Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Добивај вести на Viber Илчо Ѓорѓиоски, поранешниот претседател на ФФМ, не е веќе во притвор. Тој е пуштен дома каде што ќе биде во домашен притвор во очекување на почетокот на судењето. Ѓорѓиоски депонирал банкарска гаранција од 500.000 евра се со цел да не биде веќе во притвор. Да потсетиме дека тој е обвинет поради финансиски малверзации. Ова значи дека истражната постапка е завршена и судењето може да почне. Инаку претходно и Муамед ...
Добивај вести на Viber Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица за злоупотреби во случајот „Државна лотарија“. Штетата е 507.632.173 денари, објави ОЈО. Побарана е мерка притвор од 30 дена за поранешниот директор Перпарим Бајрами кој е во бегство, додека за поранешниот вицепремиер Артан Груби е предложено продолжување на мерката куќен притвор. Останатите обвинети имаат обврска да се јавуваат повремено во ...
Добивај вести на Viber Според првичните истраги, 17-годишен ирски тинејџер починал за време на семеен одмор во Грција откако бил удрен од струја додека се туширал. Трагедијата се случила на 9 август на малиот егејски остров Кимолос. Младиот човек се струполил во бањата на куќата за која се верува дека неговото семејство ја изнајмило за време на престојот на островот. Полициски службеник задолжен за поширокиот егејски регион изјавил за Irish ...
Добивај вести на Viber Полицијата ја пронајде 15-годишната К.Ј. од Охрид, која вчера се оддалечила од својот дом и за која беше пријавено исчезнување. Од МВР информираат дека малолетничката била пронајдена денеска (13 август) во 12:20 часот на крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“ во Охрид, по преземени мерки и активности. Во содејство со Центарот за социјални работи, девојката била предадена на нејзините родители. Од рано утрово ...
Добивај вести на Viber Застарената грчка електрична мрежа може да биде значајна причина за најразорните пожари во земјата, покажуваат прелиминарните податоци од Грчката служба за истрага на пожари, како и наодите од истрагите спроведени по големите пожари. Според нив, дефектите во електричната инфраструктура можат да имаат непропорционално големи последици, особено во услови на силни ветрови и високи температури. Палеологос Палеологу, ...
Добивај вести на Viber Јапонија денес издаде „силен протест“ поради посетата на Владимир Путин на Курилските Острови, што е прв пат руски претседател да го посети спорниот архипелаг. Руските државни медиуми објавија дека Путин го посетил Итуруп, познат во Јапонија како Еторофу, еден од четирите острови во Курилскиот ланец што го бараат и Русија и Јапонија, објави Ројтерс. Јапонскиот министер за надворешни работи Тошимицу Мотеги изјави дека ...
Добивај вести на Viber Вкупно 13 пожари на отворен простор низ државата се регистрирани денеска до 13 часот. Од нив, девет се сè уште активни, два се под контрола, а останатите два се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, во општина Студеничани гори мешана шума. Ниска вегетација гори во општините Велес, Прилеп, Струга, Новаци, Македонски Брод, Могила. Ниска вегетација и багреми горат во ...
Добивај вести на Viber Вицепремиерот Александар Николоски на 25 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор најави дека деновиве ќе започне изградбата на автопатот Скопје - Блаце. „Денеска државата се гради да биде пропсеритетна преку силни инвестиции во инфраструктура, здравството, во образованието. Градиме модерна инфраструктура: За некој ден ќе почнеме да го градиме автопатот Скопје – Блаце. Интензивно се гради Тетово – ...
Добивај вести на Viber 96 дена неизвесност, страв и солзи, а потоа 269 дена исполнети со радост, прегратки и среќа. Малата Рита, најмалото бебе родено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, наполни една година. За својот прв роденден таа повторно дојде на местото каде што ја започна својата најголема животна битка, на Одделот за неонатална интензивна нега. Но овојпат не како пациент, туку како весело, разиграно и насмеано девојче кое со ...
Добивај вести на Viber Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 363 610 илјади денари, што е за 31.0 % повеќе во однос на истиот месец лани. Најмногу одобренија - 70, се издадени во Полошкиот регион. Од вкупниот број издадени ...
