Произведено комплетно во погоните на „Брако“ во Велес од инженерските тимови на компанијата, неделава пред светот беше презентирано најновото возило од брендот „Green Machines“. Новиот GM400ze е целосно електрично возило со револуционерни функционалности кои што дополнително придонесуваат кон остварување на еколошката агенда на брендот и компанијата. „Деновиве, серијата 400, се збогати со ново, целосно електрично ...

Комисијата за енергетика на бугарскиот парламент ќе предложи од утре, 16-ти декември до 31-в март наредната година, цената на струјата и парното да биде замрзната и да нема нејзино поскапување за граѓаните. Претходно, пратениците го прифатија предлогот на ГЕРБ, според кој цените за потрошувачите од домаќинствата треба да останат на ниво од 1-ви јануари 2021-ва година. Нацртот на новата одлука ќе биде доставен на гласање на утрешната пленарна ...

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска изјави дека во Предлог-буџетот за 2022 година не се планирани средства за исплата на К-15 во јавниот сектор. За 2022 година нема дополнително предвидено пари за исплата на К-15 во јавниот сектор, истакна Бесими, во врска со тоа дали се предвидени пари во Предлог-буџетот за регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор. Сојузот на синдикати на Македонија во неделата протестираше ...

Централната банка на Англија соопшти дека биткоинот може да стане безвреден и дека луѓето кои инвестираат во дигитална валута треба да бидат подготвени да изгубат сè. Во предупредувањето за потенцијалните ризици за инвеститорите, централната банка се запраша дали има вродена вредност на најистакнатата дигитална валута, чија вредност се искачи на близу 50.000 долари по парче оваа година. На почетокот на ноември, биткоинот достигна рекордно ...

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15. Регресот за годишен одмор годинава ќе биде во износ од минимални 11.457 денари. Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од минимални 11.457 денари па нагоре. Пресметките се прават според 40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци или 40 отсто од износот ...

Годинешниот добитник на престижната титула „Личност на годината“ на американскиот магазин TIME е Илон Маск. Секоја година, од 1927 година, еден од најпознатите американски магазини објавува која е „Личност на годината“ во декември. Илон Рив Маск е јужноафрикански претприемач и инженер. Тој е основач, директор и главен инженер/дизајнер на компанијата „Space Ex“, ко-основач, директор и дизајнер на производи во ...

Турската лира денеска забележа уште еден остар пад на цената додека се чека најновата одлука од Централната банка на земјата за каматната стапка подоцна оваа недела, јави ДПА. Претходно денеска, на моменти лирата беше во пад за околу 4 отсто и во однос на доларот и еврото, достигнувајќи нова најниска вредност. Во моментов потребни се повеќе од 14 лири за да се купи еден долар и повеќе од 16 за да се купи евро. Турската валута изгуби околу ...

Земјите од Г7 се загрижени дека Кина прибегнува кон „принуда” во својата економска политика, истакна денеска на прес-конференција шефицата на британската дипломатија Елизабет Трус, во рамки на средбата на министрите за надворешни работи на Г7 што се одржа во Ливерпул. – Загрижени сме што Кина прибегнува кон принуда во нејзината економска политика. Сакаме да ги зголемиме инвестициите и трговската и економската политика со ...

Новата германска влада денеска усвои дополнителен буџет од 60 милијарди евра за климатскиот фонд, со цел да овозможи дополнителни инвестиции во транзицијата кон зелена економија, соопштија властите. Дополнителниот буџет беше едногласно усвоен од кабинетот на канцеларот Олаф Шолц. Износот од 60 милијарди во овогодинешниот буџет ќе биде насочен за идните трошоци од Фондот за клима и трансформација. Оваа одлука минатиот месец ја договорија ...

