Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Право од концертот на Влатко Миладиновски на кој настапи вчера како гостин, Спасен Силјановски објави слика од авион објавувајќи дека заминува од Македонија. -Америка, доаѓам- напиша фолк-пејачот кој таму ќе ги помине новогодишните празници и ќе настапи за нашите иселеници. Инаку, Спасен гостуваше на концертот на својот колега и пријател од Кичево, Влатко Миладиновски и направи џумбуш на песната „Ќе ти дојдам“. Инаку, кај пејачот дома е како ...
Цели четиринаесет дена гладувал, а во тој период му се случило нешто кое многу го вознемирило. Музичарот Петар Георгиевски-Камиказа од групата „Меморија“ целосно си ја отвори душата. -Исповест. Пред од прилика 10-тина години, се подвргнав на 14-дневно гладување. Во тие денови поминав низ разни духовни и физички премрежија, а водата ,музиката и молитвата ми беа единствена храна. Осетив потреба, и тоа го направив без двоумење и можам да ви ...
Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташке помагаат во изградбата на црквата на Светите апостоли Петар и Павле во Југ Богдановац, селото од кое потекнува нејзиниот покоен татко Светомир. Иако е родена и израсната во Ниш, пејачката секогаш била во контакт со своите корени и родните места на нејзините покојни родители. Иако црквата сè уште не е целосно завршена, фрескоживописувањето е во тек, прозорците, вратите и иконостасот се ...
Каролина Гочева сподели семејна приказна од Битола на нејзиниот инстаграм-профил. Низ неколку приказни, таа ги раскажа сите детали. Прво, нејзината мајка Светлана го прославила својот 72. роденден, а Каролина рече дека славела нивната кралица. Мајката на Каролина среќна ги дувнала роденденските свеќи. Потоа, поп-ѕвездата сподели приакзна за внуките Инес и Луција. „Денес бевме на божиќен маркет каде Инес имаше изложбен цртеж, а Луце имаше ...
Игор Којиќ, син на пејачот Драган Којиќ Кеба, ужива во зимскиот одмор со новата девојка. По романтичниот одмор во Дубаи, Којиќ и неговата избраничка отпатуваа во планините, каде, судејќи според фотографиите што ги објави Игор, уживаат во убавините на зимата. Вљубениот пар се фотографираше на скијачката патека, а судејќи според нивните насмевки, не е далеку од ветувањето што му го даде на неговиот татко, пренесува Информер. Имено, Игор на ...
Ќерката на Драгица Стевковска-Дракче и на Орце Стевковски-Царот објави посебна приказна за нејзините родители која доби многу коментари на социјалните мрежи. Ане Стевковска-Маневска сподели слика со фолк-пејачот Орце и со водителката Дракче, нејзините родители како заедно уживаат во концертот на Влатко Миладиновски кој се одржа вчера во Арената „Борис Трајковски“. -На концерт на Влатко Миладиноски. Поддршка за македонската народна музика – ...
Српската пејачка Александра Пријовиќ ја освои публиката кога за првпат стапна на сцената на српскиот музички натпревар на „Ѕвездите на Гранд“ во 2013 година. Меѓутоа, најголемата популарност ја стекна кога, на почетокот на 2016 година, влезе во врска со Филип Живојиновиќ, посинок на Лепа Брена и син на Боба Живојиновиќ. Оттогаш, регионот го следи секој чекор на Александра Пријовиќ, а на многумина им е интересно нејзиното потекло. Популарната ...
Водителката Цеце Николова која е изразната без родителска грижа, сподели приказна која тера солзи на очи. Таа сега е дел од Утринската програма на Тв „Канал 5′. -Девојки, штотуку направив една чистка на шкафот како за крај на годинава, и сакам да ви подарам два фустани што може одлично да ги искомбинирате за најлудата ноќ. Двата се големина С и се носени по еднаш. Пратете ѝ го следното стори на секоја девојка што знаете дека во моментов не е ...
Хрватската пејачка Северина и нејзиниот син Александар живеат во Загреб, но често престојувале и во нејзиниот луксузен стан во Сплит, кој се наоѓа веднаш до брегот на морето. Северина ги помина празниците со своите најблиски, а на социјалните мрежи откри дека ова бил последниот Божиќ што го поминала во нејзиниот стан во Загреб на Козјак. „Последниот Божиќ во овој прекрасен стан чии ѕидови паметат прослави за Велигден, Божиќ, родендени, ...
Ламбе Алабаковски пак се враќа во Америка, од каде што со сопругата и со синот се врати во Македонија во 2021, а таму живееше пет години. Пејачот на својот инстаграм-профил објави дека за Стара Нова година ќе пее во Америка, во хотелот „Хард рок“ во државата Флорида, со уште неколку музичари од Балканот на 13 ноември. -Дома чувството е неописливо со зборови. Благодатно, исполнето, душата на место и секако носталгијата е побиена, ја снема! ...
