Рускиот министер за транспорт Виталиј Савељев изјави дека западните држави побарале враќање на повеќе од 500 авиони од руските авиокомпании. „Веќе се пристигнати барања за повеќе од 500 наши авиони од странско производство“, рече министерот. Истовремено, тој напомена дека е потребно да се одлучи дали авионот треба да се купи или не. „Затоа што компанијата мора да продолжи да плаќа кирии, но станоиздавачите не сакаат да ни ...

Регулаторната комисија за енергетика одлучи и ги соопшти новите цени на нафтените деривати. Согласно одлуката, од полноќ цената на бензините останува иста односно ЕУРОСУПЕР БС-95 – 79,00 ден/лит и ЕУРОСУПЕР БС-98 – 81,00 ден/лит. Цената на дизелот се зголемува за 4 денари од полноќ и ќе изнесува 81,00 ден/лит. Ова се новите цени на горивата: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 79,00 (денари/литар) ...

Денес, 23 март, со почеток во 10.30 часот, во хотелот Александар Палас,, во организација на Амбасадата на Р.Италија и ITA – Italian Trade Agency се одржа конференција на тема “Дизајнот и новите технологии за одржлива иднина.“ во рамки на 6-тото издание на ITALIAN DESIGN DAY. Настанот го отвори Амбасадорот на Р.Италија, Андреа Силвестри. Овогодинешното издание на ITALIAN DESIGN DAY, имаше за цел да ги престави новите ...

Глобално распространет, со мастер франшизи во повеќе од 80 земји во Европа, Азија, Латинска Америка, Океанија, Африка, и со над 30 под-франшизи исто така низ светот, МИНИСО веќе повеќе од 3 години постои на македонскиот пазар со уникатна палета на модерни и практични производи за различни вкусови по достапни цени. Водејќи се по светските трендови и потребата на купувачите во нашата земја за заштеда на време и можност за купување од било каде ...

АмЧам Северна Македонија и АмЧам Грција, со посредство и поддршка од амбасадите на САД во Скопје и Атина – ја организираа својата прва трговска мисија, наречена “Business Beyond Borders” на компании од Република Грција во Република Северна Македонија. На настанот учество земаа околу 60-тина претставници од македонската и грчката бизнис заедница, а беа организирани и околу 40 (B2B и B2G) состаноци. Во своето воведно ...

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека мерките во енергетиката се навреме донесени и рестрикции нема да има. Според него, во регионот Северна Македонија најдобро се справи со енергетската криза и успеа да заштеди над 20 милиони евра од Буџетот на државата и ЕСМ. -Прв пат ги ставивме во употреба нашите домашни капацитети кои не беа во функција од 2009 година. Да, работи на мазут, но произведува 90 мегавати на час. Тие 90 мегавати на ...

Од следниот вторник, 29 март, ќе се исплаќаат мартовските пензии кои ќе бидат зголемени за 1.000 денари. Ова се првите илјада денари кои како дополнителна финансиска помош, пензионерите ќе ги добијат и со априлската и со мајската пензија. Од банкоматите ќе може да се подигнат пензиите од вторник, а истиот ден во банките ќе се врши и исплата на пензиите со висина до 11 илјади денари. Во среда, во филијалите и експозитурите на банките ќе се ...

Во Белгија започна изградбата на проект кој ќе биде најголемиот систем за складирање батерии (BESS) со капацитет од 25 MW / 100 MWh. Системот за складирање на литиум-јонски батерии на Nala Renewables ќе стане оперативен во Бален во регионот Фландрија во Белгија до крајот на 2022 година, како дел од топилницата за цинк на Nystar. Nala Renewables е заедничко вложување помеѓу трговецот со стоки Трафигура и IFM Investors. Во проектот ...

Тесла вчера во Германија ја отвори првата фабрика за автомобили во Европа, а нејзиниот директор Илон Маск ја надгледуваше испораката на возила до првите клиенти, две години по почетокот на проектот. Се емитуваше гласна музика додека 30 клиенти со нивните семејства ги добија своите нови возила минувајќи низ светкавиот тунел со неонски светла. Маска танцуваше и се шегуваше со фановите. – Ова е голем ден за оваа фабрика – рече Маск и ...

