Во рамките на проектот “Newaves”, претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип беа во посета на студентското радио „УКЛО ФМ“, на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола. Беше презентиран проектот “Newaves”, кој е наменет токму за локалните радиостаници во земјите учеснички во проектот. „УКЛО ФМ“ е локално радио, но карактеристика за него, исто како и за Универзитетското радио „УГД ФМ“ е дека е во категоријата „непрофитни ...

Студентите и средношколците веројатно ги интересира профилот на новата министерка за образование и наука, Весна Јаневска. Со оглед дека под ова министерство се сите образовни институции во Македонија, да разгледаме која е новата министерка, која денес ја презеде функцијата. Јаневска е родена во 1958 година во Скопје, по професија е патолог и поранешен пратеник во Собранието. Таа е пензиониран професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот ...

УХМР со соопштение преупредува на тропските температури кои ќе ја зафатат Македонија во деновите што се пред нас. Од денеска до недела, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени. -Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни ...

Убиствата во Кратово, каде 36 годишна жена ги уби сопругот и свекорот, се и пораз на системот, со оглед на тоа дека до нив довела серија на пријавувања на насилство и нереагирање на надлежните. Платформата за родова еднаквост реагира на одлуката на Основното јавно обвинителство Куманово да започне постапка против 36-годишната В.И. од Кратово, која е жртва на семејно насилство. Сметаме дека во конкретниов случај станува збор за акт на ...

Електронско пријавување започнува од четврток (20 јуни) до вторник (25 јуни до 15 часот) , на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот. Фото: МИА Со цел да се оптимизира процесот за запишување во средните училишта, Министерството за образование и наука и оваа година овозможи електронско пријавување. Пријавувањето е преку линк до ...

Холокаустот е на некој начин енигма за милениумците и за генерацијата З, а Нетфликс со филм ќе се обиде да го промени тоа. И покрај безбројните документарни филмови, филмови, емисии и книги за Втората светска војна, дури 63% од американските милениумци и членовите на генерацијата Z не знаат дека 6 милиони Евреи биле убиени во Холокаустот. Ова го покажува истражувањето спроведено од Конференцијата во 2020 година за еврејските материјални барања ...

Речник на поими од медиумска писменост со игровни активности за усвојување, утврдување и примена на поимите од речникот промовираа тројца автори. Една од целите на овој проект е да се апелира до медиумските работници да се користат македонските термини, наместо најчестите англиски. Автори на овој речник и игровни активности се Елена Апостолова, Гордана Анастасова и Добри Јовевски. Тие на промоцијата апелираа до медиумите и вработените во ...

Партиската книшка не треба да е најмоќното оружје за младите лекари при вработување, а политиката треба да се оддели од здравствениот систем. Ова беше заклучокот од вчерашната панел-дискусија, на која учествуваа лекари од различни специјалности, а коа беше организирана од граѓанското здружение „Замисли“. Здрaвствениот систем сè почесто потфрла, а речиси секојдневно граѓаните се соочуваат со проблеми во болниците, клиниките и во другите ...

НАУКА ЗА ДЕЦА, Фондација КАНТАРОТ и семејството на спортскиот коментатор Александар Стиков, ја распишуваат наградата „Колега Стиков“. Оваа година, под мотото „Добриот глас надалеку се слуша“ во име на славниот глас на Стиков, со оваа награда ќе се закити најдобриот млад презентер на научна содржина. Повикот е наменет за ученици од основните училишта во Македонија, кои треба да направат видеопрезентација со должина до 5 минути во која ќе се ...

Електронски дневник ќе се применува во учебната 2024/25 година, во рамките на нов интегриран систем за електронска работа на училиштата. Министерството за образование и наука (МОН) со финансиска поддршка од ИПА фондовите на Европската унија изработи нов интегриран систем за електронска работа на училиштата, кој вклучува и нов електронски дневник, што официјално ќе се примени во текот на новата учебна 2024-2025 година, откако претходно ќе го ...

Social Day по четврти пат се одржа во Македонија, како ден во кој се среќаваат младите од една, и компаниите од дуга страна. „Активно граѓанство, солидарност, волонтирање, кариерен развој, општествена одговорност, младински фонд, поддршка, соработка, одржливост. Уникатен концепт, добро познат на глобално ниво, моќна алатка за солидарност и општествена одговорност, кој на 5ти јуни 2024г. по четврти пат ги обедини младите и возрасните во нашата ...

