Унапредување на соработката меѓу научно-истражувачката дејност и приватниот сектор со цел инвестирање во човечкиот капитал е фокусот на соработката на Сојузот на стопански комори на Македонија и на Бизнис Академија Смилевски БАС, која вчера доби правна рамка со потпишување на Меморандум за соработка. Во име на двете институции Меморандумот го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и директорката на БАС, Маја Кузмановска. На ...

Петнаесетина претставници на комунални претпријатија од словенечки општини деновиве присуствуваа на практична презентација на можностите на две машини од палетата на „Грин Машинс“, која се одржа во рамките на „Отворените денови на ’Грин Машинс’“, кои се организираа во Ново Место, во близина на Љубљана. „Впечатокот на присутните по презентацијата, беше дека токму со ваков тип на возила, дополнително ќе се подигне нивото на хигиена во ...

Вредноста на британската фунта денеска падна под симболичната вредност од 1,1 долар и се приближи кон историскиот минимум, последица на загриженоста кај инвеститорите од ситуацијата во јавните финансии и во мигови кога Велика Британија веројатно е навлезена во рецесија. Британската валута денеска падна за 2,56 проценти во однос на американскиот долар и попладнево се менува за 1,0972 долари, ниво што не е достигнато од 1985 година, кога ...

Wizz Air, најбрзо растечката и најодржливата авиокомпанија во Европа, најавува дополнително проширување на своите бази во Италија, што ја прави трета по големина авиокомпанија во земјата. Wizz Air доделува три од своите авиони Ербас А321нео во своите бази во Рим Фиумичино и Милано Малпенса: два во Рим и еден во Милано. Доделувањето на овие авиони овозможува лансирање на 12 нови линии, како и зголемена фреквенција на пет линии од Рим Фиумичино ...

Американските стопански комори на Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија, одржаа работна средба за време на Конференцијата за паметни градови во Тирана и се согласија за понатамошно зајакнување на економската соработка и промовирање на можностите за развој. Американските стопански комори се заложија да продолжат да работат заедно за создавање на подобра деловна и инвестициска клима, отстранување на ...

Не трчајте од шалтер до шалтер, од банка до банка, од извршител до присилни наплаќачи и не нервирајте се ако морате да чекате само за една потврда за тоа дали, кому и колку должите. Оваа реакција доаѓа од Македонското кредитно биро кое ги поседува извештаите за обврските на правните и физички лица за секоја од изминатите години. Верувале или не, само со еден клик или за неколку минути можете преку компјутер или на рака, да ја имате потврдата ...

По двата исклучително успешни циклуси за време на пандемијата, проектот на НЛБ Групацијата #РамкаЗаПомош започнува по третпат. Овојпат, со фонд од 100.000 евра, Групацијата ќе ја поддржи реализацијата на три најдобри идеи за одржлив бизнис од регионот. Во последните неколку години, НЛБ Групацијата посвети големо внимание на одржливото работење во регионот на Југоисточна Европа, на кој гледа како на свој дом и во кој е присутна со своите ...

На денешната седница, беше усвоена редовната Информација за исплата на пензии за тековниот месец. Усвоената Информација е со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.09.2022 година. Се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во ...

Се намалува бројот на крави, овци, кози во државата, млеко има сè помалку, а цената на млечните производи уште ќе расте. Во Хрватска килограм кашкавал се продава по 50 евра, а кај нас стигна до 750 денари. И на другите млечни производи цените излегоа од колосек, така овчото сирење се продава од 400 до 600 денари, кравјото од 350 до 450 денари, урдата над 200 денари, а цената на млекото и јогуртот, која постојано се менува во зависност од ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,92% во однос на одлуката од 2.09.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното ...

Стабилноста на финансискиот систем беше одржана успешно и во 2021 година при што речиси сите сегменти од финансискиот сектор остварија забрзан раст. Банкарскиот систем, како главен дел од финансискиот систем, ја задржа својата сигурност, а со носењето на макропрудентните мерки во доменот на противцикличниот заштитен слој на капиталот, дополнително се зајакнува неговата отпорност на шокови. Стабилноста на девизниот курс, како клучен предуслов ...

Вредноста на еврото падна под 0,99 долари за прв пат од 2002 година во азиското тргување на 5 септември. Британската фунта, исто така, достигна најниско ниво во последните 2 и пол години на 1,14 долари. Европските валути се најдоа под притисок откако Русија ја прекина испораката на природен гас преку гасоводот Северен тек 1, наведувајќи дека има истекување нафта во турбината. Потегот дојде веднаш откако министрите за финансии на Групата седум ...

Денеска на редовен состанок Регулаторната Комисија за Енергетика (РКЕ) ќе ги утврди новите цени на горивата во Македонија кои ќе важат уште веечрва на полноќ. На светските берзи во моментов нафтата од типот брент се продава за 95 долари за барел, a вчера се продаваше за 93. Во моментов горивата се точат по следните цени: Моторен бензинЕУРОСУПЕР БС – 95 – 87,50 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар); Дизел ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91% во однос на одлуката од 24.08.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,102%, кај дизелот зголемување во просек за 2,304%, кај екстра лесното ...

Делегација на Германската амбасада во Скопје, предводена од Нејзината екселенција, амбасадорката Анке Холштајн, оствари работна посета на „Алкалоид“. За време на посетата, амбасадорката Холштајн, чиј домаќин беше работна група на компанијата, предводена од Генералниот директор и Претседател на УО, г. Живко Мукаетов, беше запознаена со резултатите од работењето на компанијата, деловните активности, нејзините пласмани и со производственото ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,31% во однос на одлуката од 22.08.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,719%, кај дизелот зголемување во просек за 3,631%, кај екстра ...