Добивај вести на Viber Вештачката интелигенција сè повеќе влегува во онлајн-купувањето, а трговците се подготвуваат за промена во која АИ асистентите ќе можат да препорачуваат производи, да избираат продавници и да иницираат плаќања во име на корисниците. Холандската платежна компанија „Адјен“ предупредува дека ваквиот начин на купување може да ја ослаби директната врска меѓу продавниците и нивните клиенти, особено ако потрошувачите почнат ...
Добивај вести на Viber Долгогодишниот директор на ТВ Алсат, Лирим Хајредини, е пронајден починат во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава порталот „4news.mk“. Според информации на порталот, станува збор за самоубиство. Местото го обезбедувало полиција, а телото ќе биде предадено на обдукција. Повеќе од 16 години Хајредини беше оперативен директор на првата национална телевизизија на албански јазик Алсат. Тој имаше видлива улога и ...
Добивај вести на Viber Петнаесетгодишната Кристина од Охрид е пријавена за исчезната. Семејството последен пат ја видело вчера околу 16 часот. Нејзината мајка Давида Јанеска за „Слободен печат“ вели дека ќерка ѝ, вчера попладнето околу 16 часот ѝ посочила дека ќе оди на плажа, но потоа телефонот ѝ бил исклучен. Случајот заедно со сопругот го пријавиле во СВР Охрид рано утринава во четири часот. - Носеше црна маица, широки сиви фармерки, црн ...
Добивај вести на Viber Граѓаните кои планираат да вложат во подобра изолација, нови прозори и врати, котли, топлински пумпи, сончеви колектори за топла вода, фотоволтаични системи или други енергетски ефикасни решенија, можат да добијат финансиска поддршка и грант до 20% од вредноста на инвестицијата. НЛБ Банка во соработка со Европската банка за обнова и развој обезбеди нова кредитна линија во износ од 4 милиони евра, наменета за поддршка ...
Добивај вести на Viber Не го разбирам мотивот и потребата да се шират (дез) информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата Еширихија коли. Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување, наведува токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при УКИМ д-р Андон Чибишев во објавата на неговиот Фејсбук-профил, по вчерашната паника околу исправноста на водата за пиење во Скопје. ...
Добивај вести на Viber Пред четири дена до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доствено известување за концентрација со која Проекс Интернационал Л.Л.Ц. од Приштина има намера да стекнe контрола врз „Тинекс Маркет“. Од КЗК ја известуваат јавноста дека е договорено и колку да изнесува трансакцијата, односно купувањето на извесниот удел. Под оваа косовска групација е синџирот на маркети „Интерекс“ како бренд кој што во иднина треба ...
Добивај вести на Viber Во вторник и среда (18 и 19 август 2026) е првиот рок за пријавување кандидати за студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за идни студенти во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти ...
Добивај вести на Viber Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии. Со резултат од 84,17 поени од можни 100, државата се вбројува меѓу земјите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и за управување со сајбер-инциденти. Напредокот е забележан и во ...
Добивај вести на Viber Како дел од платформата „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, преку која Flex Credit континуирано ја покажува посветеноста кон општеството надвор од своето основно работење, финансиското друштво организираше хуманитарна акција за донација на питка вода во Гостивар. Оваа иницијатива е уште еден чекор во потврдувањето на принципот дека бизнис успехот има смисла само кога му служи на општеството. Преку оваа ...
Добивај вести на Viber Под мотото „Lending Reimagined“, на 24 и 25 септември Скопје ќе биде регионална точка за разговор за иднината на микрофинансирањето, кредитирањето, вештачката интелигенција и новите модели на финансирање. Како може да се продлабочи соработката меѓу банките, штедилниците и небанкарските финансиски институции? Зошто небанкарското микрофинансирање е важно за финансиската инклузија и економскиот развој? На кој начин ...
Добивај вести на Viber Почетокот на месецов во Украина и Русија мина во публикација на истражувања, анкети, на јавното мислење, направени кон крајот на јули. Ако се оди на личностите, главниот заклучок од анкетите е дека во Украина народот, испитаниците, најмногу имаат доверба во генералите, додека во Русија тоа е претседателот Владимир Путин. Во анкетата на Центарот за социјални и маркетиншки истражувања, „Социс“, украинскиот претседател ...
