Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе бидат корисниците: – Поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм на улицата Воин Драшкоци бб (за ООУ “Димитар Поп Георгиев Беровски„), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Воин Драшкоци и Исаија Мажовски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. Текстот Денеска прекин на водоснабдувањето на две ...
Драматични снимки го забележија моментот кога жирокоптер удрил во каблите на сервисната жичница, се запалил и се срушил во регионот Пиемонт во Италија. Двете лица во леталото загинале. Несреќата се случила околу 11:10 часот вчера во близина на вештачкото езеро и браната Кампличоли во високата долина Антрона, во близина на швајцарската граница. Областа е на околу 1.400 метри надморска височина. Снимките емитувани од италијанската ...
Денеска поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија ќе останат: – Во период од 05,00ч до 07,00часот, улицата Беаз Куле, улицата Гостиварска и околината, општина Ѓорче Петров и – Во период од 09,00ч до 12,00ч ТС Подстаница, Драчево, улицата Сердарот. Текстот Делови од Драчево и општината Ѓорче Петров денеска без струја е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Денеска поради планирани ...
Компанијата веројатно ќе ги произведува своите Pixel уреди во Виетнам и Индија почнувајќи од 2027 година, објави Nikkei Asia. Google повеќе нема да произведува Pixel уреди во Кина почнувајќи од следната година, тврди Nikkei Asia. Компанијата ги проширува своите производствени капацитети во Виетнам и Индија во последниве години, но поголемиот дел од нејзиното производство сè уште се одвива во Кина. Сепак, Google сега наводно ги информирал ...
Honor ја најави новата серија Magic9, која ќе биде лансирана во септември, еден месец порано од пристигнувањето на серијата Magic8 минатата година. При претставувањето на Robot Phone уредот, компанијата покажа краток тизер кој открива дел од дизајнот на новиот телефон, како и како ќе се разликува од сегашната серија Magic8. Видеото го прикажува модулот на камерата сместен надвор од центарот, во аголот на задната страна на уредот, и се очекува ...
Норвешка живее фудбалска револуција, откако репрезентацијата дојде до четвртфиналето на СП, сега оваа земја ќе има два тима во главната фаза во Лигата на шампионите. По Боде/Глимт, место во главната фаза избори и Викинг. За екипата од Ставангер ова е најголемиот упспех во клупската историја. Покрај Викинг, пласман во ЛШ, вечерва изборија Фенербахче и АЕК од Атина. Викинг во плејофот го елиминира Динамо Загреб со вкупен резултат 5:3. Откако ...
Програмерот на GitHub го пренесе Doom на DSLR фотоапарат – ги користи копчињата како контроли, па дури и репродуцира звук. Играњето на Doom на најнеобичните хардверски и софтверски платформи стана вистински предизвик во програмерската заедница. Најновиот подвиг го постигна lauris-nl, откако создаде верзија адаптирана за дигиталниот SLR фотоапарат Canon EOS 550D. Овој храбар програмер го направи тоа користејќи го open-source софтверот Magic ...
Реал Мадрид убедливо го го победија Реал Сосиедад со 4:1 во третото коло од Ла Лига. Херој на Реал Мадрид беше трикратниот стрелец Килијан Мбапе. Ова беше најдобрата можна премиера пред домашните навивачи во новата сезона, по тесната победа над Еспањол во последното коло. Реал Мадрид не блескаше во првото полувреме, по кое резултатот беше 1:1, но во продолжението го засили темпото и го покажа целиот свој величествен талент во нападот. Реал ...
Веројатно сте слушнале за инвертер клима уреди, и веројатно имате еден. Но, дали знаете како тие всушност работат и зошто се многу поефикасни од „класичните“? Инвертер клима уредите станаа речиси стандардни во домаќинствата во последниве години, особено поради нивната способност да ладат во лето и да греат во зима. Нивната главна предност во однос на постарите, класични клима уреди е начинот на кој ја регулираат работата на компресорот, ...
Англискиот репрезентативец, Оли Воткинс кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, во Ал Хилал. Астон Вила ја прифати понудата на Ал Хилал од 58.000.000 евра со 2.000.000 бонуси. Оли Воткинс даде зелено светло за овој трансфер минатата недела, бидејќи доби астрономска плата, поради што го пропушти првото коло од Премиер лигата против Брајтон. Ал Хилал со тоа заврши уште еден голем договор, откако претходно ги договори сите услови со ...
