Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Од Левица – Сектор Култура обвинуваат дека најавената реконструкција на улиците во Старата скопска чаршија отвора сериозни дилеми дали станува збор за вистинска реставрација или за редизајн што го нарушува автентичниот изглед на просторот. Реакцијата доаѓа по најавата за почеток на градежните активности од страна на министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Од партијата посочуваат дека ...
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) изрекоа парични казни во вкупен износ од над 19 илјади евра во денарска противвредност, во рамки на 1221 вонредни контроли спроведени пред Велигденските празници. Во акциите биле уништени повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, на депонијата Дрисла биле нештетно уништени и повеќе од 40 тони небезбедни јајца со потекло од ...
Политичката партија Левица остро реагира на доделувањето на нов тендер за изградба на далекувод, обвинувајќи ја Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на, како што велат, „скандалозна пракса“ на наградување компании кои не ги исполнуваат своите обврски. Според нивната реакција, фирмата „Далековод“ од Загреб, поврзана со хрватскиот „Кончар“, добила нов милионски договор и покрај тоа што четири години не ја завршила трафостаницата ...
Мрежата за заштита од дискриминација остро реагира на начинот на кој Собранието на Република Македонија ја спроведува постапката за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, обвинувајќи за нетранспарентност и прекршување на законските процедури. Според нивната реакција, на веб-страницата на Собранието е објавен дневен ред за седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која е предвидена јавна ...
Во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци денеска во 13 часот ќе биде отворена ексклузивна изложба на доајенот на македонската ликовна уметност Димитар Кондовски насловена како „Димитар Кондовски и македонските бајки“. Изложбата нè враќа во магичниот свет на македонската усна традиција, оживеан преку маестралните илустрации на Димитар Кондовски. Изложбата претставува редок увид во 82 илустрации инспирирани од ...
По романите за Тито и Сирма, од популарниот автор Зоран Спасов Ѕоф, пристигнува нова историска фикција – роман за Гоце Делчев. Новата книга „Гоце Делчев: Љубов и смрт“, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде ексклузивно претставена на отворањето на претстојниот Саем на книгата, на 23 април (четврток), во 18 часот. „Гоце Делчев: Љубов и смрт“ е роман за еден човек — и за времето што не знаело како да го ...
Со цел да се поттикне современото поетско творештво и да се зајакне културниот дијалог меѓу земјите од регионот, денес официјално е објавен регионалниот поетски конкурс „Арс лирика балканика – регионална поетска награда“. Конкурсот има непрофитен културен карактер и е замислен како долгорочна платформа за афирмација на лирската поезија на Балканот, со особен акцент на автентичниот поетски израз, јазичната разновидност и современите поетски ...
Во време кога технологијата ветува контрола и безбедност, реалноста покажува спротивно – системите стануваат сè поранливи, а скандалите со протекување податоци се множат. Најновиот случај ја погоди компанијата Rockstar Games, каде хакерската група „ShinyHunters“ успеа да пробие дел од инфраструктурата и да дојде до доверливи интерни информации. Хакерите бараат откуп, заканувајќи се дека ќе ги објават податоците ако барањата не бидат ...
Додека големите сили играат шах со народите, цената повторно ја плаќа обичниот човек. Меѓународниот монетарен фонд (IMF) предупредува: светот влегува во нова економска неизвесност. Поради конфликтот околу Иран, глобалните синџири на снабдување се разнишани, а цените на енергијата и храната повторно растат. Според IMF, државите ќе мора да штедат енергија, додека милијарди луѓе се соочуваат со поскап живот и неизвесна иднина. Во сенка на ...
Левица го осудува обидот за укинување на Колективниот договор за култура, кој власта го турка преку Уставниот суд, и ќе го поддржи најавениот протест на културните работници закажан за 16 априли пред Министерството за култура. Вработените во културата преку овој протест ќе го изразат својот револт заради непочитувањето на колективните договори од страна на министерството. Со покренување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на ...
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот Фејсбук профил обвини за недоследности и нетранспарентност во најавите за изградба на новата болница во Кичево, посочувајќи дека институциите даваат различни информации за изворот на финансирање. Таа реагира откако, и покрај претходните тврдења на премиерот Христијан Мицкоски дека проектот ќе се заврши за две години и ќе се реализира со средства од т.н. британски кредит, директорката на ...
