Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Пејачката Милица Тодоровиќ ретко споделува детали од својот приватен живот, но овојпат направи исклучок поради посебен семеен повод. Имено, нејзината помлада сестра го прославува роденденот, а Милица по тој повод јавно ѝ упати емотивна честитка на социјалните мрежи. „Ова е твојот посебен ден. Среќен роденден на моето помало палавче и мојата убавица! Те сака сестра ти најмногу“, напиша пејачката покрај заедничка фотографија. Објавата брзо ...
Пејачката Драгана Мирковиќ моментално престојува на одмор во Шпанија, каде што ужива во убавините на оваа медитеранска земја. Друштво ѝ прави нејзината ќерка Мануела, која, како што откри самата пејачка, ја изненадила со ова патување. Драгана на социјалните мрежи не ја криеше среќата и откри дека токму нејзината ќерка ја одвела на заслужен одмор. View this post on Instagram A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic) „Какво ...
Пејачот Радиша Трајковиќ Ѓани бил принуден да го откаже вечерашниот настап во Битола, откако ненадејно му се слошило додека патувал кон Македонија. Како што самиот откри, неговата здравствена состојба се влошила на пат, поради што морал да се врати дома за да ја прими потребната терапија. View this post on Instagram A post shared by Next Level Event (@nexttlevel_event) Ѓани им се обрати на своите обожаватели преку видео-порака и им се извини ...
Групата „Бајага и инструктори“ ја основал Момчило Бајагиќ – Бајага во осумдесеттите години, а во повеќе од четири децении постоење бендот остави неизбришлива трага на регионалната музичка сцена. Неуморниот Бајага се подготвува за турнеја на јадранското приморје, а сега ја откри причината поради која сè уште настапува. ова лето ќе одржи три големи концерти на хрватското крајбрежје. „Се радувам на средбата со публиката на Јадранот, како и ...
Групата „Плави оркестар“ беше една од најпопуларните на просторот на поранешна Југославија, а еден од најголемите хитови што ги објавија е песната „Боље бити пијан него стар“. Фронтменот Саша Лошиќ Лоша откри интересна анегдота поврзана со оваа песна. Пејачот изјави дека пензионерите барале забрана на песната. – Никогаш не се лутев кога некој ќе напишеше лоша критика за нас. Напротив, Сојузот на пензионери на поранешна Југославија од Нови Сад ...
Познатата српска глумица Анѓелка Прпиќ моментално се релаксира на заслужен одмор во Црна Гора, каде што ужива во летните денови во друштво на својот сопруг, ќерката Чарна и синот Јакша. Папарацо-екипите ја уловија глумицата во сосема опуштено издание додека со семејството се одмораше на плажа. View this post on Instagram A post shared by Anđelka Stević Žugić (@andjelkap) Инаку, соседите од нејзиниот крај имаат исклучително позитивно мислење ...
Еден од најпопуларните српски актери од помладата генерација, Славен Дошло, често привлекува внимание со својот атрактивен изглед. Познато е дека меѓу неговите обожаватели има претежно дами, кои внимателно ја следат секоја негова објава на Инстаграм. Славен ужива во патувањaтa и престојот на егзотични дестинации, а сега сподели прекрасните фотографии што ги направил при посетата на Бали. Актерот се препуштил на шармот на индискиот остров, а ...
Популарната српска пејачка Јелена Карлеуша отворено проговори за приватниот живот, бизнисот и семејството, откривајќи дека нејзините ќерки Атина и Ника ѝ се најголема поддршка, но и дека моментно е во финансиски долгови поради реализацијата на нови музички проекти. Ќерките се главен маркетинг тим Карлеуша истакна дека нејзините тинејџерки се активно вклучени во промоцијата на нејзините нови песни преку социјалните мрежи, користејќи ги своите ...
Српскиот фолк-пејач Аца Лукас е познат по својот бурен живот, но деталите што ги откри во својата автобиографска книга „Ова сум јас“ ја шокираа јавноста. Пејачот призна дека ја изневерил својата прва сопруга, Светлана Цеца Вуксановиќ, токму на денот на нивната свадба. Свадбата се одржала летото 1991 година на сплавот „Лукас“, во присуство на околу двесте гости. Додека Цеца, која тогаш била бремена, блескала од среќа, Лукас призна дека го ...
Фолк-пејачот Слободан Слоба Васиќ се најде во центарот на нов скандал откако во јавноста протекоа пораки кои наводно ги разменувал со непозната девојка, и тоа во период кога секојдневно се шпекулира за неговиот развод од сопругата Јелена. Според пишувањата на српските медиуми, преписката настанала на крајот на јуни и почетокот на јули, а она што ја шокираше јавноста е фактот што пејачот ја поканил девојката во својот стан само пет дена по ...
