Откако фудбалерот на Рома, Еван Н’дика, држејќи се за градите се сруши на теренот на натпреварот против Удинезе, веднаш беше хоспитализиран и е во стабилна состојба, велат информациите од Италија. Н’дика се пожали на болки во градите, а потоа падна на теренот. Следеа минути на страв и на паника на теренот на „Дачиа“ арената во Удине, а натпреварот беше одлучено да биде прекинат бидејќи стравувањата беа дека Н’дика доживел срцев удар. ...

Вардар по три години се врати во својот дом. „Комитите“ повторно ја заживеаја, главно изминативе години „умртвена“, легендарната своја Западна трибина, потврдувајќи дека и тоа како на најтрофејниот македонски клуб единствено му доликува неговата арена. „Комитите“ создадоа извонреден амбиент кој сигурно потсетува на некогаш елитните прволигашки денови. Навивање и амбиент за чиста 10-ка на навивачите на Вардар. Е вака треба да изгледа еден ...

Еден од најконтроверзните борци во мешани боречки вештини, Конор Мекгрегор, летово дефинитивно ќе се врати во кафезот и тоа по тригодишна пауза од неговата последна борба. Денеска беше потврдено дека Ирецот ќе се бори со Мајкл Чендлер на УФЦ 303, кој ќе се одржи на 29 јуни во Лас Вегас. За време на долгата пауза, Конор се испроба и во филм за неговиот лик и дело, со што стана најплатен дебитантски актер. Денеска беше потврдено дека Ирецот ќе ...

Метеорологот Марко Чубрило на својот Фејсбук профил објави ново метео соопштение Тој напиша дека се соочуваме со забележлива промена на времето, која ќе ја донесе силен студен фронт во вторник. – До наредниот викенд повремени врнежи над 800мнв повремен снег. Малку потопло за викендот, можно е ново влошување околу 21 април. – забележа на почетокот. Потоа тој детално напиша: – Денеска и утре под влијание на антициклон претежно сончево и многу ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло, во источните делови со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 30 степени. Во првите денови од следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до ...

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, одигра уште една инзвонредна партија во ВТБ лигата и тоа против главниот конкурент за титулата, тимот на ЦСКА од Москва. Тој го предводеше својот Уникс Казањ до победа (88:78) со неверојатни 40 поени во дербито на колото и со тоа го однесе својот тим на чело на табелата. Домитријевиќ воедно во својата статистика запиша и шест дефанзивни скока, девет асистенции, две украдени топки за вкупно 52 ...

Во недела со почеток од 15 часот, во рамките на 27.коло во ПМФЛ, се игра 76.Соседско дерби меѓу Работнички и Вардар, нашите два најтрофејни клубови. За ова големо дерби од Работнички официјално објавија дека за гледачите ќе бидат пуштени Западната трибина, за фановите на Вардар, како и Јужната трибина за останатите гледачи. Според последните информации, навивачите на Вардар веќе продадоа 2000 билети, па така утре ќе има сигурно спектакл на ...

Рајо Ваљекано не игра блескава сезона, но нашиот Столе Димитриевски е одличен и руши клупски рекорди. Димитриевски веќе го сруши рекордот на Контрерас од сезоната 1996-97 за најмногу мечеви во една сезона без примен гол. Македонскиот голман има 11 такви натпревари со што влезе во историјата на Рајо Ваљекано. А сега го брка рекордот на голманот Вилфред Агбонавбаре за да стане чувар на мрежата со најмногу настапи во историјата на Рајо Ваљекано. ...

Легендарниот Сол Кембел (49), некогаш големата ѕвезда на светскиот фудбал, член на Тотенхем и Арсенал, незаменлив во дефанзивата на репрезентацијата на Англија, ќе биде гостин на неделното дерби меѓу Работнички – Вардар, кое се игра на Арената во Скопје. Инаку Кембел викендов доаѓа во работна посета на фирмата “Талнетс“ која се занимава со анализа на фудбалски видео податоци со помош на вештачка интелегенција. Станува збор за швајцарско – ...

Новак Ѓоковиќ откри дека музиката е голема негова љубов и оти има желба да научи да свири саксафон.Инстументот дури и го носи со себе на патувања. Повеќе го носам саксофонот со мене на патувања отколку што свирам, но намерата е тука. Сакам да научам саксофон, да можам да свирам барем еден или два инструменти затоа што мислам дека навистина е лек за душата и го збогатува животот на човекот. Бидејќи музиката е на крајот живот, а емоциите што ги ...