По завршувањето на пандемијата на коронавирусот, човештвото ќе се соочи со посериозни предизвици од претходно. Тие ќе бидат поврзани со сиромаштија, глад, нееднаквост, болести и климатски промени. Ова го изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Гебрејесус во говор на 10. Глобална конференција за здравствена превенција во Женева, и ги повика владите да „промовираат економски раст заснован на здравјето и ...

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ја зголеми својата проценка за глобалната побарувачка на нафта на почетокот на 2022 година, проценувајќи дека новата варијанта на коронавирус, омикрон, само малку ќе влијае на светот кој веќе научи да живее со пандемијата. ОПЕК ја процени побарувачката на нафта во првиот квартал од следната година на просечни 99,13 милиони барели дневно, зголемувајќи ја својата ноемвриска прогноза за 1,11 ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,02 % во однос на Одлуката од 6.12.2021 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 денари/литар. ...

Предлог-буџетот за 2022 година е одговор на предизвиците кои престојат, но е и во насока на реализација на приоритетите за следната година, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната пленарна седница на која се разгледува овој стратешки документ. Предвидувањата за економијата на глобално ниво за 2022 година, како што посочи Бесими, се оптимистички, а во македонската економија се очекува годината да заврши согласно проектираниот ...

Пазарот на криптовалути уште еден ден по ред осамна во црвено, јавуваат светските медиуми. И денеска тој бележи пад на пазарната капитализација од цели 5,6 отсто, што во моментов изнесува 2,36 трилиони долари. Биткоинот во изминатите 24 часа, според веб-страницата Koingeko, изгуби 2,8 отсто од својата вредност и моментално се тргува по 48.043 долари. Во изминатите 24 часа етерумот падна за цели 6,2 отсто, а јас се приближив до границата од ...

Издадени одобренија за градење, октомври 2021 година Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2021 година се издадени 509 одобренија за градење, што е за 88.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 9 719 076 илјади денари, што е за 155.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени ...

Зголемените трошоци за логистика и проблемите со синџирот на снабдување може да доведат до недостиг на алкохол во супермаркетите во Велика Британија за претстојните божиќни и новогодишни празници. За ова предупредуваат трговците со вино и жестоки пијалоци во писмо до министерот за транспорт на Обединетото Кралство – Грант Шапс, информира весникот „Гардијан“. „Проблемите со граничните контроли по напуштањето на Европската ...

Акциите на европските берзи благо пораснаа денеска наутро, продолжувајќи да растат од минатата недела, но тргувањето е претпазливо бидејќи оваа недела ќе се одржат состаноци на лидерите на неколку најголеми светски централни банки. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во плус 0,2 отсто утрово. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,04 отсто, на 7.294 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,40 отсто, на 15.683 поени, а париски CAC ...

Владата претставена од министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири и од советникот на премиерот за труд и социјална политика, Милан Живковиќ, денеска разговараше со претставници на Сојузот на синдикати и граѓанските синдикати што членуваат во него, а во врска со синдикалните барања за повисока минимална плата, потребата од конечно воведување на недела како неработен ден, правото на исплата на регрес за годишен одмор, ...

Вкупниот број на туристи во октомври изнесувал 53 828 од кои 58,9 проценти биле странски туристи, а 41,1 процент домашни туристи. Реализирани се 124 219 ноќевања од кои 56,3 проценти од странските туристи, а 43,7 проценти од домашните туристи, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Во периодот јануари-октомври, бројот на туристи е зголемен за 50,5 проценти во однос на истиот период минатата година. Кај домашните туристи има зголемување ...

Цената на гасот во Европа на отворањето на берзата во понеделникот се искачи над 1.300 долари за илјада кубни метри, првпат од почетокот на октомври, а потоа речиси веднаш надмина 1.350 долари, покажуваат податоците на лондонската берза. Цената на јануарскиот договор во центарот ТТФ во Холандија се зголеми на 1.334 долари за илјада кубни метри, или 114,3 евра за мегават-час. Целокупното поскапување на гасот во Европа во однос на затворањето во ...

