Владата на Северна Македонија даде согласност на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) да го активира со работа ТЕЦ Неготино за времено дополнително производство на електрична енергија во услови на енергетска криза. Владата даде согласност да се склучи договор за деловно-техничка соработка меѓу АД „ЕСМ“ и АД ТЕЦ „Неготино” за набавка на мазут и за производство на електрична енергија, во периодот декември 2021 – ...
Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 121 седница темелно и сеопфатно ги разгледа предложените мерки и препораки на Комисијата за заразни болести за интензивирање на КОВИД-19 вакцинацијата и за зголемување на бројот на вакцинирани граѓани во Северна Македонија. Тргнувајќи од неприкосновениот факт дека масовната вакцинација е најефикасен одговор за заштита од последиците и за спречување на ширењето на пандемијата со ...
Оваа година греењето на пелети драстично поскапе, ако минатата година вреќа од 15 килограми можеше да се по цена од 160 до 200 денари, сега тие на бензинските станици се продаваат по 300 денари по парче, додека во малопродажниот ланец најевтините се околу 260 денари за парче. Ако едно семејство затоплува дом од 50-60 квадрати, за десетина часа би потрошил една вреќа пелети, така според пресметките месечно ова семејство би потрошило 9.000 денари ...
Од денеска започнува исплатата на ноемвриските пензии кои ќе се исплаќаат етапно со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. За оние пензионери кои немаат платежни картички, исплатата ќе почне од денес и тоа за пензиите во висина до 11 илјади денари, во понеделник, во банките ќе може да се подигне пензија од 11 илјади до 14 илјади денари, во вторник од 14 илјади до 18 илјади денари, а во среда пензии над 18 ...
Македонски Телеком продолжува да ја гради 5G мрежата на целата територија на Македонија. Во тек е интензивна работа на терен со партнерот Ериксон за замена на постоечката технологија со опрема од најновата генерација којашто ќе овозможи 5G услуги, поголем капацитет и подобро корисничко искуство. Од август до сега, покриени се 11 градови во централниот и западниот дел на државата, а до крајот на годината ќе се покријат уште 2 во јужниот дел: ...
Северна Македонија ќе добие соларен парк, кој ќе биде еден од најголемите во Европа со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегавати (MW). Станува збор за директна француска гринфилд инвестиција најголема во овој домен, за македонската економија. Соларниот парк „Стипион“ ќе се гради во текот на следната 2022 година на локацијата која беше предвидена за карго аеродромот во Штип. Поради движењата на ветровите ...
27.11.2021, Скопје – До крајот на годината, во рамките на проектот GREENOVET, ќе биде отворен регионален Центар за стручно образование и обука за зелени иновации што ќе биде единствен од ваков вид во регионот, а кој се формира со тесна соработка меѓу бизнис секторот, истражувачите од универзитетските институции и центри, како и стручните училиштата. Паралелно со центарот во Скопје се отвораат и центри во регионите: Штаерска – ...
Деновиве социјалните мрежи се преполни со реклами од познати македонски компании кои решија да се вклучат во големиот празник на купувањето познат како “Црн Петок”. Додека црниот петок во САД е вистинска атракција, а граѓаните можат да пазаруваат по несекојдневни цени, кај нас црниот петок како маркетиншки трик почна уште од пред една недела. Голем број на компании поставија натписи со намалување на цените кои важат цела недела, но ...