Спортската јавност и утринава е оптоварена со најавата за трансфер-бомбата на деценијата, откако француските медиуми објавија дека Килијан Мбапе дефинитивно следното лето ќе потпише договор со Реал Мадрид и тоа како – слободен фудбалер. Тој веќе се договорил со „кралскиот клуб“, а ПСЖ ќе ја има улогата на најголем „лузер“ бидјеќи нема да добие ниту евро од овој трансфер, а за него плати дури 180 милиони евра кога францускиот репрезентативец во ...

Google објави дека додава нови функции на прелистувачот Chrome, кој ќе се базира на вештачка интелигенција (AI). Со помош на овие функции, корисниците ќе можат, меѓу другото, автоматски да ги групираат табовите, како и да користат виртуелен асистент за внесување текст на сајтови кои нудат текстуални полиња. Функцијата Tab Organizer им овозможува на корисниците автоматски да ги групираат табовите со слични теми, како што се вести или онлајн ...

Фејсбук полни 20 години. Откако Марк Закерберг и неговите колеги од Харвард го лансираа на 4-ти февруари 2004 година, Фејсбук прво се прошири на други американски универзитети, за целосно да стане достапен за сите во 2006 година. Социјалната мрежа, во тоа време нов концепт, брзо ги освои повеќето корисници на интернет. Во 2023 година, повеќе од 3 милијарди корисници отвориле Фејсбук барем еднаш месечно, 3 отсто повеќе од претходната година. ...

Во текот на вчерашниот ден беше потврден еден од најголемите трансфери воопшто во спортот, Биртанецот Луис Хамилтон се одлучи од 2025 година да вози за тимот на Ферари. Ферари за Хамилтон ќе биде само третиот тим во Формула 1 откако претходно ја започна кариерата во Мекларен за кој возеше од 2007 до 2012 година и освои една титулата, додека по преселбата во Мерцедес додаде уште шест во својата богата кариера. „Поминав 11 прекрасни години во ...

Македонскиот второлигаш, Каменица Саса, се пофали со две нови засилувања во зимскиот преоден рок, кои ќе треба да ја збогатат ротацијата во тимот. Каменичани пред себе имаат тешка борба за опстанок во второлигашкото друштво, а во таа насока ќе треба да им помогнат новите аквизиции, Дарко Алексовски и Мартин Димоски, кои имаат прекари „Пеле“ и „Робен“. „Дојдовме со цел да помогнеме во борбата за опстанок на ФК Каменица Саса. Се надеваме дека со ...

Македонскиот репрезентативец Енис Барди во изминатите денови се поврзуваше со трансфер во различни екипи, меѓутоа во разговор со турските медиуми кажа дека сака да остане во Трабзонспор. Иако го поврзуваа со екипи од Шпанија, Германија, САД и други земји, сепак Барди сака да остане во Трабзонспор најмалку до крајот на сезоната. „Не сакам да заминам од Трабзонспор. Го сакам овој клуб“, кажал Барди. Барди оваа сезона настапи на 20 натпревари, при ...

Пријателскиот натпревар меѓу белградска Црвена звезда и бугарскиот Ботев од Враца беше прекинат во 67. минута поради хаотични сцени на теренот кога се степаа фудбалерите на двете екипи. Диогу Барбоза во таа 67. минута му удри бокс на Урош Спајиќ, по што се вмешаа и останатите актери на теренот. Причина за бесниот настап на Барбоза беше фаулот на Спајиќ. 😮 Udarac Barbose koji je prethodio prekidu utakmice Crvena zvezda – Botev! ...

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Во сабота времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Во недела времето ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе ...

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, денеска го објави поширокиот список кандидати за претстојниот старт на квалификациите за ЕП 2025, на кој по две ипол годишна пауза се најде ветеранот Дамјан Стојановски, како и нашиот нов Американец, Итан Хап. Капитенот на МЗТ Скопје последниот меч во жолто-црвениот дрес го одигра во ноември 2021 година, по што реши да ги прескокнува репрезентативните акции со цел да се ...

Во Москва ќе се одигра пријателски натпревар меѓу репрезентациите на Русија и Србија. Според прес-службата на руската репрезентација, натпреварот ќе се одигра на 21 март на стадионот на Динамо. Педесет дена до натпреварот Русија – Србија! Со нетрпение очекуваме пријателска средба со нашите браќа, стои на Телеграм каналот на руската репрезентација. Руските клубови и фудбалски репрезентации се суспендирани од учество на турнири под покровителство ...

Легендарниот Формула 1 возач, Луис Хамилтон, е пред сензационален трансфер во тимот на Ферари, каде што би ја завршил пребогатата кариера. Британецот од 2013 година вози за Мерцедес, што би можело да се промени по завршување на годинашната сезона. Според шпанси „Ас“, неговите преговори со Ферари се во завршна фаза, потенцирајќи дека возачот директно преговара со претседателот на италијанскиот автомото гигант, Џон Елкан. Доколку се биде во ред, ...