Полиците во маркетите во некои европски држава си празни и фалат основни продукти. Во Милано во моментов еден леб чини и до осум евра за килограм, а супермаркетите се исчистени од тестенини и брашно. Германските потрошувачи ги испразнија полиците од масло за готвење, поради што малопродажните синџири го ограничија купувањето и предупредија на акумулација на непотребни залихи. Светските медиуми јавуваат дека паничното купување повторно зафаќа ...

Нешто повеќе од една третина од германските возачи планираат да го остават својот автомобил дома поради огромниот скок на цените на горивото на бензинските пумпи, пренесува агенцијата ДПА. Анализата на YouG откри дека 22,9 отсто од возачите веќе го направиле тоа, а други 12 отсто имаат намера да возат помалку во иднина. Според агенцијата, тука главен фактор се парите: 49 отсто од испитаниците изјавиле дека сакаат да ги тргнат нозете од гас за ...

Брисел – Амбасадорите на земјите од ЕУ во Брисел разговараат за предлозите за решавање на поскапувањето на струјата, бидејќи се повеќе земји бараат ограничување на максималната цена на струјата. Европската комисија најави дека до средината на мај ќе ги претстави можните решенија за оптимизирање на пазарот на електрична енергија, регулирање на цените во итни случаи со евентуално одвојување на цените на бензинот од цените на струјата и ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54% во однос на одлуката од 21.03.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува ...

Утре со почеток во 10.30 часот, во хотелот Александар Палас, Амбасадата на Р.Италија и ITA – Italian Trade Agency, организираат конференција на тема “Дизајнот и новите технологии за одржлива иднина.“ во рамки на 6-тото издание на ITALIAN DESIGN DAY. Утре со почеток во 10.30 часот, во хотелот Александар Палас, Амбасадата на Р.Италија и ITA – Italian Trade Agency, организираат конференција на тема “Дизајнот и ...

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец март 2022 година, и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.03.2022 година, а на деловните банки им препорача да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од ...

Владата денеска го разгледа и прифати Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година. Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат создавање нови работни места, поддршка за креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на ...

Вечерва се очекува да биде соопштена нова цена на малопродажните цени на горивата во Македонија. Засега е непознато дали ќе има поскапување или поевтинување. Цената на нафтата на светските берзи од утрово нагло расте. Вредноста на барелот на лондонскиот пазар утринава скокна на 118 долари, додека на американскиот пазар е 114 долари за барел. Тоа е раст од околу 10 проценти во однос на вчерашниот ден. Во моментов горивата се точат по следните ...

Од утрово голем број од КАМ маркетите се со жолти ленти на вратите и не работат. Во јавноста се претпоставуваше дека УЈП врши контрола, но сега се огласија од КАМ и објаснија што се случува. „Ве известуваме дека во моментот се врши инспекциски надзор во КАМ маркетите. Се работи за редовна контрола. Оние објекти кои во моментот не работат се затворени заради обезбедување услови за непречено одвивање на работата на инспекторите: ...

Утрово голем број маркети беа запечатени со жолти ленти и пломби на коишто пишува дека е затворено од Управа за јавни приходи. Вчера во гостувањето во емисијата Топ Тема на Телма, директорката на УЈП, Сања Лукаревска изјави дека повеќе од 300 инспектори и контролори од УЈП се во инспекциски надзор во 84 објекти на КАМ маркетите заради регистрирани неправилности. „Во моментов повеќе од 300 колеги од Управата за јавни приходи се во сите ...

Од ноќеска бензинот поевтини за 1 денар, додека дизелот поскапе за исто толку. Од 22.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 52,354 (денари/килограм) Но ...

Санкциите ја намалија вредноста на рубљата, со што увезената храна значително поскапе Руската влада инсистира граѓаните на таа земја да не треба да паничат поради достапноста на основните прехранбени производи. – Целосно ги покриваме нашите потреби за шеќер и хељда. Нема потреба од паника, нема потреба да се трупаат тие стоки. Има доволно за секого – изјави вицепремиерката Викторија Абрамченко (Абрамченко), пренесува Би-Би-Си, ...

Чешка објави тендер за изградба на нов реактор во нуклеарната централа Дуковани со цел да се зголеми производството на нуклеарна енергија. Три компании ја поминаа безбедносната проверка: американската Вестингхаус, француската ЕДФ и корејската КХНП и се очекува тие да се натпреваруваат за овој вносен проект. Проектот, проценет на шест милијарди евра, е најголемата поединечна инвестиција во Чешката Република, рече министерот за индустрија и ...

