Јасмина Пијаманова јавно реагираше на неодамнешната одлука на Советот на Општина Струмица за утврдување на нацрт план за Детален урбанистички план (ДУП) за Блок 8. Оваа одлука предвидува рушење на хотелот „Глигоров“, поранешната административна зграда на А.Д. Југопромет и салата до неа, со цел на нивно место да се изгради супермаркет „Лидл“ со помошен пат. Пијаманова истакнува дека овие објекти не се само физички структури, туку симболи на ...

Од трагичниот пожар што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, уште двајца пациенти кои се лекуваат во странство се во релативно тешка здравствена состојба, соопшти денеска на прес-конференција заменик министерот за здравство, Јовица Андовски. Во моментов, вкупно 45 повредени лица се на лекување во странски здравствени установи, додека дел од повредените се веќе вратени или се враќаат во земјата за да го продолжат опоравувањето. Во ...

По барање на Јавното обвинителство, судот одлучи да ја замени мерката притвор со куќен притвор за поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“. Истата мерка е изречена и за уште тројца осомничени: поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, еден инспектор од Инспекторатот и член на обезбедувањето на дискотеката. Во куќен притвор се наоѓаат и ...

Во нов обид да ја „модернизира“ реалноста, Министерството за земјоделство реши да воведе револуционерна новина – граѓаните да јадат овошје и зеленчук… по календар. Да, добро прочитавте! Овошјето ќе биде сезонско – ама не по џебот на граѓанинот, туку по табелата на Министерството. Министерот Цветан Трипуновски гордо најави дека од сега, во потрошувачката кошничка ќе влегуваат производи по распоред, според тоа кога „доспеваат“. А ако не доспеваат? ...

Политичката партија Левица остро реагира на доцнењето на мартовските плати за вработените во културата, оценувајќи го односот на надлежните институции како понижувачки и неодговорен. Според партијата, над 3000 културни работници се оставени без примања во пресрет на голем христијански празник, додека Министерството за култура, како што велат, се однесува како да нема ниту ресор, ниту министер. „Министерството на олигархијата чека насоки од ...

Во пресрет на Меѓународниот ден на планетата Земја, младинската организација на Левица – Црвена Младина – ја најави својата нова еколошка иницијатива под мотото „Започнува зелената револуција!“ Акцијата ќе се одржи во понеделник, на 21 април 2025 година, со почеток во 12:00 часот во Градскиот парк. Целта е симболично и практично да се одбележи Денот на планетата Земја преку заедничко чистење на паркот и поттикнување на свеста за заштита на ...

Трагедијата која го потресе Кочани однесе уште една трагична жртва – денеска претпладне почина Стојанче Стефанов (2001), жител на Кочани, кој повеќе од еден месец се бореше за живот во Воено Медицинската Академија (ВМА) во Белград. Со ова, бројот на жртви од трагичниот настан се искачи на вкупно 62. Според информациите од Министерството за здравство, станувало збор за тешко повреден пациент кој уште од првиот ден по несреќата бил идентификуван ...

Советникот во Советот на Општина Свети Николе и член на Президиумот на Левица, Александар Симонов, на последната седница укажа на деценискиот институционален пропуст во регулирањето на авто-такси превозот во општината. „И покрај законската обврска, Општина Свети Николе последен пат има донесено одлука за утврдување на тарифа за такси-услуги во 2011 година. Од тогаш, оваа дејност е целосно запоставена, а последниве две години има само една до две ...

Македонија веќе не е на крстопат. Таа е заглавена во лажни ветувања, неисполнети преговори и политичко обезличување. Новата изјава на еврокомесарката за проширување Марта Кос, дадена за Европската новинска редакција, го потврди она што одамна го чувствуваат граѓаните: „Гаранции нема“. Оваа искрена, но крајно алармантна констатација е врв на еден процес кој полека, но сигурно ја редефинира Македонија не како субјект, туку како објект на туѓи ...

Во период на интензивни геополитички тензии и тивка редефиниција на безбедносните приоритети на Балканот, новата иницијатива за регионална безбедносна соработка меѓу Албанија, Косово, Хрватска и Бугарија покрена сериозни прашања за смислата, насоката и можните последици од ваквиот „пакт во пакт“. Сите овие држави се веќе дел од НАТО – што самото по себе ги обврзува на заемна безбедност и одбрана. Тогаш, се поставува логичното прашање: зошто ...

