Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Македонија ќе има своја претставничка на изборот за Мис на светот 2026, а честа годинава ѝ припадна на дваесетгодишната Ева Величковска, која ќе се натпреварува на еден од најпрестижните светски избори за убавина, што ќе се одржи во Виетнам. Веста ја соопштија од организацијата „Мис Македонија“, која ја поседува лиценцата за националниот избор. Заедно со фотографија од Величковска во елегантен црвен фустан, ѝ посакаа успешна подготовка и ...
Пејачката Едита Арадиновиќ неодамна ја доби својата прва ќерка, на која ѝ го даде името Зоиа, а сега сподели дел од секојдневието со новороденчето и откри како се снаоѓа во улогата на мајка. Откако со следбениците ги сподели моментите од породувањето, како и првата ноќ дома со бебето, Едита овојпат покажа и како изгледа нејзиното искуство со доењето. „Ситуацијата е следна. Не купувам дохрана, ја дојам. Зорица (тоа ѝ е уметничкото име) е ...
Популарниот водител и актер Тарик Филиповиќ изненади со несекојдневна улога на свадбена церемонија во Бока Которска и предизвика бројни реакции. Тој за кратко време се најде во улога на матичар, што очигледно им се допадна на присутните, но и на идните младенци. Иако ретко открива детали од приватните семејни моменти, токму оваа необична улога на свадбата на неговата внука Самра и нејзиниот партнер Урош стана хит на социјалните мрежи. На ...
Пејачката Тамара Тодевска сподели дел од своите летни авантури со партнерот, Лука Радовиќ. На најновата Инстаграм-приказна таа објави фотографија како се вози на мотор со својот сакан, по патот што минува покрај Охридското Езеро. И двајцата се со заштитни кациги и „моторџиска“ кожена облека, а во позадина се доловува магијата на охридското крајбрежје. Тамара го означи Лука Радовиќ во објавата и додаде бело срце, без дополнително објаснување, ...
Поп-фолк пејачот Азис повторно ја разбранува јавноста со серија шокантни и контрадикторни изјави на социјалните мрежи. Познатиот изведувач објави дека работи на проект поврзан со НАСА, а кога обожавателите го прашаа за повеќе детали, тој категорично ги одби со објаснување дека станува збор за строга тајност. Во музичките кругови веднаш започнаа коментари дека ова е многу пригоден изговор за привлекување внимание, бидејќи никој не може да ...
Водителката и музичарка Сузана Турунџиева на социјалните мрежи сподели фотографии и емотивна порака по повод 10-годишнината од смртта на нејзиниот сопруг Марјан. „Ова утро се навршуваат 10 години без тебе Марјане, во кои твоето отсуство го чувствуваме секој ден … Времето лета, децата пораснаа, добивме и внуци, но љубовта, спомените и трагата што ја остави во нашите срца, остана засекогаш. Многу ни недостасува твојата насмевка, хумор, твоите ...
По една многу емотивна вечер, кантавторот Дарио ја отвори душата и раскажа што му се случило во Струга. По повеќе од две децении пауза, Дарио Панковски повторно настапи во Струга, а впечатоците од концертот ги сподели во емотивен статус на социјалните мрежи. Пејачот признава дека пред концертот немал големи очекувања, но, како што самиот вели, тоа била „огромна грешка“. Во преполното „Галеб-Пливалиште“, според Дарио, се случила вечер ...
Гоце Тодоровски, кој почина вчера на 75-годишна возраст, никогаш не можеше да ја преболи смртта на својот голем пријател актерот Ванчо Петрушевски, кој почина на 25 август 2018 година на 67-годишна возраст, по несреќен случај од струен удар во неговата викендичка во Орешани. Во емисијата „1на1“ од 2018 година, Гоце Тодоровски со големи емоции зборуваше за својот долгогодишен пријател и колега, откривајќи дека токму тој е човекот кој го ...
Таткото на пејачот Влатко Лозаноски – Лозано го прославои јубилејниот, 70. Роденден. Фотографии од семејната прослава на социјалните мрежи објави неговата сестра Марија Лозаноска, професорка по македонски јазик, лекторка и авторка, која често споделува семејни моменти со своите следбеници. На фотографиите дедото Злате е во друштво на својот внук Марко, синот на Лозано кој во октомври ќе наполни две години. Малиот Марко му помогна да ги ...
Естрадната двојка Миле Китиќ и Марта Савиќ веќе извесно време уживаат во луксузот на нивниот нов дом на Авала, каде што се вселија изминатата година. Пејачката сега сподели кадри на социјалните мрежи и покажа како ги минува топлите летни денови. Марта на Инстаграм објави видео од пространиот двор каде што во прв план е импозантниот базен, покрај кој ужива во сонцето и одморот. Романтичната атмосфера ја надополни со музика, каде во позадина ...
