Сертификациското тело Quality Austria по трет пат и го додели меѓународниот сертификат за управување со квалитет на Агенцијата за храна и ветеринарство за воспоставениот Систем за квалитет, согласно барањата на стандардот ИСО 9001 : 2015. Сертификатот на АХВ и е доделен по дадените позитивни оценки од страна на сертификациското тело MQS, регионален парнер на австриското национално сертификационо тело Quality Austria за квалитетот на услугите што ...

Вкупно 36,3 отсто од анкетираните германски компании се жалат на недостиг од квалификувани работници, се вели во извештајот објавен денеска од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен. Резултатот е нешто поповолен отколку во октомври 2023 година, кога 38,7 отсто од германските компании пријавиле проблеми со недостиг на квалификувана работна сила. Пред една година, 43,6 отсто од компаниите во Германија пријавиле слични тешкотии. ...

Европската унија се подготвува да воведе царини за увоз на жито од Русија и Белорусија, со цел да се реши загриженоста на земјоделците кои протестираат во неколку земји-членки на блокот. Се очекува во наредните денови Европската комисија да воведе царина од 95 евра за тон жито од Русија и Белорусија, додека царини од 50 отсто ќе бидат воведени за маслодајните семиња и нивните производи, објави Фајненшл тајмс. Ваквата одлука се очекува во време ...

Кинеските регулатори ги обвинија Евергранд и неговиот основач дека ги зголемиле приходите за 78 милијарди долари, ставајќи ја несолвентната компанија во центарот на најголемиот случај на финансиска измама во земјата. Кинеската Регулаторна комисија за хартии од вредност (CSRC) ја казни Hengda Real Estate, главната кинеска единица на групацијата, со 4,175 милијарди јуани (580 милиони долари), соопшти компанијата во поднесување до берзата во ...

Македонски Телеком воведува нова генерација дигитална телевизија – MagentaTV, иновативна ТВ платформа којашто нуди едно сосема ново, модерно ТВ доживување во согласност со современите навики и интереси на корисниците. Новата телевизија е достапна секогаш и секаде и на сите екрани, со слика и звук со висок квалитет, модерен интерактивен интерфејс, пристап до апликации од Google Play Store, ТВ-тека, видеотека, видео клуб, снимање, паузирање, ...

Во рамките на „Глобалната недела на парите“, преку акцијата „Одблиску со гувернерот на Народната банка“, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги отвори вратите на својот кабинет за дел од студентите на Економскиот факултет при УКИМ, кои имаа можност одблиску да се запознаат со работата и активностите на Народната банка. Гувернерката порача дека само личности кои се добро едуцирани за начинот на управување со финансиите, може да бидат независни ...

По 3 децении постоење на пазарот, под мотото „Кога повеќе значи повеќе“, Diners Club денес го претстави своето лого по повод јубилејот и воедно најави многубројни изненадувања, промоции и награди кои следуваат и ќе се случуваат до крајот на годината, а ќе бидат наменети за сите постоечки и нови членови. Во склоп на јубилејната година од компанијата најавија и бројни хуманитарни активности и проекти од општествено одговорен карактер. Diners Club ...

Дали сакате да живеете со добра германска пензија на старост? Дефинитивно е можно. Меѓутоа, за да го постигнете ова, мора да имате добра саатница во Германија. Секој кој бил добро платен во текот на работниот век во Германија, може да очекува дека ќе биде во добра финансиска состојба во староста. Но, колку всушност треба да биде саатницата? Бруто саатницата за работна недела од 37,7 часа, според последните пресметки, не смее да падне под 21,19 ...

Унилевер, сопственик на сапуните Marmite и Dove, треба да укине околу 7.500 работни места ширум светот како дел од опсежниот тригодишен план за намалување на трошоците. Групата исто така соопшти дека ќе го прекине својот бизнис со сладолед, кој ги вклучува брендовите Wall’s, Ben & Jerry’s и Magnum. Гигантот за прехранбена и домашна индустрија рече дека разделбата ќе започне веднаш и треба да биде завршена до крајот на 2025 година. Унилевер ...

Тужбата поднесена од такси здруженијата во Австралија против Uber нема да заврши пред Врховниот суд на Викторија. Меѓународниот гигант за приватни транспортни услуги се согласи да плати компензација на возачите на такси и изнајмување автомобили, како и на нивните здруженија, поради загубата на приходите и вредноста на лиценцата откако Uber влезе на австралискиот пазар. Како што соопшти судијката Лиза Николс, тужбата во Врховниот суд на Викторија ...

