Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот Фејсбук профил објави дека донирала половина од својата пратеничка плата за поддршка на девојката која го преживеа страшниот пожар во дискотеката “Пулс” во Кочани, а во трагедијата ја изгуби помалата сестра. Мојсоска изрази емпатија и солидарност со семејството на жртвите, напоменувајќи дека иако никаква финансиска помош не може да ја замени болката од губењето на најблискиот, тоа барем може да ...

Левица остро реагира на очигледната селективност и политичка мотивираност во водењето на предистрагата и истрагата за трагичниот настан во Кочани, кој однесе млади животи и остави длабоки траги во целата јавност. И покрај јасните индиции за сериозни пропусти и свесно непостапување од страна на лица со оперативна надлежност – особено во рамки на Министерството за внатрешни работи (МВР) – истрагата се насочува исклучиво кон поранешни функционери и ...

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на својот фејсбук профил остро критикува состојбата во македонското правосудство, поврзана со случајот на прегазената млада девојка, Теодора Ристовска од Тетово. Апасиев во својот статус ги поставува прашањата за етничката пристрасност и селективната примена на правото, поврзувајќи ја ситуацијата со концептот на „тиранија на малцинство“. „Во мојот професионален живот имам учествувано во преку 600 ...

Локалниот огранок на Левица од Кисела Вода остро реагира на молкот и неажурноста на општината во врска со случајот на бесправно изграден деловен објект на државно земјиште во населбата Драчево. Иако објектот, лоциран на парцелата 10870/1 која според Деталниот урбанистички план е наменета за сервисна и пешачка улица, има донесено решение за уривање, истиот сè уште стои недопрен – веќе целосно изграден и со сите приклучоци. Според податоците, ...

Локалниот огранок на Левица од Бутел денеска јавно реагираше на, како што велат, алармантната состојба во основното училиште „Панајот Гиновски“, каде, според сведочења од загрижени родители, децата се принудени да следат настава во простории со присуство на глувци. „Неизвршената дезинфекција, дезинсекција и дератизација пред почетокот на учебната година доведе до појава на глувци во училишните простории“, соопшти Левица, потенцирајќи дека ...

Локалниот огранок на Левица во Ѓорче Петров реагира бурно по денешниот инцидент при кој дел од ѕид на постојна, населена зграда се сруши за време на бетонирање на нова станбена зграда, а бетон се изли во внатрешноста на домовите. Според Левица, овој случај претставува уште една алармантна потврда за урбанистичкото дивеење и институционалниот молк кој сериозно ја загрозува безбедноста на граѓаните. „Ѓорче се распаѓа под тежината на урбаната ...

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, денеска остро реагираше на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, укажувајќи на, како што рече, очигледно кршење на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во процесот на избор на нови членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТВ). Според Мециновиќ, повеќето од предложените кандидати веќе имаат зад себе два мандати, а некои, како што посочи, се веќе ...

Вечерва (11 април), со почеток од 20 часот, во кафе-книжарница „Буква“ ќе се одржи промоција на романот „Простување“ од Кица Колбе. Романот е објавен во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или со поддршка Министерството за култура. На книжевно промотивната вечер со авторката ќе разговараат Калина Малеска и Игор Анѓелков, а настанот ќе го води Ненад Стевовиќ. Акцентот во романот е ставен на приказната за помирувањето и простувањето во ...

Општина Гевгелија со Концерт на Националниот џез оркестар ќе го одбележи свеченото отворање на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Денес (11 април 2025 година), на Градскиот плоштад во Гевгелија, најпрво ќе биде одржано дефиле, во коешто ќе учествуваат на стотина дечиња вклучени во активностите од областа на културата што се реализираат во ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија- Драмската секција, Ликовната ...

Изложбата „One of Us“ („Еден од нас“) на македонскиот уметник Иван Ивановски во периодот од 5 април до 5 мај е поставена и отворена за посета во Меморијалната сала и изложбениот излог на Музејот за сликарство на школата Лингнан при Академијата за фини уметности (GAFA) во Гуанџоу во Кина. Според концептот на изложбата „Еден од нас“, една фигура се издвојува од останатите – фокусна точка, аномалија. Се поставува прашањето: Дали е ова еден од нас? ...