Албанија им нареди на сите градови да го исклучат осветлувањето на јавните згради и улици, поради енергетската криза предизвикана од сушата и поскапувањето на струјата. Албанската државна електроенергетска компанија КЕШ затвори 11 од 13 турбини во хидроцентралите во неделата поради недостиг на вода во резервоарите, принудувајќи ја земјата да ги покрие најголем дел од потребите за електрична енергија со увоз. Албанија се обидува да го ...

„Продолжуваме со активности во делот на утврдување на даночни обврнизици кои ги немаат подесено фискалните апарати за намалената даночна стапка. Повеќе од 300 колеги од УЈП се во сите подржуници на КАМ маркетите, каде се утврдени неправилности“ рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Топ тема“ на Телма. Таа додаде дека по теренските контроли и пријавите од граѓаните, уведени се неправилности во КАМ маркетите ...

Се повеќе граѓани се откажуваат од камините на пелети, а огласниците се преполни со огласи каде граѓаните ги продаваат по багателни цени. Овие скапи камини кои нови чинат над 700 евра станаа буквално прескапи за користење со оглед дека една вреќа пелети од 150-160 денари за вреќа сега се продава за 300, 320, а на една бензинска пумпа од најголемиот ланец на бензински станици во Македонија затекнавме и цени од 380 денари за вреќа. Оваа зима, ...

Како што беше случајот со цената на нафтата, така и цената на златото „дивеа“ откако започна конфликтот меѓу Русија и Украина. Исто како што е случајот со „црното злато“, Русија е рекордер по количината на ова обично, односно поседуваат околу 2.300 тони, што го носи на околу 140 милијарди долари. Овие огромни резерви се создадени во последната деценија и пол и беа наменети за економската безбедност на земјата, пишува ...

Просечната нето плата во Србија лани била 65.864 динари (558 евра), а највисоката во Белград била 82.132 динари (698 евра) во просек. Најниски плати имале Бојничани кои во просек земале 45.019 динари (382 евра), како и жителите на Власотинце, Прешево, Ражањ и Сврљиг. За споредба, во 2020 година просекот бил околу 60.000 динари или 511 евра. За една година платите номинално се зголемени за 9,6 отсто, пренесува Политика. Просечната плата во ...

Цената на нафтата на светскиот пазар денеска расте за повеќе од три долари, а „брент“ од Северното Море ја надмина сумата од 111 долари за барел. Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море е повисока за 3,74 долари и изнесува 111,67 долари за барел. На берзата во Њујорк цената на лесната сурова нафта порасна за 3,98 долари и сега изнесува 108,68 долари за барел. Цените на нафтата се зголемија пред ...

Гаспром продолжува да испорачува руски гас за транзит во Европа преку украинска територија во вообичаениот режим, изјави за новинарите портпаролот на компанијата Сергеј Купријанов. „Газпром“ испорачува руски гас за транзит низ украинска територија нормално во согласност со барањата на европските потрошувачи – 104,7 милиони кубни метри од 21 март – наведе тој. До недела, 20 март, се побарани 106,6 милиони кубни метри ...

Австриската управа за конкуренција (BWB) денеска објави дека покренала истрага за малопродажните цени на горивата, која ќе вклучува анализа на движењето на цените во соседните земји, како Словенија и Унгарија. Истрагата треба помеѓу другите актуелни случувања, да ја утврди причината за сегашните цени и недостатоци или ограничената конкуренција, се вели во соопштението на BWB. Во австриската јавност растат критиките за континуираните високи ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1014
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
9.26
50%
1018
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
6.17
75%
1019
weather icon

Софија

6ᴼ / 3ᴼ
6.69
48%
1018
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
7.8
69%
1021
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
86%
1019
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
7.72
74%
1010
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1009
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1010
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.63
66%
1022
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
63%
1022
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
7.72
76%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.436

Currency

71.3483

Currency

37.9704

Currency

39.0187

Currency

68.0212

Currency

7.75501

Currency

0.64828

Currency

0.33649

Currency

0.52492

Currency

1.20794

Currency

0.57779

Цинк

3.24

Паладиум

51376.89

Злато

161482.36

Кобалт

66.14

Сребро

2840.84

Родиум

368126.05

Бакар

11.61

Калај

48.20

Алуминиум

3.41

Платина

68931.20

Иридиум

259874.72

Рутениум

56199.51