Најдобрите македонски ракометари последните денови од годината традиционално ги минуваат во сала, подготвувајќи се за настап на големо натпреварување, овој пат на ЕП 2024 во Германија, каде што првиот меч ќе го одиграат против Франција на фудбалски стадион во Диселдорф. Токму ова, односно шансата да се игра пред неверојатни 55.000 гледачи, им дава дополнителен мотив на избраниците на селекторот Кирил Лазаров, кои неделава се во Стара Пазова ...

Денеска излезе последното рангирање на тенисерите за 2023 година, најдобриот македонски играч, Калин Ивановски има пад за една позиција. Ивановски годината ја заврши на 326. место, што е голем напредок во однос на лани кога финишираше на 540. позиција. Најдобриот македонски тенисер во моментов е во Дубаи каде тренира со Ѓоковиќ пред почетокот на новата сезона. Амбициите ново значително подобрување на ранкингот. На почетокот од следната недела, ...

Елиф Елмас ги мина лекарските прегледи во Лајпциг, но договорот уште не е официјално потпишан од проста причина што јануарскиот преоден рок не е почнат. Сепак, јасно е дека се е готово, македонскиот репрезентативец за 25 милиони евра ќе ја смени Серија А со Бундеслигата и ќе има можност таму да покаже колку вреди и да напредува во својата кариера. Во моментот на трансферот, тој беше надвор од тимот на Наполи поради повреда и не конкурираше за ...

Од денес следува период на претежно тивко и релативно топло време, освен по котлините каде ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Времето денес: Во најголем дел од земјава сончево и релативно топло со мала облачност. По котлините, особено долж Повардарието постудено со појава на магла, која попладне ќе слабее. Ќе дува умерен, а во западните делови и на планините повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. ...

Финалниот натпревар на Светското клупско првенство на ФИФА ќе се одигра вечрва од 19 часот. За титулата е се борат европскиот и јужноамериканскиот шампион, Манчестер сити и Флуминенсе. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Крал Абдула“ во Џеда, Саудиска Арабија. Двата тима лесно ги минаа своите противници во полуфиналните натпревари. Европскиот првак Сити со 3:0 славеше против шампионот на Азија, Урава, а Флуминенсе со 2:0 го победи ...

Бурното дерби на Истанбул меѓу Фенербахче и Галатасарај предизвика многу реакции на социјалните мрежи, а нем на тоа не можеше да остане ни легендарниот босански фудбалер Един Џеко. Тој е иритиран од фотографијата која кружи на Интернет, а на која е Мауро Икарди со помодрено око. Прв, фотографијата ја објави Галатасарај, а потоа ја презеде и експертот за трансфери Фабрицио Романо што предизвика револт кај Џеко. „Со главата удри во стативата, ...

Американските компании доминираат на глобалната топ 20 листа, која вклучува само две компании од една европска земја. Амазон е крунисан за најголем бренд во светот во 2023 година, со проценета вредност од 299,28 милијарди долари (273,49 милијарди евра) и покрај падот од 51 милијарда долари во текот на минатата година. Во студијата објавена од агенцијата за финансиска анализа TradingPedia, гигантот за е-трговија се искачи на рангирањето и ја ...

Компанијата „Ookla“ објавиле нова статистика кога станува збор за брзината на „5G“ ширум светот. Најновиот извештај на „State of Worldwide Connectivity“ покажува дека средните брзини на „5G“ за преземање на податоци забележале раст од 20 проценти на глобално ниво, во текот на третото тримесечје од 2023-та година. „Ookla“ забележала средна „5G“ брзина за преземање на податоци од 203.04 Mbps во третото тримесечје, што е значајно подобрување во ...

Вистинска пролет, а потоа пресврт и заладување – ова е резимето на прогнозата на српскиот метеоролог Марко Чубрило за деновите што следат. Прашање е само дали заладувањето ќе стигне до новогодишните празници и дали најлудата ноќ ќе ја пречекаме со снегулки. Променливо облачно и претежно суво во регионот. Дневниот максимум ќе биде од околу +4 на север и исток до околу +14 на запад од регионот“. Од недела, а особено од понеделник ќе биде малку до ...

Утре ќе дува засилен северозападен ветер, а од недела времето ќе биде тивко и релативно топло, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи. Поради појава на магла, дневните температури ќе бидат пониски по котлините. В недела дневната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени, во понеделник од 7 до 17, во вторник од 6 до 16 степени. Како што соопшти УХМР, во текот на денов е променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а ...

