Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Поранешниот сопруг на пејачката Емина Јаховиќ, познатиот турски пејач Мустафа Сандал синоќа објави фотографија на Инстаграм на која е со својата сопруга Мелис Сандал Сутшуруп. – Нашето дело под назив „Џејмс Бонд и неговата девојка“ – напишал покрај фотографијата, а обожавателите од Турција не кријат колку ја поддржуваат познатата двојка. View this post on Instagram A post shared by Mustafa Sandal (@mustafasandal24) Мустафа Сандал (56) ...
Слаткаристика ѝ приреди специјално изненадување на Каролина Гочева во нејзината родна Битола. Таа беше во публиката на неговиот настап во клубот „Голд Фелиција“. Кога забележал дека Каролина е меѓу гостите, Слаткар на посебен начин ѝ покажа колку ја цени, па ја пушти нејзината песна „Крај“. „Големата Каролина Гочева ми беше на концерт“, напиша Слаткаристика на снимката од моментот што ја објави на социјалните мрежи. Каролина потоа ја сподели ...
Лична и инспративна приказна за својот живот, сподели актерот Драган Спасов-Дац. Дац објави интересна фотомонтажа на која се прегрнува со својата помлада верзија, од времето кога имал дваесетина години. Фотографијата ја сподели со емотивен статус во кој замислува што би му кажал денешниот Дац на младиот Дац доколку има можност да се сретне со него. Во пораката тој зборува за грешките, животните лекции, љубовта и потребата секој миг да се ...
Маја Вукиќевиќ, која веќе неколку години живее во Австралија, сподели емотивен спомен на своја мајка. Таа отвори посебна страница на социјалните мрежи во спомен на мајка ѝ, оперската пејачка Милка Казакова Вукиќевиќ. Маја ја објави веста со фотографија и емотивна порака, велејќи дека сака на едно место да го зачува сето она што Милка го оставила зад себе. „Со многу љубов ја создадов оваа страница во спомен на мојата мајка, Милка ...
Легендарната народна пејачка Нада Обриќ зад себе има исклучително богата и успешна музичка кариера, но нејзиниот приватен живот со децении го привлекува вниманието на јавноста поради бројните невообичаени и турбулентни детали. По разводот од првиот сопруг со кого ги има ќерката Итана и синот Саша, пејачката во втор брак со Александар Аца Ивановиќ, кој траеше цели петнаесет години. Сепак, наместо класична брачна идила, овој однос беше ...
Десислава Радева е сопругата на актуелниот премиер на Бугарија, Румен Радев и поранешна прва дама на државата. Оваа титула 57-годишната Радева ја држеше од 2017 до јануари 2026 година. Радева стана актуелна за пошироката јавност откако почна да се појавува на важни настани облечена слично, а понекогаш и идентично со првата дама на САД, Меланија Трамп. Бугарските медиуми често прават објави на оваа тема споредувајќи фотографии помеѓу двете ...
Познатиот фолк-пејач Халид Муслимовиќ (65), кој на врвот на својата кариера важеше за еден од најголемите заводници на балканската естрада, предизвика вистински земјотрес во јавноста со своите најнови признанија. За време на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“, пејачот без воздржување зборуваше за интимните детали од својата младост, а поводот за тоа го даде неговата колешка Весна Змијанац. Таа се присети на неговата огромна популарност од ...
Српската пејачка Сања Вучиќ објави нова песна и музички спот снимен на Авала, а најголемо внимание привлекоа романтичните кадри во кои се појавува нејзиниот нов партнер. Во една исклучително емотивна сцена, Сања bosa во лелеава облека прегрнува мистериозен млад човек додека е јасно дека има посебна хемија меѓу нив. Иако неодамна првпат беа фотографирани заедно, пејачката сè уште вешто го крие неговиот идентитет од јавноста, но очигледно е ...
По 15 години песната „Од утро до мрак“ на ДНК и Магдалена Цветкоска-Ена си доби нова верзија. Новиот призвук со брз и модерен ритам е ремикс којшто ќе се вклопи одлично помеѓу помладата публика за оваа песна да продолжи да живее и меѓу следните генерации. Преработката е дело на DJ TOSHEVV, заедно со DJ Monarch, DJ Gokshata и DJ Naste. Прво да се постетиме на видеозаписот и оригиналната верзија на песната која и денес се врти на ...
Сузана Спасовска, златното грло на македонската народна музика, првенка на ансамблот „Танец“, денес полни 62 години. За публиката позната како „Сузе Национале“ или наследничка на Васка Илиева, нејзиното име веќе со децении е еден од столбовите на македонската народна музика. Сузана во една прилика се потсети на времето кога таа била мала и на нејзините први допири со музиката. – Кога сме оделе во маркетот да купуваме намирници, понекогаш кога ...
