Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Американската морнарица објави нови детали за досега малку познат научен експеримент изведен на 12 февруари над северниот дел на Пацификот, во кој истражувачка ракета намерно создаде вештачки облак од електрично наелектризирани честички високо во атмосферата. Мисијата, наречена SMART – Space Measurement of A Rocket-released Turbulence – беше реализирана од оддалечениот остров Вејк. Оттаму беше лансирана најголемата истражувачка ракета што ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски престојува во Белград, каде што денеска ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ. Двајцата лидери разговарале во неколку наврати во изминатите години, но ова е прва официјална посета на украински претседател на Србија по неколку години. Зеленски вчера околу 18 часот пристигнал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде што го пречекала министерката за рударство и енергетика Дубравка ...
Либерално-демократската партија (ЛДП), поради сѐ почестите згуснувања на сообраќајот на патиштата низ државата, бара итно постаување на М-ТАГ уреди на секоја патарина. „Не ви беа доволни 2 години да ги поставите М-ТАГ уредите на сите патарини во државата? До кога ќе ги малтретирате граѓаните? Секој ден илјадници луѓе патуваат по македонските патишта, а наместо брзо и ефикасно да поминат, чекаат во долги колони поради неажурност и лоша ...
Иако август сè уште е во тек, метеоролошките центри веќе гледаат неколку месеци однапред. Најновите сезонски прогнози укажуваат дека крајот на летото, есента и почетокот на зимата на Балканот, а со тоа и во Македонија, имаат зголемена веројатност да бидат потопли од климатолошкиот просек. Европскиот центар за среднорочни временски прогнози – ECMWF ги изработува сезонските прогнози секој месец со ансамбл од 51 различна симулација, со што не ...
Шпанија од полноќ ќе воведе привремени гранични контроли за патниците кои по воздушен и поморски пат пристигнуваат од Италија, со што дополнително ескалира спорот меѓу двете членки на Европската Унија поради мигрантската криза во Сеута. Контролите ќе траат до 7 септември, освен ако околностите во меѓувреме не се променат. Шпанските власти ќе ги проверуваат пасошите, државјанството и, кога е потребно, визите на патниците кои пристигнуваат од ...
Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени, јавува УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од ...
Сабота, 8 август, носи разновидна енергија за сите хороскопски знаци. Кај некои доминираат љубовта и романтиката, кај други кариерата, финансиското планирање или потребата од одмор. Денот е поволен за искрени разговори, нови идеи, подобра организација и мали промени кои можат да донесат значителен ефект. Овен Денот ви носи променлива енергија, но и добра можност да се фокусирате на она што навистина можете да го контролирате. Љубов: Можно е ...
На комеморативен настан вечерва во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на 22 загинати во катастрофалните поплави што ја погодија Општина Гази Баба. „Денес, со длабока почит, се поклонивме пред споменот на сите оние кои ги загубија своите животи во катастрофалните поплави што во 2016 година ја погодија Општина Гази Баба. Десет години подоцна, болката не е помала. Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали ...
Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета на Франција во септември. Ватикан го објави распоредот денеска, кој вклучува посета на седиштето на УНЕСКО, состанок со француските бискупи во Лурд и меѓуверски собир во Мец, објави ABC News. Во посебна изјава, Ватикан потврди дека Папата ќе се сретне со неколку жртви на злоупотреба и истакна дека тие ќе учествуваат во ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,19 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 7,19 поени, односно за 0,08%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,77 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
По престојот во францускиот Сен Тропе, Кети Пери и Џастин Трудо го продолжија летниот одмор на Јадранот и пристигнаа во Црна Гора. Двојката беше снимена за време на лежерна прошетка во Котор, а видеото набрзо привлече големо внимание на социјалните мрежи. Снимката од нивната прошетка беше објавена на страницата „Подгорички времеплов“, но наместо вниманието да биде насочено само кон познатата двојка, корисниците се забавуваа со начинот на кој ...
Британскиот актер Калум Тарнер се соочи со вистински тест на издржливост во популарната емисија „Hot Ones“, каде што гостите одговараат на прашања додека јадат пилешки крилца со сосови кои стануваат сè полути. Тарнер, кој неодамна стапи во брак со Дуа Липа, на почетокот делуваше прилично самоуверено и без поголеми проблеми ги совладуваше првите крилца. Меѓутоа, како што сосовите стануваа пожестоки, така стануваше сè потешко да ја сокрие ...
Побарувачката за американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“ силно порасна оваа година. Војната во Украина и ширењето на конфликтот на Блискиот Исток ги исцрпија залихите на пресретнувачки ракети. Украина итно бара дополнителни системи за одбрана од секојдневните руски напади со балистички ракети, но војната со Иран ги исцрпи арсеналите во САД и земјите од Персискиот Залив. Во исто време, некои европски земји ги чуваат преостанатите ...
Во денешниот руски напад врз Одеса, стадионот на „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб, беше оштетен. Гувернерот Олех Кипер потврди дека едно лице е повредено во нападот. Нападот се случил околу 15:30 часот, кратко откако воздухопловните сили предупредија за приближување на млазни беспилотни летала, пишува The Kiev Independent. 29-годишна жена која била на стадионот е повредена, и добила медицинска ...
Градежната оператива продолжува со реализација на инфраструктурните активности во Битола. По завршувањето на асфалтирањето на улицата „Козара“, денеска се асфалтирани уште две улици во близина на Здравствениот дом – „11-ти Март“ и „Панде Николов“. Од Општина Битола информираат дека станува збор за вкупна должина од 220 метри, каде претходно беше извршена реконструкција на водоводната и канализациската мрежа со финансиска поддршка од ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 40 километри на час. Во попладневните часови особено во северните делови, ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а ...