По усвојувањето на Информацијата за исплата на пензии за месец август 2022 година од Министерството за труд и социјална политика, се задолжува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 29.08.2022 година. Исто така се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои ...

Се повеќе граѓани се откажуваат од камините на пелети, а огласниците се преполни со огласи каде граѓаните ги продаваат по багателни цени со цел да се ослободат од нив. Овие скапи камини кои нови чинат над 700 евра станаа буквално прескапи за користење со оглед дека една вреќа пелети од 150-160 денари за вреќа сега се продава за 380, 400 денари, а на една бензинска пумпа од најголемиот ланец на бензински станици во Македонија затекнавме и цени ...

“Како Влада, но и како Министерство за економија, секојдневно сме во комуникација со сите претставници на енергетскиот сектор во нашата земја, се со цел да се креираат мерки кои ќе ја ублажат енергетската криза, не само во секторот домаќинства, туку и во дел од индустријата. Индустријата е многу важен дел во економијата имајќи ги во предвид бројот на вработени, буџетот и растот на економската активност. Наша вел е нашите компании да бидат ...

Проф. д-р Кочо Анѓушев и претседател на Македонската енергетска асоцијација денеска ги презентираше барањата на асоцијацијата пред министерот за економија, Кресник Бектеши и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски кои што треба да помогнат во справувањето со високите цени на електричната енергија и начините на обезбедување на доволно количини на енергија за домаќинствата и индустријата особено во текот на ...

Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42% во однос на одлуката од 25.07.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,645%, кај дизелот за 2,347%, кај екстра лесното масло за 2,102% и кај мазутот намалување за 0,05%. Малопродажните цени на ...

Потпретседателите на Сојузот на стопански комори на Македонија, Горан Ѓоргиевски и Сашо Дукоски како дел од владината делегација учествуваа на состаноците на меѓувладините работни групи и стопанските комори во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ каде се дискутираше за детална имплементација на постигнатите договори. Настанот се одржа во Тирана, а во фокус на дискусија на средбите беше изнаоѓање на заеднички механизми за постигнувањето на ...

Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори во соработка со организациите од Турција може да обезбеди 5.000 квалификувани работници кои веднаш ќе почнат да работата во домашните капацитети доколку надлежните институции овозможат нивно вработување под условите кои важат и за македонските државјани. Поради одливот на кадар во европските држави, секторот се соочува со сериозен недостиг на квалификувана работна сила што е ...

Хидроелектраната „Накра“ во Грузија, трета по ред од проектот на „Фероинвест“ за овој пазар, започна со производство на електрична енергија. ХЕ „Накра“ е со инсталирана моќност од 11,7 MW со предвидено годишно производство од 45 GWh електрична енергија. Заедно со претходните два проекти, ХЕ „Ипари“ и ХЕ „Келра“, пуштена е во работа опрема со инсталирана моќност од 20MW со предвидено годишно производство на електрична енергија од 82 GWh. „За ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89% во однос на одлуката од 22.07.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,050%, кај дизелот за 1,596%, кај екстра лесното масло за 1,569% и кај ...

Регулаторната комисија за енергетика на утрешниот состанок кој се оддржува редовно секој понеделник треба да одлучи по новите цени на горивата во Македонија. Горивата во последниов период имаат и пониски цени, па така за неполн месец паднаа и до 10-15 денари. Ова се актуелните цени: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 96,50 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 99,00 (денари/литар) ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,50 (денари/литар). Утре точно ...

Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2022 година кој обезбедува одржување на макроекономската стабилност но и поголема поддршка за компаниите и граѓаните, истакна Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ. Нови 76 милиони евра се обзбедени за идни антикризни мерки за справување со последиците од светската економска и енергетска криза, појасни таа. Дополни дека за поддршка на земјоделството за да се поттикне зголемено домашно производство, ...

Трендот на раст на просечната нето-плата во земјата продолжува. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна нето-плата во мај 2022 година по вработен изнесува 31.407 денари, што е за 2.686 денари повеќе во однос на истиот месец лани или за 9,4%. Согласно статистика, ваквото зголемување се должи пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Штип додели 100 договори на земјоделски стопанства, кои аплицираа на последниот јавен оглас за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари за обработка на житни култури од регионите Штип, Велес, Кочани и Куманово. Министерството овој оглас наменски го распиша, како дел од Планот за производство на храна, со цел обезбедување на нови површини за обработка на ...

Новиот авион Airbus А321NЕО ја поткрепува постојаната посветеност на авиокомпанијата за одржливост Скопје, 22ри Јули: Wizz Air, најбрзо растечката и најодржлива авиокомпанија во Европа, денес го слави пристигнувањето на својот 160-ти авион, кој ќе ја поддржува работата на меѓународниот аеродром Henri Coanda International Airport во Букурешт, Romania. Новиот Airbus A321neo кој се приклучува на флотата на Wizz Air ги вклучува најновите ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
4.63
30%
1021
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
4.12
43%
1022
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
52%
1020
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
46%
1023
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
3.33
58%
1023
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
0.16
63%
1019
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
5.81
62%
1017
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
8.75
30%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
48%
1018
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
4.63
45%
1022
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
4.63
37%
1022
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
9.21
77%
1015
Currency

61.6417

Currency

52.5617

Currency

71.4228

Currency

37.8569

Currency

38.6575

Currency

67.2063

Currency

7.69809

Currency

0.70112

Currency

0.33571

Currency

0.52509

Currency

1.16441

Currency

0.55383

Сребро

2422.91

Родиум

323115.00

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Бакар

11.99

Злато

148242.19

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Паладиум

48547.63

Платина

63819.23

Алуминиум

3.51

Калај

49.43