„Северна Македонија има одлични услови за привлекување на странски инвестиции и во Слободните економски зони каде што големи поволности се предвидени за странските инвеститори, но и надвор во зоните. Нашата стратегија е да постигнеме подобар економски развој не само на Република Северна Македонија, туку и на целиот регион, кажа министерот за економија и труд Басар Дурмиши на бизнис форумот и деловни средби меѓу Република Северна Македонија и ...

Меѓународната програма за ПР-награда во комуникациската индустрија, која досега не се прославуваше со признание за високи достигнувања, ќе претстави неспоредлива широчина на најновите комуникациски таленти. Таа, исто така, ќе се залага за вистина и интегритет во ера на дезинформации. Со воспоставување на јавно достапен правилник кој ќе овозможи транспарентна евалуација на проектите вклучително и судиско тело од 6 континенти. Ова се надоврзува ...

Шише вода (330 мл) е најскапо во Цирих, 5,08 долари, а најевтино во Каиро, само 0,16 „зелембака“, објави Spectator Index. На објавената листа има многу градови во светот, па иако го нема Скопје, ние сме пресметале приближно (резултатите се разбира варираат во зависност од тоа кој производител на флаширана вода ќе го изберете бидејќи цените се различни) како котира главниот град на Србија. На пример, земавме шише кое чини 20 денари (0,35 ...

На саемот за автомобили во Париз е планирана средба меѓу Карлос Таварес, Лука де Мео и Оливер Зипс. Stellantis, производителот на Peugeot, Citroen, Fiat и Opel, во понеделникот остана без 14 отсто од вредноста на берзите во Милано и Париз, Volkswagen загуби нешто повеќе од 2 отсто, BMW и Mercedes околу 3 отсто. Во Европа и во првите шест месеци од годинава се продадени 15 отсто помалку автомобили од лани, а не им цветаат сите рози на ...

Фабриката на Ауди во Брисел е пред затворање по 75 години, а доколку нема директен договор со вработените, за што се подготвува менаџментот, производството ќе заврши во првиот квартал од следната година. Германските медиуми јавуваат дека шестите и последни преговори меѓу работниците и раководството за социјалниот план ескалирале, а позициите меѓу работодавците и претставниците на вработените се заострија и очигледно веќе не е можен договор. ...

Инспектори од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела спроведоа вонредни надзори во магацини за пакување на новогодишни пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со новогодишни пакетчиња. Во рамки на спроведените 62 контроли, утврдено е несоодветно означување на пакетчиња кај 4 оператори. Кај 3 вида на пакетчиња, констатирано е дека на збирното пакување нема наведено рок на траење, односно датум на минимална трајност ...

Стопанската комора на Северна Македонија и Фискалниот совет на Република Северна Македонија потпишаа договор за соработка, со кој се поставува основа за редовна комуникација и партнерски однос во клучни области како што се макроекономските движења, монетарната и фискалната рамка и управувањето со јавните финансии. Целта е да се зголеми взаемната информираност во функција на максимизирање на предвидливоста на бизнис амбиентот за економските ...

Денес, Управата за јавни приходи организираше настан за прием на нови 25 големи даночни обврзници, кои не припаѓале во групата на големи даночни обврзници и биле администрирани во другите Регионалните дирекции на УЈП. Од 01.01.2025 година, овие обврзници преминуваат во надлежност на Дирекцијата за големи даночни обврзници (ДГДО) при Управата за јавни приходи, што значи дека ќе бидат под посебен и персонализиран третман, со поголема поддршка и ...

Народната банка за наредната година очекува умерено забрзување на растот којшто би се искачил на 3,3%, со позитивен придонес од сите компоненти на растот, меѓу кои и најавениот јавен инвестициски циклус и повисокиот прилив на странските директни инвестиции. Се очекува забрзување на извозот со понатамошно закрепнување на светските услови, како и позитивен придонес на личната потрошувачка при раст на расположливиот доход и очекувања за солидно ...