ЗНМ и УНДП ги доделија новинарските награди за креативност и новинарска етика, првата награда отиде кај Михаил Милошевски од 360 степени. Новинарот Михаил Милошевски од 360 Степени со темата „Бугарскиот клуб на Косово што го отвори Јотова – под клуч“ е добитник на првата награда за „Креативност и новинарска етика“ што ја доделува Здружението на новинари на Македонија во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Фото: ЗНМ ...

ФРЛЗ – Фондација за развој на локалната заедница – Штип, по трет пат ја организира Конференцијата за децентрализација и граѓанско учество во креирањето на локални политики. На Конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од новото истражување за вклученоста на граѓаните во креирањето на локалните политики, донесувањето одлуки, фискалната децентрализација, капацитетот на единиците на локалната самоуправа за управување на јавните средства и ...

Елена Андоновска , долгогодишна членка на Националниот ансамбл „Танец“ и студентка на Музичката академија на УГД, е позната по еден од најубавите вокали, како создаден за изворната македонска музика. Во последните години, токму во насока на зачувување и негување на македонската музика, култура и традиција, Андоновска во рамките на своите самостојни солистички активности, снима неколку албуми, во кои прави препев на макеоднски песни, познати, но ...

Учебната 2023/2024 година заврши за средношколците, додека учениците во основните училишта, согласно годинашната одлука за организација на наставата, до летниот распуст имаат уште една работна недела. Крај на учебната година на 17 јуни беше предвидено за сите ученици, но Министерството за образование и наука излезе во пресрет на барањето на Сојузот на средношколци. -Во Законот за основно образование се одредени точен број работни денови (180) ...

МОФ – Младинскиот образовен форум , денеска во Скопје организира конференција за образованието и младите по повод 25 години од основањето на организацијата. -Преку две панел дискусии, за време на настанот ќе направиме рефлексија за достигнувањата на организацијата и ќе дебатираме за иднината на образованието и улогата на младите во нашето општество. Говорници ќе бидат инспиративни панелисти кои биле или во моментов се дел од Младинскиот ...

Матурантите в сабота ќе го полагаат вториот, изборен екстерен испит од државната матура. Како и во минатите години, најмногу кандидати (13 198) се пријавени за тестот по Англиски јазик. Испит по Математика ќе полагаат 1356, за Германски јазик се пријавени 114, 37 за Француски јазик, 84 за Естетика и по еден кандидат за Руски јазик и за Филозофија. Минатата сабота матурантите го полагаа првиот, задолжителен екстерен испит – Мајчин јазик ...

Температурите константно растат, мај е 12-ти последователен месец во кој глобалната просечна температура достигна рекорд (за секој месец) врз основа на податоците од соодветниот месец. 12-месечната серија беше потврдена кога Светската метеоролошка организација (WMO) и Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство го објавија своето годишно ажурирање на климатските прогнози, кое ги обединува годишните и децениските прогнози на институциите ...

Минатата година, ако ученик беше „фатен“ со препишан дел од есејот по мајчин јазик на државната матура, есејот единствено беше бодуван со 0 поени. Но, годинава има ново правило, согласно кое ако се утврди препис во есејот, целиот испит да биде поништен. Ова објаснување за Мета.мк го дава Билјана Михајловска, директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), по информациите дека за време на полагањето на испитот во саботата, тестот бил фотографиран ...

Првото место за Најдобар фил(м)ософски есеј во рамките на сегментот Средношколска видеолектира му припадна на Методиј Стојанов од Средното Општинско Училиште „Славчо Стојменски“ од Штип. Наградата е во рамките на Едукативната програма на 14. Филозофски филмски фестивал – Скопје. Под менторство на професорката Данка Јовева, Методиј го освои првото место за есејот на тема: „СТРАВОТ, ПРЕДРАСУДИТЕ И СЛИКАТА ЗА ДРУГИОТ: КАКО ДА ГО ПРОНАЈДЕМЕ ...

Бројот на склучените бракови во 2023 година, во споредба со 2022, е намален за 1.6 % и изнесува 12672, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу бракови, 1597 или 12.6 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 730 бракови или 5.8 %. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.2 % за жените и 92.2 % за мажите. Во втор брак со учество од 7.0 % и во трет брак со учество 0.8 %, од вкупниот број склучени ...

