Традиционално на празникот Св. Јован, во Охрид се одбележува Денот на рибарите. Годинава прославата ќе биде на Сараиште од пладне, каде ќе има богата програма. Ќе настапи Охридскиот музички еснаф, ќе има пача и плашици, а ќе се заврши со зимското капење на тајфата на фаќачот на крстот. Кон овој ден охриѓани имаат посебен однос. Тој се негува со децении и привлекува голем број луѓе од градот и земјава. OhridNews Традиционално на ...
Охрид, 20. јануари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Како што налага традицијата, денот по Богојавление Водици се одбележува како Ден на рибарите или женски Водици. На денешен ден на „Сараиште“, старите рибари ги оставале мрежите да се „пает“, раскажуваат повозрасните жители на Охрид, кои се сеќаваат на убавите времиња поминати со блиските и пријателите на денот по Богојавление, Ден на рибарите. Традицијата за да се одбележува овој ден е многу стара, во ...
– Овој настан претставува значаен дел од духовното и културното наследство на Охрид, кое се негува со векови покрај Охридското Езеро. Традиционалното капење во езерските води и послужувањето греана ракија, пача и плашици ја потврдија автентичноста на овие обичаи –истакна градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков Заедно со охриѓани и со бројните посетители, денеска, во месноста Сараиште, со традиционалната манифестација „Денот на ...
Како дел од чествувањата и обичаите поврзани со празникот Свети Јован Крстител, денеска во месноста „Сараиште“ во Охрид се одржа манифестација „Денот на рибарите“. Беше извршено традиционално капење во водите на Охридското Езеро, а на бројните присутни им беше послужена греана ракија, пача и плашици. За забавната програма на настанот беа задолжени естрадeните уметници од „Охридскиот музички еснаф“. Како дел од чествувањата и обичаите ...