Домот на народите на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина (ФБиХ) денеска го усвои предлог-законот со кој, меѓу другото, се предвидува неделите и празниците да бидат неработни за вработените во трговијата. Беше предложено неработните недели да не важат за цвеќарниците, пекарниците и продавниците за сувенири, објави порталот Кликс. Законот не треба да важи за продажните објекти лоцирани во железнички и автобуски станици и аеродроми, ...

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата – предуслови за забрзан економски раст Скопје, 16.05.2024 – Дигитализацијата, како една од приоритетните области на делување и платформата за забрзан економски раст на Македонија2025, беше една од темите во фокусот на вториот ден од Самитот што се одржува во Скопје. Токму во насока на значително продлабочување на соработката во областа на дигиталната ...

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,072 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.05.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,935 ден/кг. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се ...

Комисијата е загрижена дека системите на Фејсбук и Инстаграм, вклучувајќи ги и нивните алгоритми, можат да поттикнат зависност од однесувањето кај децата и да развијат т.н. ефект на зајачка дупка. Европската комисија официјално започна постапка против Мета за да процени дали е можно компанијата, која е сопственик на Фејсбук и Инстаграм, да го прекршила Законот за дигитални услуги во областите поврзани со заштитата на малолетниците. Комисијата е ...

Денес, во Котор се одржа Регионалната средба на лидерите од Западен Балкан под слоганот „Еден регион, заедничка визија“. Овој настан ги собра лидерите од Западен Балкан, како и претставниците на бројни организации и клучни актери во процесите на пристапување кон Европската унија. Средбата беше фокусирана на разговори и имплементација на двата главни столба од Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан. На средбата домаќин беше претседателот на ...

Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во Црна Гора во април, мерени со индекс на потрошувачки цени, во однос на истиот период лани, се во просек повисоки за 5,4 отсто, објави денеска Дирекцијата за статистика – МОНСТАТ. Во април, во однос на март, потрошувачките цени се во просек повисоки за 0,1 отсто, објави „РТЦГ“. – Најголемо влијание врз месечната стапка на инфлација имаше поскапувањето на облеката и обувките, овошјето, ...

Денеска во продавницата во Србија започна со работа првата самопослужна каса на малопродажниот синџир Лидл. Со отварање на каса за самопослужување на потрошувачите, компанијата започна динамичен процес на воведување на овој тип на каса во своите продавници, а во наредниот период потрошувачите кои купуваат во други продавници на Лидл може да очекуваат ваков вид на плаќање и Сервис. Како единствен модерен синџир на попусти во Србија, Лидл е ...

Познатиот трговски ланец Esprit оваа среда ќе поднесе барање за стечај пред окружниот суд во Дизелдорф, пишува германскиот магазин за модната и текстилната индустрија „Tekstil Virtschaft“. Компанијата соопшти дека целта на банкротот е „да се преструктуира европскиот бизнис на Esprit, кој главно се управува од Германија, и да се репозиционира за во иднина“. Како што пренесува германски „Билд“. веќе се остварени разговори со заинтересиран ...

Грижата за вработените и постојаното унапредување на условите за работа, како клучни стратешки цели на „Алкалоид“, се препознаени и афирмирани и од стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа. По повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 април, под мотото „БЗР од мали нозе – за идните генерации“, „Алкалоид“ се здоби со две признанија, и тоа за најдобар правен субјект кој реално и ...

Граѓаните на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија ќе уживаат привилегиран пристап до германскиот пазар на труд од 1 јуни 2024 година, според Регулативата за Западен Балкан. Тоа е затоа што Германија одлучи да го удвои бројот на визи што ќе ги добиваат граѓаните на овие шест земји за работа на 50.000 годишно, кои ќе ги издава Федералната агенција за труд од јуни 2024 година, пренесува „Шенген ВизаИнфо“. ...

Извршниот директор на најголемата американска банка, JP Morgan Chase, Џејми Дајмон денеска предупреди на високиот фискален дефицит на Соединетите Американски Држави и го повика Вашингтон да не го игнорира ова прашање. „Америка потроши многу пари. За време на Ковид и пост-Ковид, нашиот дефицит сега е на шест проценти од БДП. Тоа е многу, но очигледно го поттикнува растот“, рече Димон во интервју за Sky News. Според неговите зборови, САД треба ...

