Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, бчера попладне, во 17:00 часот го лишиле од слобода И.П.(43) од село Владиловци, општина Чашка. -Претходно, на регионален пат Велес- село Извор, поточно на мостот на река „Бабуна“, тој со патничко возило „шкода“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во бетонски столб од мостот. При преземање мерки во врска со незгодата, било констатирано дека го управувал возило под ...
Министерството за одбрана по минатогодишните 296 и годинава планира вработување на нови 300 професионални војници. Во 2026-та ќе се подобруваат условите за борбена готовност и ќе се подмладува кадарот со цел Македонија да добие модерна армија, соопшти денеска во Велес министерот за одбрана Владо Мисајловски. На прашања на Дума.мк, говори ли бројката на пријавени кандидати на последниот јавен конкурс за прием на професионални војници, од ...
Петочните афоризми на сатиричарот и афористичар Атанас Крлевски се пред вас. Афористичкото перо мотивирано од секојдневните случувања на и околу обичните, мали луѓе изминатава седмица напиша 10 нови афоризми. Одвојте време да ги прочитате: „Зад мене се крева златна прашина. Зад златен човек – златна прашина!“ „Глупоста и генијалноста ги дели многу тeнок, проѕирен ѕид. За среќа, непробоен!“ „Најбрзо се навикнуваме, а најбавно се одвикнуваме од ...
Свечено, 296 нови професионални војници построени во единици на пистата, министерот за одбрана Владо Мисајловски со првите војници на македонската Армија од Генералштабот на бината додека семејствата на војниците со гостите во кордон околу армиската писта. Ваква беше глетката денеска на свечената Заклетва на новопримените професионални војници во македонската Армија, во Командата за обука и доктрини на касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во ...
Четириесет и девет годишниот С.В пронајден е мртов во својот дом во село Пепелиште, кај Неготино. Неговата смрт е пријавена во Одделение за внатрешни работи Неготино вчера утро, во 08:55 часот. -Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти Сектор за внатрешни работи ...
Музичарот, кој повеќе од 20 години живее и твори во Шведска и кој во своето дело успеа да ги спои македонскиот фолклор, чалгијата и изворните инструменти со модерниот звук користејќи ја германската класична музика и класичниот тон на кларинетот, утре вечер, е во својот роден Велес. Виртуозот Благој Ламњов за своите сограѓани како и за љубителите на музичките звуци кои ги интерпретира кларинетот во неговите раце приредува вечер за уживање. „Од ...
„За големиот Христијански празник Болијавление – Водици, територијата на Македонија ќе биде под влијание на ладна воздушна маса од исток и од североисток. Во ваква ситуација очекувам ниски температури на воздухот и појава на мразеви особено во утринските часови кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени. Ладно ќе биде и преку денот на 19 јануари кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 8 степени. Во ...
Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес на фирма која нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела стока. -Во моментот на претресот беа пронајдени вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240 илјади денари. Пронајдената криумчарена стока е запленета, а од страна на инспекторите е ...
„Последната недела беше одбележана со изразено зимско време и чести промени на временските услови во поголем дел од регионот. Доминираа ниски температури, со студени утра и појава на мраз, додека дневните температури остануваа под или околу сезонскиот просек. Во повеќе наврати имаше врнежи од снег, особено во внатрешноста и на повисоките места, каде локално се задржа и снежна покривка. Во пониските предели врнежите повремено преминуваа во ...
Во Центар за индивидуална обука, во состав на Командата за обука и доктрини, во касарна „Алексо Демниевски Бауман“ во петок на 16 јануари, Свечена заклетва ќе дадат 296 новопримените професионални војници во Армијата на Македонија. Станува збор за избраните професионални војници кои во април, минатата година, конкурираа на објавениот оглас на Министерство за одбрана и беа избрани на крајот на 2025 година. Професионалните војници посетуваат ...
Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања. Денес се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден. Тој бил најславниот владика во градот Кесарија Кападокиска. Роден е во Неокесарија во 330 година од побожни родители. Во 345 година заминал на школување во Кесарија Кападокиска, во 352 година во Атина. По завршувањето ...
Со длабока почит кон вековната духовна и народна традиција, Хорот „Митрополит Козма Пречистански“ – Кичево, вчера, 13 јануари, објави нова новогодишна – василичарска каланда, посветена на празникот на Свети Василиј Велики и благословот на Новата година, за која изработи и прекрасен видео запис. Оваа каланда ја носи пораката за здравје, бериќет и духовна обнова, како што со генерации се пеела при новогодишните благослови од дом на дом. Текстот ...
Со длабока почит кон вековната духовна и народна традиција, Хорот „Митрополит Козма Пречистански“ – Кичево ја објави новата новогодишна – василичарска каланда, посветена на празникот на Свети Василиј Велики и благословот на Новата година, за која изработи и прекрасен видео запис. Оваа каланда ја носи пораката за здравје, бериќет и духовна обнова, како што со генерации се пеела при новогодишните благослови од дом на дом. Текстот на ...
Најголемата семрежна енциклопедија, Википедија, прославува 25 години од своето основање и етаблирање како најголема енциклопедија. Утре, на 15 јануари 2026 оваа светска платформа полни четврт век функционирање и едуцирање на светската популација на 342 активни јазични верзии, меѓу кои и Википедија на Македонски јазик. „Македонската википедијанска заедница по повод јубилејниот роденден на 15 јануари 2026 година заеднички ќе го прослави ...
„Постепена промена на времето повторно очекувам за време на викендот кој доаѓа, сабота 17 и недела 18 јануари. Територијата на Македонија повторно ќе потпадне под влијание на значително поладен и влажен воздушен бран од исток и од североисток. Температурите повторно позначително ќе опаднат, особено во недела кога повремено ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец којшто најизразен ќе биде долж Повардарието. Исто така, облачноста ќе ...
Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на Василица. Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и ...
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, ноќва, од 23:20 до 00:10 часот ги лишија од слобода А.Д.(22) и А.С.(48), двајцата од Велес. -А.Д. се сомничи дека со употреба на сила и подесен алат влегол во домот на 54-годишната С.Х. од Велес и одзел пари и златен накит, а потоа златните предмети ги заложил кај А.С.. Дел од предметите се пронајдени и одземени од А.С. и вратени на сопственикот, а тој е задржан во полициска станица. ...
Право на учество на јавниот конкурс за избор на правно лице за добивање лиценца за испитен центар Велес, со подружница и испитно место во Неготино и Кавадарци, има секое правно лице кое ги исполнува условите за работа, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кој пропишува дека за добивање на потребниот документ за работа кандидираното правно лице треба да располага со стручен кадар, воспоставена организација на работа, ...
Наместо понеделнички, овој пат најновите афоризми на Никола Бошков Коки ги објавуваме во вторник и најавуваме две неделна пауза во која ова наше афористичко перо ќе ги посвети на себе и на својата здравствена состојба. На Коки му посакуваме брзо „враќање и фаќање“ за афористичкото перо а вам, почитувани читатели на афоризми убав ден додека ги читате најновите афоризми, создадени деновиве. „Како по некое непишано правило и на оваа бадникова ...
„Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на Антцициклон, односно поле со висок воздушен притисок кое условува да имаме стабилно, суво, тивко но многу ладно време со многу ниски температури на воздухот.Oсобено ниски температури имаме во ноќните и во утринските часови. Сепак, студот во следните денови малку ќе попушти преку ден кога температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени а во Скопје и околината до ...
Изградба на патишта, водоводни и канализациони мрежи до и во населените места како и започнување со реализација на наследените проекти, меѓу нив капиталниот објект – Дом на култура во населба Чашка, приоритети се за 2026 година на новиот Градоначалник Суат Шаќиров. Меѓу нив, Шаќиров, сепак ја сврсти и предрасудата Градоначалник – Албанец за која рече дека ќе ја докаже нејзината неоснованост токму преку донесените Програми за работа во 2026 ...
„Екстремно ладно е ова утро во Македонија. Времето е ведро со умерена локална облачност а особено во Повардарието повремено дува засилен ветер од северен правец. Температурите насекаде се длабоко под нулата и во поголем дел од Македонија тие се спуштија до околу и под -10 степени. Попова Шапка во овие моменти мери температура до околу -16/-17 степени а Титов Врв во моментов мери температура до околу -25 степени. Сето ова е поради екстремно ...
Неготинецот М.С (63) седел зад воланот и го возел автомобилот „ауди“ со неготински регистарски таблички, вчера вечер, во 23:00 часот, кога го запрле полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес во контрола на крстосница од улиците „Христо Ботев“ и „Ацо Аџи Илов“ во Неготино. Во контролата што била направена било констатирано дека М.С возел под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта. Три ипол ...
Велешаните Д.А.(36) и Ѓ.Д.(40), вчера, во 14:15 часот, завршиле во Полициска станица под сомнеж дека од просторијата која ја користат вработени во здравствена установа во Велес, одзеле паричници во кои имало пари, платежни картички и лични документи, сопственост на две Велешанки С.Д.Н (53) и една година помладата П.Т. Со платежни картички се обиделе да извадат парични средства од банкомати, а Д.А. во продажно место извршил неколку трансакции. ...
Општина Демир Капија ги повика граѓаните кои имаат поднесени барања за легализација на дивоизградени објекти да ја докомплетираат документацијата до март месец, годинава. Општината им дава уште една законска можност за продолжување на постапката, која е во прекин, за комплетирање и легализирање на објектите. „Законот за постапување со бесправно изградени објекти, важи заклучно со 03.03.2026 година. Се повикуваат, сите засегнати лица, ...
Настанот е посветен на Андреј Лазаров, фудбалер, кој трагично загина во несреќата во Кочани и остави длабок белег во поновата спортска историја на градот Кавадарци. На изложбата ќе бидат изложени 50 автентични спортски дресови кои што се дел од колекцијата на Николчо Делов, посветена на спортските успеси, пријателствата и човечките приказни што произлегуваат од Тиквешијата и пошироко и го освојуваат светот. „Тоа се спортски дресови од фудбал, ...
Десетте најнови афоризми на Атанас Крлевски испраќаат пораки за случки од секојдневниот живот на обичниот, мал човек а дел се наменети и за нешто поголемите но, не според личната висина, тежина, изглед итн. Прочитајте, ќе ви „текне“: „Ние градевме кули на плажа, а нашите синови – покрај плажа!“ „Вечен талент – чиста загуба!“ „Откако ја пронајдов жената на моите соништа, сон не ме фаќа.“ „Сончогледи, секој ден не е сончев!“ „Неискрените ...
Во трите општини Велес, Чашка и Градско, минатата година родени се вкупно 406 новороденчиња или шест помалку во споредба со 2024 година. Од вкупниот број на нови жители, во трите општини, нивните мајки одлучиле 245 да ги родат на Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница Велес додека 341 новороденче на свет дошле во болници, во други градови во Македонија или во болници во странски земји, по што нивните родители ги ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на социјалните права поточно посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за месец декември 2025 година. „Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. ...
Општината на својата веб страница објави два јавни повици. Со првиот овозможено е доставување предлози и податоци за настани, манифестации, јубилеи и истакнати личности кои имаат значење за културниот, традиционалниот, верскиот и општествениот живот во Општина Свети Николе. Вториот повик има за цел собирање фотографии или документи кои ја отсликуваат историјата, културата, природните убавини и традиционалните вредности на општината. ...