OpenAI објави нова верзија на ChatGPT наменета за корисници на возраст од 13 до 17 години, со посебна безбедносна заштита, родителска контрола и функции за учење. Новата верзија е наменета да биде стандардно искуство за тинејџерите, а системот е развиен во соработка со Универзитетот Стенфорд, со функции што треба да ги охрабрат учениците сами да решаваат проблеми, наместо ChatGPT едноставно да им дава готови одговори, објавува „Fox Business“. ...
Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) денес прогласи примарна епидемија на антракс во селото Стефаново во близина на градот Ловец во централниот дел на земјата, а три лица кои јаделе контаминирано месо биле заразени. Антракс е откриен на фарма за добиток со 205 говеда, објави бугарскиот портал 24 Часа. Регионалниот гувернер на Ловеч, Пламен Христов, изјави за БТА дека ја свикал регионалната епизоотиска комисија на вонреден ...
Атлетикоo Мадрид конечно се согласи да го продаде Хулијан Алварез и постигна договор, но не со Барселона, туку – Арсенал. По денешните информации и соопштение на Атлетико Мадрид и конечното „Не“ до Барселона, од Мадрид испратиле потврден одговор во Лондон. На „Метрополитано“ се свесни дека е најдобро Алварез да си замине, бидејќи ќе заработи огромни пари, се шпекулира дека Арсенал е подготвен да плати дури 150.000.000 евра. Но, што е ...
Залихите на природен гас во подземните складишта во Европа моментално се на најниско ниво за овој период од годината од 2013 година, објави денес агенцијата ТАСС, според пресметките засновани на податоци од организацијата Гасна инфраструктура Европа (GIE). Европските складишта на гас моментално се исполнети со 63,28 проценти, што е за 17,24 проценти помалку од петгодишниот просек за овој датум и во споредба со 76 проценти исполнетост една ...
Високите цени на гасот, заканата од губење на работни места и растечкиот криминал кај мигрантите можат да бидат причина за очај и фрустрација кај Германците, изјави Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји. „И можеби Германците се очајни и разочарани затоа што плаќаат девет пати повеќе за гас од Американците, нивните работни места се загрозени од колапсот на ...
На панаѓур во Хамбург, 23 лица седнале на столчињата на вртелешката и започнале возење кое обично трае неколку минути. Од столчињата обесени на синџири, гостите се симнале три часа подоцна, со помош на пожарникари. Вртелешката се заглавила и луѓето останале да висат триесет метри над земјата, соопшти полицијата. Неколку единици на полицијата и противпожарната служба излегле на терен, а гостите успеале да излезат од седиштата без повреди и ...
Првиот случај на западнонилска треска оваа година е регистриран денес во Бугарија, објави Националниот центар за заразни и паразитски болести. Според податоците, претходниот случај на западнонилска треска во Бугарија е регистриран во периодот од јануари 2025 година до 23 август 2025 година. Инфекцијата е заразна болест која се шири со каснување од заразени комарци, наведува Центарот на својата веб-страница, пренесува БТА. Повеќето случаи се ...
На 26 август 1910 година, во Скопје е родена Гонџе Бојаџиу, личност чиј животен пат остави белег далеку надвор од нејзиниот роден град. На 116-годишнината од нејзиното раѓање, ја паметиме пред сè преку вредностите што имаат универзално значење: хуманизмот, солидарноста, достоинството и почитта кон секој човек, вели министерот за правда Јетон Шасивари. Нејзината животна приказна, како што додава, е дел и од историјата на Скопје. „Од овој ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи е жив, но дека левата страна од неговото тело е сериозно повредена, пренесуваат светските агенции. „Тој беше многу тешко ранет. Левата страна од неговото тело, раката, ногата, сè“, му рече Трамп на политичкиот коментатор Глен Бек. Тој додаде дека ако Хамнеи е мртов, иранската влада „тогаш дејствува доста добро“, тврдејќи дека редовно ...
