Актуелниот Претседател на Совет на Општина Велес, Даниел Јаневски, ќе биде носител на Листата со кандидати за членови на Советот на ВМРО ДПМНЕ, на осмите Локални избори што ќе се одржат наредниот месец. Како што напиша Јаневски, во статус на својот Фејсбук профил, одлуката била донесена на последната седница на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Велес. „Укажана ми е голема чест и доверба да ја предводам советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и ...
Професорот на Машинскиот факултет, Даме Димитровски, ќе ја предводи советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, дознава „Скопје Инфо“. Димитровски е магистер по технички науки на Машинскиот факултет во Скопје. На второ место на листата е поранешниот шеф на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, актуелен шеф на ПР-тимот на премиерот Христијан Мицкоски и сегашен советник во Градскиот совет, додека трета е докторката Жаклина Шопова, која исто ...
Актуелниот и кандидат за уште еден мандат за градоначалник на Крива Паланка Сашко Митовски откри кој ќе биде носител на советничката листа. -Заедно со моите сопартијци и другари од СДСМ Крива Паланка ја потврдивме победничката советничка листа со носител Миле Трајковски. Во исто време добив и силна, акламативна поддршка за мојата кандидатура за градоначалник. Оваа доверба ми е голема чест и уште поголема обврска. Заедно со вас ќе ја донесеме ...
СДСМ ја потврди кандидатската листа за советници на партијата во Општина Гостивар на претстојните Локални избори во октомври. Носител на листата е Бојан Зафироски, кој е претседател на Општинската организација на СДСМ во Гостивар. Зафироски е магистер по правни науки, вработен во АД ЕСМ. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на Локалните избори 2025 во Гостивар влегува само во трка за советнички места, и нема свој кандидат за градоначалник. ...
Венко Филипче се спротивставил на непотизмот во Битола и ја тргна од листата на советници братучетката на кандидатот за градоначалник Методија Куновски. Синоќа ОО на СДСМ Битола одржа Изборна конференција и ја скрои новата листа на советници за претстојните локални избори. По пишувањата на порталот „Апла“ дека кандидатот за градоначалник на СДСМ за Битола, Методија Куновски, на листата меѓу првите пет го предложил името на неговата блиска ...