го продава македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас, па освен понудата што експресно ја одбиле од германски Лајпциг вредна 30 милиони евра плус пет милиони евра, наполитанците одбиле уште една и тоа од – англиската Премиерлига. Уште по завршување на минатата сезона кога Наполи по 33 години првпат го освои „скудетото“, а Елмас имаше огромен придонес со шест гола и три асистенции, неговиот менаџер најави дека ...

Популарниот турбофолкер Аца Лукас годинава ќе биде главна музичка ѕвезда на Пивофест Прилеп. Веста за ,,Фокус” ја потврдија наши извори од организацијата на настанот, кој ќе се одржи од први до трети септември. Комплетната листа на изведувачи официјално ќе биде објавена наредните денови, а како што дознаваме, покрај Лукас, ќе настапат и Хјурикејн, Тропико бенд, како и домашни изведувачи помеѓу кои ДНК, Куку леле, Бојана, Ламбе, Миле ...

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ престојува во Њујорк каде во понеделник ќе се натпреварува на УС Опен. Додека чека да го почне својот поход кон по 24. Грен слем титула во кариерата, Србинот се сретна со еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси, кој од оваа сезона игра за Интер Мајами. На интернет се појави нивната заедничка фотографија која предизвика голем интерес меѓу фановите. Меси и Ѓоковиќ се познати по тоа што ...

Македонскатата репрезентативка во традиционално таеквондо Христијана Парулеска освои бронзен медал во спаринг-борби за јуниорки од 14 до 15 години на Светското превенство што се одржува во Астана, Казахстан. Парулеска е најдобрата континентална кадетка, со златен медал освоен на Европското првенство одржано годинава во Италија. На Светскиот шампионат нашата делегација отпатува со тројца натпреварувачи – Парулеска, Давид Крстески и Елена ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
990
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
4.12
71%
988
weather icon

Загреб

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
83%
989
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
4.12
75%
991
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.99
93%
992
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
97%
989
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.06
91%
989
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
987
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
988
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
94%
992
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
90%
988
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
994
Currency

61.635

Currency

51.8732

Currency

70.7867

Currency

36.9714

Currency

38.2337

Currency

67.4946

Currency

7.50345

Currency

0.67228

Currency

0.33801

Currency

0.52487

Currency

1.18836

Currency

0.57248

Бакар

11.98

Злато

159145.23

Паладиум

52309.26

Алуминиум

3.13

Платина

65523.22

Калај

50.54

Сребро

2475.93

Родиум

339190.38

Цинк

3.44

Иридиум

213919.04

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04