Познатата пејачка Благица Павловска се појави на манифестацијата „Lazarov Awards“ во впечатливо сребрено издание. Но кулминацијата настана кога Благица заедно со Антониа Гиговска се качија на сцената и го запеаја нивниот заеднички хит. На социјалните мрежи веднаш испливаа детали од атмосферата што овие наши дами ја направија во салата, кога со песна ги кренаа сите на нозе. Благица потоа одржа и симпатичен говор пред гостите и бројните колеги ...

Младата пејачка Тина Русева која што публиката ја запозна преку шоуто „Гласот на Германија“ повторно ги воодушеви сите. Тина на манифестацијата „Lazarov Awards“ која деновиве се одржа во Скопје ја освои наградата во категоријата „Нова сензација“, а кога се појави на сцената направи атмосфера за паметење. Таа на сцената пееше и со Слаткаристика, кој ја најави како македонската Тина Тарнер, посебно заради нејзиниот моќен глас. Инстаграм/ Тина ...

Познатиот пејач се појави на црвениот килим на доделувањето на „Lazarov Awards“ во Скопје со својот брат и преубавата сопруга. Влатко Миладиноски позираше гордо покрај својата убава сопруга Кристина со која има две ќерки, Илина и Андреа. Тие оваа година слават 10 години брак, а љубовта ја крунисаа во 2016, а се запознаа неколку години претходно во Охрид. Фејсбук/ Влатко Миладиноски Пејачот на својот профил сподели неколку фотографии и се ...

Балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ на Инстаграм објави снимка од хотелска соба, каде што вечера со нејзиниот фризер Стеван. Како што вели, во еден период паднала на само 54 килограми, но денес има 62 килограми. Сепак, истакнува, дека и покрај тоа што има 8 килограми повеќе, дека е задоволна со линијата и дека успешно ја одржува тежината. Ако се прашувате што јаде Цеца за да биде згодна, одговорот го сподели нејзиниот фризер – млад ...

Познатиот холивудски глумец Џејмс Хенди (81), кој публиката го памти по улогите во филмовите „Топ Ган: Маверик“, „Џуманџи“ и „Арахнофобија“, трагично почина откако брутално беше избоден. Како што соопшти полицијата на Лос Анџелес, глумецот бил пронајден во средата утрото пред една куќа во Тарзана со стравична убодна рана на градите. Хенди итно бил пренесен во болница, каде што лекарите, за жал, можеле само да констатираат смрт. Главен ...

Стотици Македонци отидоа да се поклонат пред Чесниот Појас на Пресвета Богородица, а сега во тек се подготовките за свечено испраќање на појасот, кој ќе биде изложен во Храмот Свети Сава до 6 јуни. Според повеќевековната традиција и практика присутна во сите православни цркви, Чесниот Појас ќе биде подигнат на постамент, за да може верниците, поминувајќи под оваа светиња, да добијат благослов принесувајќи молитви за себе и за своите ближни, ...

Овој светец е познат по своите чуда и челична вера. Македонската православна црква и верниците денеска го одбележуваат денот посветен на Свети Михаил Исповедник. Свети Михаил Исповедник бил голем учител на христијанската вера и страдалник кој уште од раното детство го посветил својот живот на Бога. Свети Михаил Исповедник, епископ Синадски (+ 818), Фејсбук – Слово против сектите Заедно со својот соборец, Свети Теофилакт, тој се замонашил во ...

Влезот во Хрватска од 1 јуни е под построги правила за патници кои доаѓаат од земји надвор од Европската Унија, вклучително и од Македонија. Иако новите мерки најдиректно ги засегаат превозниците и компаниите, патниците мора да внимаваат на ограничувањата за внесување храна, цигари, алкохол и личен багаж. Личниот багаж не подлежи на скратена декларација, но важат одредени лимити за ослободување од царина и ДДВ. За патниците кои патуваат со ...

Речиси два месеци 150 вработени во леарницата за тешко железо „Кранфилд Фаундри“ во Неокази кај Пробиштип не зеле плата, реагираат вработени до ТВ Стар. Од Кранфилд Фаундри за телевизијата одговориле дека платата за месец април ќе се исплати до крајот на оваа недела, а платата за месец мај до крај на следната недела. „Точниот факт е дека доцнење постои единствено кај исплатата за месец април, што е резултат на доцнење на уплатите од нашите ...

Жена која отворено и емотивно зборуваше за своето турбулентно минато, но и за безгрижното детство во куќата на родителите на Водно. Станува збор за Бојана Скендеровски (моминско Атанасовска), која се прослави во раните 2000. години. Во емисијата зборувавме за тоа како Бојана запловила во музичките води, но се потсетивме и на деновите кога таа градеше кариера како водителка на нашите национални телевизии. Таа е позната по многу песни кои се ...