Модниот трговец на мало, Тед Бејкер, наводно се подготвува да затвори 86 продавници и да укине стотици работни места. Компанијата No Ordinary Designer Label, која е во сопственост на Authentic Brands Group (ABG) и работи како Ted Baker, денеска поднесе предлог за ангажман на стечајната управа на Teneo Financial Advisory. Нивното вработување најверојатно ќе резултира со затворање на продавници и кратење на работни места, пренесува Sky News. Иако ...

Најголемата државна банка во Етиопија се обидува да врати големи суми пари што ги подигнале клиентите поради системска грешка! Корисниците во саботата открија дека можат да подигнат повеќе готовина отколку што имаат на нивните сметки во Комерцијалната банка на Етиопија. – Повеќе од 40 милиони долари се повлечени од сметката или префрлени во други банки – јавуваат локалните медиуми. На банката и требаа неколку часа да разбере што се случува и да ...

Fisker Inc. го паузира производството во следните шест недели бидејќи производителот на електрични возила се обидува да го заузда залихите и да ја избегне можноста да поднесе барање за стечај. Компанијата минатата недела не плати околу 8,4 милиони долари задолжителна камата на нејзините необезбедени конвертибилни обврзници доспеани до 2026 година, според регулаторното поднесување во понеделникот. Фискер предупреди дека можеби нема да може да ги ...

Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните дека согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани ќе се изврши исплата на финансиска поддршка за следните категории на граѓани: Финансиската поддршка за корисниците опфатени со овој закон, изнесува 2.000 денари месечно за корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост и самохрани родители кои се корисници ...

Додека моделите на Tesla долго време восхитувачки ја држат својата цена, пазарната вредност на користените модели на Tesla забележа значителен пад во последните две години, надминувајќи го просечниот пад на цената на пазарот на половни автомобили, се вели во извештајот на iSeeCars. Заклучно со крајот на минатата година, просечната вредност на користените автомобили „Тесла“ само во претходниот месец падна за 4,8 отсто, што е значително повисоко ...

Во Источна и Западна Германија пензиите за прв пат ќе бидат униформни од јули. Пензиите растат за повеќе од четири отсто, јавуваат германските медиуми. Пензиите во Германија од 1 јули ќе се зголемат за 4,57 отсто. Ова го соопшти Министерството за социјални работи во вторник во Берлин. Усогласувањето на пензиите се базира на најновите податоци на Сојузниот завод за статистика и Германскиот институт за пензиско осигурување. Пензијата од 1.000 евра ...

Генералниот секретар на Сојузот на слободни синдикати на Црна Гора, Срѓан Кековиќ, рече дека е добро што треба да се тестира најавениот модел за воведување неработна недела во текот на сезоната, по што ќе се проверат неговите резултати. На седницата на Социјалниот совет во понеделник требаше да се расправа за неработната недела во сезоната, но таа точка беше одложена за следната седница. Од Синдикатот на синдикати и работодавачи велат дека е ...

Централната банка на ЈАПОНИЈА (БОЈ) денеска ги зголеми каматните стапки за прв пат по 17 години, со што стави крај на периодот на екстремно поддржувачка монетарна политика. По дводневниот состанок, БОЈ благо ги зголеми краткорочните каматни стапки, на опсег од нула до 0,1 отсто. Со првото зголемување на каматната стапка во последните 17 години, јапонската банка последна меѓу групата монетарни институции на водечките светски економии се откажа од ...

Највисоката бруто-месечна плата исплатена во Црна Гора лани изнесувала 127.820 евра. Таа сума, која вклучува даноци и придонеси, била платена на државјанин на Азербејџан, вработен во областа на изнајмување сопствен или изнајмен недвижен имот, пренесува Инвеститор. Тоа е 129 просечна бруто заработка од лани или 284 минимум. Според податоците на Монстат, на ниво од минатата година просечната бруто плата била 987 евра, додека минималната 450 евра. ...

На прес-конференцијата соработникот за енергетика го соопшти дневниот енергетски биланс за претходното деноноќие. Тој информираше дека вкупното производство на електрична енергија од ЕСМ, за вчерашниот ден изнесува, 10756 мегават часови. Од термоелектраните произведени се вкупно 7800 мегават часови, од обновливите извори на енергија произведени се 2956 мегават часови, набавена е електрична енергија за потребите на вчерашниот ден 2400 мегават ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,65% во однос на одлуката од 13.11.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,158%, кај дизелот има ...

