Тетовската полиција го задржала 24-годишниот Џ.Ш. од Тетово, откако неговата поранешна сопруга пријавила дека подолг период ѝ упатувал закани преку социјалните мрежи. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 26-годишната жена пријавила дека заканите биле насочени кон нејзиниот живот, но и кон животот на членовите на нејзиното семејство. Таа дополнително пријавила дека на 6 август околу 21 часот, за време на семејна прослава ...

Пожар избувнал во плевна во двор од куќа во селото Глоѓи, Општина Теарце, при што била зафатена земјоделска алат и опрема. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во 15 часот во СВР Тетово. Плевната била сопственост на 63-годишниот Д.И. Во пожарот нема повредени лица. Огнот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. На местото на настанот бил извршен увид од увидна ...

Полицијата во Скопје расчисти случај на тешка кражба на дрзок начин, при што е лишен од слобода 18-годишен жител на Кочани. Од МВР информираат дека на 9 август во 12:20 часот, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.И., постапувајќи по претходна пријава за кражба. Според пријавеното, 18-годишникот употребил физичка сила врз 70-годишна скопјанка, од која одзел личен накит. За случајот бил известен ...

Пронајдени марихуана и кокаин во Штип, лишени од слобода три лица, поднесена кривична пријава По претходно добиени сознанија и преземени мерки, на 08.08.2026 околу 22:00 часот на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнаа лицата М.Б. и М.Џ.У.(24) од Турција, со привремен престој во Штип, при продажба на марихуана на Ф.Р.(23) од Штип. Притоа, од слобода е лишен Ф.Р. и кај ...

Седум лица се повредени, од кои едно потешко, во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на регионалниот пат кон ХЕЦ Козјак, во атарот на селото Варвара, Скопско. Според информациите од МВР, во несреќата учествувале четири возила со скопски регистарски ознаки: „фолксваген голф“, управувано од 19-годишниот Е.Џ. од с. Црн Врв; „сеат“, управуван од Д.А. (31) од с. Батинци; товарно возило „мерцедес“, управувано од Ш.С. (63) од с. ...

Лионел Меси, според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, се соочи со неколку смртни закани за време на последното Светско првенство во Северна Америка. Како што објави американското ФБИ (Федерално истражно биро), за време на Светското првенство, било планирано убиство на капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина. ФБИ, во соработка со Меѓународниот центар за полициска соработка (IPCC), регистрираше неколку смртни закани. ...

Продолжува периодот на многу топло време со максимални температури околу 40 степени. За денеска се најавуваат дневни температури од 32 до 39 степени, со можност за краткотраен пороен дожд попладне. Во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност во текот на денот. Продолжува периодот на многу топло време со максимални температури околу 40 степени. За денеска се најавуваат дневни температури од 32 ...

Македонија е зафатена од нов интензивен топлотен бран. Поради екстремно високите температури, земјава се наоѓа во портокалова фаза, а од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат продолжување на екстремно високите температури и во текот на следната недела. Покрај високите температури и портокаловата фаза, земјава се соочува и со зголемен број пожари на повеќе локации. Од Центарот за управување со кризи информираат дека комбинирани ...

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 14 до 24 степени, додека максималните ќе достигнат од 32 до 40 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и ...

Сметан од многумина за најдобар фудбалер на сите времиња, Аргентинецот Лионел Меси поминува низ најтешкиот период од својот живот, откако почина неговиот татко Хорхе, кој беше тешко болен додека тој беше на Светското првенство, поради што плачеше откако постигна хет-трик на првиот натпревар од Светското првенство против Алжир. Но, покрај оваа семејна трагедија и загубата на неговиот татко и човекот кој ризикуваше сè и реши да се пресели со ...

Синоќа во полицијата било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода избувнал пожар, при што била зафатена жива ограда од куќа и било оштетено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Со повреди поради вдишување чад се здобил М.Д.(41) од Скопје, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Полициски службеници од СВР Скопје ...

На 07.08.2026 во 22:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Маџари“ и ул.„Финска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Х.(18) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки управуван од 17-годишник од с.Стајковци, скопско, пти што било удрено и паркирано товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...

Денеска (08.08.2026) околу 17:10 часот, во Полициската станица Гостивар e пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на угостителски објект, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила, „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Н.С. (34) од Гостивар i „опел астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ѓ.П. (63) од Скопје, соопштија од СВР Тетово. „Во ...

Четириесет и шестгодишен охриѓанец, кој издржувал затворска казна, а бил пуштен на викенд-отсуство, повторно е приведен откако бил пријавен дека физички ја нападнал својата 67-годишна мајка. Според СВР Охрид, С.Ѓ. (46) бил лишен од слобода синоќа во 22:40 часот. Претходно било пријавено дека околу 21 часот физички ја нападнал мајка си и фрлал тврди предмети кон домот. Тој бил приведен во полициска станица, по што ќе биде спроведен назад во ...

Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од УХМР информираат дека следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против А.Т. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик. Пријавениот, на работно место помлад полицаец во Полициска станица Центар при СВР Скопје, на 24.05.2026 околу 02:53 часот во Градски парк – ...

По бројните контроверзи на последниот Мундијал, но и по несмасниот предлог Светското првенство да се приватизира, фудбалскиот свет се подели остри на оние кои бараат Џани Инфантино да замине од челната позиција на ФИФА, и на оние кои му даваат поддршка Фудбалските федерации на Мексико и Аргентина ја изразија својата поддршка за претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во момент кога првиот човек на светскиот фудбал се соочува со остри критики ...