Матурантите и годинава најдоа начин како да препишуваат на полагањето државна матура, и покрај одлуката полагањето да биде во поголеми простории. Исто како и лани, на Вибер група со речиси 7000 членови се споделуваа решенијата од испитот по мајчин јазик. Ова го објави телевизијата Канал 5, до која пристигнале фотографии од групата на кои, според тајмингот, се гледа дека матурантите уште пред почетокот на испитот го фотографирале тестот, а ...

Концерт во чест на Тоше Проески ќе се одржи на 6 јуни во 20 часот во Домот на млади во Штип, на кој познати македонски пејачи ќе ги изведуваат песните на Тоше, во придружба на ФИС бенд. -Концертот во чест на Тоше Проески ќе се одржи на 6 јуни, четврток, во Домот на млади во Штип. Во текот на целиот тој ден ќе има низа на активности. Од 10 до 16 часот ќе се организира крводарителска акција под мотото „Биди хуман како Тоше“. Во 19.30 започнува ...

Употребата на тутун кај нас е многу висока. Последните истражувања покажуваат дека процентуалната застапеност на население кое употребува тутун, нѐ става меѓу земјите во светот со најголеми стапки на граѓани – активни пушачи. Според истражувања на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45.4 отсто, со многу низок процент на луѓе – пет проценти, кои успешно се обиделе и откажале од пушење во последните години. ...

Со јавна презентација и дискусија Здружението ЛЕАД го започна проектот „Ко-менаџирани средни училишта“, иницијатива чија цел е трансформација на процесите на донесување одлуки во средните училишта низ Западен Балкан. Проектот се стреми да го подобри квалитетот на образованието преку воведување модел на заедничко управување што ги вклучува учениците во клучните процеси на одлучување. Фото: Здружение ЛЕАД Традиционалните практики на одлучување во ...

Речиси 15 илјади ученици што завршуваат средно образование, оваа сабота ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Новина во оваа учебна година е тоа што наместо во училници, тестовите ќе се полагаат во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање. Фото: ДИЦ Според податоците на Државниот испитен ...

Во тек е испораката на сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024/25 година. Процесот ќе биде заокружен на почетокот на јуни, така што учениците ќе ги имаат потребните учебници навремено, пред стартот на новата учебна година, информира Министерството за образование и наука (МОН). Постапката за печатење на новите учебници, како ...

Од 4 до 8 јуни, Велес ќе биде домаќин на третиот по ред спортски игри, настан кој нуди сè што ви е потребно за комплетно петдневно уживање. Спортски Игри Велес е уникатно и незаборавно прославување на пет различни спортови во исто време и на исто место со локација во Градскиот Парк-Велес. Одбојка на песок, мал фудбал, тенис, 3х3 баскет како и еспорт се спортовите во кои учесниците ќе имаат прилика да ги прикажат своите квалитети и воедно да ...

Државниот завод за статистика објави дека во 2023 година е намален бројот на дипломирани студенти во однос на 2022 година. Според податоците на Заводот за статистика добиени од пристигнатите извештаи, во 2023 година дипломирале 7 422 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите што е намалување за 0,81 проценти во споредба со 2022 година. Ректорат на Универзитет Гоце Делчев – Штип Од вкупниот број дипломирани ...

Ватикан изготви нов правилник за натприродни феномени, со построги правила за оценување на вистинитоста на тврдењата за разни „чуда“ и „привиденија“. Кога информациите за статути што плачат се лажни вести? Колку се веродостојни тврдењата дека света реликвија исцелила некого? Може ли да се потврди божественото привидување? Сето ова се прашања на кои се однесува новиот правилник на Ватикан за натприродни феномени, кој ја повикува Католичката црква ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1021
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1021
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
92%
1021
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
76%
1020
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.81
77%
1019
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
89%
1021
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
3.09
65%
1016
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1019
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
93%
1019
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
90%
1017
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
92%
1019
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
5.66
94%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.1363

Currency

70.0844

Currency

34.7749

Currency

37.9566

Currency

66.1215

Currency

7.47369

Currency

0.65487

Currency

0.34541

Currency

0.52507

Currency

1.25986

Currency

0.60028