Најдобрата македонска фудбалска репрезентација в петок на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево со почеток од 20.30 часот ќе игра пријателски натпревар против Босна и Херцеговина. Главен судија на натпреварот ќе биде Раде Обренович од Словенија кој од јануари оваа година е во елитната категорија на УЕФА арбитри. Предводникот на националниот тим, Гоце Седлоски, на располагање ќе има 27 играчи, а меѓу нив петмина кои за прв пат ќе го ...

Босна и Херцеговина утре ќе го игра последниот натпревар пред домашните навивачи на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ пред да оди на Светското првенство, а атмосферата во главниот град веќе навестува вистински спектакл. Селекторот Сергеј Барбарез се обрати на медиумите пред пријателскиот натпревар против Македонија, зборувајќи за плановите на тренерскиот штаб, состојбата на тимот и предизвиците што ги очекуваат „Змејовите“ на Светското ...

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.30 часот) на преполниот стадион „Асим Ферхатовиќ Хасе“ ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Босна и Херцеговина. Ова ќе биде прв натпревар за нашиот национален тим на оваа мини-турнеја, со селекции кои се подготвуваа за настапот на Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Вториот меч е предвиден против Турција во Истанбул на 1 јуни. Вечерашниот ...

Македонската сениорска фудбалска репрезентација вечерва ја очекува тест натпревар со Босна и Херцеговина во Сараево. Ова е меч закажан за вечерниот термин од 20:30 часот, а нашата репрезентација веќе имаше можност да се запознае со условите на „Кошево“, односно „Асим Фехатовиќ-Хасе“. Тука нашите фудбалери беа пречекани од едно добро познато име, поранешниот репрезентативец и сегашен оперативец на Сараево, Крсте Велкоски. Велкоски добро ги ...

Македонија гостува кај мундијалската БиХ вечерва во Сараево, на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“, во пријателски натпревар што за домаќинот ќе биде испраќање пред настапот на Светското првенство 2026, а за селекцијата на Гоце Седлоски сериозен тест пред новиот циклус во Лигата на нации. Билетите за натпреварот одамна се распродадени, па македонската репрезентација ќе игра пред околу 30.000 навивачи на „Кошево“. За Босна и Херцеговина ова не е ...

Околи 30-тина илјади навивачи го следат пријателскиот натпревар БиХ – Македонија во Сараево, атмосферата е прекрасна, и фудбалерите на терен ќе уживаат во 90-те минути. Трибините на популарното „Кошево“ (официјалното име на стадионот од пред 22 години е „Асим Ферхатовиќ-Хасе“) се исполнети, за Босанците ова е последен меч пред патувањето во САД каде ќе играат на Светско првенство и голем број фанови сакаат да ги поздрават босанските ...

Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 0-0 вечерва на гостувањето во Сараево против Босна и Херцеговина во првиот од двата контролни натпревари пред стартот на септемврискиот циклус во Лигата на нации. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски во голем дел од натпреварот на исполнетиот стадион „Асим Ферхатовиќ“ добро му парираа на еден од учесниците на престојниот Мундијал, а во првиот дел пропуштија и колосална шанса да дојдат ...