Во сабота, на 6 јуни, од 11:00 до 14:00 часот, во прекрасниот амбиент на Grizzly Igloos на езерото Козјак, брендот O’Plant и компанијата Подравка ве покануваат на O’Plant Day – уникатен настан посветен на движењето, здравата исхрана и балансираниот животен стил. Под мотото „Енергија. Баланс. Релаксација.“, посетителите ќе имаат можност да поминат низ три тематски зони и да уживаат во бројни интерактивни активности, дегустации и забавни ...

Летото е време за одмори, сонце, релаксација покрај базен и денови исполнети со леснотија. Но, кога температурите растат, а водата станува неизбежен дел од секојдневието, потребна е шминка која ќе остане на своето место. Токму затоа, водоотпорниот „мејкап“ е вистински избор за сите кои сакаат свеж, уреден и долготраен изглед – без разлика дали уживаат покрај базен, на плажа или во летна прошетка. Со внимателно избрани производи од dm марките ...

Нејзиното издание никого не остави рамнодушен Марјана Станојковска позната е по својот провокативен стил на облекување кој никого не остава рамнодушен. Така беше и овој пат кога оваа наша позната дама се појави на црвениот килим на Lazarov Awards 2026 и никого не остави рамнодушен. Инстаграм/ Марјана Станојковска Носеше долг тесен фустан, но странично речиси целосно беше отворен и се држеше само на неколку тенки ленти. Овие прорези се ...

Сопругата на Стефан Лазаров, никого не остави рамнодушен со своето издание со кое се појави на црвениот килим. Вчера на доделувањето на наградите на манифестацијата „Lazarov Awards“, сопругата на Стефан Лазаров го украде шоуто. И таа како и сите останати одлично се забавуваше на спектакуларниот настан, но и нејзиниот стајлинг привлече големо внимание. Инстаграм Имено, Марта која е во шестиот месец од бременоста изгледаше неодоливо во ...

Раскош и гламур на македонски начин Веќе и врапчињата на гранките знаат дека вчера во Скопје по втор пат се одржа манифестацијата Lazarov Awards 2026. Доделувањето на наградите се пренесуваше во живо на Јутуб каналот на Лазаров, а еден од највозбудливите моменти беше и на самиот почеток, додека пристигнуваа гостите и дефилираа на црвениот килим. Принтскрин/ Инстаграм Настанот се одржа во Restaurant Park by Ragusa Group каде вчера се ...

Изведбата на Елизабета ја погоди публиката право во душа! Македонскиот мелос уште еднаш покажа дека има моќ да ги отклучи и најдлабоките емоции на големата сцена во Белград. Русокосата Елизабета Ефтоска – Бети од Гостивар приреди вистински спектакл во шоуто „Никогаш не е доцна“, оставајќи го познатиот пејач Петар Митиќ во солзи уште пред да ја отпее првата нота. Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна Штом слушна дека Елизабета ќе ја изведе ...

Една од најнеизвесните емисии Помина уште една возбудлива и неизвесна ноќ во музичкото шоу „Ѕвeздите на Гранд“ која заврши со премногу емоции, солзи и неверување. Имено, двајца извонредни кандидати (од кои едниот од Македонија) мораа засекогаш да го напуштат натпреварувањето, и тоа на само еден чекор пред големото четвртфинале. По жестоката битка во маратонскиот бараж и тензијата која траеше до последната секунда, следуваше прогласувањето на ...

Во последната емисија од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ уште еден македонски дуел ги размрда страстите кај гледачите. Кога на сцена ќе се најдат двајца наши брутални таленти, жирито секогаш е на маки, а публиката пред малите екрани ужива во чист мерак. Овој пат во неизвесен дуел со резултат 3:2, Филип Александровски од Куманово и велешанецот Иван Милевски ги покажаа своите гласовни капацитети и буквално ја „запалија“ сцената. Принтскрин/ ...

Кога ќе стапнете во дворот на Габриела и Дејан Богдановски во Кадино, општина Илинден, првото чувство е како да сте зачекориле во некој друг свет. На површина од 400 метри квадратни, овој пар успеал да создаде вистинска оаза, каде што секој агол раскажува приказна за љубовта, посветеноста и креативноста. Цветна магија што го одзема здивот Габриела, која секојдневието го поминува како технички службеник, својот мир и релаксација го пронаоѓа ...

Доколку отсекогаш сте сонувале за живот на грчки остров, со поглед кон морето, тивки улици и опуштен медитерански ритам, сега можеби имате шанса тоа и да го доживеете. На островот Сирос во Грција се нуди можност за бесплатен престој на една од најубавите локации во Егејското Море, но постои еден важен услов – кандидатите мора искрено да ги сакаат мачките. Организацијата за заштита на животните Syros Cats објави повик за волонтери кои би ...

Светиот маченик Јован Владимир важи за првиот словенски светец на Балканот, чија безвременска љубовна приказна и маченичка смрт се случиле токму во Преспа. Православните верници денеска го одбележуваат споменот на Светиот маченик Јован Владимир, кнез на Дукља и владетел кој остана запаметен како исклучително праведен, побожен и сочувствителен човек. Неговото име е запишано со големи златни букви во историјата на Балканот, а неговиот култ ...