Популарниот пејач Слоба Васиќ неодамна го прослави 35. роденден, но големо внимание привлече фактот што неговата сопруга Јелена Лела Васиќ не беше покрај него. Додека тој го славеше роденденот, таа заедно со нивната ќерка Марија престојувала во родното место во Босна, а ситуацијата дополнително ја подгреа нејзината Инстаграм објава со моќна порака: „на Моето дете утре ќе може да му кажат: ‘Мајка ти не ја сакаа сите, но никогаш не се плашеше ...
На денешен ден, 25 јули, е родена една од најпознатите и најсакани музички ѕвезди од овие простори, харизматичната македонска пејачка Љупка Димитровска. Со својот препознатлив младешки изглед, карактеристичните густи шишки и позитивната енергија, таа со право го носеше епитетот „вечно девојче“ на југословенската забавна музика. Иако долго време живееше во Загреб Од скопските улици до загрепските музички студија Родена во Скопје во 1946 ...
Ќерката на српската пејачка Гоца Тржан годинава матурираше и веќе ужива во најдолгото лето досега, пред почетокот на студиите. Лена Маринковиќ ги спакувала куферите, ја напуштила Србија, а сега се огласила од луксузна дестинација. Лена сподели фотографии од луксузното летување на својот профил на Инстаграм. Освен во песочната плажа и морето, Лена ужива во чист луксуз. Ќерката на Гота Тржан е сместена во луксузна вила со базен и прекрасен ...
Водителката Душица Јаковљевиќ, ги сумираше впечатоците по завршувањето на деветтата сезона на шоуто „Елита“. Таа неодамна купи нов стан, но за медиумите отворено говореше и за операцијата што ѝ претстои. Јаковљевиќ, која моментално е во процес на опремување на новиот дом, неодамна се најде на мета на критики поради изгледот на нејзиниот нос. Водителката никогаш не ги криеше естетските корекции што ги има направено на лицето и телото, а сега ...
По повод 60 години музичка кариера, легендарниот рок-музичар Дадо Топиќ објави книга со поезија насловена „За кој живот треба да се родам“, со која ги одбележува шесте децении творештво. Книгата, објавена во издание на „Пегаз“, содржи 60 внимателно избрани авторски текстови – по еден за секоја година од неговата богата кариера. Станува збор за стихови кои со години се пеат низ целиот регион, а сега првпат се собрани на едно место. Текстот за ...
Поп-пејачката Јелена Карлеуша се присети на почетоците од својата кариера и откри досега непознати детали за нејзината рана средба со Светлана Цеца Ражнатовиќ, која се случила уште пред Карлеуша да ја започне сопствената самостојна кариера. Карлеуша раскажа дека својот прв хонорар го заработила пеејќи придружни вокали за Милош Бојаниќ, а подоцна снимала вокали рамо до рамо со Цеца во студио. Шокантен коментар во студиото Поп-дивата откри ...
Босанскохерцеговскиот кантавтор Дино Мерлин неодамна гостуваше во емисијата „Конечно петок“ со Маја Ченгиќ, каде што во специјалното издание зборуваше за претстојните три концерти на стадионот „Кошево“. Посебно емотивен беше кога се спомена името на легендарниот Халид Бешлиќ. Во еден момент од интервјуто, водителката Маја истакна дека би сакала да се присетат на Халид, напоменувајќи дека пред неговиот последен концерт објавија заедничка песна ...
Речиси да нема човек што не го полазуваат морници од звуците на големи хитови на Јадранка Стојаковиќ „Све смо могли ми“ и „Што те нема“, а по трагедиите што ја снајдоа, овие песни добија уште подлабока емоција. Јадранка Стојаковиќ имаше толку горчлива животна судбина што многумина зборуваа дека нејзините песни станале вистинско проклетство. Беше сопственичка на автентичен и исклучително богат глас, живееше скромно и го правеше она што ...
Модната дизајнерка Маја Кикириткова, освен што успешно ја гради својата модна приказна, знае и да смисли оригинален подарок за своите најблиски. За 40-роденден на сопругот Александар решила да му купи скара. За доживувањето да биде целосно, решила сама да ја монтира, а целиот процес го објави на инстаграм-стори. Прво ја обоила дрвената платформа за да ја подготви за прославата на роденденот. Потоа почнала да ја монтира скарата. „Почнав да ја ...
По одржувањето на концертот на пејачот Аце Лукас во Никшиќ, Црна Гора, се случила масовна тепачка, поради што полициските сили реагирале и уапсиле неколку учесници во инцидентот, пишува српски „Телеграф“. Надлежната дежурна служба на Одделението за безбедност на Никшиќ, примила повик околу 1:20 часот по полноќ поради тепачка на настапот на Аца Лукас. На местото на настанот биле затекнати неколку лица кои го нарушувале јавниот ред и мир. Се ...