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) соопшти дека билетите за Европското првенство во ракомет кое се игра во јануари се распродадени од страна на организаторот. РФМ преку соопштение ги информира навивачите дека нема билети за престојното Европско првенство во Германија. Организаторот ги распродал влезниците за групата А каде што е и Македонија. „Ве известуваме дека до Ракометната Федерација на Македонија секојдневно пристигнуваат барања ...

Зимата во државава и на северната хемисфера на Земјата календарски почна денеска во 04 часот и 27 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото. Денот на доаѓањето на зимата е познат и како зимска краткоденица, односно денот е најкраток, а ноќта најдолга. Од денеска ноќите постепено ќе стануваат пократка, а деновите подолги. Сонцето во Скопје на првиот зимски ден изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 6 ...

Главниот иницијатор за формирање на Суперлигата, Флорентино Перез не го криеше задоволството од одлуката на судот во Луксембург, тој како историски го оцени денешниот ден. Претседателот на Реал Мадрид, вели дека европскиот фудбал веќе нема да биде монопол и клубовите ќе бидат господари на својата судбина. „Во Реал Мадрид ја поздравуваме одлуката на судот. Во наредните денови ќе го проучуваме опсегот на оваа резолуција. Прво, европскиот фудбал ...

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време, од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка. Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од-4 до 2, а ...

Времето утре ќе биде променливо облачно, од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка. Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На повисоките места во ...

Компанијата објави пакет на нови алатки кои спречуваат спам да ги преплави корисничките профили. Meta почна да испорачува пакет на нови алатки за Instagram, давајќи им на корисниците поголема контрола врз тоа колку спам и ботови гледаат на нивните фидови. Луѓето исто така ќе бидат известени доколку содржината што ја објавиле ги прекршува упатствата за условите за користење. Новите алатки постепено ќе им бидат достапни на корисниците во текот на ...

Тие се еден од најголемите шпиони на интернет и прекршувачи на приватноста, но од 4-ти јануари Google почнува да ги исклучува колачињата од трети страни, наметливите компјутерски датотеки што го следат вашето однесување на интернет. Технолошкиот гигант по случаен избор избира еден процент од корисниците на Google Chrome ширум светот, приближно 30 милиони луѓе, за први да ја испробаат опцијата наречена „Tracking Protection“. Со оваа опција, ...

Екипата на Наполи ги заврши настапите во Купот на Италија по синоќешниот срамен пораз на домашен терен од Фросиноне (0-4), што предизвика голем револт кај навивачите на овој клуб. Тренерот Валтер Мацари по средбата мора да им се извини на фановите за очасната игра. „Сакам да им се извинам на навивачите, тие останаа со нас до крајот и не заслужија ваков пораз. Не ми се допадна ова што се случи, ќе мора да зборувам со фудбалерите да ми објаснат ...

Наутро времето ќе биде студено, а преку денот сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје наутро со услови за слаба магла, а преку денот сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Ќе се задржи претежно сончево и стабилно со утрински температури во постепен пораст. Дневните температури особено на поголемите височини ќе бидат над ...

„Новиот менаџер на фудбалскиот клуб Пирин Благоевград, Петар Занев, се нафати да бара инвеститори кои финансиски ќе им помогнат на „орлите“. Поранешниот фудбалер, кој се врати во клубот како менаџер, неодамна отпатува за Македонија, каде што разговарал со бизнисмени од источна Европа. Сè уште не е јасно дали разговорите ќе бидат успешно финализирани и колку спонзорите можат да се ангажираат за судбината на Пирин“, пишува „Спортал.бг“. ...

Најдобриот македонски ракометен колектив на сите времиња, екипата на Вардар, освен што размислува за актуелната сезона и за начинот како да ја врати шампионската титула, уште од сега прави планови за подалечната иднина, во која една од клучните улоги се очекува да ја има јапонскиот среден бек, Косуке Јасухира. Тој сега игра како позајмен играч од Висла Плок, но големи се шансите не само да ја одигра оваа сезона во црвениот-дрес, туку и да остане ...

Претставници на турската туристичка индустрија предлагаат да се преразгледа системот „ол инклузив“ (all inclusive) во некои хотели. Во вакви случаи се предвидува туристите да можат да бираат за која храна и пијалоци ќе платат, пишува турскиот весник „Туризам газетеси“. Генерално, на многу места ќе остане системот „ол инклузив“. Шефот на Медитеранската асоцијација на хотелиери и тур-оператори (АКТОВ) Каан Чавалоглу ја потенцираше неопходноста од ...