Министерот за правда Јетон Шасивари присуствуваше на настанот по повод почетокот на градежните работи за изградба на автопатот Скопје–Блаце. „Овој автопат значи многу повеќе од нова патна инфраструктура. Подобра поврзаност, побрзо движење на луѓето и стоките, поголема безбедност и нови можности за економски развој. Автопатот Скопје–Блаце ќе ја подобри поврзаноста на Скопје и Македонија со Косово и ќе придонесе за посилни економски и ...
Ветувањата на францускиот претседател Емануел Макрон да му помогне на Киев достигнаа монструозни размери, изјави лидерот на десничарската партија „Исправи се, Франција“, Никола Дипон-Енжан. „Каква лудост! Издвојуваме милијарди евра за Украина, задоволувајќи го секој каприц на Владимир Зеленски, а сега им ги предаваме тајните за производство на ракети MBDA. Макрон го загрозува нашиот воен суверенитет и нашата одбранбена индустрија за да ги ...
Утре 27.08.2026 година ( Четврток ) поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија ќе останат: – Во период од 05,00ч до 07,00ч ул Беаз Куле, ул Гостиварска и околината (о Ѓ. Петров) и – Во период од 09,00ч до 12,00ч ТС Подстаница с Драчево ул Сердарот (о Аеродром). Текстот Без струја утре, делови од скопски Аеродром и Ѓорче Петров е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Утре ...
Oд ЈП Водовод и канализација известуваат дека утре, на ден 27.08.2026 година без водоснабдување ќе бидат корисниците: – Поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм на ул.Воин Драшкоци бб (за ООУ “Димитар Поп Георгиев Беровски„), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Воин Драшкоци и Исаија Мажовски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. Текстот Утре, улиците Воин ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 26.08.2026 заврши со силен раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.409,66 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 149,90 поени, односно за 1,62%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,77 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше ...
Управата за јавни приходи денес во Дојран одржа информативно-работна средба со локалните туристички работници и претставници на дејности поврзани со туристичката дејност. На средбата, организирана во соработка со Општина Дојран, претставници на Управата за јавни приходи разговараа со издавачи на сместувачки капацитети, угостители, хотелиери и други даночни обврзници за најчестите прашања и предизвици со кои се соочуваат во текот на ...
Во текот на денешниот ден регистрирани се 20 пожари на отворен простор, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Ер тракторите, како што појасни, дејствуваат врз пожарот на Китка, каде активни се неколку краци. „Даваме се од себе за да го совладаме овој огромен пожар кој е проширен на голема територија и сум оптимист дека во текот на денешниот или утрешниот ден ќе биде ставен под делумна контрола. Во текот на денешниот ден досега има ...
Унгарија ја опиша Русија како закана за Европа и светскиот поредок во новите насоки за надворешна политика за својата делегација во Обединетите нации. Документот беше подготвен за Генералното собрание на ОН следниот месец, а неговата содржина беше објавена од „The Kiev Independent“ на 26 август. Целосна промена на ставот кон Русија Документот означува остра промена во ставот на Унгарија откако премиерот Петер Маѓар го победи Виктор Орбан на ...
Денеска на Попова Шапка се измерени максимални 23 степени, на 29 Маврови Анови, 30 во Крушево, 31 во Претор, 32 во Берово, 33 Охрид, 34 Крива Паланка, Прилеп, 36 Тетово, Битола, Виница, Штип, 38 Струмица, Скопје Петровец, Велес, Скопје Зајчев Рид, Кавадарци, 39 Демир Капија, до максимални 40 сгтепени во Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕС И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните ...
Основачот на „Мајкрософт“ и милијардер Бил Гејтс предупреди за ризиците од забрзаниот развој на вештачката интелигенција, наведувајќи дека технологијата може да донесе повеќе штета отколку корист во одредени области. Гејтс конкретно ја издвои положбата на младите луѓе кои штотуку влегуваат на пазарот на трудот, сајбер-безбедноста и безбедноста на децата, но и можноста за злоупотреба на ВИ во здравството и развојот на опасни биолошки закани. ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити денеска присуствуваа на отворањето на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во оваа општина. Центарот е воспоставен во Општина Гевгелија преку Проектот за подобрување на социјалните услуги на ...