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло ...

Две од најмоќните алатки за вештачка интелигенција во светот создале лажни профили на луѓе за да измамат корисници при обиди за кибернапади, откри британскиот Институт за безбедност на вештачката интелигенција (АИСИ). Во најсериозниот случај, моделот „Митос“ на „Антропик“ се обидел да добие пристап до онлајн-сервис испраќајќи приватни пораки од лажни профили што имитирале вистински луѓе, па се обидел да ги сокрие трагите. Ова следува набргу ...

Отфрлена ракета на SpaceX е на пат да се судри со Месечината рано во среда, а научниците очекуваат ударот да создаде краток блесок и голем облак од месечева прашина. Сепак, феноменот нема да биде видлив со голо око. Најголема шанса да го забележат ќе имаат опсерватории и набљудувачи со телескопи и камери со голема брзина. Ударот се очекува во близина на кратерот Ајнштајн Се очекува горната фаза на ракетата Falcon 9 да удри во близина на ...

Вчера во 18:00 часот во ОВР Кочани, С.А. од Кочани пријави дека неговата 10-годишна внука му се пожалила дека подолг период била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко и поради тоа не сакала да се врати да живее со нејзината мајка и нејзиниот татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 18:00 часот во ОВР Кочани, С.А. од Кочани пријави дека неговата 10-годишна внука му се пожалила дека подолг период била ...

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струга, при што бил избегнат многу посериозен инцидент. Во несреќата се повредени двајца пожарникари, кои биле пренесени во болница за укажување лекарска помош. Нив денеска ги посети градоначалникот на Струга, Менди Ќура, кој им посака брзо закрепнување. Иако материјалната штета на ...

Ноќеска околу 01:30 часот во близина на граничната линија со Грција, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица биле пронајдени три лица мигранти од Авганистан, кои биле спроведени во Прифатно– транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Бидејќи едно од лицата имало повреда на раката, било пренесено во Итна медицинска помош, каде му била укажана помош и лекар констатирал дека ...

По преземени мерки и активности, СВР Скопје лишило од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско, соопшти денеска МВР. На 07.08.2026 во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во ...

На 8 август 1943 година е родена Есма Реџепова, позната македонска пејачка и хуманистка. Нарекувана е Кралица на ромската музика во светски рамки. Во 2013 г. ја добила престижната титула Национален уметник на Република Македонија. Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас почнувајќи од ...

На 07.08.2026 во 14:30 часот во ОВР Гостива, лекар од Здравствен дом Ростуше, пријави дека во џамијата во с.Жировница поради влошена здравствена состојба била укажана медицинска помош на турскиот државјанин Д.Х.(77). Но, и покрај укажаната помош лицето починало и лекарот констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител од ОЈО Гостивар телото на починатиот било дадено на обдукција. Увидна екипа извршила увид на местото на настанот. На ...

На 07.08.2026 во 21:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Марко Симоновски“ во Гостивар, патничко моторно возило јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.О.(31) од Гостивар, удрило во осумгодишно девојче од Гостивар. Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар. На 07.08.2026 во 21:30 часот во ОВР ...

На 08.08.2026 во СВР Тетово е пријавено дека околу 04:20 часот, едно машко лице од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечило од местото. -При увидот се констатирани оштетувања на дворната метална врата, фасадата од куќата, летниковецот во дворот, како и на паркирано патничко моторно возило „бмв“. Од местото се подигнати шест проектили за вештачење, информира ...

На 07.08.2026 во 23:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека пред угостителски објект на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово настанала физичка пресметка помеѓу две групи, при што бил употребен и нож. Притоа, со убодни рани се здобиле Е.М.(20) и А.Р.(20), двајцата од с.Камењане. По преземени мерки на 08.08.2026 во 01:25 часот во Клиничката болница Тетово од солбода е лишен од слобода А.Р.(20), додека во 01:30 часот во СВР Тетово сами се пријавиле ...

Времето утре ќе биде многу топло, па Управата за хидрометеоролошки работи ја стави целата држава во портокалова фаза. Според нивната прогноза утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа по должина на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се движат од 15 ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
22%
1012
weather icon

Белград

34ᴼ / 32ᴼ
2.57
26%
1012
weather icon

Загреб

37ᴼ / 35ᴼ
2.57
26%
1011
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.09
26%
1015
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
4.01
21%
1014
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 35ᴼ
2.1
29%
1012
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
7.72
36%
1014
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
4.63
43%
1014
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
5.14
27%
1013
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
3.09
30%
1015
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 34ᴼ
5.14
22%
1012
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
9.77
82%
1014
Currency

61.53

Currency

53.1364

Currency

71.9634

Currency

37.6482

Currency

38.3228

Currency

65.492

Currency

7.88626

Currency

0.63317

Currency

0.33382

Currency

0.52479

Currency

1.11095

Currency

0.55713

Иридиум

252383.36

Платина

56103.05

Алуминиум

3.25

Паладиум

41731.67

Калај

56.34

Цинк

0.00

Родиум

282926.57

Злато

140678.81

Сребро

2080.30

Кобалт

56.29

Бакар

13.28

Рутениум

53852.50