Празниците се време за споделување и дарување, среќа и радост за секого. Сепак, не сите можат да ја почувствуваат празничната магија и да си обезбедат достојна празнична трпеза. Токму затоа, во духот на хуманоста и солидарноста, НЛБ Банка ги замени традиционалните корпоративни подароци со значајна донација во храна за оние на кои таа им е најпотребна. И годинава, Банката во соработка со Црвениот Крст на град Скопје обезбеди пакети со основни ...

Со внимание ја следиме јавната дискусија иницирана од истражувачката сторија и документарниот филм „Украдени животи” на Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ). Групацијата на небанкарски финансиски друштва, како и досега, со должна почит пристапува кон сите новинарски извештаи и ја почитува професионалноста и независноста на новинарите во земјата. Во поддршка на истражувањата, меѓу кои е и последното на ИРЛ, финансиските друштва се на ...

Од 1 јануари детскиот додаток во Германија се зголемува за пет евра, а се зголемуваат и даночните олеснувања за семејствата со деца. Тоа значи повеќе пари во паричникот за речиси сите – особено за семејствата. Во Берлин, Федералниот совет даде зелено светло за соодветниот закон на Бундестагот, за кој во четвртокот гласаа сите парламентарни групи (СПД, Зелените, ФДП, но и Унијата, па дури и АфД, но не и групата Левица). Според тоа, детскиот ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, изнесува 108.6. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.7 %), Преработувачка индустрија (10.8 %) и Образование (10.8 %). Зголемување на просечната ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, изнесува 108.5. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.5 %), Информации и комуникации (10.7 %) и Образование (10.6 %). Зголемување на просечната ...

Во Народната банка се одржа 53. сесија на Клубот на истражувачите на која беa презентирани научните трудови „Хиерархиска економска анализа на меѓународната трговија со услуги“ од авторите Филип Насковски, Мартин Бојковски, Димитар Пешевски и Димитар Трајанов и „Проценка на ефикасноста на јавните трошења во земјите од Југоисточна Европа – ДЕА техника за анализа на податоци“ од авторите Весна Гарванлиева Андонова и Борче Треновски. Сесијата ја ...

АД ЕСМ со поволен кредит од германска развојна КфВ банка почнува нов циклус инвестициски проекти во обновливи извори на енергија. Станува збор за изградба на фотоволтаичната електроцентрала Битола 2 и реализацијата на втората фаза од изградбата на ветерниот парк „Богданци“. Средствата за овие два значајни проекти, во износ од 55 милиони евра, се обезбедени преку заем со државна гаранција потпишана од Министерството за финансии, по ...

Советодавниот центар за финансискиот сектор на Светската банка (ФИНСАК) изработи студија за процена на финансиската одржливост, во која учество зедоа и експерти од Народната банка и којашто беше презентирана во присуство на тимот, предводен од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами, како и делегацијата на Светската банка предводена од директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава, ...

На 17 декември 2024 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето дека најновите услови во економијата овозможуваат да се продолжи со ...

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ – 04 пријави за овој даночен период, навреме да ги достават потребните документи до своите сметководители. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти декември 2024 година (среда), што значи дека остануваат уште пет работни дена за исполнување на оваа законска обврска. До денес, поднесени се 529 ДДВ – 04 пријави, од очекуваните 7.397 ...

Лазо Узунчев, Генерален Директор и Претседател на Управниот одбор на ЕСМ, Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија за Северна Македонија и Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија, денес потпишаa ЕУР 5 милиони инвестициски грант договор, донација од Европска Унија (ЕУ). Инвестицискиот грант ќе биде дополнување на претходно одобрениот ЕУР 15 милиони кредит од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за ...

Десет години успешна стратешка соработка меѓу Филип Морис Интернешнал (ФМИ) и Тутунскиот Комбинат Прилеп (ТКП) се одбележаа денеска на настанот на кој, меѓу другите, присуствуваa премиерот Христијан Мицкоски, Регионалниот потпретседател за кластерот Југоисточна Европа во Филип Морис Интернешнал, Костас Салварас и Генералниот директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП), Иван Костиќ. Присутните заклучија дека се исполнети основните ...