Другарот од детството на Тоше Проески, Стерули Штерјоски, со револт реагираше по најавата за овогодинешната манифестација „Траг у бескрају“, која од 26 до 31 јули ќе се одржи во Вела Лука, Хрватска, во чест на легендарниот Оливер Драгојевиќ. Шестдневната програма ќе опфати концерти на познати музички имиња, настап на деца кои ќе ги пеат песните на Оливер, промоции на книги посветени на неговото творештво, хуманитарен фудбалски натпревар и ...
Повод осмиот роденден на малиот Жељко, синот на Миљана Кулиќ и Иван Маринковиќ, реалниот учесник откри дали се слушнале и кога планираат повторно да се сретнат по неговото излегување од шоуто. Жељко денес го прославува својот осми роденден. Додека социјалните мрежи се преплавени со честитки и фотографии, Иван потврди дека веќе го контактирал синот и најави скорешна средба. За потсетување, Маринковиќ пред неколку дена во суперфиналето го освои ...
Со недели се шпекулираше за емотивната врска помеѓу младиот хрватски пејач Јаков Јозиновиќ и неговата колешка, босанската пејачка Џејла Рамовиќ, особено по фотографиите на Инстаграм од брод, на кој Јаков се бакнува со девојка која неверојатно личи на пејачката, објави српски „Курир“. Никој од нив не се огласуваше по овој повод, тие настапуваат низ целиот Балкан, меѓутоа, сега се појави ново видео кое дополнително ги разгоре сомнежите. Едно ...
Познатиот глумец Раде Шербеџија е роден на денешен ден пред 80 години. Во текот на долгогодишната кариера соработувал со многу славни личности и честопати е расположен да споделува со јавноста интересни анегдоти и случки. Во една прилика Шербеџија раскажа дека Шарлиз Терон била воодушевена од неговото јагнешко. Со Терон започнал да се дружи кон крајот на деведесеттите, кога заедно го снимале филмот „Mighty Joe Young“. „Доаѓаше кај нас дома. ...
Пејачот Сашо Нојкиќ, попознат како Цаки „Кисми“, има голема причина за славење. Неговиот син Дарио ја запроси својата долгогодишна партнерка Ангела за време на романтичното патување во Сицилија. Запросувањето се случило во Палермо, на плоштадот „Пјаца дел Парламенто“, каде Дарио клекнал на едно колено и го поставил најважното прашање. Романтичната атмосфера пред катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ го направила моментот уште ...
Миа Костова јавно проговори за содржините што денес стануваат вирални на социјалните мрежи и порача дека големиот број прегледи и следачи не секогаш значи вистинско влијание, професионализам или успешна соработка со брендовите. Костова објасни дека во изминатите денови била помалку активна на Инстаграм, поради што повеќе време поминувала како набљудувач на содржините што се објавуваат и споделуваат. „Да бидам најискрена, што сè е денес ...
Момчето на познатата пејачка Тања Савиќ, Мухамед Муки Бешиќ, кој по професија е пилот, сподели видео од спортски авион додека лети над Босна и ја пее познатата песна од Кеба. Муки е 11 години помлад од Тања, а нивната врска трае веќе четири и пол години. Тој одлично ги прифати нејзините синови како да се негови. Летање со песна над Босна Мухамед Муки Бешиќ на својот Инстаграм профил покажа како минува еден од неговите летови во родниот крај. ...
Српската актерка Анѓелка Прпиќ јавно му го честиташе роденденот на својот сопруг Марко Жугиќ, па објави низа емотивни заеднички фотографии. Анѓелка сподели неколку фотографии со својот сопруг Марко Жугиќ, со кого ја има ќерката, Чарна. Актерката сподели серија заеднички фотографии од патувањето на разменуваат нежности, а многумина коментираат дека изгледаат како заљубени тинејџери. „На моето момче му е роденден“, напиша Анѓелка. Инаку, ...
Македонската фолк-пејачка Андријана Ацевска (43) се пофали дека го направила следниот голем чекор во љубовта. Таа доби романтична понуда за брак за време на одморот во Флогита, а среќната вест ја сподели со своите следбеници на Инстаграм. Со емотивната порака: „Кажав да… во овој живот и секој нареден“, Андријана откри дека му рекла „да“ на својот сакан Дино, објавувајќи фотографија од вереничкиот прстен и нивниот романтичен момент покрај ...
Организацискиот одбор на манифестацијата „Какањски дани 2026“ објави дека, во договор со тимот на босанската пејачка Џејла Рамовиќ, е донесена одлука за одложување на вечерашниот концерт планиран во рамките на оваа традиционална културно-спортска манифестација. Како што е наведено во соопштението, на предлог на Џејла Рамовиќ и нејзиниот тим, кои покажале големо разбирање, емпатија и почит кон жртвите од трагичната несреќа на планината Елбрус ...