Секоја година на 15 април се одбележува Светскиот ден на уметноста, ден посветен на креативноста, изразувањето и улогата што уметноста ја има во општеството. Овој датум е избран во чест на роденденот на еден од највлијателните уметници во историјата, Леонардо да Винчи, симбол на генијалност, мир и слободно изразување. Иницијативата за одбележување на овој ден е официјализирана во 2012 година од страна на УНЕСКО, со цел да се поттикне ...
Претседателот на Си Џинпинг оствари средба со шпанскиот премиер Педро Санчез, кој престојува во официјална посета на Кина. Средбата беше фокусирана на зајакнување на билатералната соработка и актуелните глобални предизвици. Си Џинпинг во своето обраќање истакна дека светот се соочува со турбулентен период, обележан со растечка конкуренција меѓу правото и силата. Тој нагласи дека Кина и Шпанија делат заеднички вредности поврзани со принципите ...
Студентите денес во 12 часот ќе протестираат пред Народната банка, изразувајќи незадоволство од оданочувањето на заработката стекната преку програмата „Work & Travel“. Според најавата објавена на социјалните мрежи, протестот е предвидено да трае два часа. Во описот на настанот се наведува дека главната причина за протестот е законот за оданочување на студентите кои работеле во Германија и САД, при што тие реагираат на решенијата за ...
Претседателот на Независниот синдикат на професионални војници, Александар Насковски, обвини за сериозни незаконски постапувања во Министерството за одбрана, посочувајќи дека правата на припадниците на Армијата системски се прекршуваат, а состојбата е значително влошена. Според Насковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски сторил три клучни прекршувања на законите. Првото се однесува на недонесувањето на Планот за преземање и ...
Националната установа – манифестација „Струшки вечери на поезијата“ вчера распиша конкурс за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 јуни 2025 до 1 мај 2026 година. На конкурсот, кој ќе трае до 1 мај годинава, може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно, не е ...
Во Археолошкиот музеј во Скопје, по повод 18 Април, интернационалниот ден на спомениците и археолошките локалитети, неделава ќе се одржат бројни настани посветени на археологијата и на современите пристапи кон културното наследство. На 15 април, со почеток од 11 часот, ќе се одржи предавање на тема „Дигитална документација на археолошки наоди со помош на ласерски цртач на профили на керамика“. Предавачи се м-р Матеј Лелович и проф. д-р Марек ...
По повод 15 Април, Светскиот ден на уметноста, денеска на ул. „Македонија“ во Скопје ќе се одржи фестивалот „Центарски улици 4“. Ќе има разновидна програма која почнува напладне со настап на диџеј Папак Басс и изложба на ликовни дела во соработка со Универзитетот ФОН. Следуваат неколку улични шоуа – на Фаз Бабл (13 ч.), Кристијан Бенито (14 ч.), Ѓурчиновски (14.30 ч.). Програмата продолжува во 18 часот со улични живи статуи и настап на Дина ...
Промоцијата на романот „Зара Зарина“ од Лилјана Пандева во издание на „ПНВ Публикации“ ќе се одржи денеска во 19 часот во Салон Империјал 2 во Културно информативниот центар – Скопје. „Зара Зарина“ низ испреплетување на минатото и иднината ја раскажува судбината на главниот лик и нејзините родители, допирајќи ги националните, религиозните, традиционалните и современите идентитети. Романот започнува во Кабул и се развива во повеќе правци, ...
Односите меѓу Италија и Израел во последниот период влегуваат во фаза на забележлива дипломатска напнатост, при што Рим сè поотворено ја критикува политиката на израелските власти, особено во контекст на случувањата на Блискиот Исток. Италијанската влада, предводена од премиерката Џорџа Мелони, во неколку наврати изрази загриженост за хуманитарната ситуација во Појасот Газа, нагласувајќи ја потребата од итен прекин на огнот и поголема заштита ...
Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) најави протест што ќе се одржи на 16 април во 12 часот пред Министерството за култура, под мотото „Колективниот договор не се чепка, културата има глас“. Од СКРМ соопштуваат дека незадоволството е насочено кон, како што наведуваат, „срамната одлука“ на Уставниот суд за поведување постапка за укинување на Колективниот договор за култура, како и за, според нив, неправилности во начинот на ...
