Екипата на МЗТ Скопје уште еднаш докажа дека е за класа поквалитетна од амбициозниот Куманово. По триумфот во финалето од Купот на Македонија од пред неколку дена (70-96), шампионот и вечерва им одржа час по кошарка на кумановчани и на гостински терен славеше со сигурни 56-72. За „штрковите“ ова беше петнаесетта овосезонска победа во домашниот шампионат (еден пораз), додека Куманово го претрпе осмиот пораз, колку што има и победи. ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје и вторпат за само шест дена успеаја да слават убедливо во Куманово. Ако во неделата со победа над Куманово дојдоа до 14-тиот трофеј од Купот Македонија, „штрковите“ вечерва славеа и во првенствен меч. Актуелниот шампион на Македонија победи со 56-72, иако победата можеше да биде и далеку поубедлива, бидејќи МЗТ водеше и со 22 поени разлика. За „аеродромци“ ова е 15-тата првенствена победа во 16 меча, а единствениот ...

