Она што требаше да биде фудбалски спектакл во Доха, сега се сели во срцето на Шпанија. Натпреварот за трофејот во „Финалисима“ меѓу европскиот шампион Шпанија и владетелот на Америка, Аргентина, најверојатно ќе се одигра на култниот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид на 27-ми март, според пишувањата на шпанските медиуми. Безбедноста во Катар пред сè Првичниот план беше натпреварот да се одигра во Доха, како дел од „Qatar Football Festival“. ...

УЕФА и КОНМЕБОЛ до последен момент тактизираа со домаќинот на „Финалисима“ натпреварот, но на крајот мораа да ја променат локацијата на одигрување на овој атрактивен натпревар. Наместо во Катар, соочувањето на европскиот и јужноамериканскиот шампион ќе се реализира на стадионот „Бернабеу“ во Мадрид, опција која оди во прилог и на голем број репрезентативци кои настапуваат во Европа. Шпанија и Аргентина ќе се соочат на 27. март, а покрај ...