Археолозите открија остатоци од одамна изгубениот антички град Линк и родното место на Евридика, бабата на Александар Македонски. Во близина на селото Црнобуки, се веруваше дека археолошкиот локалитет Градиште датира од 3 век п.н.е. во времето на кралот Филип V. Меѓутоа, неодамнешните откритија на заедничкиот истражувачки тим на НУ Заводот и музеј-Битола и Државниот политехнички универзитет во Калифорнија, Хумболт (Кал Поли Хумболт) открија ...

Во последните месеци, инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) наидоа на алармантни случаи на небезбедна храна ширум Македонија. Според директорот на АХВ, Оливер Миланов, досега се откриени околу 300 тони храна која не ги исполнува основните стандарди за безбедност и квалитет . Инспекциите открија дека многу производи, вклучувајќи кондиторски производи, млечни и сувомеснати производи, преработена храна, природни минерални ...

Во последните недели, бугарските медиуми повторно упатија напади кон Васил Стерјовски, пратеник во албанскиот парламент и лидер на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), единствената партија што ги застапува интересите на македонското малцинство во Албанија. Обвинувањата, кои вклучуваат тврдења дека Стерјовски поседува српско државјанство и дека неговата партија е создадена со поддршка од Србија, беа категорично отфрлени од ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе отпатува во Москва на 9 мај за да присуствува на прославата на Денот на победата, организирана од рускиот претседател Владимир Путин, и покрај силниот притисок и јасните предупредувања од Европската Унија. Според американската новинска агенција Асошиетед прес, ЕУ веќе изразила сериозна загриженост дека присуството на српскиот претседател на настанот би било спротивно на европските вредности и ...

Кина денес изјави дека нема намера да реагира на, како што ги нарекува, американските „игри со бројки“ кога станува збор за царинските мерки, откако Белата куќа соопшти дека Пекинг моментално се соочува со комбинирани царини кои достигнуваат дури 245 проценти. Според соопштението од Вашингтон, новите американски мерки вклучуваат реципрочна царина од 125 проценти, дополнителни 20 проценти поврзани со кризата со фентанил, како и различни царини ...

Наставничка од средното медицинско училиште „Панче Караѓозовски“ во Скопје се соочува со сериозни притисоци, поради поништен тест на сите ученици поради препишување. Според информации што пристигнале до редакцијата, еден од учениците одбил да ја потврди својата оценка преку усно испрашување, а подоцна упатувал и навреди кон професорката, алудирајќи дека нејзината диплома e „невалидна“ доколку неговиот тест биде поништен и се заканувал на ...

Партијата Левица ја повика Владата итно да го разреши министерот за здравство Арбен Таравари, обвинувајќи го за директна одговорност за затворањето на салата на Клиниката за кардиохирургија – стратешки значаен медицински капацитет. Според соопштението, затворањето на единствената сала за кардиохирургија претставува „колапс на здравствениот систем“, особено во услови кога пациентите немаат алтернатива за третман. Од Левица реагираат и на ...

Уметнички дела од колекцијата на Музејот на современата уметност во Скопје ќе бидат изложени во Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова во Љубљана, Словенија на 24 април 2025 година. Конципирана од 87 дела од колекцијата на МСУ, во најголем дел од македонски автори, изложбата е насловена „Ткаење светови: Колекции во разговор“ и ќе биде отворена десет месеци. „Ткаење светови: Две колекции во разговор“ ја градат дела од 87 автори ...

По повод 75 години од раѓањето и половина век од објавувањето на првата поетска книга на еден од најзначајните современи македонски поети, Раде Силјан, Здружението за уметност и култура „Дијалог“, деновиве ја објави книгата „Книжевната критика за поезијата на Раде Силјан“. Приредувач на изданието е Иван Антоновски, којшто е автор и на обемниот предговор. – Беспоговорно, комплексна и тешка е задачата и/или определбата да се издвојат канонските ...

ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата за литературна дејност, објави конкурс за организирањe литературни вечери под програмски наслов „Македонски книжевни текови“, под кои спаѓаат промоции на книги (новосоздадени книги во 2025 година), поетски читања, организирање на трибини, јавни расправи, фестивали, портрети на писатели, стручни работилници и сл., што ќе се реализираат во текот на 2025 година, a сo цел развој и ...

Шестиот мирен протест против изградбата на регионалната депонија во Пелагонија се одржа вчера на пладне на плоштадот „Магнолија“ во Битола. Наместо пред зградата на Општина, битолчани одлучија своето незадоволство да го изразат во срцето на градот – симболично, но и практично, во обид гласот на народот да одекне погласно. Со транспаренти на кои пишуваше „Стоп за депонија, не за онкологија“, „Битола не ја оставаме без иднина и поколение“ и ...

