Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Дронот од марка „ DJI Mavic Air 2“ на Територијалната против пожарна единица (ТППЕ) Свети Николе им го подарија Драган и Марија Ѓошевски, кои што живеат и работат во градот Франкфурт во Германија. -Оваа донација претставува значајна поддршка за нашата работа, бидејќи дронот ќе ни овозможи подобра контрола, побрзо детектирање и поефикасна координација при интервенции на пожари на отворен простор,“ соопштија од ТППЕ Свети Николе. Оттаму додадоа ...
Годинешен лауреат на 63 Рацинови средби е писателот Наум Пановски за романот „Коста Солев Смртопис“. Во силна конкуренција поточно пристигнати 25 романи на македонски автори за оваа наградавака одлучи жири комисијата во состав проф. д-р Елизабета Шелева, проф. д-р Лорета Георгиевска Јаковлева и проф. д-р Марија Ѓорѓиева Димова. Романот на Пановски е роман со став, идеја и повик за национално себе-преиспитување. Дело со сериозно ...
Четириесет и три годишниот Д.М од велешко село Бузалково бил приведен во Полициска станица Велес затоа што од полициски службеници на Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес бил затекнат кога со метален предмет излегол од патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и се обидел насилно да влезе во црквата на место викано Ветерско. „На 10.06.2026 година, во 02:30 часот, на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, ...
Годинешен лауреат на 63 Рацинови средби е писателот Наум Пановски за романот „Коста Солев Смртопис“. Во силна конкуренција поточно пристигнати 25 романи на македонски автори за оваа наградавака одлучи жири комисијата во состав проф. д-р Елизабета Шелева, проф. д-р Лорета Георгиевска Јаковлева и проф. д-р Марија Ѓорѓиева Димова. Романот на Пановски е роман со став, идеја и повик за национално себе-преиспитување. Дело со сериозно ...
Настанот ќе биде вистинска прослава на детскиот талент, музиката и уметноста. На концертот ќе настапат најмлади балерини на возраст од 3 до 10 години, со кореографии коишто ќе внесат радост, енергија и сценска магија. Покрај нив, ќе настапат и учениците од класата по солопеење, претставувајќи се со внимателно подготвен репертоар составен од македонски народни песни и популарни поп-композиции како и со цел да создадат прекрасен спој на ...
Со цел да се зајакне граѓанското учество во заштитата на животната средина и да се поттикне поголема одговорност кај институциите, во Велес, се одржа работилницата на тема „Граѓанско учество и заштита на правото на здрава животна средина“. Учесниците имаа можност да се информираат за механизмите преку кои можат да добијат информации од институциите, да учествуваат во постапки поврзани со животната средина и да обезбедат пристап до правда во ...
„Денеска, среда, 10 јуни во Македонија, времето ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната атмосфера која е исполнета со многу енергија локално процесите ќе бидат интеназивни и ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични ...
Велес вчера се најде на врвот на листата на најтопли градови во државата, со максимално измерени 34,5 степени Целзиусови. Веднаш зад него се Демир Капија и Кавадарци, каде во попладневните часови биле регистрирани 32,4 степени. Поради високите температури, здравствените работници препорачуваат граѓаните да внесуваат доволно течности, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот и да носат лесна и светла облека. Се советува ...
Во чест на македонскиот поет и револуционер Коста Солев Рацин, ултрамаратонците утре, среда, 10 јуни, рано наутро ќе го започнат својот 160 километри долг пат кон Лопушник, местото каде што пред 83 години трагично згасна животот на великанот на македонската литература. Заедно со планинарите и велосипедистите, кои ќе тргнат од пред Полициската станица во велешкото село Извор, ултрамаратонците во сабота, 13 јуни, ќе се приклучат на делегациите ...
Пожарот бил пријавен рано утринава во Одделение за внатрешни работи (ОВР) Кавадарци со информација дека го гаснат кавадаречките пожарникари. Кога огнот бил изгаснат Увидна екипа извршила увид. „На 08.06.2026 година, во 04:50 часот, во ОВР Кавадарци било пријавено дека во село Паликура, росоманско, во двор од семејната куќа на С.Ј.(55) од Скопје настанал пожар на патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, кој се проширил и зафатил ...