Томислав Јованов, долгогодишен професионалец во областа на противпожарната заштита, јавно објави дека одбил соработка со компанијата „Еуромакс Ресурсис“, потенцијалниот концесионер на рудникот Иловица-Штука. Во својата објава на Фејсбук, Јованов истакна дека, иако обемот на работа му се зголемил поради зголемената свест за безбедност по неодамнешната трагедија во Кочани, тој не можел да прифати соработка со компанија која, според него, е ...

Срамна слика пред основното училиште „Панајот Гиновски“ – наместо поддршка за својата грижа, учениците беа дочекани со насилство. Децата излегоа на мирен протест, барајќи едноставно: нивното училиште да се исчисти од глувци. Реакцијата? Вработена во училиштето ги удри со нога додека ја држеа вратата. Ова не е само здравствен проблем, туку и прашање на достоинство и безбедност. Наместо институциите да ги сослушаат младите и да реагираат, ...

Компанијата „РКМ“, сопственост на Ратко Капушевски, а од 2022 година во партнерство со Ерџан Сулкоски, е во фокусот на голема истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција, поврзана со наводна злоупотреба при набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“. Според Антикорупциската комисија, токму по нивна иницијатива била отворена предистрага која резултираше со сегашната кривична постапка, вредна дури 167 милиони евра. Во периодот од ...

Иако од Државниот инспекторат за животна средина и раководството на рудникот „Тораница“ уверуваа дека водата во Тораничка Река е „само заматена“ и безбедна, снимките од загрижени граѓани ја покажуваат суровата реалност – реката е потполно матна, а загадувањето е очигледно. Хаваријата во рудникот остави траги и низводно, каде риболовното друштво „Мрена“ и градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, алармираат за значително зголемено ...

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку кратка, но значајна објава на својот фејсбук-профил, најави дека пратениците од Левица ќе поднесат интерпелација за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Повод за овој чекор е трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животите до сега ги загубија 61 млад човек. „Еве, баце, работно… #Интерпелација“, напиша Апасиев, алудирајќи на конкретни чекори што ги презема Левица ...

Секторот за култура при партијата Левица жестоко реагира на одлуката на Владата предводена од ДПМНЕ да инвестира во реконструкција на покривот на Археолошкиот музеј, каде моментално е сместен Државниот архив на Македонија, наместо конечно и трајно да го реши проблемот со враќање на Архивот во неговата стара, наменски изградена зграда. „Владата на Мицкоски наместо суштинско решение, повторно ќе фрла пари за санација на нефункционален простор“, ...

Драги пријатели, се ближи моментот на еден од најубавите настани за деца со аутизам, „Гуш и бац е љубов“, кој ќе се одржи на 11 мај (недела) во Школка. Оваа година, настанот расте и се шири, а за да биде сè уште посебен и покриен, организаторите упатуваат апел до фотографи и сниматели кои би сакале да се вклучат како волонтери и да помогнат во документирањето на оваа убавина. „Ние имаме веќе потврдени учесници, но секој дополнителен придонес е ...

Додека младите масовно ја напуштаат државата во потрага по подобри можности, старото партиско лице Петар Богојески повторно добива висока позиција во јавниот сектор. Овој пат, тој е назначен за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, иако зад себе има осум функции во различни владини институции. Според Црвената младина, ова именување е уште еден доказ за постојаното наградување на истиот кадар, кој бил дел ...

Делегациите на САД и Русија денес пристигнаа во Истанбул за разговори кои имаат за цел нормализирање на работата на нивните дипломатски претставништва, јавува агенцијата „Ројтерс“. Според извештаите, новинарите снимија возила кои влегуваат во зградата на рускиот конзулат во центарот на Истанбул. Разговорите ќе ги водат новиот руски амбасадор во Вашингтон, Александар Дарчиев, и заменик-помошникот државен секретар на САД, Соната Култер. Според ...

Став на Игор Ѓуровски, заменик координатор на ПС Политичка економија на Левица. Кога капитализмот ќе се соочи со крајот на својата последна фаза – империјализмот, состојба во која не постојат повеќе пазари, потрошувачи и ресурси што можат да се освојат и експлоатираат, тој ќе се сврти и ќе почне да ги глода институциите кои се основа на она што тој го слави како негови темелни вредности. Одненадеж сите замислени слободи: слободниот пазар, ...

Ако некој во Европа сè уште живее во илузијата дека Соединетите Американски Држави со раширени раце ќе притрчаат во случај на напад – време е за будење, вели Јан Филип во анализа за „Политико“. Последните протечени приватни пораки од американски политичари јасно покажуваат: Америка е уморна од спасување на Стариот Континент. „Едноставно мразам што треба повторно да ја спасувам Европа“, пишува потпретседателот Џеј Ди Венс во пораките објавени од ...