Легендарната романска гимнастичарка Надја Команечи се врати во Монтреал за да одбележи половина век од моментот со кој засекогаш го промени светот на гимнастиката. Денес 64-годишната спортска икона се потсети на Олимписките игри во 1976 година, кога како 14-годишно девојче стана првата гимнастичарка во олимписката историја што добила совршена оценка 10. Педесет години по историскиот настап, Команечи повторно го посети градот во кој го ...
Општина Карпош продолжува со реализација на активности за реконструкција и унапредување на урбаната опрема на детските игралиште и на јавните простори на своја територија. Во изминатиот период се работеше во УЗ Нерези, каде што е целосно обновена урбаната опрема на детското игралиште. Притоа реконструирани се детските реквизити, поставен е нов песок, со што ова детско катче доби нов, модерен лик. Исто така, во рамките на овој ...
Помина една година од смртта на Брендон Блексток, поранешниот сопруг на американската пејачка Кели Кларксон, а изминатите 12 месеци биле исклучително тешки за неа и за нивните две деца. Според извор близок до семејството, пејачката направила сè што може за да им помогне на 12-годишната Ривер и 10-годишниот Ремингтон „Реми“ да се справат со загубата на својот татко. „Ова беше неверојатно емотивна година за Кели и децата. Загубата на родител на ...
Млад турист од Македонија се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Турција. Тој со владиниот авион утре ќе биде транспортиран во земјава. „Министерството за здравство информира дека е обезбеден итен медицински транспорт за млад пациент од Македонија, кој се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Република Турција. По итна постапка и во координација со Владата, ...
Дац и Александар ги здружија силите со Маријана и Росана во новата песна „Засекогаш млади“, која премиерно беше објавена на 5 август, заедно со официјален видеоспот. Новата композиција носи ведар и позитивен дух, но и едноставна и силна порака за животот – да се искористи секој момент и да се ужива во него без оглед на годините. „Живеј го животот, зашто нема реприза“ е пораката околу која е изградена песната, потсетувајќи дека младоста не е ...
Уставниот суд утврди дека Основниот граѓански суд Скопје не ја извршил одлуката со која на новинарката Наташа Стојановска и беше утврдена повреда на слободата на јавно изразување во врска со настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Стојановска претходно, преку правниот застапник на ЗНМ, побара судска заштита поради тоа што државата не обезбедила соодветна заштита додека известувала од Собранието, но Основниот граѓански суд и ...
Технолошкиот гигант Apple продолжува да ја брани политиката за заштита на приватноста на своите корисници и одбива да им овозможи на безбедносните служби директен пристап до шифрираните податоци на клиентите. Компанијата поднесе тужба пред британскиот суд против барањето на Владата на Велика Британија со кое се бара пристап до заштитените податоци на корисниците на услугата iCloud. Станува збор за барање кое предизвика голема дебата околу ...
Шпанија ѝ даде рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли воведени за патниците од Шпанија, кои Мадрид ги смета за неправедни, дискриминаторски и спротивни на интересите на Европската Унија, пишува „Еуроњуз“. Доколку Рим не ја повлече одлуката, владата на премиерот Педро Санчез најави „пропорционални мерки“ за заштита на интересите на шпанските граѓани, без да прецизира за какви мерки станува збор. Италија привремено ги воведе ...
Во текот на оваа недела во земјата се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи се од Скопје: по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти. Кај 15 од нив инфекцијата е ...
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, информира дека општината интензивно работи на подготовка на проектна документација за повеќе инфраструктурни проекти кои се планира да се реализираат во наредниот период. Тоневски посочува дека покрај градежните активности на терен, особено внимание се посветува на подготовката на проекти во областа на водоснабдувањето, патната инфраструктура и канализацијата. Во делот на водоснабдувањето ...
Белата куќа предизвика бурни реакции меѓу обожавателите на Марвел откако го искористи ликот на Спајдермен за промоција на американската Служба за имиграција и царина (ИЦЕ), пишува „Еуроњуз“. На официјалниот профил на Белата куќа на Инстаграм беше објавена монтажа со опис „Вашите пријатели од соседството – агентите на ИЦЕ“, што е алузија на познатиот опис на Спајдермен како „пријателскиот Спајдермен од соседството“. Објавата содржи четири ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова. На средбата беше дискутирана традиционално блиската и пријателска соработка меѓу Северна Македонија и Словачка, со посебен акцент на континуираниот политички дијалог и словачката поддршка за европските интеграции на нашата земја. Гаши изрази благодарност за принципиелната поддршка од Словачка во процесот ...
Мигрантската криза во Сеута, шпанска енклава во Северна Африка, негативно влијаеше на дипломатските односи на европската земја со Мароко, па затоа првиот тим на Барселона нема да патува таму на пријателски натпревар. Тимот на германскиот стручњак Ханси Флик требаше да биде гостин на „Етихад Ријад“ во Танжер, но раководството на шпанскиот шампион донесе одлука да не патува, што можеше да се предвиди. „Со оглед на моменталната неизвесност и ...
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака по повод одбележувањето на 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, при што животите ги загубија десет прилепски бранители. Проданоски истакна дека нивната жртва останува длабоко врежана во колективната меморија на Прилеп и Македонија и порача дека тие никогаш не смеат да бидат заборавени. „Пред четврт век, десетмина наши прилепски бранители ги положија своите животи бранејќи ...