Wizz Air, еколошки најодржливата авиокомпанија на EMEA*, денеска најавува три нови меѓународни линии од Скопје. Новите дестинации ги вклучуваат Барселона, Лион и Штутгарт, зголемувајќи ги опциите за патување за патниците во Северна Македонија. Основните цени започнуваат од само 24,99 евра за Штутгарт и 29,99 евра за Лион. Новата линија од Скопје до Барселона е достапна од 31,99 евра. Билетите за новите дестинации од Скопје се веќе достапни на ...

Групацијата 4iG, преку својата подружница ОНЕ Македонија Телекомуникации, официјално достави писмо за намери до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), каде го изразува својот интерес за обезбедување на достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во Северна Македонија. Овој чекор преставува значителна пресвртница во плановите на 4iG за да придонесе во модернизација на ...

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) дава нова поддршка за зелено финансирање на Комерцијална банка АД Скопје во Северна Македонија. Кредитот на ЕБОР, во износ до ЕУР 4 милиони, е одобрен од Програмата за зелено финансирање, и ќе обезбеди пристап до финансирање на малите и средни претпријатија (МСП) за инвестиции кои ќе се квалификуваат за поддршка, а се од сферата на технологии за обновлива енергија и/или енергетска ефикасност, ...

Народната банка ги зајакнува активностите за подобрување на животот на лицата со попреченост преку олеснување на пристапот до финансиски услуги. За таа цел централната банка изработи Насоки за поголемо вклучување на лицата со попреченост како потрошувачи во банкарскиот сектор, коишто опфаќаат поголемо олеснување на физичкиот пристап до локациите и инсталирање дигитални платформи, вклученост при осмислувањето на банкарските производи, како и ...

Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија се формира и објавува согласно Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/14, 102/14, 14/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 83/22). Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 16.12.2024 која се применува од ...

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.12.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,50 ден/лит. Малопродажната цена бензинот ...

„Antenna Group“, водечката меѓународна организација за медиуми, содржини и забава, го назначи Хенинг Тевес за главен извршен директор на Групацијата, од 1 јануари 2025 година. Хенинг носи увид и познавање во бизнисот со своето значително искуство во телевизијата и новите дигитални платформи, како и со претходните повеќе извршни позиции во медиумската и забавната индустрија. Пред да се приклучи на „Antenna“, тој водеше неколку компании и ...

Управата за јавни приходи ги информира физичките лица кои издаваат недвижни имоти (станови, вили, викендички, апартмани или соби) за краток престој (не подолг од 31 ден во месецот), особено за време на претстојните празници, имаат обврска преку системот „е-Даночни услуги“, да го пријават доходот остварен од издавање на имотот. Ова се однесува и на издавање преку платформи како AirBnb, Booking.com, Facebook, Кајак и други. Основа за ...

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заедно со вицегувернерката Емилија Нацевска, остварија средба со претставници на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) предводени од претставникот на Канцеларијата на ИФЦ во земјава, Висар Перани, по повод презентацијата на проектот на ИФЦ којшто се однесува на унапредување на дигиталните финансиски услуги и промовирање на финансиската вклученост во регионот, во рамките на ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
3.09
87%
1016
weather icon

Белград

6ᴼ / 1ᴼ
1.03
70%
1017
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
88%
1019
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
2.07
47%
1016
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.3
82%
1018
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
94%
1020
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
69%
1013
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
62%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
66%
1013
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
71%
1018
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
70%
1018
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
86%
1018
Currency

61.645

Currency

53.6148

Currency

71.3575

Currency

37.9539

Currency

39.1761

Currency

68.1485

Currency

7.80626

Currency

0.66674

Currency

0.33746

Currency

0.52523

Currency

1.21814

Currency

0.58224

Сребро

2551.92

Калај

48.18

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.42

Злато

160711.94

Иридиум

259874.72

Паладиум

49576.45

Родиум

369733.59

Бакар

11.51

Цинк

0.00

Платина

66005.48

Кобалт

3.86