Учениците од Основното општинско училиште „Петре Поп Арсов“ во селото Извор отсега ќе имаат можност да учат преку практика, благодарение на новоизградениот пластеник во училишниот двор. Со должина од 7 и ширина од 5 метри, опремен со систем за наводнување „капка по капка“, пластеникот претставува дел од проектот „Руралните убавини во Чашка“, финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање. Проектот се спроведува од страна ...

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, на 12 октомври во два различни случаи привеле велешани за семејни расправии. Првиот случај бил пријавен во 15:50 часот по што бил лишен од слобода 52 годишен маж од Велес кој претходно во семејниот дом се заканувал на својата 46 годишна сопруга и се обидел да ја нападне со дрвен предмет. Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, тој е задржан во полициска станица, известен е ...

Африм Гаши, претседател на македонското Собрание, над 30 волонтери од САД и од Македонија, членови на Управен одбор и вработени во „Хабитат Македонија“ волонтираа во изградбата на седмата зграда во истоимената населба во Велес. Преку волонтерски градежни активности тие го одбележаа јубилејот „20 години Хабитат Македонија“ и дадоа придонес во изградбата на нови станови наменети за семејства со ниски примања во Велес. Гостите, на почетокот на ...

Заврши годинешната Питијада 2025, манифестација која целиот викенд го направи Велес центар на музичка програма, добро вино и највкусната пита. Илјадници посетители од цела Македонија и странство уживаа во уникатната атмосфера што овој фестивал традиционално ја носи со себе. Велес постави нов гастрономски рекорд – најдолга пита некогаш подготвена во градот, со должина од 4 метри и 30 сантиметри. Зад оваа кулинарска атракција стојат вештите ...

Коки со нови осум афоризми за читателите на Дума.мк. Ова понеделничко утро започнете го со насмевка, уживајте! -Во демократијата сите имаме право на глас, но не сме доволно слушнати. -Премиерот вели дека на овие локални избори, единствено постојат две опции: несомнено мислеше на едната, ПАТРИОТСКАТА-со бугарски корени, бугарска самосвест и бугарски пасоши, и онаа-другата, на луѓето кои во сопствената држава не можат да се наречат Македонци, туку ...

„Полициските службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, извршиле службен разговор со Д.К.(32) и З.М.(39), двајцата од Градско, во врска со настанот од 08.10.2025 за извршено оштетување на влезна врата и прозор на штаб на политичка партија во Градско. Притоа, тие изјавиле дека оштетувањето го сториле нивните две малолетни деца додека си играле во близина на штабот. За настанот е известен јавен обвинител и Центар за социјални работи ...

-Оваа награда ја доживувам како потврда дека сум на добар пат и дека мојата работа на сцена е забележана. Таа за мене не е само чест, туку и обврска да продолжам да се усовршувам и да вложувам уште повеќе во секоја наредна улога. Верувам дека ваквите признанија се значајни бидејќи отвораат нови можности, носат поголема одговорност и поставуваат повисоки стандарди понатаму во кариерата. Во театарот ништо не се постигнува самостојно – успехот ...

Дваесет и две годишен велешанец бил измамен од едно лица за сума од 36.000 денари. Тој во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, пријавил дека со цел да изнајми стан во Велес, преку социјална мрежа стапил во контакт со лицето Н.П. -Откако телефонски исконтактирале и се договориле, парите за закуп ги уплатил на банкарска сметка. Како што е пријавено, после тоа лицето било недостапно за контакт и сфатил дека би измамен, пишува во дневниот билтен ...

-Оваа награда ја доживувам како потврда дека сум на добар пат и дека мојата работа на сцена е забележана. Таа за мене не е само чест, туку и обврска да продолжам да се усовршувам и да вложувам уште повеќе во секоја наредна улога. Верувам дека ваквите признанија се значајни бидејќи отвораат нови можности, носат поголема одговорност и поставуваат повисоки стандарди понатаму во кариерата. Во театарот ништо не се постигнува самостојно – успехот ...

Улицата Благој Ѓорев, кај влезот на Гимназијата „Кочо Рацин“ претворена е во вистинска есенска чаршија. На есенскиот базар организиран во склоп на велешката манифестација „Питијада 2025“ изложени се рачни изработки од најразличен вид – украсни свеќи, медни производи, накит, декорации и уште многу производи направени со многу љубов и умешност. Сè што може да се изработи со две раце и креативен ум – токму тоа нуди овој шарен и живописен базар кој ...