Рекламите на Нетфликс погодија повеќе од 23 милиони месечни активни корисници, рече Ејми Рајнхард, претседателка за рекламирање на стриминг сервисот. Тоа е зголемување за околу 8 милиони за околу два месеци. Стриминг гигантот објави дека има 15 милиони глобални месечни активни корисници во ноември 2023 година. „Многу сме среќни што гледаме долгорочна перспектива за ова“, додаде Рајнхард на Самитот за забава Variety на конференцијата за ...

Минималните трошоци на едно семејство во февруари изнесуваат 57.476 денари, што претставува зголемување од 313 денари во однос на јануари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка. Со изнајмен стан од 60 квадрати минималните трошоци во февруари изнесуваат 72.851 денар и се зголемени за 213 денари во споредба со јануари. Според податоците што ги објави ССМ, најголеми трошоци семејството има за храната и за пијалаците – 21.219 ...

Новите автомобили на Фолксваген сè уште слабо се продаваат. Компанијата во јули испорача 773.000 возила, што е само 6,6 отсто повеќе од истиот, многу лош месец минатата година. Навистина, во првата половина од оваа година растот беше 12,8 отсто, но поради големиот заостаток на нарачки од 2022 година, објави во петокот VW. Компанијата имаше значителен раст во Западна Европа, каде продаде 274.500 возила, 21,4 отсто повеќе од пред една година. ...

Најголемиот европски производител на автомобили, концернот Фолксваген, нема да вработува нови работници до понатамошно известување. Тоа е дел од планот за штедење што раководството е принудено да го прави поради ниските плати. Во рамките на програмата за штедење, со која треба да се заштедат милијарди евра за „Фолксваген“ од Волфсбург, до понатамошно известување се стопирани вработувањата на нови работници и отворањето нови работни места. Поради ...

Централната банка на Турција објави нови податоци кои се однесуваат на цените на недвижностите, а од таму соопштија дека се уште се бележи поскапување. Според податоците на Централната банка, просечните цени на становите се зголемени за 68 отсто на годишно ниво, земајќи ги предвид податоците од јануари 2024 година. Ова особено се однесува на растот на цените во Истанбул, Анкара и Измир, каде во јануари е забележан раст од 1,3 до 2,8 отсто во ...

Државата ја заокружи финансиската конструкција за реализација на проектот за изградба на Гасен интерконектор со Грција со обезбедување 98,6 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Вчера во Собранието беше усвоен Законот за гаранција на РС Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за регионална гасификација, кој ќе се склучи меѓу АД НОМАГАС и Европската банка за обнова и развој. „Проектот за ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија ги известува носителите на вршење на енергетски дејности дека рокот за обврската за достава на Годишни извештаи за финансиското и деловно работење за 2023 година согласно обврските од лиценцата е заклучно со 31 март 2024 година. Извештаите треба да се праќаат во .pdf формат, на адресата godisniizvestai@erc.org.mk, објави ...

Австриската влада си постави за цел целосно да го суспендира купувањето на руски гас до 2027 година, соопшти денеска министерот за надворешни работи Александар Шаленберг. „Австриската влада си постави цел да стане 100 отсто независна од рускиот гас до 2027 година“, рече Шаленберг на заедничката конференција со неговиот американски колега Ентони Блинкен. Малку претходно австрискиот министер за клима, заштита на животната средина, енергија, ...

Во саботата наутро цените на нафтата на американскиот пазар се движеа надолу, па нафтата WTI, репер за американскиот пазар, изнесуваше 81,04 долари, а нафтата од типот Брент 85,34 долари за барел, објави Oil Price. Цените на нафтата паднаа под 85 долари на меѓународните пазари во петокот, бидејќи шпекулациите дека американската централна банка, Федералните резерви (ФЕД), може да ги намали каматните стапки само на почетокот на летото, го надминаа ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
56%
1013
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.06
57%
1014
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
83%
1016
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.1
39%
1012
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
86%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
5.14
31%
1009
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
73%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
0.0
57%
1013
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
3.09
58%
1011
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
6.17
64%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
6.17
78%
1011
Currency

61.525

Currency

52.6863

Currency

71.0121

Currency

34.4961

Currency

38.4544

Currency

66.0277

Currency

7.35059

Currency

0.67458

Currency

0.35658

Currency

0.52498

Currency

1.31142

Currency

0.61276

Алуминиум

2.60

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14953.50

Рутениум

25334.79

Калај

33.65

Сребро

1251.41

Злато

107918.47

Бакар

11.21

Паладиум

39031.01

Платина

46572.27

Родиум

183259.26

Цинк

2.74