Македонската актерка Јелена Јованова Периќ, која на нашата публика ѝ е најпозната по улогата на Јелена од Драчево во серијата „Преспав“, во 2015 година се омажи за хрватскиот колега Стјепан Периќ, со кого се запознале на заедничкото снимање на серијата „Тајни“. Периќ во интервју за „Нет.хр“, отворено зборуваше за приватниот живот со Јелена и откри дека токму таа му е најголемата професионална поддршка, но и најискрен критичар. „Еден на друг ...
Хрватската пејачка Нина Бадриќ отпатува во Лондон за да присуствува на концертот на својот омилен музичар Бруно Марс, а по спектаклот не го криеше воодушевувањето. Веднаш по настапот, таа се огласи на социјалните мрежи и сподели дел од атмосферата од концертот, откривајќи дека ова бил првиот концерт за кој лично купила билети во делот веднаш до сцената. View this post on Instagram A post shared by Nina Badrić (@badrich) „Добар ден на сите, ...
Александра Пријовиќ пред настапот во Црна Гора разговараше со медиумите и отворено зборуваше за семејството, децата, враќањето на сцената, новиот албум и односите со колегите од естрадата. Пејачката откри дека во последниот период работи помалку од порано, а најтешко ѝ паѓа разделбата од ќерката, која наскоро ќе наполни една година. „Во последно време не работам толку многу, тоа и самите го знаете. Мене ми е потешко будењето секоја ноќ со ...
Македонската модна дизајнерка, инфлуенсерка и сопственичка на модниот бренд „Митрофф“ емисијата „Полиграф“ отворено зборуваше за својот приватен живот. Таа често е мета на критики и озборувања, па и со ова нејзино јавно појавување не помина незабележана. Љупка Митрова пред полиграф откри за што била казнета: Љубител сум на брзо возење, а со „порше“ се вози брзо По бројните негативни коментари што беа упатени кон неа, се огласија многу ...
Популарниот пејач Адријан Гаџа не одолеа да ја сподели радоста на еден татко со јавноста и на својот профил на Инстаграм сподели фотографии со својот син. Гаџа стана татко на 8 мај оваа година, само три месеци откако ја криунисаа љубовта со својата избраничка. Малиот Гаџа насмеан и дотеран во летна облека сочинета од ленена кошула во бела боја и ленени небесно сини панталони потсетува многу на својот татко. Пејачот гордо го држи своето синче ...
Пејачката Едита Арадиновиќ, која неодамна стана мајка, сподели прва фотографија со таткото на својата ќерка Зоиа, направена во породилиштето. Едита се породи вчера и на свет ја донесе малата Зоиа, а по породувањето се огласи на социјалните мрежи за да им се заблагодари на сите за честитките и убавите желби. Набрзо потоа, пејачката објави и фотографија на која ја држи својата ќерка во раце, додека покрај неа стои таткото на девојчето. Според ...
Популарниот музичар од Србија Ѓорѓе Давид, познат како еден од најелоквентните членови на жирито на Ѕвездите на Гранд, проговори за страотната сообраќајна несреќа што му се случи пред две години во Македонија, во која животот го загуби една жена. Давид многу ги сака Македонците и Македонија и тоа често го кажува и јавно. Доказ за тоа се и успесите на нашите натпреварувачи на кој тој им е ментор, а стигнуваат до првите места. Судот одлучи ...
Софија и Јаков Спасови постојано покажуваат дека нивните миленици се рамноправен дел од семејството. Брачниот пар, заедно со двете ќерки, му го прослави роденденот на кучето Кара, а убавите моменти ги споделија со своите следбеници на социјалните мрежи. На Инстаграм објавија видео од прославата, придружено со кратка, но емотивна порака: „Среќен роденден, Кара наша. Те сакаме бесконечно.“ View this post on Instagram A post shared by Sofija ...
Неколку месеци пред закажаниот концерт на Јелена Карлеуша во Скопје, на социјалните мрежи се појави онлајн петиција со која се бара нејзиниот настап да биде откажан. Во петицијата, чии фотографии се споделуваат на интернет, се наведува дека причината за ваквото барање е тврдењето дека пејачката наводно промовира сатанизам и ги навредува верските чувства. Засега не е познато колку луѓе ја поддржале иницијативата, ниту дали таа има каков било ...
Пејачката Ружица Брчиоска од групата „Ареа“, која живее во Гостивар, се огласи на социјалните мрежи поради актуелната криза со загадената вода за пиење во градот. Освен што ја поздрави дистрибуцијата на чиста вода за граѓаните, таа предупреди и на уште еден проблем кој, според неа, не смее да се занемари – големото количество пластичен отпад што секојдневно се создава. Брчиоска посочи дека жителите во моментов зависат од флашираната вода, но ...