Добивај вести на Viber Романската нуклеарна централа „Чернавода“ утрово започна постапка за контролирано исклучување на вториот реактор поради континуираниот и значителен пад на нивото на водата во реката Дунав. Како што е соопштено од компанијата „Нуклеарелектрика“, се очекува централата околу 11 часот по локално време да престане да испорачува електрична енергија во националниот електроенергетски систем. „Одлуката за контролирано ...
Добивај вести на Viber Повеќето луѓе не јадат доволно зеленчук и овошје, поради што ги чувствуваат последиците преку нарушено здравје. Во исто време, на нивите се одгледуваат сè помалку различни видови зеленчук, што исто така ја намалува разновидноста на нашата исхрана. Нова студија, објавена во списанието „Зборник на трудови на Националната академија на науките“, спроведена од меѓународна група експерти за исхрана, земјоделство и ботаника, ...
Добивај вести на Viber Двајца американски војници загинаа откако воен хеликоптер „АХ-64 Апач“ од базата Форт Худ се урна во поле во Тексас и предизвика пожар, соопштија денеска официјални лица. Хеликоптерот се урнал во округот Бел, стотина километри северно од Остин, главниот град на Тексас. Портпаролот на канцеларијата на шерифот на округот Бел, Клиф Колман, потврди дека двајцата војници загинале во несреќата. Добивај вести на Viber ...
Добивај вести на Viber Нови правила според Регулативата за пакување и отпад од пакување (PPWR) стапија на сила низ цела ЕУ, со цел подобра заштита на потрошувачите. „PPWR дополнително ќе помогне во справувањето со еколошките предизвици што ги претставува пакувањето и ќе ја направи Европа помалку зависна од увезените фосилни горива од кои речиси целосно се прави пластичната амбалажа“, се вели во соопштението на Европската комисија. „Мерките, ...
Добивај вести на Viber Visual Capitalist ја рангира Македонија на петтото место, како држава која брзо го губи населението. Пред нашата земја се Косово, Сент Мартин, Маршалските Острови и Молдавија. Лоша е состојбата и во регионот. Албанија се најде на 9-то место, Босна и Херцеговина(БиХ) на 14-то место, Србија е на 16-то место. На оваа листа, Бугарија е на 38-то место, а Грција е на 28-то место. „Има многу фактори кои придонесуваат за ...
Добивај вести на Viber На веб страната на Агенцијата за администрација осамнаа нови огласи со кои се бараат работници за неколку различни државни институции. Меѓу нив има четири огласи од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Првата позиција за која бараа кандидати Раководител на сектор за финансиски прашања и тоа за Управата за хидрометеоролошки работи. Кандидатите треба да имаат високо образвоение и тоа VI А според ...
Добивај вести на Viber Салаудин Арифи, бизнисменот од Кичево, му ја отстапи фирмата која поседува 10 отсто од акциите на ЗИК Пелагонија на семејството Панделески. Од минатиот месец Нова Агро Инвест, која има десет отсто од пакетот акции во најголемиот земјоделски коминат во земјата, е во сопственост на ТИМ Доо на Дејан Панделески и Снежана Георгиева. Претходно оваа фирма беше во сопственост на АС Сењак на Арифи. Акционерското друштво, кое ...
Добивај вести на Viber Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски синоќа потврди дека неколку луѓе се повикани на информативен разговор во полиција во врска со денеска проширените шпекулации дека водата во Скопје е загадена со бактеријата ешерихија коли. „Како што сум информиран МВР има повикано повеќе лица на информативен разговор и според мене мора да има одговорност за ова што се случува. Не може туку така да споделувате информации и ...
Добивај вести на Viber По објавеното видео и жестоките реакции во јавноста, градоначалникот на Сарај, Мухамед Елмази, синоќа објави дека е започнато чистењето со механизација на опасната депонија во Радуша за која се верува дека може да го загрози еколошки и изворот Рашче. „Во рамките на акциите за чистење на дивите депонии на територијата на Општина Сарај, во соработка со Град Скопје, спроведовме акција за чистење на дивата депонија во ...