Со учество на 50 говорници во 12 панел-сесии и присуство на над 500 претставници од домашни, регионални и компании од дијаспората, експерти и лидери, започна 13-то издание на Самитот на Македонија2025. „Без оглед на политичките разлики, на тешкотиите и болките низ кои минавме, на грешките од минатото, односно дали се тие вистински или се перцепција, сега е моментот за голема промена“, порача претседателот на Оборот на директори на Македонија ...

Над 130 компании од Северна Македонија денеска беа запознаени со можностите за соработка со Лидл. Овој тип на соработка со локални компании е еден од основните постулати на Лидл во секоја земја каде работи. „Основната идеја на Лидл во сите земји во кои е присутен, претставува развој на локалните производствени капацитети и заеднички раст и развој со нашите локални партнери, и иако Лидл Северна Македонија се уште не е целосно оперативен, овој ...

Животот во Германија поскапе. Стапката на инфлација повторно е за 2,2 отсто повисока од април минатата година, пресмета Институтот за статистика. Тоа значи дека е запрен падот на цените кој започна на почетокот на годината. Економистите очекуваат натамошен раст на стапката во наредните месеци. Многу претприемачи најавија поскапувања, на пример аптеките и угостителството. Од март до април потрошувачките цени пораснале за 0,5 отсто. Статистичарите ...

ПАРИЗ – Растот на глобалната побарувачка на нафта ќе забави од 2,3 милиони барели дневно на 1,1 милиони барели дневно во 2024 година, објави денеска Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) во мајскиот извештај. Прогнозата за 2024 година е намалена за околу 100.000 барели дневно во однос на претходната априлска проценка, бидејќи ИЕА гледа дека растот на побарувачката на нафта се враќа на својот историски тренд по екстремната нестабилност во ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги критикуваше работодавците дека инсистираат на најтенко можно зголемување на гарантираната минимална плата и повика на посуштинско зголемување. „Јас сум јасно за зголемување на минималната плата прво на 14 евра, а потоа во следниот чекор на 15 евра“, изјави Шолц за новиот број на магазинот „Штерн“. „Работодавците инсистираа на минимално зголемување“, додаде Шолц. Дополнително, продолжи тој, работодавачите ја ...

Од први мај Дубровник има нови цени за паркирање. Дневниот билет за паркирање е 100 евра, а за еден час во близина на стариот центар на градот посетителите ќе треба да издвојат 10 евра. Цените ги објави Санитатот од Дубровник, а тие варираат во зависност од зоната и месецот. Во нултата зона гостите мора да платат 10 евра (19,59 км) за еден час паркирање во сезоната (од мај до септември). Во првата и третата зона е 1,30 евра, наместо досегашните ...

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На настанот, којшто се организира редовно, по секој нов циклус макроекономски проекции на Народната банка, присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка (СБ), Делегацијата на ЕУ (ДЕУ), Обединетите нации (ОН), Програмата за развој на ...

Кинеското Министерство за трговија денеска соопшти дека остро се противи на зголемувањето на царините за кинески стоки во САД и најави дека ќе преземе решителни мерки за одбрана на своите права и интереси. Според соопштението, зголемувањето на царините го прекршува ветувањето на американскиот претседател Џозеф Бајден дека Вашингтон „нема да се обиде да го потисне и да го заузда развојот на Кина“ и овој потег на Белата куќа „сериозно ќе влијае“ ...

Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија се формира и објавува согласно Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/14, 102/14, 14/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 83/22). Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 14.05.2024 која се применува од ...

Годишната стапка на инфлација во Португалија падна во април од 2,3 отсто во март на 2,2 отсто, во согласност со претходната прелиминарна проценка, објави денеска на својата веб-страница Португалскиот национален институт за статистика. Цените на енергијата во Португалија се зголемија за 7,9 отсто, забрзувајќи во споредба со мартовските 4,8 отсто поради базните ефекти од април минатата година. Годишната основна стапка на инфлација во Португалија ...

Според писмото испратено до германски клиент, BMW иницирал глобално повлекување на 371.756 возила поради дефект на интегрираниот систем за сопирање. Повлекувањето опфаќа широк спектар на серии на BMW и различни модели, вклучувајќи сè, од компактните серии 2 Active Tourer и X1, преку грубите SUV линии како што се X3, X4, X5, X6 и X7, до врвната серија 5 и Седаните од серијата 7, како и нивните M модели со високи перформанси и електричните возила ...