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил-Хактан, преку објава на социјалните мрежи ја спореди најавата за референдум во Словенија за членството во НАТО со македонскиот пристап кон Алијансата, обвинувајќи дека државата била внесена „без амин од народот“. Тој посочува дека словенечките власти демонстрираат политичка зрелост и транспарентност, бидејќи одлуката за зголемените трошоци за НАТО ја оставаат на граѓаните, додека кај нас, според него, ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, демонстрира недозволиво ниво на ароганција и неодговорност, сега обвинувајќи ги вработените во ЈСП Скопје дека со своите тужби го ʼблокираатʼ претпријатието. Со тоа, Ѓорѓиевски не само што ги дискредитира работниците кои се принудени по судски пат да ги бараат своите загарантирани права, туку директно ја префрла вината за катастрофалната состојба во ЈСП врз оние што се најмалку одговорни за ...
Став на Златко Тренчевски дипломиран Металуршки Инженер Пред два дена Премиерот Мицковски помпезно обзнани „радосна вест‘‘ дека во Кривопаланечко ќе се копа руда која содржи антимон во соработка со стратешки партнер. Да видиме зошто оваа вест е важна за Македонија. Проценето е со геолошки извештај изработе во 1984 дека Крстов Дол има капацитет од 2,9 милиони тони Антимонова руда. Последниве години потребата од антимон во светот е нагло ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати остри обвинувања кон Израел, обвинувајќи го за злосторства врз цивили во Палестина и Либан, и најави можност за воена интервенција. Говорејќи на Меѓународната конференција на Азиските политички партии во Истанбул, Ердоган изјави дека, како што рече, „мрежа за геноцид“ продолжува да убива цивили, вклучително и жени и деца, игнорирајќи ги основните човечки вредности. Тој истакна дека, и покрај ...
Хидротек ДООЕЛ Скопје, фирма со управител Мартин Блажовски, го доби новиот договор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје за одржување на фонтани, со рамка до 35,4 милиони денари со ДДВ, односно над 500.000 евра. Договорот е склучен на 12 месеци, а износот веднаш го отвора прашањето колку навистина чини одржувањето на скопските фонтани и по кој основ сумата расте од година во година. Според финансиската понуда, Хидротек ќе одржува фонтани на ...
Став на Емил Јанчески Наративот дека „Унгарија конечно победила“ по падот на Орбан е политички плиток и аналитички неодржлив. Во него, една смена на власт автоматски се претставува како демократски напредок, без да се постави клучното прашање: во чија корист доаѓа новата власт и каква политичка, економска и геополитичка агенда носи со себе? Токму тука лежи суштината на проблемот. Падот на една владејачка структура не значи сам по себе ...
Во писмо упатено до претседателот на Венециското биенале, Европската комисија се закани дека ќе замрзне 2 милиони евра за културната институција како одговор на повторното отворање на рускиот павилјон. Учеството на Русија на изданието на Венециското биенале во 2026 година продолжува да предизвикува тензии меѓу италијанските институции и Брисел, со длабоки несогласувања во владата на Џорџија Мелони. Во последните недели, група европратеници ја ...
Во езерото Нојшател во Швајцарија, археолозите пронашле брод со повеќе од 1.000 многу добро сочувани керамички артефакти и мечеви кои датираат од 20 до 50 година од н.е. За да се избегне грабеж, спектакуларното откритие првично било чувано во тајност. Моментот на откривањето бил особено импресивен за подводните археолози. Нуркајќи во езерото Нојшател, Фабиен Лангенегер и Жулиен Пфифер направиле спектакуларно откритие од Римското Царство. „На ...
„Етнографија во делата од колекцијата на Националната галерија“ е насловот на изложбата што ќе биде отворена в четврток (16 април) во 19 часот во Чифте амамот во Старата скопска чаршија. Изложбата ги поврзува етнологијата и ликовната уметност толкувајќи ги и разработувајќи ги етнографските елементи во уметнички дела создадени кон крајот на 19 и првата половина на 20 век. Ќе бидат изложени вкупно 52 дела од колекцијата на галеријата, дел од ...