Наташа Илиева е битолчанка која веќе десет години живее во Словенија, во живописниот Копер. Мајка на близначки, љубителка на планините и активен спортист, таа зад себе има бројни лични и спортски подвизи. Четири пати го има освоено највисокиот врв на Словенија – Триглав, а еден од тие подвизи го направила со своите ќерки кога имале само една и пол година! Денес, Наташа е фитнес тренер, фудбалски судија и наскоро лиценциран спасувач во вода. ...

Во време кога патувањето со воз низ Европа повторно станува туристички хит, најавена е нова меѓународна железничка линија која ќе го одземе здивот на сите љубители на возовите и пејзажите. Линијата ќе биде долга околу 1.400 километри, ќе се движи од Швајцарија кон Скандинавија и ќе минува низ некои од најубавите предели на стариот континент. Овој ноќен воз, кој ќе се движи три пати неделно во двете насоки, го очекува зелено светло од ...

Во морето од модерни трендови за исхрана, едно старо зрно тивко се враќа на сцената – просото. Ова златно, ситно зрно било основна храна во многу култури низ вековите, а денес нутриционистите повторно го препорачуваат поради неговата висока хранлива вредност и лесна сварливост. Зошто просото е супер-храна? Идеја за појадок: „Златна чинија со просо и јаболко“ Состојки (за 2 порции): Подготовка: Здрав почеток на денот Појадокот со просо не е ...

Доаѓате до одредена возраст кога не би го промениле вашиот начин на живот со никого. Затоа што не само што научивте од него, туку и плативте висока цена за него. Цена која никој освен вас не може да ја разбере. Сфативте дека тоа е наједноставниот пат кој ве води напред, патот со минимум отстапувања. Доаѓате до возраст кога веќе немате нерви за луѓе со повеќе лица. Ако го покажат вистинското нека го покажат, ако не, тогаш тоа е нивни проблем. ...

На 6 ноември, во Центарот за култура – Битола, ќе се одржи јубилејното 25-то издание на детскиот музички фестивал „ТРА ЛА ЛА“. Публиката ќе има можност да ужива во нови детски песнички, многу музика, емоции и насмевки на најмладите изведувачи. Како што изјави Тони Алексовски, директорот на фестивалот, „сите сме горди што оваа година го одбележуваме големиот јубилеј. Ветуваме дека ќе има уште многу песни, детски насмевки и љубов кон музиката.“ ...

„Одмаздата не е неопходна. Живеејќи среќно е знак дека не сте дозволиле минатото да ве порази“. Ова е цитат на Леона Браун и содржи неколку важни вистини во двете реченици. Можеби нема веднаш да ви донесе олеснување, но се неопходен водич за оние кои боледуваат и се немаат опоравено од негативните фази на минатото. Сакате одмазда? Човекот не размислува на одмазда од голема среќа и радост, туку длабоко се има задлабочено во тие мисли. На тие ...

Со промената на сезоните, кожата на лицето се соочува со различни предизвици. Во есенскиот и зимскиот период, постудениот воздух и сувите ветрови можат да ја направат кожата сува, иритиранa и чувствителна. Затоа, во овој период е важно да се прилагоди негата на кожата за да остане здрава, хидрирана и еластична. Еве неколку корисни совети како да ја заштитите кожата на лицето во есен и зима. Хидратацијата е на прво место Користете нежни ...

Доколку обожавате чоколадо и кикирики, а сепак сакате да јадете здраво – ова Сникерс смути е вистинскиот избор за вас! Рецепт за Сникерс смути Состојки (за една порција): Начин на подготовка: Бенефити од Сникерс смути За уште побогат вкус, додадете половина лажичка ванила или малку протеин во прав ако сакате пострен смути по тренинг. Ова Сникерс смути е совршен пример дека здравата храна може да биде и вкусна, и хранлива, и полна со енергија. ...

На само 15 години, битолчанката Ева Дамјановска е единственото девојче кое активно се натпреварува во мотокрос во Македонија. Храбра, одлучна и посветена, таа веќе ја освои публиката и подиумите, докажувајќи дека страста кон моторите нема пол. На последната трка што се одржа во Орман, Ева го освои третото место во категоријата МХ85 и уште еднаш покажа дека упорноста и љубовта кон спортот носат резултати. За нејзините почетоци, тренинзите со ...

Не треба да се негува однос со некого по секоја цена. Ако не оди – не оди. Не влечи! Не форсирај! Зарем вреди да создадеш лош однос со себеси, само за да задржиш добар однос со некого? Не ги спуштај своите критериуми за некој што не би мрднал ни со прст за тебе. Луѓето понекогаш се занесуваат. Ги понесува тој пријатен, лажен почувствуван момент на важност. Една убава реченица од друг човек знае да заслепи. А потоа сфаќаш дека сè било само ...

