Екипата на Вардар 1961 со победа го затвори регуларниот дел од сезоната. Црвено-црните одат во плеј-офот од позицијата број еден, откако славеа на гости кај Алкалоид со резултат 25-27 (13-14). Мечот во Автокоманда беше израмнет и драматичен, а откако не освои бодови, тимот на Лазаров го заврши регуларниот дел од сезоната без дерби-триумф (две ремија со Еурофарм Пелистер, реми и пораз со ГРК Охрид и два порази од Вардар 1961). Дуелот во ...

Ракометарите на Вардар стигнаа до триумф од 28-25 на гостувањето во Автокоманда кај Алкалоид. Во меч со многу пресврти, со многу дуели, во еден тврд натпревар, на крајот „црвено-црните“ успеаја да стигнат до важна победа во битката за титулата во Супер-лигата. Во првото полувреме Вардар главно го имаше водството, но истото не беше повеќе од два гола разлика. Се играше главно гол за гол, а на полувремето „црвено-црните“ ја имаа предноста од ...

По денешната победа во Автокоманда над силниот ривал Алкалоид, тренерот на Вардар, Иван Чупиќ, задоволен од прикажаното ја пофали играта на своите момци. „Задоволен сум. Кога ќе ги освоиш бодовите на дерби против многу добар противник и тоа на гостински терен, не можеш да бидеш незадоволен. Тешка недела е зад нас, после Бенфика и долгото патување, дојдовме практично без тренинг. Знаевме што не очекува. Морам да им се заблагодарам на сите ...

Кирил Лазаров, тренерот на Алкалоид смета дека немаше да биде незаслужено доколку и неговите момци извојуваа победа на вечерашното дерби со Вардар во Суперлигата. Во „Автокоманда“ лидерот по голема драма славеше со 25-27 и само ја потврди лидерската позиција во пресрет на разигрувањето за шампионската титула. „Мислам дека немаше да биде незаслужено ако победевме и ние. Во еден момент имавме два гола разлика, но ни се повреди нашиот капитен, ...

Ракометарите на РК Алкалоид и Вардар 1961 одиграа возбудливо дерби во последното коло од регуларниот дел во македонската Суперлига, а бодовите заминаа на страната на гостите кои славеа со 25-28 (13-14). Со оваа победа, „црвено-црните“ го заверија првото место пред стартот на плеј-офот и направија значаен чекор кон шампионската титула. Натпреварот во Автокоманда мина во израмнета борба, без поголема резултатска предност на ниту една страна. ...

Вардар успешно го положи и последниот испит во регуларниот дел од сезоната во Суперлигата. На дербито во „Автокоманда“ „црвено-белите“ ја добија драмата со Алкалоид (25-27) и со големи четири бода предност влегуваат во плеј-офот од македонскиот шампионат. По тешката победа Иван Чупиќ им честиташе на ракометарите и потенцираше дека добрата одбрана беше клучот на вечерашниот успех. „Кога ќе освоиш два бода на дерби натпревар на тежок терен, ...

Денеска во дербито од 22 коло во најдобрата македонска машка ракометна Супер лига во салата „Автокоманда“ во Скопје екипата на Вардар 1961 триумфираше над Алкалоид со 28:25. Алкалоид беше тимот кој прв постигна гол (1:0) преку Борзаш, но Вардар беше тој воглавно одржуваше позитива до крајот на првото полувреме. „Црвено-црните“ постепено имаа гол разлика, а за првпат во седмата минута со погодокот на Малус дојдоа и до „плус два“ (5:3). При ...

Вардар го заврши регуларниот дел од сезоната во Суперлигата со дерби победа на тешко гостување во Автокоманда, па сосема очекувано, тренерот Иван Чупиќ беше презадоволен од подобрата слика која ја остави неговиот тим во споредба со гостувањето во Лисабон. 40-те примени гола од Бенфика беа добра лекција за вардаровите ракометари, кои денеска пресметка со Алкалоид ја добија благодарение на пожртвуваната игра во одбрана и добро простудираната ...

Дербито од последното коло во Супер-лигата меѓу Алкалоид и Вардар 1961 заврши со победа на гостинскиот тим, кој убаво се испоти за да дојде до бодовите во Автокоманда, славеше со 25-28 (13-14). Избраниците на Кирил Лазаров одиграа одличен меч, нијанси го делеа да дојдат барем до бод, искуството на противникот и европскиот состав на крајот беа клучни за крајниот исход. Малус со 10 гола беше лидер во редовите на „црвено-црните“, Митровиќ и ...