Француската фудбалска легенда, Криштоф Дугари не штедеше критики за играта на Килијан Мбапе против Барселона. Мбапе беше невидлив на мечот против Барселона од Лигата на шампионите кој ПСЖ го загуби со 3-2. Идниот фудбалер на Реал Мадрид не покажа ништо од својот репертоар, па потоа доби критики. „Тој го покажа најлошото од фудбалот и најлошото од фудбалер на високо ниво. Можете да промашите пасови, дриблинзи и да имате лош ден, но неговото ...

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени. Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 28 степени. До почетокот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до ...

Легендарниот хрватски ракометар, Иван Чупиќ (38 години), на крајот од оваа сезона ќе стави крај на кариерата, но ќе се збогува само од активното играње, но не и од ракометот. Тој веќе има 38 години и повеќе од две децении минати како професионалец, почнувајќи од матичниот Метковиќ, преку Медвешчак, Октавиа Виго, Горење Велење, Рајн Некар, Кјелце, Вардар и Загреб, каде што игра во последните три сезони. Чупиќ пет години беше дел од ...

Албанскиот фудбалер, Елсеид Хисај, кој игра за римски Лацио, избегна страшна смрт откако неговиот автомобил Ферари се запали додека тој го возеше. Како што откри самиот тој во изјава за медиумите од Италија,драмата се случила додека тој се возел со таткото на неговата сопруга: „Некои медиуми ја пренесоа веста за настанот што се случи пред неколку дена. Сакам да нагласам дека сум добро, како и луѓето кои беа со мене. Дефект на автомобил ...

Шпанските екипи Барселона и Атлетико Мадрид остварија победи во првите четвртфинални дуели од Лигата на шампионите, но расположението не е исто во двата тима. Барса славеше на гостувањето кај ПСЖ со 3-2 и со одличен резултат ќе го пречека францускиот првак идната недела. Атлетико ја победи Борусија Дортмунд со 2-1, но мадридскиот тим повеќе од 80 минути го мелеше противникот, а во финишот среќата го спаси од реми. Главен протагонист во ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 28 степени. Во наредните денови ...

Рускиот тенисер Данил Медведев го победи Гаел Монфис со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-4, но во еден момент направи хаос на теренот. Медведев во вториот сет имаше жестока караница со главниот арбитар, поради лошите одлуки на линиските судии. Монфис двапати испрати токпа во аут, но линискиот судија направи грешка, а тоа го изнервира Медведев кој му се развика на главниот судија. „Аут е, аут е! Како може да зборуваш за извинување? Го загубив ...

Денеска на програмата се преостанатите два четвртфинални дуели, очите ќе бидат вперени во Париз каде ПСЖ ќе биде домаќин на Барселона, а во Мадрид, Атлетико ја пречекува Борусија Дортмунд. Синоќешните мечеви од Лигата на шампионите понудија големи возбудувања, но тие се веќе минато, пред нас се два нови дуели. Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике ќе излезе на мегдан против „своите“, како тренер на ПСЖ ќе се обиде да го елиминира ...

Вкупно десет гола и еден куп возбудувања понудија првите два четвртфинални дуели од Лигата на шампионите. Реал Мадрид и Манчестер Сити ја извадија на површина сета убавина на фудбалот, па можеби и најреално беше нивниот дуел да заврши без победник. Сити два пати беше во водство, Реал еднаш, а мечот на „Бернабе“ заврши 3-3. Идната недела во Манчестер ќе се одлучува кои ќе оди во полуфиналето, а Реал нема добри спомени кога станува збор за ...

Поранешниот англиски фудбалер Дени Марфи призна дека имал сериозни проблеми по завршување на кариерата и станал зависник од кокаин. Марфи кажа дека барал замена за адреналинот на теренот и на крајот „утеха“ пронашол во дрогата која му го загрозила животот. „Кога ќе престанете со фудбалот, проблемите стануваат сè поголеми. Кога играте, чувствувате голема доза на адреналин. Кога прекинав, таа магија ја чувствував со кокаинот и марихуаната. ...

Натпреварите од Лигата на шампионите оваа недела ќе се играат според планираното и покрај терористичките закани од Исламска држава, соопшти денеска Европската фудбалска унија (УЕФА). Медиум поврзан со терористичката група Исламска држава лиферуваше неколку објави во кои повикува на напади на стадионите во Париз, Мадрид и Лондон на кои вечерва и утревечер треба да се одиграат првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите. „УЕФА е ...