Вечерва повторно стапува на сила забрана за летање со дронови над централното градско подрачје на Скопје, поради најавениот протест организиран од иницијативата „Кој е следен“. Забраната ќе важи до утре, 11 април 2025 година, до 19:00 часот. Надлежните апелираат до граѓаните протестот да го изразат мирно и достоинствено, а до операторите на дронови да се придржуваат до важечката забрана за лет во наведениот период и зона. Протестот е најавен за ...

Во Ликовниот салон на Велес е отворена изложбата „Насликај го својот живот“ на чешкиот ликовен уметник Онджеј Мишек. Поставката претставува визуелен дневник на авторот и ги отсликува неговите животни искуства преку дваесетина дела во формат на големи плакати, работени со акрил на платно. Изложбата е поделена на два тематски сегмента. Првиот дел ги прикажува делата создадени во Варшава, инспирирани од студентските денови и општествените промени ...

Вонредна инспекција е започната во Општина Тетово поради случајот со спорната легализација на дивоизградена викендичка на Попова Шапка, сопственост на универзитетскиот професор Фатон Мурсели. Објектот, кој според документи е изграден на државно земјиште, е легализиран врз основа на, како што утврди Агенцијата за катастар, незаконски геодетски елаборат. Случајот беше првично откриен од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), чија истрага ...

Кинеската влада објави официјално соопштение – т.н. „Бела книга“ – со која ги појаснува своите ставови за тековните економски и трговски односи со Соединетите Американски Држави, нагласувајќи ја важноста на соработката, но и критикувајќи ги растечките протекционистички политики на САД. Во документот се наведува дека Кина, како најголема земја во развој, е најголем придонесувач во глобалниот економски раст, додека САД, како најголема развиена ...

Петтото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 24 до 26 април на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“ и Галерија), во кафе-книжарницата „Буква“ и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ‒ Скопје. Ќе гостуваат поети, од пет држави, а ќе настапат и триесетина домашни поети. Од странство ни доаѓаат автори од Словенија, од Турција, од Грција, од Србија и од Бугарија. Мотото на ...

„Под исто небо“ е слоганот на седмото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, кое ќе се одржи од 23 до 25 април во Сули Ан, Скопје. Фестивалот годинава ќе ја прослави моќта на литературата и илустрацијата како универзален јазик што ги поврзува децата од различни култури и општества. Во рамки на „Литера 2025“ ќе се организираат интерактивни работилници, средби со автори и илустратори, како и специјални ...

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на Фејсбук упати сериозни обвинувања кон поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери, тврдејќи дека истиот дал лажен исказ во постапка пред Уставниот суд. Апасиев најави дека ќе поднесе нова кривична пријава против Џафери, овојпат за, како што вели, давање лажен исказ. „Ауууу сине, ама се навлече…“, започнува Апасиев во својот пост, додавајќи дека дури сега забележал оти Уставниот ...

Француско-македонската балерина, прогласена за Ѕвезда на Париската опера, Роксан Стојанов, е добитничка на наградата „Менада“ за врвни достигнувања во танцовата уметност, на 21. издание на интернационалниот фестивал „Танц фест Скопје“ 2025. „Благодарение на извонредниот талент и на уметничката визија, Роксан Стојанов се издига високо во балетската уметност, за што е промовирана во ѕвезда на Париската опера (Étoile de l’Opéra National de Paris), ...

Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, денеска на својот профил на „Фејсбук“ објави дека донирал половина од својата мартовска плата за помош на девојче кое преживеало во трагедијата во Кочани. „Како што јавно ветивме, половина од МАРТОВСКАТА ПЛАТА денес ја донирав на преживеано девојче од пожарот во Кочани. #РеченоСторено“, напиша Апасиев. Оваа донација доаѓа откако трагичниот настан во Кочани ја потресе јавноста, а ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1026
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
92%
1026
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
67%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.43
80%
1028
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
98%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
80%
1029
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
76%
1029
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
81%
1029
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
100%
1027
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
96%
1026
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1028
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Бакар

10.76

Злато

138322.05

Цинк

3.03

Паладиум

50830.33

Родиум

255598.44

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Сребро

2049.55

Алуминиум

2.88

Калај

41.29

Платина

59937.34