Владата на денешната седница го одобрила предлогот на Министерството за финансии за репрограмирање на кредитни услови на АД „НАЦИОНАЛНИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ“ Скопје во државна сопственост, во однос на заемот за финансирање на проектот „Гасификација на Република Северна Македонија“, добиен од Дојче банка и Ерсте банка, соопштија од Владата попладнево по одржаната седница. „Согласно оваа одлука, Министерството за ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.12.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ...

Проектите на Пивара Скопје и ЕВН Македонија се најдоа помеѓу 8-те најдобри проекти во Источна и Југоисточна Европа кои градат доверба помеѓу бизнисот и локалните заедници. Две членки на Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) – Пивара Скопје и ЕВН Македонија, се избрани меѓу 8-те финалисти во “Иницијативата за Промовирање на Доверба во Бизнисот” која е поттикната од мрежата на АмЧамс во Европа и Центарот за ...

Телеком Србија, државната српска комуникациска компанија најави дека за една недела стартува со деловни активности на македонскиот пазар. Плановите им се догодина да почнат и со телефонски услуги во Македонија. -На 16-ти ноември ја отвораме првото претставништво во Северна Македонија. Почнуваме со сателитска телевизија. Во март или во април наредната година планираме да почнеме и со мобилна телефонија. Телеком благодарение на партнерството со ...

Скопје, 26.11.2021 – А1 Македонија ја започнува празничната новогодишна еуфорија и со задоволство ја најавува новата атрактивна промоција со која на сите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2022 година со неограничена комуникација, многу содржини и ТВ уреди по најповолни цени. Како компанија која нуди конвергентни услуги, А1 Македонија ја збогати својата A1 Combo понуда со која корисниците можат да ги поврзат мобилните и фиксните ...

Претседателот Стево Пендаровски вечерва во интервју на ТВ21 откри дека пред околу една година неколку институции во државата, меѓу кои и две банки, биле цел на хакерски напади. Тој изјави дека имало истрага со форезничари и било откриено од каде доаѓаат нападите, но не било откриено дали тие групи биле спонзорирани од држави. – Две најголеми банки и 2-3 други државни институции беа соборени. Имаше истрага од Обвинителството со форезничари ...

Заклучувањето, кое ќе стапи на сила во Австрија од понеделник, ќе ја чини австриската економија една милијарда евра неделно, проценуваат економистите. Гастрономијата и трговијата особено се во неволја. Поучен од искуството на заклучување од ноември минатата година, експертот на Економскиот институт Вифо, Јозеф Баумгартнер, посочува дека БДП овој месец ќе биде помал за 800 милиони евра. Во првите две недели од декември ефектот на заклучување ќе ...

Што треба да направи Европа? Таа мора да разбере дека побарувачката за рециклирани суровини расте Петнаесет години пред предвиденото, Италија, во рециклирањето хартија, ги постигна своите планови. Италија постигна амбициозен план за рециклирање хартија 15 години пред предвиденото. Тие рециклираат 85% од хартијата. Формирана е мрежа на мали и средни компании кои вработуваат 20.000 работници и заработуваат 4 милијарди евра годишно од отпадна ...

Цената на биткоинот денеска падна, заедно со другите средства во петокот, достигнувајќи шестнеделен минимум, и официјално влезе на територијата на мечкиниот пазар. Според податоците на Coin Metrics, најголемата криптовалута во светот падна за 8 отсто во последните 24 часа, на 54.177 долари, најниско ниво од почетокот на октомври. Биткоинот, пак, е намален за 20 отсто од рекордно високото ниво од околу 69.000 долари претходно овој месец. ...

На 9 ноември 2021 година, се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето дека тековното ниво на основната каматна стапка е соодветно на макроекономските и финансиски услови, при што беше одлучено таа да ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.01
73%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1016
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.17
84%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
88%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.45
75%
1012
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
77%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
1.34
62%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
7.2
82%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52