До крајот на денов времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени. Синоптичарите најавуваат дека следува период на стабилно време со ниски утрински температури и услови за појава на утринска магла по одделни котлини. В петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен ...

Нашата млада и надежна скијачка, Ева Милевска (16), во својата прва година од FIS натпреварите забележа одлични резултати. Изминатиот викенд во италијанскиот скијачки центар Кортина Д’Ампецо во мошне силна конкуренција успеа да освои 107.41 ФИС поени, кои ја позиционираа на 27то место. Воедно, вредно е да потенцираме дека остварениот резултат во дисциплина спуст е досега најдобар резултат на македонска скијачка на интернационалната ски сцена. И ...

Интернет страницата Totally money успеа да направи алгоритам кој е способен да ги пресмета износите на трансферите во историјата на фудбалот во денешни суми. Предвид се земени инфлацијата и некои други економски фактори, а интересно е тоа што вака излегува дека Нејмар не е најскап фудбалер на сите времиња. Тој епитет му припаѓа на поранешниот италијански фудбалер Џанлука Вијали чиј трансфер од Сампдорија во Јувентус во 1992 година, во денешни ...

По точно половина час игра, Абдерин поведе против Данди со 1-0, а стрелец на голот е кој друг ако не – Бојан Миовски. Македонскиот репрезентативец ја продолжи својата серија од почетокот на оваа година, погодувајќи од пенал. Тоа е негов 11. гол сезонава со кој изби сам на второто место на листата на стрелците во шкотското првенство. Miovski 1-0 pen@AberdeenFC #aberdeenfc @bojanmiovskii pic.twitter.com/qPSoEiWpjC — Mikey Rennie 🏴󠁧󠁢󠁳󠁣󠁴󠁿🇪🇺 ...

Хакерска група поврзана со руска разузнавачка агенција пристапила до е-поштата на „високото раководство“ на Microsoft. Хакерска група Nobelium Истата хакерска група е одговорна за сајбер нападот врз SolarWinds. Група хакери поврзани со руска разузнавачка агенција пристапиле до е-поштата на неколку високи директори на Microsoft, објави компанијата. Microsoft соопшти дека го открил нападот на 12 јануари и утврдил дека одговорна е хакерска група ...

Интер оваа сезона прима најмалку голови од сите екипи од врвните ТОП 5 европски првенства. Статистичките податоци покажаа дека избраниците на Симоне Инзаги примаат 0,48 голови по натпревар. Овој индикатор е најдобар од сите екипи учесницчки во петте најсилни првенства. На второто место е Ница од француската Лига 1. „Орлите“ примаат 0,58 гола по натпревар. Топ 3 за овој индикатор вклучува уште еден италијански тим – Јувентус (0,59). На четвртото ...

Еден од најголемите европски ракометни таленти, 19-годишниот Симон Питлик сонува еден ден да игра во дресот на Вардар. Ракометарот на данскиот ГОГ Гудме кој му даде седум гола на Е. Пелистер во Европската лига, како што вели, сака да игра во македонскиот ракометен гигант Вардар во иднина. „Бев во Македонија и го гледав Вардар. Ме импресионираше таа атмосфера во сала, начинот на кој во Македонија се сака ракометот и како навивачите го доживуваат ...

До четврток времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Како што соопшти УХМР, в петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за време на викендот. Времето утре во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Утрото ќе биде студено. ...

Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија го завршија учеството на Европското првенство во ракомет веќе во групната фаза, а Хрватска и Словенија се пласираа во втората фаза. Славниот ракометар и тренер Веселин Вујовиќ тврди дека „поранешна Југославија“ денес би била ракометна велесила. Настапот на телевизија „Н1“ во пресрет на финалето на Европското првенство во Германија, кое по голема драма заврши со победа на Франција, Вујовиќ ја ...

Најниска температура од -5 степени Целзиусови утрово е измерена во Крушево. Следат Маврови Анови и Струмица со -4 степени, -3 Берово, Демир Капија, -2 Битола, Прилеп, Претор, -1 Охрид, Штип, Крива Паланка, 0 Скопје-Петровец, Виница, Кавадарци, Гевгелија, 1 Тетово, Дебар, Куманово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Дојран и 3 степени Велес. Висината на снежната покривка во 7 часот изнесува 10 сантиметри во Маврови Анови, 6 Крушево, 4 Попова Шапка, Дебар и 2 ...