Водителката Сања Маринковиќ објави фотографија во провокативна модна комбинација и предизвика бројни коментари. Сања, која неодамна се потсети на борбата на нејзината мајка со ракот на белите дробови, го покажа своето празнично издание на социјалните мрежи. Овој пат тоа значеше вртоглави потпетици и мини здолниште. Водителката се фотографираше во предизвикувачка поза, а нејзиното деколте беше во преден план. Под фустанот можеа да се видат ...
Емотивна посвета за својата покојна мајка, Андријана Јаневска објави на нејзиниот инстаграм-профил. -Среќен небесен роденден мама- напиша пејаката до слика со мајка ѝ Нада, а сликата е од свадбата на Андријана и нејзиниот сопруг, музичарот Драган Гиновски-Гино. Пред седум години мајката на Андријана Јаневска почина од мозочен удар на 62 години. Пејачката со емотивни зборови го овековечи споменот за мајка си пред две години. „Веќе петто лето, ...
Српската фолк-пејачка Гога Секулиќ има полни раце работа, дури и кога настапите на многу нејзини колеги се намалени, таа вели дека работи со полна пареа. На аеродромот „Никола Тесла“ на враќање од настап, таа за српските медиуми одговори: „Можно е настапите да се намалени, но јас работам 10 дена по ред“, рекла таа и додала: „Зависи кого сака публиката и каде. Најмногу работам во овој период бидејќи има католички празници во Хрватска, Босна, ...
Пејачот Немања Николиќ, кој се истакна во првата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, еднаш успеал да заработи бакши дури 60.000 евра во една ноќ. Сеќавајќи се на ова во една прилика – за време на гостувањето во една емисија – тој речиси го остави водителот на емисијата без зборови со своето признание. Откако, сепак, коментираше дека „некој ја троши таа сума десет години“, пејачот одговори „дека веќе ја потрошил“. Тој сигурно сè уште со радост се ...
Ема Радујко ја обнови врската со фудбалерот Урош Рачиќ, меѓутоа, според српските медиуми, по помирувањето, фудбалерот поставил услови за пејачката, кои таа не ги одбила. Како што тврди информиран извор за „Информер“, пејачката морала многу да се промени во последно време. – Ема целосно се промени. Урош ѝ забрани да се занимава со музика и да настапува, и јасно ѝ ставил до знаење дека ако сака сериозна врска, мора да се откаже од ...
Македонската поп-дива Калиопи Букле има повод за славење. Денеска таа полни 59 години, а по тој повод сподели емотивна објава на своите социјални медиуми. Имено, пејачката на својот инстаграм-профил објави ретро-фотографија, на која може да ја видиме како мало девојче во прегратките на својата мајка. Калиопи со оваа објава однапред им се заблагодари на сите за честитките. – Од овој 28-ми декември бројките веќе не се бројат, туку се живеат… ...
Само што се смирија, Ана Николиќ и Горан Ратковиќ Рале повторно предизвикаа скандал. Според извори на српски „Курир“, инцидентот се случил во четврток вечерта, кога пејачката го нападнала својот партнер, во неговото студио. Поради сè, морала да реагира и полицијата. Според изворот, Ана целосно ја изгубила контролата и го нападнала Рале без претходна провокација. Таа влегла во студиото во моментот кога композиторот снимал, а потоа почнала да ...
Џејла Рамовиќ ги покажа фаталните облини во црвен фустан, во духот на празничното расположение. – Фустанот што го сака принцезата на Дизни во мене – напиша Џејла. View this post on Instagram A post shared by DZEJLA RAMOVIC (@dzejlaramovic) Џејла неодамна беше приведена во Северна Македонија. „Сакам да нагласам дека од моја страна и од страна на мојот бенд, сите потребни документи и дозволи за настапот во Кичево беа правилно подготвени и ...
Пејачот Дејан Матиќ зборуваше за детството и убавите спомени на кои со радост се навраќа. Како што истакна, најубавите денови ги поминал во Дрвар. „Најубаво ми беше во Дрвар, тоа детство не би го менувал за ништо на светот. Крадев и круши, цреши, пченка и секакви работи. Татко ми не ми даваше до знаење дека имам хендикеп, толку многу веруваше во мене што дури ми купи и мотор. Толку многу сакав да возам, што дури и го возев тој мотор на задно ...
Сандра Африка повторно ги воодушеви обожавателите, овој пат со атрактивно божиќно издание позирајќи покрај елката, што предизвика бројни позитивни реакции. Обожавателите, како и обично, бурно реагираа на нејзините објави на социјалните мрежи, фалејќи го нејзиниот изглед. Пејачката неодамна привлече внимание со објава во целосно природно издание, без шминка, нагласувајќи ја својата убавина. Сандра Африка повторно ги воодушеви ...
