Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Македонската поп-пејачка Каролина Гочева сподели нови фотографии од својот летен одмор, а нејзиниот природен и младолик изглед веднаш го привлекува вниманието. На фотографиите 46-годишната пејачка позира во опуштено летно издание, со собрана коса и речиси без шминка, покажувајќи го своето негувано лице во сосема природно издание. Каролина отсекогаш важела за една од најубавите македонски пејачки, а новите фотографии се уште еден доказ за ...
„Нема да бегам“ е новата песна на Тамара Грујеска, еден од највпечатливите млади вокали на македонската музичка сцена. Композицијата ја покажува нејзината зрелост како изведувач и нејзината желба преку музиката да раскажува искрени приказни. Со моќен вокал, модерна продукција и впечатлив видеозапис, песната претставува ново поглавје во нејзината музичка кариера. Зад оваа музичка приказна стои тим од докажани професионалци. Музиката и ...
Весна Ѓогани ужива во својот двомесечен одмор на црногорскиот брег, а секогаш когаобјавува фотографии од плажа, на следбениците им „паѓа вилицата“. Овој пат таа позираше во црвено бикини, а фотографијата ги „запали“ социјалните мрежи. Поради минијатурното бикини нејзините совршено извајани стомачни мускули и бујни гради веднаш дојдоа во прв план. Весна врза црна марама на колковите, како еден вид моден детаљ. Пејачката ужива во одморот со ...
Хрватската пејачка Маја Шупут (46) е една од најбогатите естрадни уметници во овој регион, а воедно и најзгодната. Сега таа споделила фотографии од одморот и воодушевила со совршената фигурата. Овој пат, Маја избрала бело бикини, а додека позирала во плитко, нејзините стомачни мускули дошле во преден план, како и бујните гради. View this post on Instagram A post shared by majasuput (@majasuput) Раскина со 19 години помладиот Шиме Врската ...
Џансевер Далипова, една од најпрепознатливите ромски музички уметници од Македонија, почина по тешка болест, објави „ЕС Ромапрес“. Во текот на својата долгогодишна кариера таа остави силна трага на Балканот, во Турција и меѓу ромската дијаспора ширум Европа. Џансевер беше текстописец, композитор и изведувач со исклучително препознатлив глас и сценски идентитет. Џансевер Далипова е родена на 8 јули 1967 година во околината на Велес, како ...
Сопругата на српскиот актер Сергеј Трифуновиќ, Исидора Мијановиќ Трифуновиќ, се најде во центарот на вниманието по инцидент што се случи во трговски центар во Белград, за кој, според локалните медиуми, ѝ се заканува кривична пријава за кражба. Според првата верзија за настанот што ја објавија српските медиумите, Исидора по излегувањето од продавницата го активирала безбедносниот аларм, поради што реагирало обезбедувањето и ја повикало ...
Македонската пејачка Ивона Јовановиќ, која на јавноста ѝ е позната по сценското име Ивона Јо, го прослави својот јубилеен 30-ти роденден. Во објавата на нејзиниот инстаграм-профил, Ивона откри дека роденденот го прославува на местото каде отскогаш посакувала да биде – на сцената пред својата публика. Покрај емотивната порака, таа го одбележа овој важен ден од нејзиниот живот со роденденска фотосесија. На фотографиите пејачката позира во розов ...
Синот на Алка Вуица, музичкиот продуцент Аријан Вуица, и неговата сопруга, академската сликарка Дора Шитум Вуица, станаа родители кон крајот на јули. Парот откри дека го крстил својот син Лав Нарон, а зад двете имиња стои посебно значење поврзано со семејството и Далмација. Како што Дора раскажа за „Стори“, тие не сакале однапред да донесат конечна одлука за името, туку прво сакале да го запознаат својот син. На крајот, тие избрале ...
Новак Ѓоковиќ се одмора во Црна Гора со своето семејство, а за време на одморот не пропушти можност и да се забавува. Тој присуствуваше на концертот на Владо Георгиев во Херцег Нови, а неговото појавување на сцената се претвори во еден од најинтересните моменти на вечерта. За време на концертот, Ѓоковиќ им се придружи на Владо Георгиев и Нигор на сцената, каде што го зеде микрофонот и заедно ја отпеаа песната „Тропски бар“. По пеењето, ...
Сашенка Тодоровска, ќерката на Гоце Тодоровски кој почина на 27 јули по кусо боледување, на Фејсбук сподели детали од култната претстава „Солунски патрдии“, која имаше премиера на 13 јуни 1979 година. Претставата се смета за една од најуспешните и најдолговечни во историјата на македонскиот театар, која имала 335 изведби на сцената на Драмски. „Легендарната првична поставка на „Солунски патрдии“ во периодот од 1979 до 2006 година имала точно ...