Под менторство на директорот Горан Богоевски, долгогодишен професор по предмети од угостителската насока, во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ се одвиваше претпладнево подготовката на 30 пити пастрмалии во училишниот кабинет. Богоевски на учениците и професорите на Техничка школа од Власотинце како и на учениците домаќини прво им го презентираше начинот на подготовка на традиционалниот велешки рецепт особено обрнувајќи внимание на делот кој го ...

Во рамките на најголемата есенска манифестација во Велес, „Питијада 2025“ и годинава е организирана тура за љубителите на велосипедизмот и рекреацијата. Поточно, во недела, на 12 октомври по дванаесетти пат ќе се одржи рекреативната велосипедска тура „Велес MTB Tour 2025“, во организација на здружението „Велес Бајкинг“. Во разговор со Дума.мк, Зоран Јаневски претседател на „Велес Бајкинг“, објасни дека иницијативата за оваа велосипедска тура ...

Дваесет нови издумани Крлевизми за читателите на Дума.мк од велешкиот афористичар Атанас Крлевски. Денешните афоризми се на тема „храна“ во пресрет на годинешната „Питијадата 2025“. Добар апетит во овој празничен викенд ! -Откако ќе се најадам, од се ми е доста. -Десетка со кромид. Петка! -На келнерите не стигнувам да им дадам бакшиш. Побрзи се од мене. -На желудникот му пречи и празна и полна маса. На човекот само празна. -Направивме ајвар на ...

„За време на овој викенд, особено утре, сабота, 11 октомври, во Македонија ќе имаме малку повеќе облачност која ќе услови појава на сосема слаб и локален дожд. Особено во Повардарието и во источните предели ќе биде многу ветровито, ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец и локално со брзина од над 60 км/час. Повеќе сонце и многу послаб ветер ќе имаме во недела, 12 октомври. И во Скопје и околината особено утре, сабота, 11 ...

Во моментов се поставува бината за велешката „Питијада 2025“ на којашто ќе се одржи богата музичка програма. Три дена велешани но и сите гости од државата ќе можат да уживаат во музичкиот репертоар кој ќе ги задоволи сите генерации од најмладите до оние што сакаат народна или современа музика. Годинешната програма официјално започнува утре, на 10 октомври во 17:45 часот и свечено ќе ја отворат околу 230 дечињата од детска градинка „Димче Мирчев“ ...

Во Велес веќе се чувствува атмосферата за годинешната „Питијада 2025“. Денеска низ градот се одвиваат последните подготовки за големата манифестација која официјално започнува утре, 10 октомври, и ќе трае до недела, 12 октомври. Градот пулсира во ритамот на традицијата – се поставуваат штандовите за служење пастрмајлија и се монтира главната бина за музичката програма. Оваа година, љубителите на велешката пастрмајлија ќе можат да уживаат на ...

Секторот за внатрешни работи Велес соопшти дека вчера, доцна попладне, во 18:30 часот, добил пријава за оштетени влезна врата и прозор на штаб на политичка партија во Градско. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на настанот. За настанот со соопштение за јавност и осуда на инцидентот реагира политичката партија СДСМ која откри дека станува збор за нивен изборен штаб и го оцени како насилнички и вандалски ...

Владата го достави до Собранието Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ, со кој се укинува ослободувањето од плаќање ДДВ при увоз на мали пратки до 22 евра, испорачани од странство кон домашни примачи. Со новите измени, ослободувањето ќе важи само за пратки од некомерцијална природа, испратени од физичко лице до физичко лице, доколку нивната вредност не надминува 22 евра. Исклучок се пратки што содржат алкохол, парфеми, ...

Со цел подигнување на свесноста за слепилото, оштетувањето на видот и промоција на здравјето на очите Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија (СЗДСМ) организира конференција за медиуми по повод Светскиот ден на видот, кој традиционално се одбележува секоја година во вториот четврток од октомври. Во организацијата на настанот е вклучено и велешкото здружение на дијабетичари. Конференцијата ќе се одржи денеска со почеток во 14 ...

„Од денес, четврток, 9 октомври до недела, 12 октомври, под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна како и сува воздушна маса, времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Особено во Повардарието и во источните предели на државата повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. И во Скопје и околината следува период на стабилно, суво и претежно сончево време со ...

