Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо сега е подготвен да заплива и во кошаркарски води, и тоа како ко-сопственик на францускиот првак Монако кој се наоѓа во сериозни финансиски проблеми. „Кнезовите“ се наоѓаат пред исчезнување од кошаркарската мапа откако не добија лиценца за натпреварување во француското првенство, а им се заканува и исклучување од Еврокупот, откако веќе останаа без билет за Евролигата. Спас гледаат токму во Роналдињо, ...
Иднината на кошаркарскиот клуб Монако доби нов неочекуван пресврт, откако бразилската фудбалска легенда Роналдињо наводно се појави како потенцијален инвеститор во клубот. Според францускиот весник „Екип“, извршниот директор на Монако, Олексиј Ефимов, во понеделникот вечерта добил писмо со намера за можна инвестиција зад која стојат Роналдињо и андорскиот инвестициски фонд „Clayton Sport“. 🚨 Ronaldinho, Monaco’yu satın almak için devrede! ...