Возачите кои патуваат во Грција треба да бидат особено внимателни на сообраќајните правила, бидејќи со новиот грчки Кодекс за безбедност во сообраќајот се предвидени построги казни за повеќе прекршоци. Законот 5209/2025, објавен во грчкиот Службен весник минатото лето, предвидува повисоки санкции за прекршоци кои се сметаат за особено ризични, како поминување на црвено светло, непочитување знак „СТОП“, пребрзо возење, некористење сигурносен ...
Економисти, машински инженери, доктори по општа медицина, шивачи и готвачи – ова се само дел од профилите кои што во моментов ги бараат велешките компании преку огласите објавени во Агенцијата за вработување. Според јавно достапните податоци на веб-страницата на Агенцијата (https://av.gov.mk) во Велес, во моментот отворени се работни места за вкупно 65 лица од општината и од соседните. За најголемиот дел од позициите, меѓу кои и инжинери и ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од ...
Економисти, машински инженери, доктори по општа медицина, шивачи и готвачи – ова се само дел од профилите што во моментов ги бараат велешките компании преку огласите објавени во Агенцијата за вработување. Според јавно достапните податоци на веб-страницата на оваа државна институција (https://av.gov.mk) во моментот се отворени работни места за вкупно 65 лица од Велес и околината. За најголемиот дел од позициите понудената плата е на ниво на ...
Основен суд Велес и годинава работи со една третина од потребниот број на вработени ако се спореди вкупниот број, според Систематизација на работни места, со состојбата од пред три децении. Оваа државна институцијата, со проширена надлежност, има потреба од најмалку 10 нови вработувања. Со природниот одлив, поточно пензионирање, во овој суд повеќе години нема примен помошен и технички персонал. Освен новоименуваните судии државата во ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе нов Правилник со кој се воведуваат нови правила за риболов, со цел подобра заштита на рибниот фонд и одржливо управување со риболовните подрачја. Со правилникот се утврдуваат периодите на забрана за риболов за време на мрестење, минималната дозволена големина на уловените риби, како и правилата за рекреативен и комерцијален риболов. Меѓу поважните мерки се забраните за лов на ...
Велешанецот С.Ј бил вчера ноќ приведен во Полициска станица Велес откако неговата поранешна сопруга го пријавила поради тоа што забележала повреда на нивното малолетно дете „На 07.06.2026 во 23:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Ј.(43) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 37-годишна поранешна сопруга дека забележала повреда кај нивното дете, по поминат викенд со него. Тој бил ...
Велес со своите спортски терени, денеска, домаќин е на помеѓу 400 и 500 ученици со нивните професори по физичко образование од основните училишта Регионален натпревар на „Плазма спортски младински игри“. Во Градски парк на ракометно игралиште се натпреваруваат екипите во дисциплина фуцал, во Спортска сала „Гемиџии“ спортска битка бијат екипи во дисциплина ракомет и пинг понг, во спортска сала на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ се натпреваруваат ...
Од Јавното комунално претпријатие „Дервен“ соопштија дека нивни работници изведуваат зафати на пет улици во Велес како и дека тоа е причина за тоа што во домовите на жителите нема вода. „Поради неопходни работни активности на водоводна линија, прекин на водоснабдувањето ќе има на ул. Ѓорги Војтех, ул. Наум Наумовски Борче, ул. Христо Татарчев, ул. Оливер Китановски и дел од ул. Борис Трајковски, се до завршување на работите,“ соопштија од ...
Деведесет велешани даруваа крв на традиционалната крводарителска акција по повод Рациновите средби во Ликовен салон Велес. -Четворица од дарителите даруваа за прв пат. Тоа е најголем број на оваа акција. Минатата година беа дарувани 36 крвни единици. Годинешната крводарителската акција заеднички ја реализираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Во реализацијата учество зедоа петмина ...