Јована Јеремиќ, по подолг молк, одлучи да ги расчисти сметките и да стави крај на шпекулациите поврзани со нејзиниот поранешен партнер, Драган Станковиќ. Таа, во својот препознатлив стил, јасно стави до знаење дека повеќе нема да дозволи злоупотреба на нејзиниот медумски простор. „Не зедов јас да правам кифлички и да продавам во пекара, туку тој влезе во мојот медиумски реон и простор“, изјави Јована. Таа нагласи дека титулата „поранешен ...
Сара Јо не крие дека ужива во врската со Алексеј Бјелогрлиќ, а двојката моментално одмара на егзотична дестинација, од каде што се огласија. Пејачката и актерот се неразделни, што го докажува фотографијата што Сара ја објави на својот Инстаграм профил. Таа објави заедничко селфи, на кое може да се види дека се среќни и уживаат во својата љубов. Зад нив е поглед на прекрасна плажа и море. Не може, а да не се забележи исончаната кожа на ...
Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ одлучиле луксузната јахта, долга дури 30 метри, да ја претворат во профитабилен бизнис. Нивната јахта сега е достапна за изнајмување, па во луксузот во кој со години уживале ќе можат да уживаат и други, пишува „Телеграф“. Јахтата, која според некои извори го носи името „Пертула“ се нашла на една веб-страница за изнајмување луксузни јахти, по цена од 65.000 евра за неколку месеци во сезоната. ...
Во попладневните часови на 2 октомври 2017 година, срцето на пејачката Азра Колаковиќ, попозната како Дона Арес, престана да чука. Иако го напушти овој свет прерано, на само 40 години, таа направи многу, и тоа не само на музичката сцена. Нејзиниот начин на борба против тешката болест стана инспирација за сите луѓе кои минуваат низ слични ситуации. Таа отворено зборуваше за сите искушенија низ кои поминуваше во текот на трите години лекување. ...
По повеќе од 20 години, сестрите Маријана и Росана повторно снимија нова песна. Заедно со Дац и Александар ја објавија песната „Засекогаш млади“, за која е снимен оригинален видеоспот, а песната веќе предизвика бројни позитивни реакции кај нивните пријатели и обожаватели. Маријана со голема возбуда ја сподели песната на социјалните мрежи. „Конечно нашата нова песна и спотот со Дац и Александар – „Засекогаш млади“. Да сте сите живи и здрави. ...
Нина Бадриќ ужива во шармот на летната сезона, а нејзината последна објава на социјалните мрежи предизвика вистинска дискусија меѓу љубителите на летните комбинации. Пејачката Нина Бадриќ веќе некое време престојува на Хвар, каде што ужива во слободното време и во магијата на летната сезона. Иако ова време го користи за сопствената благосостојба, таа секогаш наоѓа начин да ги почести своите верни обожаватели на социјалните мрежи и со некоја ...
Модната креаторка Верица Ракочевиќ и нејзиниот сопруг Вељко Кузманчевиќ започнаа со реновирање на дворот околу нивната вила на Авала, а дел од работите ги споделија и со своите следбеници на социјалните мрежи. Двојката, која со години живее во куќа на Авала, одлучила да го преуреди надворешниот простор, а главниот новитет ќе биде базенот што моментално се гради. Вељко објави снимка од багерот и работите што се изведуваат во дворот, ...
Актерката Анѓелка Стевиќ Жугиќ (поранешно Прпиќ), која покрај синот Јакша има и помала ќерка Чарна, денес одбележува исклучително важен момент во својот живот. Нејзиниот првороден син го слави својот 14-ти роденден, а овој јубилеј донесе многу емоции во домот на актерката. Анѓелка е особено емотивна денес и одлучи јавно да му го честита роденденот на својот наследник. Таа ги сподели нивните заеднички фотографии на мрежите, кои сведочат за ...
Пејачката Нада Топчагиќ (73) е сè уште активна на музичката сцена и има настапи, а сега проговори и за своите најголеми стравови. Таа откри како изгледа нејзиниот живот сега и истакна дека е задоволна што сè уште е во можност да прави сè самостојно. – Кога сум на нозе – одлично ми е. Патувам многу и работам, ќе одам во Гуча на 9 август, оттаму одам во Тара, потоа во Белград да го средам станот, веќе не живеам таму, немам каде да го паркирам ...
Лавандата навистина е прекрасна билка, магнет за пчелите и пеперутките и неверојатно лесна за одгледување, под услов да ѝ одолеете на желбата да ја третирате како кој било друг цвет во градината. Топлите летни месеци се период кога многу градинари почесто ги прихрануваат своите растенија, бидејќи повеќето од нив се во фаза на активен раст, а додавањето ѓубриво може да им помогне да цветаат подолго и побујно. Сепак, лавандата е исклучок од ова ...