Надежите за спас на несолвентниот малопродажен синџир беа пропаднати. По неуспешните обиди да се најде инвеститор, сите филијали на синџирот беа затворени, пренесува Wirtschafts Woche. Стечајниот администратор Тобијас Кампф сега го потврди тоа. Вработените до неодамна се надеваа на пресврт, но наместо тоа беа соочени со итно затворање на филијалите. Драстичен ден за вработените и силен удар за индустријата на отворено. Останува разочарувањето на ...

Инфлацијата се намали од 19,8% на 4%, како резулат на монетарното затегнување и нормализацијата на цените на храната и енергијата, се наведува во заклучоците од овогодишниот економски и финансиски дијалог на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, Турција, Грузија, Молдавија и Украина. Европската комисија ги нотира мерките кои Народната банка ги превзема во изминатиот период, со цел да ја стабилизира инфлацијата, инфлациските очекувања и ...

На Листата на должници бр.05/2024 објавени се 1918 должници – правни лица (повеќе за 87 од претходната листа) и 3790 физички лица (повеќе за 111 од претходната листа). Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.05/2024 изнесува 10.610.197.639 денари, (повеќе за 233.714.679 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.431.812.675 денари, (повеќе за 215.683.559 од претходната листа), додека долгот за царински давачки ...

Дали знаете дека осигурувањето на домот чини колку еден ручек? А сигурноста која ја овозможува е непроценлива. Осигурувањето на имот на физички лица (домаќинскоосигурување) во земјава е на исклучително ниско ниво, или не повеќе од 7 отсто од вкупниот број на домаќинства. Ако овој процент го намалиме со хипотекарно осигурување кое е задолжително при кредитно финансирање на купувањето на недвижности, доаѓаме до статистички 3 отсто ...

Во среда, на 8 мај, во Хрватска почна исплатата на пензиите за април, иако дел од пензионерите веќе ги добија парите на почетокот на месецот, што зависи од банката каде што имаат сметки. Сепак, некои пензионери биле непријатно изненадени кога виделе дека земале помала пензија отколку во март, се пожалија на порталот Мировина.хр. Беа збунети од разликата за претходните месеци Имено, пензиите се усогласуваат двапати годишно – во јануари и јули, и ...

Американските авиокомпании минатата година имале повеќе од 6,7 милијарди долари приход од надоместокот за багаж, според Бирото за транспортна статистика. Само Американ Ерлајнс заработи речиси 1,4 милијарди долари од чекирани куфери, што е повеќе од два отсто од вкупниот приход на авиокомпанијата, објави CNBC. Багажот беше бесплатен со децении, но таксите се зголемија во последниве години. – Многу е сложено да се обезбеди багажот да пристигне со ...

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути порасна минатата недела, најмногу во однос на јенот, иако јапонските власти се закануваат со нови интервенции доколку јенот продолжи да слабее. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела зајакна за 0,2 отсто, на 105,30 поени. Истовремено вредноста на доларот во однос на европската валута се лизна за 0,1 ...

Речиси 350.000 милионери живеат во Њујорк, што е повеќе од кој било друг град. Тоа е зголемување за повеќе од 48 отсто за десет години, според глобалното рангирање на најбогатите градови на Henley & Partners, консултантска фирма за имиграција. Тоа значи дека приближно секој 24-ти жител на овој град со 8,26 милиони жители има седумцифрена нето вредност. Извештајот откри дека Њујорк е дом на 60 милијардери и 744 луѓе кои можат да инвестираат ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
1.03
26%
1010
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
4.12
31%
1013
weather icon

Загреб

32ᴼ / 31ᴼ
1.03
34%
1014
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.12
23%
1012
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
3.66
19%
1010
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
4.63
57%
1015
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
5.14
21%
1010
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
42%
1014
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
4.63
24%
1013
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
4.63
31%
1012
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
5.66
35%
1013
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
8.75
42%
1011
Currency

61.535

Currency

52.6621

Currency

71.2087

Currency

34.6289

Currency

38.4409

Currency

66.1363

Currency

7.33936

Currency

0.67512

Currency

0.3574

Currency

0.52573

Currency

1.31068

Currency

0.61338

Алуминиум

2.60

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14953.50

Рутениум

25334.79

Калај

33.65

Сребро

1251.41

Злато

107918.47

Бакар

11.21

Паладиум

39031.01

Платина

46572.27

Родиум

183259.26

Цинк

2.74