Фудбалерите на Интер одново се лидери на табелата во Серија А, откако со победата на гостувањето кај Фиорентина (1-0) го прескокнаа Јувентус и покрај тоа што имаат еден меч помалку во однос на најголемиот конкурент за титулата. „Нераѕурите“ добро го почнаа натпреварот и преку Лаутаро Мартинез поведоа уште во 14. минута. Ова се покажа како клучен момент на мечот, бидејќи до крајот мируваа мрежите на „Артемио Франки“. Домашниот тим може да жали ...

Apple често прави мали промени во функционирањето на своите уреди, со цел да го олесни и да го направи поинтересно нивното користење. Ова се често карактеристики на кои не би ни помислиле, но можат да ви заштедат време. Понекогаш ажурирањата се фокусирани на работата што се случува „зад завесата“, но има и такви кои можат да ви го олеснат секојдневното користење на телефонот. На YouTube каналот iDeviceHelp беше објавено видео со неколку вакви ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато. Сите патни правци во државата се проодни, информира ЈП „Македонијапат“. Оттаму нагласуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената ...

Машката ракометна репрезентација на Франција го освои златниот медал на Европското првенство совладувајќи ја во финалето Данска со 33:31 по продолженијата. Французите ја освоија четвртата титула на Европско првенство, прва по десетгодишна пауза. Првото полувреме помина во резултатски ритам, Франција еднаш и Данска два пати имаа по два гола предност, но по 30 минути игра семафорот беше изедначен – 14:14. Во редовите на Данска се истакна Гидсел со ...

Македонската ракометна репрезентација ја доби селекцијата на Фарски острови за ривал во баражот за пласман на СП 2025 година. Првиот меч е на програмата на 8. мај, додека четири дена подоцна и реваншот, и на првиот дуел Македонија треба да биде гостин. Фарки Острови е незгоден ривал за Македонија, и нема да биде лесно на избраниците на Кире Лазаров. Фарски острови е во голем подем, и за првпат годинава учествуваше на големите натпреварувања. ...

Дисциплинската комисија на ЕХФ ја објави одлуката во врска со жалбата на Ракометната федерација на Шведска по синоќешниот полуфинален натпревар на Европското првенство. Жалбата се однесуваше на некористењето на видео-снимка (ВР) при одлуката за голот на Пранди на истекот од основниот дел од мечот со кој беше израмнет резултатот и натпреварот одведен во продолженија. Во нив Франција беше подобра и обезбеди пласман во финалето што се игра утре. ...

На две недели пред продолжението од сезоната во македонското првенство, Вардар се засили со српскиот интернационалец Немања Гојковиќ. Искусниот центар доаѓа од Израел, односно од тимот на Бнеи Херцлија каде настапувал претходните три сезони, а претходно играл за Металопластика, Слога Пожега, Ашерслебен во Германија, Пролетер Зрењанин и Младост Чачак. На 31 години го направи својот трансфер на кариерата и ќе игра во поранешниот европски шампион. ...

По натпреварот од 23. коло во Евролигата меѓу Партизан и Жалгирис, пред најголемата српска сала биле нападнати голем број на навивачи. На натпреварот присуствувале 20.000 навивачи, и не се знае каде била полицијата по завршувањето на големиот собир. Присутните во паника бегале на сите страни и настанало стампедо. Луѓето на социјалните мрежи се сомневаат и посочуваат дека напаѓачите се навивачи на Црвена звезда, поради инциденти кои се случувале ...

Новак Ѓоковиќ одигра катастрофално против Јаник Синер во полуфиналето на Австралија Опен, а слабото издание на омилениот гранслем турнир го натера Ѓоковиќ да ги промени плановите, па да си земе продолжен одмор во наредниот период. Како што е објавено во текстот на официјалната веб-страница на АТП, следен турнир на кој ќе учествува најдобриот светски тенисер е оној во Индијан на почетокот од месец март. Ѓоковиќ го зел цел февруари слободен, за ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1037
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
4.63
67%
1037
weather icon

Загреб

2ᴼ / -3ᴼ
1.03
73%
1035
weather icon

Софија

0ᴼ / -5ᴼ
2.06
79%
1039
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
4.25
60%
1041
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1035
weather icon

Атина

7ᴼ / 5ᴼ
6.17
60%
1035
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1031
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
75%
1032
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
6.17
56%
1042
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
78%
1037
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 1ᴼ
7.72
87%
1034
Currency

61.525

Currency

59.221

Currency

73.661

Currency

37.2117

Currency

41.393

Currency

65.4622

Currency

8.12754

Currency

0.61229

Currency

0.39158

Currency

0.52542

Currency

1.64665

Currency

0.67629

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15177.50

Рутениум

16011.07

Калај

30.42

Сребро

1026.93

Злато

91575.91

Бакар

8.98

Паладиум

3118.62

Платина

32495.62

Родиум

148697.20

Цинк

2.72