Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Оваа година за 1 и за 2 мај, како и за Велигденските празници повторно ќе имаме нестабилно време, и тоа со попладневни локални поројни врнежи од дожд, грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност, објави Славчо Попоски. -Поради загреаната Атмосфера не се исклучува можноста локално процесите да бидат и во вид на невреме, односно тие да бидат нешто поинтензивни. Ова ваши и за Скопскиот регион, каде во делови од него можна е попладневна ...
МВР информира дека вчера по преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје го уапсиле 32 годишниот Б.М. од Штип. При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага. „Лицето е задржано во полициска станица и во текот на денот со кривичната пријава ќе биде предаден на ...
Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со судиска одлука против Турчинот Берк Дузенли во салата „Јане Сандански“ во Скопје и стана професионален светски првак во кикбокс на ВАКА ПРО, во дисциплината К1 до 88,6 килограми. Најдобриот македонски спортист и неговиот ривал имаа динамичен почеток на борбата, при што разменија голем број на удари. Дузенли беше подобар во втората рунда и со неколку силни удари го погоди македонскиот ...
Од моментот кога Јирген Клоп со видео порака го шокираше фудбалскиот свет, а пред се навивачите на Ливерпул, се шпекулира кој ќе го замени харизматичниот Германец на клупата на „црвените“, кога на крајот од сезоната тој ќе се повлече од клубот од „Енфилд“, но и од англискиот фудбал воопшто. Во последните денови се издвои името на Арне Слот. Што се однесува до Клоп, неговиот колега од Холандија би бил добро решение на клупата на повеќекратниот ...
23-годишно момче пронајдено починато во својот дом во Гази Баба. – На 25.04.2024 во 17.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат В.М.(23) од Скопје, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи знаци на насилство. Извршен бил увид од СВР Скопје, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, информираа од ...
На 25.04.2024 во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај с.Новоселани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.М.(20) од с.Браилово-прилепско и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(43) од Скопје, информира МВР. Во несреќата на местото на настанот починал М.М., а смрт била ...
Вчеравечер во 23.55 часот на улица „Јане Сандански“ во Тетово полициски службеници од СВР-Тетово го лишиле од слобода Н.Т.(18) од Скопје. Како што соопшти СВР Тетово, околу 23.40 часот ги зел клучевите од патничко моторно возило ,,мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на неговата 26-годишна сестра, исто така од Скопје, и го стартувал. Таа се обидела да го спречи да го управува возилото, но не успеала, по што на улица ...
Со почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, на 28 април, во центарот на Куманово, во 12 часот, ќе биде откриен мурал со неговиот лик, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт. Бобан Трајковски, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ на Армијата на Република Македонија на 28 години го положи својот живот на олтарот на татковината против терористите од ОНА во 2001 година кај Вејце. Муралот е изработен од ...
Полицијата сомничи малолетник од струмичко село дека вчера извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко, соопштија денеска од СВР Струмица. Според соопштението, вчера во Полициската станица во Струмица во присуство на родител бил повикан малолетникот, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување. Инаку, вчера полицијата информираше за уште еден ...
Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против М.В.(44), од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик. Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно ...
Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против М.В.(44), од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик. Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка. На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка. На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им ...
22-годишник од скопско Арачиново е тешко повреден во сообраќајка што се случила вчера попладне. – На 24.04.2024 вo 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Андонов-Ченто“ со сервисна улица која ги поврзува клучка Ченто и бул.„Александар Македонски“ М.Н. (22) од с. Арачиново,скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ќе биде еден од најинтересните фудбалери летово на Островот бидејќи за него се заинтересирани и шкотски и англиски клубови. Во дресот на Абердин, сезонава тој постигна 24 гола поради што, меѓу другите, стана интересен за најтрофејните шкотски клубови Селтик и Ренџерс. Од Абердин се уште тврдат дека не планираат да го продадат, но никој не верува во тоа бидејќи цената на Миовски драстично скокна ...
Во планинските подрачја утре ќе има краткотраен локален дожд, а во сабота попладне ќе има услови и за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи потоа следува период на стабилно и топло време. Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а само на повисоките планини со повремен слаб снег. Локално краткотрајно врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки ...
Емотивно и во солзи, таткото на убиената Вања Ѓорчевска побара Врховниот суд да му го укине притворот. Тврди дека неосновано е осомничен за помагање на убиството на неговата 14 годишна ќерка. И Тој сакал да ја дознае вистината, а се пожали и на постојана физичка тортура за која имал и лекарска потврда. „Обвинуван сум за работи што не ги разбирам. Убијците се ми одземаа. Не сум веќе ниту родител ниту татко. И јас сакам да знам што точно се ...