Од страна на овластени службеници од Сектор за пробација во Чашка, Велес, денеска, за прв пат беше поставена опремата за електронски надзор со што започна извршувањето на првата изречена пресуда куќен притвор. Како што соопштуваат од Министерство за правда – Управа за извршување на санкции, врз осуденото лице била поставена алка на глуждот на ногата. -Истиот нема да смее да го напушта своето живеалиште во времетраење од три месеци , а лицето има ...

Љубителите на хорската музика ќе имаат можност да уживаат во топлината и свежината на детскиот глас на годишниот концерт на хорот „Св. Кирил и Методиј“ од Велес, кој ќе се одржи утре вечер, со почеток во 19 часот, во Ликовен салон. Концертот, симболично насловен „Децата низ боите на музиката“, ја слави детската креативност и љубовта кон музиката како универзален јазик што ги поврзува генерациите. Под водство на диригентката Веселинка Маџарова, ...

Поради организирање и одржување на Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2025“, се замолуваат граѓаните да не ги паркираат своите возила на улицата „Благој Ѓорев“, и тоа на потегот од кружен тек Авона па сé до зградата на театар „Ј.Х.К.Џинот“ во период од утре, 9 октомври, среда па се до 12 октомври, недела. Локалната самоуправа исто така ги известува велешани дека за време на питијадата ќе има и времена измена на сообраќајниот режим, ...

Настан на тема „Соочување со предизвиците и стигматизацијата” се одржа во Неготино на кои присуствуваа кандидатите за Градоначалник и носителите на листи како и кандидати за членови во Советот на Општина Неготино. Организаторите, три граѓански организации, „Порака” од Неготино, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес, како и Здружение за заштита и унапредување на животната средина „Еко – живот” од Кавадарци, ...

Настан на тема „Соочување со предизвиците и стигматизацијата” се одржа во Неготино на кои присуствуваа кандидатите за Градоначалник и носителите на листи како и кандидати за членови во Советот на Општина Неготино. Организаторите, три граѓански организации, „Порака” од Неготино, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес, како и Здружение за заштита и унапредување на животната средина „Еко – живот” од Кавадарци, ...

„Денешниот ден, среда, 8 октомври, во Македонија ќе помине во знакот на значително облачно и релативно ладно време со потпросечни температури на воздухот за овој период од годината. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд а на планините над 1500/1600 метри надморска височина ќе паѓа повремен снег. И во Скопје и околината денес ќе има значителна облачност со повремен локален дожд. Ќе продолжи да дува засилен, повремено силен ветер, од северен ...

Од јануари следната година целосно ќе се автоматизира пријавувањето на новороденче, информира министерството за дигитална трансформација. „Министерството од почетокот на годината, формираше работна група помеѓу повеќе инстутции, меѓу кои Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерството за здравство – Управа за електронско здравство и соодветните јавни здравствени установи, за постигнување целосна ...

Министерството за здравство информира дека од денес почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата на vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци ...

Триесет и осум ученици за прв пат даруваа крв и станаа дел од најголемото хумано семејство во државата. Крводарителската акција којашто денеска се одржа во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“, велешкиот Црвен крст ја категоризира како успешна бидејќи биле собрани вкупно 42 крвни единици дарувани како од учениците така и од вработените во училиштето. Инаку, во текот на вчерашниот ден во истото училиште беше одржана и мотивациска работилница за ...

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период минатата година се зголемени за 5,2 процента, додека во однос на декември 2024 година за 1,9 отсто. Според Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во септември 2025 година не бележат промени во однос на претходниот месец, но се зголемени за 4,7 отсто во однос на истиот месец претходната година. Цените во угостителството по ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1023
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
62%
1025
weather icon

Загреб

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
58%
1026
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
87%
1022
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
5.82
75%
1022
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
83%
1026
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
1.79
77%
1019
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
94%
1021
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
100%
1021
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
2.06
79%
1018
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
0.89
60%
1025
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
88%
1019
Currency

61.6038

Currency

52.8468

Currency

70.9593

Currency

34.3595

Currency

37.689

Currency

66.6453

Currency

7.41691

Currency

0.65209

Currency

0.35097

Currency

0.52569

Currency

1.26189

Currency

0.60059