Пејачката Надица Адемов му се заколна на вечна љубов на својот партнер, бизнисменот Дамир од Германија, по неколку години заеднички живот, а сега се појавија и првите фотографии по склучувањето на бракот, пренесуваат српските медиуми. Парот тајно се венчал на 21 август во Скопје, во присуство на сведоци, по што веднаш ги спакувале куферите и заминале на патување за да уживаат во првите брачни денови. Надица и Дамир веќе имаат две деца, а по ...
Македонската модна дизјанерка Маја Кикириткова во телевизиско гостување јавно проговори за тоа кој македонски артист, според неа, изгледа најдобро. Според етаблираната дизјанерка младата и атрактивна Антониа Гиговска ја има титулата. – Ако зборуваме за физички изглед, според мене тоа е Антониа Гиговска. Од глава до пети секогаш е скоцкана. Зборуваме што изгледа соодветно со нејзината музика и години. Со одлична фризура, шминка, облека… ...
Македонскиот фолк-пејач Јордан Митев по бројните настапи одвои време за одмор со семејството, а еден од неговите најубави моменти со малиот син Кристијан го сподели и со своите следбеници на социјалните мрежи. Митев објави фотографија од плажа, на која е во сосема опуштено издание. Пејачот одмора на лежалка и се разладува со пиво, додека веднаш до него мирно спие неговиот син Кристијан. Митев и неговата сопруга Славица се родители на две ...
Поранешната куќна помошничка на Лепа Брена откри како изгледало да се работи во вилата на познатата пејачка на Бежаниска коса и каков однос има таа со снаата Александра Пријовиќ. Поранешната помошничка одлучила јавно да проговори за своето искуство во домот на Брена. Како што истакнала, од таа куќа носи исклучиво позитивни спомени, а за семејството Живојиновиќ има само пофални зборови. „Во таа куќа бев максимално почитувана и навистина немам ...
Пејачката Емина Јаховиќ издвоила околу еден милион евра за нов недвижен имот од 100 квадратни метри, со прекрасен поглед кон Босфор. „Емина е вистински номад. Не ја држи место, па речиси на секои две години се сели од едниот крај на Истанбул на другиот. Додека за другите луѓе преселбата е вистински кошмар, Емина обожава да го менува местото на живеење. Ѝ годи да го менува просторот и ентериерот во кој живее, а никако не ѝ одговара долго да ...
Сергеј Ќетковиќ и неговата сопруга Кристина, по долгогодишната борба за потомство, решиле да посвојат две девојчиња, Лола и Мила. Денес нивните ќерки се тинејџерки, а пејачот не крие колку тие го промениле и разубавиле животот на целото семејство. Сергеј еднаш во емисијата „Од профил“ кај водителката Весна Милановиќ отворено зборуваше за процесот на посвојување, за родителството и за растењето на неговите ќерки. Како што истакна, Лола и Мила ...
„Некои луѓе едноставно го имаат она што не може да се одглуми. Ти си една од нив.“ Вака гласеше еден коментар на фотографиите што ги објави Нина Бадриќ, а многумина се согласија со тоа. Пејачката во впечатлива сина комбинација изгледаше спектакуларно. Нејзиниот изглед го сочинуваат здолниште кое всушност изгледа како панталони, топ и долги ракавици во најпопуларната боја на сезоната, а целокупниот впечаток го надополнила со елегантна фризура ...
Македонската манекенка и поранешна водителка Сања Николиќ денеска го слави својот 44. роденден, а нејзиниот сопруг, раперот Марко Маринковиќ – Слаткаристика, јавно ѝ ја честита оваа посебна пригода. Тој објави видео од свој настап, на кое во еден момент ѝ приоѓа на Сања и ја бакнува пред публиката. Снимката ја придружи со кратка љубовна порака: „Среќен ти роденден, љубавино моја“, напиша Слаткаристика. View this post on Instagram A post ...
Уна Чолиќ, ќерката на регионалната музичка ѕвезда Здравко Чолиќ, го привлекува вниманието на јавноста со својот животен стил, а словенечкиот приморски град Порторож е една од дестинациите што очигледно одговараат на нејзиниот вкус. Уна летува во престижен хотел со пет ѕвездички сместен на самиот брегот. Гостите имаат пристап до приватна плажа, затворени и отворени базени, луксузен Rose Spa, ресторани и поглед на Јадранското Море. View this ...
Зек Хикерсон, братот на партнерот на починатата актерка Хејден Панетиер, се огласи по нејзината смрт и ги опиша последните моменти што ги поминал со неа. Во изјавата тој објасни дека тој и неговиот брат Брајан ја пронашле актерката без свест во апартман во Јужна Каролина и се обиделе да ѝ помогнат. Хикерсон рекол дека сака да „ја појасни својата улога во настаните што ѝ претходеле на нејзината смрт“, пишува „ТМЗ“. Опис на последните моменти ...