Во моментите кога ќе ви се стори дека животот ви е тежок, запрашајте се како им е на родителите на децата со посебни потреби. Тие живеат двоен живот — својот и животот на своето дете. Забораваат на сопствените соништа, на кариерата, на себеси… зашто нивниот свет се врти околу едно прашање: „Што ќе биде со моето дете кога јас веќе нема да сум тука?“ Во својата секојдневна борба со бирократијата, системот, предрасудите и тишината, родителите се ...

Во изминатиот период во Секторот за внатрешни работи Битола, од страна на граѓани, пријавени се кривични дела „измама“, извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето ...

АД ЕСМ Молика информира дека оваа зимска сезона на Пелистер ќе донесе ново искуство за сите љубители на зимските спортови – ноќно скијање на ски-патеката Копанки. Во тек е изградбата на систем за осветлување, проект кој се реализира со поддршка од Владата, АД ЕСМ и Општина Битола. Новото осветлување ќе овозможи посетителите да уживаат во скијањето и во вечерните часови. АД ЕСМ Молика најавува дека сите подготовки се одвиваат според планот. ...

Gamze Matracı е турска пејачка. Таа, освен пеењето турска музика, пее и македонска народна музика. Голем вљубеник е во Македонија и Битола, а за себе вели дека ужива кога пее и дека само тогаш е своја на своето. Таа за Читај бе откри дел од нејзиниот приватен живот, многу за нејзините нови проекти и нејзината музика, како и за љубовта кон Македонија и македонската музика. Преводот од турски на македонски, како и целото интервју, го направи ...

Во ЗМГ Битола вчера беше реализиран проектот „За историските објекти во Битола, заштитени со закон, од османлискиот период“, чиј автор е Агим Џело. Проектот опфати изложба и видео проекција, преку кои беа прикажани културно-историските вредности што Битола ги поседува од османлискиот период. Со свои видувања и историски анализи учество зедоа професорот по историја Љупчо Стојановски и Орхан Демири, професор по исламски науки и имам во Исхак ...

Под Пелистер, каде секоја светлина има своја тишина – уметницата и архитектка Симона Мирчевска ја создаде својата најнова изложба En Plein Air: На Отворено. Делата не се родени во ателје, туку директно во природата – таму каде што планината станува платно, а моментот – боја. Особено значајно, Симона ги создаваше овие апстрактни пејзажи во осмиот месец од својата бременост, внесувајќи во секој потег двоен животен ритам – својот и оној на ...

Пушти ги пријателствата кои престанале да бидат пријателства и врските кои престанале да бидат врски. Луѓето се менуваат – некои на подобро, некои на полошо. Не прашувај се зошто тоа се случува, зошто некои луѓе си заминуваат иако ништо лошо не си направил. Можеби и не си направил ништо добро. Можеби не си им дал доволно добра причина да останат, не си ја негувал врската и таа се скршила. Како и да е, сега мораш да почнеш одново – со нови ...

Иако живееме во време на екрани и брзо пишување на тастатура, науката потврдува дека пишувањето со рака има уникатна моќ врз мозокот. Ракописот не е само пренесување зборови на хартија – тоа е целосна „вежба“ за мозокот која истовремено вклучува движење, вид, концентрација и мисловен процес. Истражувањата покажуваат дека студентите кои водат белешки со рака подобро ги паметат и подлабоко ги разбираат концептите, за разлика од оние што ...

Во свет каде децата сè повеќе време поминуваат пред екрани, предизвикот на родителите е да најдат активности кои ќе бидат и забавни и корисни. Еду Академија Битола преку своите LEGO програми нуди уникатен пристап кој ја спојува играта со учењето. Преку STEM методологијата децата градат, програмираат, експериментираат и – најважно – учат дека грешките не се пораз, туку дел од патот кон ново знаење. За тоа како LEGO коцките стануваат алатка за ...

Горан Марковски се занимава со креирање омажи за македонски актери и јавни личности, а воедно е и администратор на една од најпопуларните страници посветени на Ѓорѓи Колозов. Родум е од Битола, но живее и работи во Америка. Во ова интервју тој сподели како е да се води една од најпосетуваните фејсбук страници, за какви омажи станува збор, но и делови од неговиот семеен и приватен живот. Ни откри повеќе за својата работа и македонската ...

Не можеш да ги научиш луѓето да се почитуваат себеси. Ниту да те почитуваат тебе. Можеш само да им покажеш каде е границата, ако тие тоа не го прават. Не можеш да ги научиш луѓето ниту да се љубат себеси. А ниту да те љубат тебе. Можеш само да им ставиш до знаење дека ако доаѓаат со омраза, нетрпеливост, студенило или дволичност, тогаш е подобро воопшто да не доаѓаат. И да им посакаш среќен пат. Зашто ќе им треба многу среќа ако со таков ...

Весна Митевска е директор на НУ Ансамбл за народни песни и игри „Танец“. Таа припаѓа на првата генерација образовани фолклорни играчи и дипломирала на Природно-математичкиот факултет – отсек Етнологија и антропологија, стекнувајќи се со звањето етнокореолог. Во „Танец“ е од 2006 година, најпрвин како дел од вокалниот ансамбл, а потоа и како играорка, пред да ја преземе и најодговорната улога – директорка на институцијата. Во разговорот таа ...