Поранешниот европски шампион Вардар славеше против актуелниот македонски првак со 24-20 во ракометната Суперлига и се врати во трката за титулата, но ќе мора да чека кикс на екипата од Битола. За првиот гол беа потребни дури 120 секунди, кога Лазревски му донесе предност на Вардар, а истата „црвено-црните“ ја одржуваа во текот на целото прво полувреме, иако во финишот имаа водство и од два гола (12-10). Вардар повторно поведе со два гола ...

Дека пред Вардар доаѓаат подобри времиња доказ е и денешната промоција на спонзорскиот договор со компанијата за производство на спортска опрема „Кемпа“, заедно со најавата за почеток на преговори за соработка со уште неколку други германски фирми. Црвено-црните долг период наназад, уште од времето на Сергеј Самсоненко и на двете европски титули играше во опремата на „Хумел“, а до промена ќе дојде на крајот од оваа сезона и ќе донесе големо ...

Фудбалскиот натпревар помеѓу Тиквеш 1930 и Брера Струмица во 26. коло од Првата машка фудбалска лига имал и трето полувреме во кое физички силите си ги одмериле фудбалери на домашниот и гостинскиот тим. МВР информира дека вчера попладне во 17.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ѓ.И. (28) од Република Србија кој по завршување на натпреварот на Градскиот стадион во Кавадарци физички го нападнал Д.К. (32) од Прилеп – играч ...

Вардар освои три важни бодови во борбата за опстанок откако со гол на Ѓуриќ славеше над актуелниот шампион Струга со 1-0, со истиот резултат Брегалница го совлада Шкупи, киксна и Шкендија која одигра 1-1 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров. Вардар не само што ја победи Струга на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, туку ѝ ја надигра. Црвено-црните создадоа повеќе идеални шанси за гол, а од нив влезе една, која се покажа како доволна ...

Двократниот европски шампион Вардар во изминатите години се соочуваше со сериозни финансиски проблеми поради кои клубот доживеа многу промени, но сега се најавуваат подобри времиња за „црвено-црните“ и враќање на шампионскиот сјај на клубот. Вардар закажа прес-конференција на 9 април во 11 часот во СЦ „Јане Сандански“ на која ќе биде промовиран новиот клупски спонзор, односно познат светски бренд кој реши долгорочно да го поддржи скопскиот ...

Манчестер јунајтед синоќа на наверојатен начин ја испушти победата на Стемфорд Бриџ, момците на Тен Хаг не само што не триумфираа, туку го загубија натпреварот на досега невиден начин. Манчестер јунајтед водеше до 99:17 минута, а потоа прими голови во 100. и 101. минута и загуби со 4-3. Првпат се случува некој тим во Премиерлигата да води до 100. минута и на крајот да го загуби мечот. 99:17 – Manchester United were leading in this game at ...

Американскиот производител на електрични возила „Тесла“ планира на 8 август да го претстави долго ветениот „Роботаксис“ за самоуправување, објави шефот на компанијата Илон Маск. Маск не даде други детали во многу кратка објава на X, социјалната мрежа што ја поседува. Според претходните изјави, автономното возило ќе се заснова на нова техничка платформа која ќе го направи производството поефикасно и попрофитабилно, пренесува Index.hr. Маск со ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Како што соопштија од УХМР, во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а ...

Најдобриот македонски судија, Александар Ставрев ќе го суди натпреварот од грчкото првенство меѓу Арис и Панатенаикос кој во недела се игра во Солун. Поради зголемување на регуларноста во грчкото фудбалско првенство, често натпреварите ги судат судии од странство. Овојпат Грчката фудбалска федерација реши да испрати покана до нашиот интернациоланен судија, Александар Ставрев. Македонецот ќе го суди дербито од плејофот во најдобрата грчка лига ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1022
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
58%
1023
weather icon

Загреб

14ᴼ / 10ᴼ
1.03
41%
1024
weather icon

Софија

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
62%
1021
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
8.65
61%
1020
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
0.77
78%
1024
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.34
66%
1020
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
76%
1023
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
76%
1023
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
53%
1019
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.63
45%
1023
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
76%
1019
Currency

61.635

Currency

53.3446

Currency

70.6519

Currency

36.9247

Currency

38.3555

Currency

66.8703

Currency

7.75106

Currency

0.66557

Currency

0.33426

Currency

0.52487

Currency

1.19616

Currency

0.57385

Злато

150927.43

Иридиум

253540.09

Сребро

2357.98

Платина

64269.34

Бакар

11.35

Кобалт

45.39

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.47

Родиум

324722.54

Цинк

0.00

Паладиум

48001.06

Калај

45.44