Матурантите од класот 3М5 во Машинско-сообраќајното училиште во Чачак приредија необично изненадување за својот класен раководител по повод завршувањето на средното образование. Наместо вообичаен подарок, учениците одлучиле да бидат оригинални и на својот професор му подариле сет фелни за автомобил, предизвикувајќи воодушевување и насмевки кај присутните. Овој несекојдневен гест брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што многумина го ...

Винарската визба „Тиквеш“ доби уште едно значајно меѓународно признание за квалитетот и начинот на управување со своите лозови насади, откако лозовиот насад Лепово се стекна со „Платинест статус на извонредност“ во рамките на годишната евалуација спроведена од меѓународниот експертски тим на Perleuve, предводен од реномираниот агроном и истражувач Џовани Бигот. Во конкуренција од повеќе од 2.200 мониторирани лозови насади од Италија и ...

„Џонсон Мети“ ги објави резултатите за крајот на фискалната година што покажуваат континуиран напредок во однос на стратегијата да стане фокусирана и агилна групација што генерира готовина. Компанијата оствари значително подобрување во генерирањето готовина и го одржа про-формарастот на основната оперативна добивка, додека маржите на „Clean Air“ се зголемија и имаше напредок во одлучувачките промени во портфолиото. Слободниот паричен тек се ...

Јагодите често ги нарекуваат „кралица на овошјето“, не само поради нивниот специфичен вкус, туку и поради импресивната концентрација на нутриенти во споредба со другото овошје. Според стручњаците, идеалната дневна доза е околу осум јагоди (четири ако се многу големи, шест до осум ако се поситни). Советот на нутриционистите е јагодите да се консумираат по главниот оброк, за полесна апсорпција на хранливите материи. Зошто јагодите се ...

Православните верници денеска го слават споменот на Светиот цар Константин и царицата Елена. Народот откако го прифатил христијанството, низ вековите, со одредени верски празници поврзувал и одредени верувања, па така конкретно со овој празник се поврзани многу моќни обичаи и чуда. Македонската православна црква и верниците денеска, на 3-ти јуни, го одбележуваат денот посветен на Светиот цар Константин и неговата мајка, царицата Елена. Овие ...

На социјалните мрежи се појави нов, „свет“ тренд кој ги освојува корисниците со молскавична брзина. Станува збор за т.н. „Библиска диета“, концепт кој е инспириран од исхраната опишана во Светото писмо, а зад кој стои моќна машинерија на христијански инфлуенсери кои заработуваат огромни суми од овој „божествен“ начин на слабеење. Што всушност јадат следбениците? Овој режим се темели на намирници кои биле достапни во античко време. ...

Доколку планирате одмор во некои од популарните дестинации во Италија, подгответе се за сериозен удар по џебот. Одморот на италијанското крајбрежје оваа година ќе ги чини туристите значително повеќе во споредба со лани. Според најновите истражувања, цените за изнајмување чадори и лежалки драстично пораснале во бројни популарни летувалишта, а некои цени толку се зголемени што едноставно ги шокираат туристите. Најголеми поскапувања се ...

Во Македонија во првото тримесечје од 2026 година останале непополнети повеќе од 10.000 работни места, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Овие бројки укажуваат на сè поизразен недостиг на работна сила кој веќе подолг период се чувствува во различни сектори од економијата, а сега станува структурен проблем што директно влијае на функционирањето на компаниите и на пазарот на трудот. Според деталната анализа, ...

Суботичката компанија ElevenEs започнува со изградба на својата прва фабрика за батерии за електрични возила во Европа, проект кој се реализира со поддршка од инвестицискиот огранок на Caterpillar. Во новиот производствен капацитет се планира да бидат вработени околу 250 работници, што го означува почетокот на една од најзначајните индустриски инвестиции во регионот. Процесот на вработување веќе започнал и ќе се одвива постепено, со цел ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
5.42
32%
1019
weather icon

Белград

30ᴼ / 28ᴼ
0.45
43%
1021
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
2.02
37%
1021
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.55
34%
1019
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
10.03
22%
1018
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
0.89
44%
1022
weather icon

Атина

36ᴼ / 34ᴼ
3.58
39%
1015
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
4.51
26%
1016
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
1.48
39%
1018
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 27ᴼ
3.13
44%
1017
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
4.02
35%
1021
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 28ᴼ
4.42
100%
1016
Currency

61.4762

Currency

54.0026

Currency

71.8984

Currency

37.7767

Currency

38.2417

Currency

65.9505

Currency

7.97427

Currency

0.69213

Currency

0.32987

Currency

0.52341

Currency

1.14058

Currency

0.56359

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.17

Кобалт

56.29

Платина

51505.50

Родиум

265243.66

Бакар

12.79

Цинк

0.00

Злато

130004.76

Рутениум

53852.50

Сребро

1842.30

Паладиум

40349.19

Калај

54.35