Вчера во 22.15 часот во Гостивар, полициските службеници од ОВР-Гостивар го лишиле од слобода Ш.Е.(60) од Гостивар, по претходна пријава дека го фотографирал гласачкото ливче во текот на вчерашното гласање за претседателските избори. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Пред завршувањето на изборниот ден во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ.Ј.(37) од ...
Две златни медали за Македонија! Ова не е ништо невообичено кога станува збор за нашите девојчиња Илина и Ева Соколовски, кои живеат во Геманија, а на Македонија и носат злато, сребро и бронза. Минатиот викенд Илина и Ева настапуваа на два републички турнири по ритмичка гимнастика на Северна Рајна Вестфалија, во Германија, на кои Илина два пати се закити со злато, додека Ева, според поените се пласира во финалето на Германија, кое ќе се одржи ...
Кошаркарите на Далас маверикс триумфираа против Лос Анџелес клиперс со 96-93 и израмнија на 1-1 во плејоф-серијата, а повторно одличен на паркетот беше Лука Дончиќ. Дончиќ го заврши мечот со 32 поени, девет асистенции и шест скокови, односно постигна дури пет тројки во кошот на Клиперс. Тројката на Дончиќ за 90-81 се покажа како клучна во завршницата од дуелот, иако Клиперс успеа да се приближи, но немаше доволно сила за пресврт. Најдобри во ...
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар доби лоши вести по дополнителните медицински прегледи на најдобриот играч оваа сезона, Матеус Лемос. Лемос се повреди на мечот против Воска, по што го напушти теренот на носилки, а прегледите покажаа дека заработил повреда на предните вкрстени лигаменти на десната нога и ќе паузира до крајот на сезоната. Пред скопскиот гигант се тешки денови затоа што ќе мора без најдобриот фудбалер да се бори на ...
79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Р. (79) од Куманово, затоа што агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник при извршување на службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи. Како што додаваат од полицијата, Б.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно ...
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информираше за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места. „Од отворањето на гласање од 7 часот не се забележани поголеми проблеми. Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип. Во радовишко, едно лице го покажало гласачкото ливче на набљудувач. За сите овие настани се преземаат мерки за расчистување. Во Чаир се забележани летоци врз паркирани автомобили, а се ...
СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот регион пријавил измама во која дал пари на странска фирма за набавка на роба, па открил дека е измамен по информација од германски служби. Тој нарачувал преку интернет. – На 23.04.2024 година во 11.30 часот во СВР Тетово, Б.Ф.(29) од тетовско, сопственик на правно лице, пријавил дека од 23.03.2024 до денот на пријавувањето бил измамен од странска фирма за продажба и компанија за транспорт. Според ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) во дневниот билтен информира за немил настан кој се случил во текот на вчерашниот ден. Истиот се однесува за смрт на Грчки граѓанин, а за настанот се вели: Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил донесен Н.K.(62), државјанин на Грција, без знаци на живот. Лекарот констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител ...
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до ...
17-годишниот Индиец, Домарају Гукеш, ќе се бори за титулата светски шаховски шампион, откако победи на “Турнирот на кандидатите” кој се одржа во Торонто. И сето тоа во ред, но малкумина знаат дека Гукеш беше член на најтрофејниот прилепски шаховски клуб “Прилеп”, a во 2021 година како член на овој клуб настапуваше и на турнир во Струга. Чудото од дете како што го нарекуваат, за титулата светски шампион ќе се натпреварува против Лирен Динг, ...
На 23.04.2024 во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори. ...
28-годишен навивач на Хофенхајм доби тригодишна затворска казна затоа што во ноември 2023 година на мечот од Бундеслигата меѓу Аугсбург и Хофенхајм фрлил петарда која повредила десеина луѓе, меѓу кои имало и деца. Поради еден непромислен потег, навивач на Хофенхајм три години ќе помине зад решетки. „Тоа не беше нормална употреба на пиротехника на германски стадион. Тоа беше голем инцидент со ексползивна направа, поради кој 26.000 луѓе во ...
Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во четврток врнежите локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег. Како што најавуваат од УХМР од петок следува период на претежно стабилно и потопло време. Времето денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 l/m2) и поројни, проследени со ретки грмежи, ...