Израелската војска соопшти дека усмртила локален командант на Хамас во Газа, додека Израел и палестинската милитантна група продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за кршење на примирјето. Во објавата командантот е идентификуван како Ала Ал-Хадиди, раководител на логистика и еден од командантите на военото производство на Хамас. Се наведува дека бил убиен во еден од нападите врз Појасот Газа во саботата. Хамас не издаде официјална изјава за ...
Хамас испрати делегација во Каиро во неделата на состанок со посредниците за војната во Газа, изјавија египетски безбедносен извор и извор од Хамас, пренесе „Ројтерс“. Претставник на Хамас, кој зборуваше под услов на анонимност, рече дека делегацијата ќе разговара за „континуираното прекршување на договорот за примирје од страна на Израел“. Египет, Катар и САД посредуваат меѓу Хамас и Израел и го обезбедија примирјето што стапи во сила ...