Српската пејачка Цеца Ражнатовиќ сподели со своите следбеници симпатично видео на Инстаграм, во кое одговараше на прашања за својот живот и личните преференции. Овојпат прашањата беа поставени според принципот „или – или“, па Цеца откри кои домашни обврски попрво ги избира, што повеќе сака да јаде, но и какви особини треба да има нејзиниот идеален партнер. Првото прашање се однесуваше на омилената гурманска храна. Пејачката требаше да избере ...
Ана Сашо, поранешната Мис Југославија, повторно докажа дека годините за неа се само бројка. Иако има 64 години, оваа безвременска убавица сè уште плени со својата младоликост и затегната фигура. View this post on Instagram A post shared by Ana Sasso (@sasso.ana63) Поранешната мис и југословенска убавица, Ана Сасо (64), објави видео од море каде што ужива во бикини, а попатно и потсетува на сè поради што порано по неа воздивнуваа многу мажи. ...
Ќерката на Харис Џиновиќ и Мелина, Џина Џиновиќ, ужива на крстарење со својата мајка и нејзиниот нов сопруг, на неговата луксузна јахта вредна 10 милиони евра. Деновиве тие се на грчкиот осторв Миконос, од каде што Џина често се огласува, а нејзините објави постојано предизвикуваат бројни коментари. Овој пат, Џина избрала бела комбинација со маица со прерамки за прошетка низ Миконос. Сепак, ништо кај овој стајлинг не е така едноставно. Имено, ...
Актерката Натали Портман досега одиграла бројни забележителни улоги, а една од најпознатите секако е онаа во психолошкиот трилер „Црниот лебед“. Со оглед на тоа што глумела балерина, морала напорно да тренира, а подоцна открила низ што сè поминувала подготвувајќи се за улогата на амбициозната Нина Сејерс. „Обично денот го започнувавме со шест километри пливање, краул и градно. Потоа следуваа два часа балетски вежби и тренинг за сила“, рекла ...
Популарниот хрватски пејач Јаков Јозиновиќ замина за заслужен одмор по бројните концерти и настапи. Јозиновиќ објави фотографии и видеа од својот одмор, на кои ужива на брод и во едрењето. „Најдобриот одмор досега со пријателите“, напиша пејачот заедно со фотографиите и видеата од едрењето со своите пријатели, меѓу кои се и четири девојки. View this post on Instagram A post shared by Jakov (@jakov.jozinovic) Јаков Јозиновиќ се пофали со ...
Познатата телевизиска авторка и водителка Рушка Јакиќ, која е препознатлива по својот впечатлив стил и интензивна шминка, ја одушеви јавноста откако сподели фотографија во целосно природно издание. Иако со децении ретко се појавува во јавноста без прецизно нанесена козметика, таа објави слика од третман на лице каде што јасно се гледа нејзиниот свеж и негуван тен. Фотографијата предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи, а ...
Ќерката на пејачката Гоца Тржан и Иван Маринковиќ, Лена Маринковиќ, се најде во фокусот на вниманието на социјалните мрежи откако се појавија нејзини фотографии на кои се забележува јасна разлика во изгледот на нејзиниот нос. Овие споредби покренаа бројни коментари и шпекулации дека таа направила естетска корекција, иако таа самата сè уште се нема официјално огласено по тоа прашање. Покрај шпекулациите за изгледот, Лена неодамна привлече ...
Младата актерка Аница Лазиќ, која на јавноста ѝ е позната и како партнерка на познатиот актер Лазар Ристовски, повторно привлече внимание на социјалните мрежи. Таа се огласи од еден белградски салон каде што отиде за да се разубави. Имено, неодамна Аница и Лазар уживаа во одморот во Грција, а сега таа одлучи да го освежи својот изглед. Таа објави селфи од фризерската фотелја, на која позира во елегантна комбинација – кафеав топ и кремасти ...
Пејачката Ребека Јанковска-Ристески со години е присутна на македонската музичка и јавна сцена, а покрај музиката, препознатлива е и по својата долгогодишна борба за подобри права и услови за лицата со попреченост и нивните семејства. Таа е мајка на три сина, а нејзиниот најстар син Маркијан има ретко заболување, туберозна склероза. Ребека низ годините отворено зборува за неговата состојба, за предизвиците со кои се соочува нивното семејство, ...
Поранешниот српски манекен Влада Вуксановиќ, кој во минатото беше во врска со пејачките Наташа Беквалац и Цеца Ражнатовиќ, привлече внимание со нови фотографии од плажа. Вуксановиќ на социјалните мрежи објави фотографии на кои позира во костим за капење и ја покажа својата мускулеста фигура. Објавата следува по веста дека се разведува од сопругата Дахиана, со која помина осум години и има две деца – ќерката Валентина и синот Теодор. По ...