Северина на социјалните мрежи покажа како изгледа нејзината рутина по концертите, а нејзината објава ги насмеа и освои симпатии кај следбениците. Хрватската пејачка откри дека по напорните настапи најмногу ужива во едноставни моменти, а овојпат нејзиното „галење“ по концертот било обичен сендвич. View this post on Instagram A post shared by Severina (@severina) На фотографиите Северина позира на маса облечена во бела наметка, со насмевка го ...
Српската пејачка Едита Арадиновиќ пред неколку дена стана мајка, а сега со својата новородена ќерка Зоија пристигна дома од породилиштето. Едита, која доби дете со поранешниот партнер Ненад Стевиќ, првпат се оствари во улогата на мајка, а радосната вест ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи. Според објавите, пејачката и бебето веќе се дома, каде што ги пречекало семејството. Нејзината сестра Инди, со голема радост, објави ...
На српскиот рапер Десингерица му се слошило по настапот што го имал во Будва, по што бил пренесен во итна медицинска помош. Контроверзниот музичар, чие вистинско име е Драгомир Деспиќ, во изминатиот период престојува на црногорското приморје поради серија закажани настапи. Ноќта по еден од настапите, неговата состојба се влошила, па медицинските лица морале да интервенираат. Тој бил однесен во итна помош, каде што персоналот веднаш реагирал ...
Пејачот и кантавтор Александар Тарабунов – Тара ја оживеа песната „Прва љубов“, која во 1973 година на Скопскиот фестивал ја испеа неговиот татко Ванчо Тарабунов. Песната е објавена вчера (26 јули) на одбележување на годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година. „Оваа песна е поклон за мојот град Скопје, за градот што нè научи дека и по најголемите урнатини може повторно да се роди живот, надеж и љубов.“ – напиша ...
Емина Јаховиќ повторно успеа да крене голема прашина на социјалните мрежи и да ја изненади јавноста со најновите објави. Пејачката на својот профил на Инстаграм сподели серија фотографии на кои ужива во друштво на најблиските членови на семејството, меѓу кои била и нејзината сестра Сабина. Сепак, еден детаљ од фотографиите веднаш го вжешти интернетот и стана главна тема на разговор. Емина блескаше во тесен, припиен фустан кој ја истакнуваше ...
На 75-годишна возраст, по долга борба со здравствените проблеми, почина Гоце Тодоровски, актерот кој со децении беше вистински симбол на македонскиот хумор, театар и телевизија. Неговото име засекогаш ќе остане синоним за култните „Македонски народни приказни“, каде преку автентичните ликови, со топлина и харизма, помогна народното творештво, традицијата и македонскиот збор да допрат до секој дом. Веста за неговата смрт ја потврди неговото ...
Пејачката Рада Манојловиќ постави нов рекорд по посетеност на манифестацијата „Културно лето“ во Свилајнац, соборувајќи го рекордот што остана ненадминат цели десет години. На нејзиниот концерт, одржан во петокот вечерта на централниот плоштад „Стеван Синѓелиќ“, присуствувале повеќе од 6.000 посетители, што претставува најголема посетеност во историјата на оваа традиционална манифестација, на која низ годините настапувале бројни познати ...
Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ се познати љубители на луксузни пловила, а летните месеци редовно ги поминуваат крстарејќи по Јадранот. По одморот во Црна Гора, деновиве допловија и до хрватскиот брег, поточно до Опатија. Брена и Боба својата претходна јахта ја заменија со поголемо и пораскошно пловило долго 26 метри. Јахтата „Лејди Би“ („Lady B“), која се простира на две палуби, е опремена како најлуксузен апартман на ...
На 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес, Драган Мијалковски сподели емотивна посвета за Скопј, градот кој останал негова вечна инспирација. Пејач со стихови му се обрати на Скопје, градот во кој е роден и со кој го поврзуваат бројни спомени. Во песната Мијалковски ја опишува длабоката поврзаност со родниот град, потсетувајќи дека Скопје секогаш останува дел од него, без оглед на времето и местото каде што се наоѓа. „Во тебе сум роден, ...
Хрватската пејачка Дорис Драговиќ ги изненади своите следбеници со ретка фотографија од осумдесеттите години, на која позира прегрната со својата долгогодишна пријателка и колешка Весна Змијанац. Двете пејачки се познаваат уште од почетоците на своите музички кариери и често настапувале и се дружеле за време на турнеите низ поранешна Југославија. Дорис фотографијата ја сподели на социјалните мрежи, означувајќи ја Весна Змијанац и додавајќи ...