Пејачката Нина Бадриќ ги загрижи своите обожаватели откако се огласи од кревет, откривајќи дека се соочува со нарушено здравје. Поради покачена температура, таа била принудена да одложи дел од своите деловни и музички обврски. И покрај сè, Нина се надева дека закрепнувањето ќе биде брзо и дека наскоро повторно ќе „застане на нозе“ и ќе се врати на сцената. „Се лекувам, за да бидам подготвена за нови концерти“, напиша таа во еден од своите ...
Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, отиде чекор подалеку откако ги забрани настапите на српскиот рапер Драгомир Депсиќ Десингерица. Тој предложи нови, многу построги мерки и високи казни за секој што ќе се обиде да ја заобиколи одлуката и да организира вакви настапи на територијата на Бања Лука. Драшко Станивуковиќ објави видео на својот Инстаграм со клипови од настапите на Десингерица, кои ги нарече вулгарни, скандалозни и ...
Цеца Ражнатовиќ синоќа одржа концерт во Спортскиот центар во Пожаревац, пред околу 4.000 посетители. И покрај непријатниот пех што ѝ се случил непосредно пред излегувањето на сцената, концертот поминал во одлична атмосфера. Настапот требало да започне во 21 часот, но пејачката доживеала неочекуван проблем – ѝ пукнале панталоните, а немала резервна комбинација. Во помош ѝ притекла блиска пријателка, која ѝ ги позајмила своите фармерки. Со мало ...
Пејачката Дијана Јанковиќ, попозната како Диди Џеј, планира да купи куќа во Америка. Според гласините и објавите од локалните медиуми, Дијана чија изјава дека пие сок исклучиво од чаша „Версаче“, таа ќе купува луксузна куќа на Флорида, една од најатрактивните локации во Америка. Извори блиски до Диди Џеј тврдат дека таа веќе некое време е заинтересирана за недвижности во овој дел од Америка, кој е познат по топлата клима, ексклузивните ...
Ѓина Џиновиќ, ќерка на познатиот пејач Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина Галиќ, изминатиов период речиси целосно се повлече од јавноста. До неодамна, таа беше многу активна на социјалните мрежи, каде што собираше голем број следбеници и важеше за една од највлијателните млади инфлуенсерки, а сега одеднаш ги затвори своите профили и реши да направи радикална промена во својот живот. Според извор близок до семејството, одлуката за ...
Српската пејачка Милица Тодоровиќ донела одлука да ги зачува матичните клетки по породувањето, со што, како што навела, сака да обезбеди дополнителна сигурност и можност за лекување во иднина. Оваа одлука станува сè почеста кај јавните личности, но и кај родителите кои сакаат навреме да размислуваат за здравјето на своите деца. Според зборовите на извор близок до пејачката, Милица ја донела оваа одлука промислено и без дилема, сметајќи ја за ...
Александра Шијакоска откри дека таа и нејзиниот сопруг Едмонд Весели ќе станат родители по вторпат. Шијакоска ја објави среќната вест на својот инстаграм-профил, каде сподели низа семејни фотографии покрај плажа. Парот и нивниот син Риан беа облечени во модни комбинации во беж боја и позираа со фотографиите од ултразвук на бебето што го очекуваат. – Имаше денови кога се што имав беше надежта. Тивка, мала, но силна. Денес таа надеж е љубов што ...
Пејачот Џулијано Ѓаниќ е во брак повеќе од 23 години со балерината, инструкторка по танц и кореографка Кристина Ѓаниќ, со која го доби синот Марко, во 2004 година. Сопругата на Џулијано му е голема поддршка, а самата таа имаше музичка кариера во составот „Неки то воле вруќе“, во која беше членка од 1995 до 2000 година, а глумеше и во музичкиот спот за нивната песна „Опасан план“. Иако ретко зборува за својот приватен живот, сплиќанецот ...
Татјана Лазаревска и Новица Василевски си заминаа од Австралија и рекоа дека за нив 2026 година ќе започне во нова земја. Фолк-двојката е сликана на аеродром во Мелбурн, и најави дека патуваат за Детроид, САД. Фолк-пејачите таму ќе ја поминат Новата година. По 10 и пол години живот во Австралија и по речиси две години пауза, фолк-пејачката Татјана Лазаревска во јули се врати дома, во Македонија. Но, тогаш не дојде со комплетното семејство, ...
Кралицата на хрватските модни писти, Александра Грдиќ, сними моден едиторијал по 10 години и го најави своето враќање во голем стил. По неодамнешното учество на модна ревија што се одржа во рамките на Конференцијата на жени Ромки, Александра блесна во моден едиторијал за новата колекција на брендот „Look Famous“, зад кој стојат дизајнерката Феми Салихи и модната дизајнерка Албина Салихи. Гламурозниот изглед на Александра е совршено нагласен ...