„ Утрово, во Македонија ни донесе топло и ведро време со појава на умерена локална облачност без изразен ветер. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро, понеделник 8 јуни. До четврток, 11 јуни во Македонија времето ќе се задржи топло со летни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува до околу 32 степени. Во претпладневните часови ...
И.Н од Чашка е лишен од слобода за ќотек на неговата две години постара сопруга додека М.Ј од Велес телефонски ја малтретирал неговата брачна партнерка, соопшти Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес. И двете пријави на малтретираните жени се од вчера вечер. „На 05.06.2026 во 23:50 часот полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода И.Н.(54) од село во Општина Чашка, постапувајќи по пријава дека во домот физички ја ...
„Тагата е една од најчистите, најдлабоки и најмоќни човечки емоции. Таа не е само реакција на загуба или болка, туку и психолошки процес кој нè повикува да се соочиме со нашата ранливост. Таа е внатрешен мост меѓу она што сме го изгубиле и она што можеме да станеме – енергија која ако ја прифатиме, може да нè води кон самоспознавање и интеграција. Да ја прифатиме тагата значи да ја признаеме нашата човечка кревкост, да дозволиме да нè допре и ...
Во еден ден полициски службеници на Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес лишиле од слобода двајца велешани кои биле под дејство на алкохол. Рано утринава, во 03:00 часот, Д.Ј.(49) од Велес, при сообраќајна контрола на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, бил запрен додека го управувал патничкото возило „хонда“ со велешки регистарски ознаки, со 1,88 промили алкохол во крвта. -Д.Ј е лишен од слобода и по документирање на настанот, против него ќе ...
Од Министерството за социјална политика, демографија и млади информираат за причините кои ќе ги пролонгираат исплатите на правата од социјална и детска заштита. Се имплементирало ново софтверско решение со кое се вршела модернизација и унапредување на процесите за обработка и исплата на надоместоците на граѓаните од само неколку денови. „Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на ...
Светот го одбележува а кај нас, последниве години мине незабележано, денот на животната средина на коj ако се навратиме само деценија наназад ќе се присетиме на дискусии и настани за подигање на свеста за заштитата на природата како и одговорноста што сите ние ја имаме во напатениот Велес од загадување со тешки метали. Воглавно лидери за организирање и спроведување на активностите беа граѓанските здруженија. Овој ден е воспоставен од страна ...
Јасна порака испраќа афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски до луѓето кои себе си се сметаат за „недопирливи“, во момент или моменти од животот „кои ги носат на врвот“ токму преку насловниот афоризам „Мислеше дека е заштитена мечка. Заврши во кафез.“, избран од најновите 10 кои се наменети за читателската заедница на Дума.мк. Ова се неговите преостанати девет афоризми: „Пробајте да не бидете во право! За проба не се плаќа. “ „Добриот глас ...
„Денес, петок, 5 јуни во Македонија ќе имаме постабилно и релативно суво време, иако во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. За време на овој викенд (сабота 6 и недела 7 јуни ) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност ...
Филмот кој не го претставува грнчарството преку историски факти, туку преку животот, чувствата и секојдневието на еден грнчар промотивно во Велес ќе биде прикажан во вторник на 9 јуни со почеток во 18:00 часот во Локална библиотека „Гоце Делчев“. „Мирисот на земјата“ е приказна за поврзаноста меѓу човекот и глината, за тишината во работилницата, за трпението, трудот и љубовта што остануваат вткаени во секој облик создаден со раце. Наменет за ...
Играорци, ансамбли, танчерски групи и оркестри од Македонија, од Србија, од Полска, од Италија од Австралија, од Мексико и од Костарика ќе бидат учесници на годинешниот ИФФ „Велес“. Вкупниот број на учесници кои се очекуваат да ги угости Велес а тие да му возвратат со песни, игри, танци и музички настапи ќе се движи помеѓу 160 и 180. ИФФ„Велес 2026“ ќе се одржи од 1 јули до 5 јули во Амфитеатар на Младински парк Велес. Потврдено е гостувањето ...