На денешен ден, 8 август 1943 година, во Скопје е родена Есма Реџепова Теодосиевска, една од најголемите македонски музички легенди и уметница чиј глас далеку ги надмина границите на Македонија. Во светски рамки беше позната како „Кралицата на ромската музика“, а зад себе остави богато музичко наследство и живот посветен на хуманоста. Во 2013 година ја доби престижната титула Национален уметник на Република Македонија. Есма била петто од ...
Јелена Радановиќ, сопругата на пејачот Слоба Радановиќ, се најде во центарот на скандал по ужасната порака што ѝ ја испратила Ана Николиќ. Пејачката наводно нашла фотографии од Јелена во преписка со Горан Ратковиќ Рале, па брутално ја навредувала и ѝ се заканувала со „кубење јазик“ доколку му се пожали на Слоба или на Рале. Слоба и Јелена заминаа за Црна Гора Во екот на хаосот, Јелена Радановиќ одлучи да ја напушти Србија. Таа, заедно со ...
Бугарската поп-фолк пејачка Галена ја објави новата песна „Чатџипити“, инспирирана од популарниот чет-бот со вештачка интелигенција. Песната беше промовирана со видеоспот на Јутјуб, како и на социјалните мрежи, каде што пејачката се пошегува дека и самата го „прашала Чатџипити“ како да го промовира новиот сингл. Иако насловот е инспириран од вештачката интелигенција, во песната Галена пее за љубовта. Чатџипити е претставен како своевиден ...
Приватниот живот на Лука Дончиќ моментално е во фокусот на јавноста поради мачната судска битка тешка 50 милиони долари со поранешната свршеница Анамарија Голтес. Но, во целиот овој хаос, неочекувано се појави и името на српската пејачка Бресквица. Како започна сè? Приказната го доби својот заплет во февруари, кога Дончиќ лајкна фотографија на Бресквица на Инстаграм. Овој, навидум безопасен потег, беше доволен за да се запали лавината од ...
Сестрата на поранешниот српски фудбалер Душко Тошиќ, Катарина Проданов, отпатувала на одмор со своите внуки Атина и Ника, како и со својата ќерка Ања, а дел од заедничкото уживање сподели со своите следбеници. Тие во моментот престојуваат во едно од популарните турски одморалишта, каде што поминуваат време подалеку од секојдневните обврски. Катарина објавила заедничко селфи со девојчињата, додека Атина и Ника уживале во сладоледот. Заедно со ...
Исидора Мијановиќ, сопругата на Сергеј Трифуновиќ била приведена во полициската станица по пријава за кражба во еден трговски центар во Белград. Како што пишуваат српските медиуми, полицајците ја привеле Исидора, државјанка на Хрватска, откако обезбедувачот пријавил дека украла сако вредно 8.990 динари од продавницата „Зара“. Нејзиниот сопруг Сергеј Трифуновиќ бил со неа во времето на инцидентот. Кога полицијата пристигнала на местото на ...
Босанската инфлуенсерка Хана Хаџиавдагиќ ужива на одмор во Раматуел, во близина на Сен Тропе, а видеото што го објави на социјалните мрежи го привлече вниманието на нејзините следбеници. Таа беше „уапсена“ во ресторан, а во описот на видеото наведе: „Моментално отслужувам доживотна казна… На Азурниот Брег“. „Икона од Сен Тропе. Најсилна“, „Најдобра“, се некои од коментарите на Инстаграм. Таа ужива на оваа луксузна дестинација со својот сопруг ...
Пејачката Теа Таировиќ и нејзиниот сопруг Иван Вардај доживеале сообраќајна несреќа во Црна Гора. Несреќата се случила ноќта помеѓу 4 и 5 август. Сообраќајната несреќа се случила околу еден час по полноќ на кружниот тек на самиот влез во Будва, каде што, според очевидци, се случила несреќата, во која нивното возило претрпело голема материјална штета. Очевидци велат дека во областа се слушнал силен удар, поради што мештаните веднаш излегле да ...
Мина Наумовиќ, сопругата на српскиот водител Огњен Амиџиќ, повторно сподели дел од приватниот живот со своите следбеници на социјалните мрежи. Таа објави фотографија од семејниот дом на која се гледа нивната дадилка од Филипини со децата, а посебно внимание привлече моментот меѓу нејзините две деца – синот Перун и ќерката Лола. Мина покажа како Перун ужива во играта со својата сестра и откри на кој начин тој ѝ ја покажува љубовта. „Крајниот ...
Српската пејачка Сека Алексиќ ужива во летниот одмор на една од најубавите европски дестинации – езерото Комо во Италија. Таа секојдневно споделува моменти од патувањето со своите пријатели на својот профил на Инстаграм, покажувајќи дел од атмосферата на луксузниот одмор. Во текот на денот, Сека и нејзиното друштво уживаат во пловење со јахта по езерото, опкружени со планини, бујно зеленило и историски вили кои го красат брегот на Комо. ...