Осминафиналните парови во Лигата на шампионите: Порто – Арсенал Наполи – Барселона ПСЖ – Реал Сосиедад Интер – Атлетико Мадрид ПСВ Ајнтховенд – Борусија Дортмунд Лацио – Баерн Минхен Копенхаген – Манчестер Сити РБ Лајпциг – Реал Мадрид Првите натпревари ќе се играат на 13 и 14, односно 20 и 21 февруари. Реваншите пак се закажани на 5 и 6 март, односно 12 и 13. Веднаш потоа ќе се одржи и ждрепката која ќе го одреди патот до финалето, извлекувајќи ...

Англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити е казнет со 120.000 фунти поради протестите на своите играчи против судиските одлуки на натпреварот од Премиер лигата против Тотенхем. Фудбалерите на Сити го опколија судијата Хупер откако тој не дозволи предност при напад на тимот од Манчестер. Фудбалскиот сојуз на Англија соопшти дека Сити прифатил дека не успеал да обезбеди неговите играчи „да не се однесуваат несоодветно“ за време на инцидентот. Во ...

Во денешно време, се чини речиси невозможно да се чува во тајност нешто слично на вашата локација, и честопати сме оставени на милост и немилост на компаниите да преземеме соодветни чекори за да го обезбедиме тоа. За да ја постигне токму таа цел, „Google“ објави нови контроли за локација за „Maps“ дизајнирани да ви овозможат подобра контрола врз тоа кои податоци и каде се снимаат. Една од најзначајните промени што се воведуваат е опцијата да го ...

На традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2023”. Во изминатите 7 дена публиката уживаше во одлични дуели на теренот и многу погодоци, а она што е за пофалба е организацијата на турнирот. Организаторите како новина на турнирот оваа година воведоа и ВАР систем, што на натпреварите и тоа како им дава поголемо значење и се елиминираат сите сомнежи и дискусии за исправност на судиските одлуки. – Погледнете ТУКА. За споредба ФФМ се уште ...

Фудбалерите на Сампдорија на денешната средба од Серија Б, против тмот на Реџиана, носеа дресови со ликот на клупската легенда, Синиша Михајловиќ. Екипата која ја води Андреа Пирло, маичките ги носеа по повод годишнината од смртта на легендата на нивниот клуб и италијански фудбал Михајловиќ. Михајловиќ беше и фудбалер и еден период тренер на Сампдорија, така да неговите заложби овде не се забораваат. Несомнено, ова е топол гест за Михајловиќ и ...

Времето во наредните денови ќе биде стабилно, на почетокот на неделата со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст. Во котлините наутро ќе има услови за појава на магла или ниска облачност и таму дневната температура ќе остане пониска, информира УХМР. Утре времето наутро ќе биде студено, а преку денот сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Прекрасното Крушево вечерва со снежна покривка од над 30 сантиметри! Обилните врнежи од снег продолжуваат, па така и снежната покривка ќе се зголемува, објваи синоќа метеопрогнозерот Славчо Попоски. Под „дебела“ снежна покривка се и Маврово и Берово, за што Попоски објави и видеа. Во текот на оваа ноќ и утре (сабота) снежниот бран ќе се прошири во најголем дел од Македонија. Во градовите понекаде ќе се формира снежна покривка од 10 до 20 ...

Фудбалерот на Лутон, Том Локер колабира на терен за време на натпреварот со Бурнмаут, од 17.коло во англиската Премиер лига. По страшната сцена на теренот, дуелот е прекинат во 66.минута при резултат 1-1. Велшкиот фудбалер се сруши на средината на теренот без никаков дуел. Сите фудбалери на теренот притрчаа кон него, на Локер веднаш му беше укажана прва помош, а потоа со брза помош беше изнесен од стадионот, а натпреварот беше прекинат. Локер, ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
37%
1035
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
9.26
44%
1035
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
57%
1034
weather icon

Софија

5ᴼ / 1ᴼ
2.57
45%
1037
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
5.7
40%
1040
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
4.12
68%
1033
weather icon

Атина

8ᴼ / 6ᴼ
8.49
59%
1034
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
38%
1030
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
37%
1032
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
48%
1040
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
65%
1036
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 2ᴼ
8.23
87%
1034
Currency

61.525

Currency

59.221

Currency

73.661

Currency

37.2117

Currency

41.393

Currency

65.4622

Currency

8.12754

Currency

0.61229

Currency

0.39158

Currency

0.52542

Currency

1.64665

Currency

0.67629

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15177.50

Рутениум

16011.07

Калај

30.42

Сребро

1026.93

Злато

91575.91

Бакар

8.98

Паладиум

3118.62

Платина

32495.62

Родиум

148697.20

Цинк

2.72