Националната арена „Тодор Проески“ вчера не беше само стадион – беше светилник на солидарноста, болката и човечката блискост. Токму еден месец по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кога животот на млади луѓе беше сурово прекинат во оганот на невниманието и безгрижието, фудбалскиот клуб Вардар во соработка со Црвена Звезда организираше хуманитарен натпревар во нивна чест. Натпреварот започна со минута молк. Но, таа минута беше гласна. ...

Пратеникот и лидер на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, денеска го изрази своето остро несогласување со Предлог-законот за работно ангажирање на лица, кој беше предложен од пратениците на ДПМНЕ и СДСМ. Според Апасиев, овој закон не само што е правно нецелосен, туку и сериозно ја загрозува заштитата на правата на работниците во Македонија. „Работното ангажирање“, како што истакна Апасиев, е непостоечка категорија во правото. Наместо да се ...

„Западот каков што го знаевме повеќе не постои.“ Со оваа реченица, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен постави мрачен, но решителен тон во интервју за германскиот весник Die Zeit, сигнализирајќи дека Европската унија мора да ја напушти традиционалната улога на пасивен сојузник и да зачекори на глобалната сцена со поактивна, посамостојна надворешна политика. Фон дер Лаен, иако самата се декларира како „убеден атлантист“ и ...

По најновиот скандал во јавното здравство, повторно се отвори прашањето што сите го избегнуваме, но сите го чувствуваме: може ли моралот да го победи профитот? И ако не, тогаш што ни останува? Амар Мециновиќ, со својата длабоко критичка и филозофски обмислена реакција, не нуди утешна порака, туку го отвора фронтот на едно суштинско прашање: дали воопшто моралот некогаш бил победник во борбата против интересите на капиталот? Неговото мислење не ...

Скопје, некогашен симбол на културна виталност, денес повторно сведочи на губење на дел од своето уметничко и културно наследство. Бронзениот релјеф на уметникот Насо Беќаровски, поставен во непосредна близина на Собранието, исчезна од својата локација, а според неофицијални информации, завршил на депонија за старо железо. На ова реагираше уметникот Никола Пијанманов, кој преку својата објава на Фејсбук упати остри критики на негрижата за ...

Наместо инспекција и транспарентност – молк, дезинформации и врски со политиката и криминалот На 14 март, Крива Река, една од најчистите планински води во Североисточна Македонија, се претвори во темносиво мртво течение налик на бетон. Хаваријата што се случи во кругот на рудникот „Тораница“, класифициран како Г1 – најтешка и загадувачка индустрија, откри не само еколошка катастрофа, туку и длабоки институционални пропусти и сомнителни релации ...

Семејството на Сашко Димитров, пензиониран полициски службеник од Штип, категорично демантира дека тој е во бегство, како што беше објавено денеска од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР). Социјалните мрежи беа исполнети со шпекулации дека Димитров избегал во странство, но семејството вели дека тоа е апсолутна лагa. „Како може да се тврди дека е во бегство кога никој од органите на прогонот не го побарал?“, прашува Славче Димитров, ...

На денешната седница на Советот на Град Скопје, советничката од Левица, Катерина Јовановска, остро реагираше на одлуката за пролонгирање на рокот за реконструкција на улицата во Долна Матка до 2027 година, потенцирајќи дека и по две години, проектот не е ни започнат. „Дали на Град Скопје му се потребни четири години за да реконструира една улица?“, праша Јовановска, обвинувајќи ги градските власти за сериозен застој во реализацијата на проектот ...

На денешната презентација на годишниот извештај на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратеникот и претседател на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, во својство на претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, упати остри, но конструктивни критики на сметка на институционалната (не)координација и слабостите во системот за заштита на човековите права. Апасиев предупреди дека ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1025
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
91%
1025
weather icon

Софија

2ᴼ / -1ᴼ
1.54
66%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.46
81%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
1025
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.45
76%
1027
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
76%
1027
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
93%
1027
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
96%
1025
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
87%
1028
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.88

Злато

138322.05

Платина

59937.34

Иридиум

145787.60

Бакар

10.76

Рутениум

29192.88

Сребро

2049.55

Калај

41.29

Родиум

255598.44

Цинк

3.03

Паладиум

50830.33