Пелистер Волеј -Работнички 3:1 Синоќа во Битола видовме маестрално издание на девојките на Пелистер Волеј кои покажаа на свој терен, во салата на Медицинското училиште покажаа дека можат да се носат со големи екипи.Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски по завршување на натпреварот од 14. коло на Првата лига рече:-Тежок натпревар во кој иако имавме водство од 2:0, но кога беше за нив најтешко Работнички покажа зошто е втор на табелата. ...
Фит Фан Волеј загуби со 3:0 од Вардар ЕМ во соочување кое беше и најинтересно во оваа рунда. Мечот се играше изедначено, особено во првите два сета, со резултатски пресврти и подеми и падови на двете страни, но „црвено-црниот“ состав беше поконкретен во финишот и се пласираше во четвртфиналето. Статус на четвртфиналисти имаат и бранителот на титулата Наковски Волеј, кој со максимален резултат го совлада второлигашот Борец жени, а со истиот ...