Младите се срцето на секое општество, полни со идеи, енергија и потенцијал за промена. Во таа насока, Младинскиот совет при Амбасадата на САД е платформа која токму на младите им го дава просторот да создаваат, да соработуваат и да инспирираат. Еден од највпечатливите проекти што го организира Советот е Youth Fest – фестивал „од младите, за младите“, кој од година во година прераснува во вистинска оаза на креативност, уметност, поврзување и ...

По неверојатно успешната летна светска сезона, оваа есен македонската публика ќе има можност да ужива во најсветскиот домашен проект – „Модернизам и Ренесанса“. Настанот ќе се одржи на 31 октомври во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Публиката ќе има ретка прилика да биде дел од шоу кое носи нешто многу повеќе од класичен стенд-ап – уникатен, чуден хумор и уште почудно шоу. Како специјални гости од Австралија доаѓаат Stojanoski ...

Еден од најголемите писатели и драматурзи, Вилијам Шекспир Напишал вкупно 38 театарски претстави и 154 сонети. Иако малку се знае за неговиот живот, неговите дела како „Хамлет“, „Ромео и Јулија“ и „Кралот Лир“ имаат големо влијание врз литературата и театарот повеќе од 400 години. Неговите дела ја откриваат суштината на меѓучовечките односи. Животите на неговите ликови се оживеани од страстите и незапирливите емоции. Неговото пишување длабоко ...

На 12 септември во Битола на мал круг гости им беше претставен Mayfair Lounge Bar & Shisha – нов урбан концепт кој сѐ уште е во завршни подготовки. Ова претставување беше т.н. soft opening, а пошироката јавност наскоро ќе биде известена за големото отворање. Зад овој проект стои Алберт Ќеримов, кој по долгогодишно искуство на интернационалната угостителска сцена, меѓу кои и како генерален менаџер во ресторанот на Гордон Ремзи во Куала ...

Анастасија Стојановска од Битола е млада и талентирана make up артистка која посветено работи на откривање на нови методи и техники за шминкање. Таа е амбициозна личност која учи да шминка и ужива во истото. Анастасија исто така е и ученик во СОУ „Таки Даскало“ во Битола на смерот Техничар за козметичка нега и убавина. За трансформациите и желбите за успех, идните планови и интереси таа ни откри токму во ова интервју. Читај бе: Анастасија, ...

Посакај му среќа на секого. Апсолутно на секого. Без исклучок. На добри и на зли луѓе. На луѓе што ги сакаш и на оние што не ги сакаш. Дури и на луѓе исполнети со гнев или омраза. Особено на нив. Зашто, кога сите би биле среќни, никој не би имал потреба да му нанесе болка на друг. Само несреќните луѓе имаат потреба да повредат. Токму затоа вреди да посакаме мир, љубов и благосостојба за секого. Она што им го посакуваме на другите, на крај ни ...

Има една лоша работа во секој од нас. Понекогаш забораваме колку навистина вредиме. Па престануваме да бираме – го земаме првото што животот ќе ни го даде. А потоа, со текот на времето, останува неисполнето срце, празна душа. Еднаш кога ќе ги спуштиш своите критериуми, тешко повторно ги креваш. Тогаш другите почнуваат да те земаат здраво за готово. Не ја ценат твојата присутност, не им значи сè она што си го направил за нив. И тогаш останува ...

Витаминот Д, познат и како „витамин на сонцето“, е многу поважен отколку што мислиме. Тој не влијае само на коските, туку и на изгледот на кожата, косата и нашето целокупно здравје. Зошто е важен? Симптоми на недостаток Недостатокот на витамин Д може да предизвика: Причини за недостиг Како да го зголемите внесот? Дали сте од оние луѓе што сè доживуваат поинтензивно – од еден … „Инсомнија“ е најновиот сингл на Јане Славов, современа поп ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
87%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -2ᴼ
5.14
69%
1031
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
76%
1030
weather icon

Софија

-5ᴼ / -5ᴼ
3.6
86%
1033
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
2.81
87%
1036
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
90%
1029
weather icon

Атина

8ᴼ / 7ᴼ
5.36
65%
1025
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1024
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
81%
1025
weather icon

Букурешт

-7ᴼ / -8ᴼ
4.12
73%
1035
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
88%
1033
weather icon

Истанбул

1ᴼ / 1ᴼ
7.72
69%
1029
Currency

61.55

Currency

53.0647

Currency

70.9755

Currency

35.4631

Currency

38.1088

Currency

66.1009

Currency

7.61455

Currency

0.68229

Currency

0.33542

Currency

0.52456

Currency

1.22615

Currency

0.58472

Родиум

324722.54

Иридиум

198077.91

Кобалт

62.83

Цинк

3.20

Бакар

11.75

Платина

74080.83

Злато

147774.68

Алуминиум

3.13

Рутениум

45750.51

Сребро

2897.61

Калај

49.66

Паладиум

57453.38